Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    950
    Искрено се надевам дека нема да се повтори да го удри баба му.
    Но од друга страна пак ако се дрзнува пред тебе да го удри два пати иако детенцето се расплакало уште на прво удирање убедена сум дека не го удрила баш на таа случка прв пат.
    Си пробала да и објасниш но ете и на мт му се оправдува за причината што значи залудно ти е објаснувањето со неа.
    И уште безброј работи со добра намера да и кажеш, па и закани во краен случај не вреди.
    Што си зацртале стариве така е најправилно, а тоа што ти се тресеш над дете ден ноќ не ги интересираат нив твоите чувства.

    Можеби ако имаш некоја блиска личност во која имаш доверба да го оставаш детето, или некој престој за деца што работи во викенди, многу подобра опција е и за детенцето, а и ти да не си под стрес и да мислиш постојано што ако и се заарни на баба да удира кога и текне и да си има целосна слобода со дете(како што и нели така мислат кога чуваат внуче) додека не си дома.
     
    На КаринаТ и 1209 им се допаѓа ова.
  2. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.905
    Допаѓања:
    9.866
    Пол:
    Женски
    Ок јас не би ја правела оваа параноја на мајка која сигурно сега проаѓа низ пекол од минимум 10 причини покрај оваа. Не дека бабава го малтретира детенцево само имаат заостанати сфаќања дека "не боли по газе" или " со страв ќе научи".

    Верувам нема друга опција на која да се потпре, ќе види и по однесувањето на детенцето секако тоа се забележува мислам дека е и веќе над 2 годинки па сигурно и си кажува по нешто,

    Мислам дека со малце построг и заканувачки пристап ќе се разберат со бабава дека удирање не е опција повеќе. А дека ќе го кара и вришти на тантруми тоа верувам дека нема да престане, ама мислам дека не постои некој од постариве кој има нерви за да се справи мирно со тантрумите..ние сме живееле со стравопочит кон постарите и затоа им е несфатливо како нашиве имаат тантруми вриштат фрлаат а ние сме биле бајчиња.
     
    На WhiteCat33, le.soleil, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. jungle

    jungle Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    950
    Не се работи за правење параноја туку кога бабата е толку слободна пред мајката посочив дека може не е прв или последен пат, не беше намерата да и отежнувам, а и нагласив дека се надевам да не се повтори.

    Не значи дека задолжително мора баба да го чува детето дури и кога не ја слуша и почитува мајката па и сака да испаѓа жртва оти имало зошто да удира дете и дека тоа дете ќе ги тепа дома ако не е нели понекогаш удрено.
     
    На КаринаТ и 1209 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Ок е немам параноја, се согласувам дека тоа би било подобра опција, но за жал ја немам. Преку недека е ви градинка, мм е во странство, сабота која мајка ми е слободна е кај неа, кога не е мајка ми тогаш е кај свекрвата.

    Жената у глобала се однесува добро со него, ова беше шок и за мене.
    Детето ќе каже ако го тепа, многу е бистар и ќе приметам.
    А и искрено има страв од мм, оти го знае и знае дека ако де повтори и се дознае нема око да му трепне ако не ги види никогаш.

    Само мене аксиозноста ќе ми работи ништо друго.
    Инаку се работи за неколку саботи, толку, ама и јас тие нема да имам мир.
     
    На Fenix05 и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Детето ако бабаму го тепа ќе бега, ќе се плаши, итн. Поинаку размислуваат, и мене бабами знаела да ме удри.. сме и се качувале на глава. Деца како деца. Не сме се жалеле, сме биле криви. Имам гледано друга ситуација да не се удри дете, тоа не слуша никој .. и детево ги тепа сите баба дедо мајка , личи тоа на нешто?
    Треба да и назначиш со добро дека децава водат инает и дека полошо ќе биде ако го удри, со арно, не да се караш мислам нема да постигнеш нешто така. Друго и детето требало да го искараш според мене да не се повтори да удира постари со метла или стап зошто не е правилно. Значи во ситуација си двете страни да ги искараш. Неможе да имаш само за детето разбирање, тие. се генерации кои така растеле деца ( не зборам за екстемизам кај што се малтретираат деца) туку ако не слушаш да те удри по газ, по рака...
    Смири се разговарај со убаво и со дете и со свекрва, не си прави стресови, сигурно го сака детето и се грижи за него.
     
    На Amellie, Liky, Надеж♥️ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Фала богу некој пореален коментар. Сите изреагираа мислиш женава го утепала детево, а тоа што детето мава нема врска, дете е не разбира.
    Малку се забега со тоа gentle parenting и затоа и има се повеќе распрдени и разлигавени деца.
     
    На Snegulka099, Amellie, Liky и 6 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.519
    Допаѓања:
    69.314
    Пол:
    Женски
    Стварно, ова нежново родителство глупости, требало она со метлата по него, па он со метлата по нејзе и така да се затепаат.:smirk:
    Патем, прочита ли низ што сѐ поминува детето? Тоа на распрдено и разлигавено ти личи, или на дете со премногу емоции и промени? И замисли да земат да го тепаат на сето тоа. Некогаш треба да се размисли малку дека децата се луѓе, не се граѓани од втор ред. Требало да земе и 1209 да ја плесне свекрва и зошто она го плеснала детето, зошто па да не? Нека се научи како се однесува, очигледно тоа со плескање се учи само.:lol:
     
    На WhiteCat33, strelec231992, Mother of 2boys и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Тоа за распрдени и разлигавени деца беше општо кажано, не конктетно за детето на членката. Се извинувам што не сум се изјаснила убаво.
    И кажав дека Ladyme се убаво кажала, дека треба и детето да се скара а не само бабата. Зошто за тоа никој не коментира нешто? Тоа што им се дозволува се на децата пошто ете поминувало низ некаков период не им носи ништо добро.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Те молам не ми ги правдај со тоа е нормално за нивни генерации оти апсолутно не е нормално. Детето е 2.4 м апсолутно не разбира што сака да се постигне со тепање, освен страв, не можеш да дисциплинираш дете со тепање дури тоа и удирање по рака и газ да е, било на која возраст, а особено не дете на 2г.

    Значи детето е во фаза кога удраат, да му се збори секојдневно дека не треба, и да му се скарав дека не се удира никој со метла. Таа не дозволи јас да му се скарам, туку прво насилно му ја зеде метлата со која си играше оти не и одговараше како си игра дека дома со метла од надвор, он на тоа изреагира како дете на кое му е земена играчка, и реагираше со удирање, по природа не е таков ама во две недели смени околина, тргна во градинка, беш 3 пати на земање крв од вена, беше болен, татко му кој го чуваше по цел ден замина во странство и детето е под многу стрес што е разбирливо, треба да се има трпение со него моментално.

    Апсолутно не оправдувам ќотек во било која форма, на било која возраст и апсолутно имав право да се скарам со свекрвата, а плус не и се дерев кажав со апсолутна јасност, строг тон и авторитет кој сметам дека го имам кога се работи за мое дете.
    Да беше маж ми немаше да биде така смирен верувам.

    Дете што не слуша никој има проблем и со такво дете треба да се работи.
    А колку повеќе се тепа толку повеќе нема да слуша.
    Маж ми е апсолутен пример за тоа оти татко му не го тепал по газ, го тепал крвнички на граница со малтретирање, а свекрва ми гледала и не превземала ништо. Според мене тоа е апсолутно поразителен начин на воспитување, мм ниту ги слушал ниту беше послушен растеејќи, ниту примерен и има проблеми со контрола на бес на кој работи со години.
    Така да апсолутно не е она експерт за воспитување деца, у никој случај.

    Инаку да детето ретко сака да се дружи со неа, можеби има за што.
     
    На mama31, Giiirl23, strelec231992 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Ти твоето расти го со ќотек, и сметај дека е праведно, тебе дека многу строго те растеле си вак распрдена? И не воопшто не му е дозволено се, напротив секојдневно се трудам да разговарам со него, да зборам, да надокнадам изгубено време, да работиме на емоции, ама погоди што мавање и фрлање е фаза низ која сите тодлери минуваат, ако не сите барем 90 посто од нив.
     
    На mama31, Giiirl23, MariaBouli и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.450
    Допаѓања:
    9.215
    Пол:
    Женски
    @1209 , совет кој го добив за ќерка ми, кога маваше било во градинка, било дома е дека со удар никако не смеам да враќам (не дека пробав де јас да ја тепам оти ме удрила) ама постојано и постојано да зборувам како удирањето не е добро, како не смее ни мене, ни другарчиња, ни било кој дома, ни по играчки да не дозволувам да мава оти и на 2+ години и не знае да разграничи многу.
    Во смисла демек еве ти кукла тепај ја неа, мене не смееш. Комплетно погрешни знаци така.
    Факт е дека баткото поминува низ многу промени во краток рок, ама границите треба да си ги има.

    Инаку сум добила коментари, пример на гости, ќерка ми застанува до прозорец да гледа надвор мачиња и кучиња, а попатно со раце фаќа на стаклото и со устето валка. Значи не којзнае какво опасно однесување ама од една баба добив коментар дека во нивно време децата седеле до родителите и за такво однесување добивале ќотек по газот.
     
    На Carolin., 1209, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.327
    Допаѓања:
    42.603
    Пол:
    Женски
    А тебе ти е ок ќерка ти шлака по стаклото по туѓи куќи?

    Ок ти е некое дете да ти дојде дома и да ти шлака по стаклата па ти да чистеш по него отпосле?
    Дома што сака нека праве, ама во туѓи куќу едноставно не може да се дозволува сѐ. Мое мислење сепак.

    Заради удирање туѓо дете се скарав со бившата јатрва и не зборевме долго време оти се дрзна да ја удри ќерка ми и на крај она излезе навредена оти почнав да ѝ се дерам дека нема право да удара мое дете. Која сум била јас да ѝ се дерам. Молам? А која си па ти да ми удараш дете
     
    Последна измена: 15 август 2025
    На Snegulka099, Miss666, strelec231992 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Добро бе вие нормални сте? Дали ти е тебе нормално да се тепа дете по газ за несвесно кашкање на стакло на 2г или на било колку?
     
    На mama31, le.soleil, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Мене како ме растеле ич да не ти е гајле, не сум јас тема на муабетот. И моето маваше во телевизор со играчки, и погоди? Една по пелена и од тогаш не мава веќе. Ти твоето остај го да мава по кој стигне и кај стигне и викај му браво мамичка, само нежно!
     
  15. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    14.458
    Eve ti se ispozali od svekrvata. Ne i ostavaj dete na cuvanje ni 5 minuti.
    Tvoeto dete ete udiralo. Od kogo go naucilo toa?
     
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.327
    Допаѓања:
    42.603
    Пол:
    Женски
    Прочитај горе, се редактирав.

    Кај реков дека е нормално да се удара дете? Со ударање ли се воспитува дете? Можеш да му кажеш да не го прави тоа на друг начин, никој не рече дека треба да го тепаш. Ама не е ни ок да праве што сака во туѓи куќи
     
    Последна измена: 15 август 2025
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Ок, и не не му викам браво и не му викам дека е ок. Ама ти следен пат кога ќе згрешиш нешто на сопругот нека те мавне една воспитна и ќе видам дали нема да маваш оти те дисциплинирал или нема да маваш оти ти е страв пак да не те удри.
    Ако така растеме деца со страв, тогаш да ги маваме нека се плашат од мали од нас, така ќе бидат послушни.
    А иначе те читам одамна на темава, јасно ми е одамна како си растена, уживај не ни барам од тебе совет.
     
    На mama31 и Ena05 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Од неа оти она му вели дека ако не слуша ќе го тепа, па кога она не го слуша него и му ја зема играчката оно ја тепа, сеа јасно ти е кој е апсурдот на тепање за да не тепаш?
    Се слушате што зборите? Знаете нешто за детска психологија, развојни фази или само раѓате деца колку да се рече дека сте родиле сте одредиле ред?
     
    На mama31 и naturally им се допаѓа ова.
  19. Ena05

    Ena05 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    984
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Офф знаела она како сум растена... Ти јадната не знаеш ни што пишуваш самата а не па друго да знаеш... И јас се покајав што пишав кога видов дека ти си ја почнала дискусијата затоа што ова е втор пат со тебе да се фатиме и јасно ми е од тогаш со кој имам работа пошо и тогаш се праеше еве која сум што сум а после кукаше по темиве со спротивно од напишаното. Може и ќе ти текне за што зборам ;) Ајт толку да не ја полниме темата џабе. Поздрав.
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.410
    Допаѓања:
    47.710
    Пол:
    Женски
    Грешка си.