Јас почнав да го учам да си собира по себе. Пред да излеземе надвор во спална му беше интересно сите перници и плишани играчки да ги расфрла, си играше и не му браниме. Пред да појдеме викам ајде сега да ги вратиме на место за да може да излеземе да си играме и слуша. Исто и играчки нормално со моја помош ги собираме. За истурено храна/вода исто, ништо страшно ај те молам од кујна донеси една крпа. Своето тањирче и чаша носење исто во кујна, тоа и во градинка ги учат. И други основни работи, ѓубрето да си го фрла во канта, алиштата во корпа. Ок е да прават хаос, деца се ама уште од мали нозе сакам да се научи да си средува по себе и да стане одговорен.
И мене тоа ме интересира. Фаза им е, нормална, која ќе помине и ќе сфатат. Сега не се во состојба за тоа. Сум за тоа дека граници треба да има ама да не се понашаме дека после гости со деца куќата/станот ни е како по апокалипса. Трошки направиле, паднало нешто, се истурило сокче, де, големата работа. Ќе се помине правосмукалка, избрише, изџогира, 10минутна работа. Јас не им го зимам тоа за зло на родителите, а баш ги имаме неколку во друштво и најчесто доаѓаат сите заедно во исто време. Хаос е малце, не викам не ама ништо не ми е толку драматично ко што се опишува или за психички да се спремам пред да дојдат. И на работа исто, замислете од 100боенки кои можат да ги одберат, децата бојат по ѕидот. Ќе се посочи дека не треба и не е убаво така, има каде да се бои ама нема да се кречи додека не го сфатат тоа
Последиците од тоа како ги воспитуваме децата паѓаат единствено и само на грбот на нас - родителите. Кога ќе пораснат никој нема да рече - баба му го тепаше, затоа е трауматизирано! Затоа сметам дека секоја родителска одлука, колку и да е за мене (бес)смислена или (не)оправдана е исправна. На крајот, родителите си ги познаваат децата и условите најдобро и тоа е доволно секоја одлука да биде оправдана. На членката и посакувам мноооогу сила да го издржи периодот
Имаш клуб масичка со стакло? И не ти е искршено? Златно дете имаш ти, да не си се пожалила уште еднаш од девојчето Да имав таква, гарант до сега некој ќе завршел на шиење. Кај мене во секоја соба е ишарано со боици фоломастери и стикери, ако сакате ќе направиме избор на најдобри уметнички дела, гарантирам ќе победиме. Здравје, ќе пораснат ќе смениме намештај, ќе средиме се. До тогаш да смогнам сили да ги допазам да не се повредат посериозно додека учат како функционира светот.
Последните гости со дете ми беа пред да се породам, ќе се породев вечерта од нервоза, 5 години дете пакетче му имавме купено зема истура смоки, гумњни бонбони на тепихот од таму ги јаде јас трчам носам тањирче, зема маслени боици од неговото пакетче неговите што му купиле уз пат, шкрта на таркет, чепка по комодата и ми ги нашло сликички од животинско царство лепи на масичката во дневна стакло ми е таа, лепи на фотељата. Штом ми влезе во елка реков отиде све јабана. Никаква реакција од родители. Е сега тоа е тоа.. дете мора да се научи на култура во друга куќа. Ова е поголемо го сметам за поразбрано. А еве внукава е 1.5 г и сестрами си станува ја трга чим тргне негде каде може да прави беља. Се занимава ја играме да не и досадно.
Јас те разбирам и тебе и во случајот да требале да реагираат родителите. Има разлика помеѓу детска игра и не постоење на граници.. На пример, не сакам кога некое дете е насилно, ги тепа или каса другите деца, фрла играчки, уништува мебел намерно. И тука да, апсолутно треба да се реагира. Еднаш дури и тука пишав, ја тргнав ќерка ми настрана да не гледа лошо однесување од гостите кај нас и им реков на родителите за истото. Нормално се налутија, ама не сакам детево никој да ми го удира и да не се реагира од страна на родителите. Ама ако фати на стакло и остави отпечатоци, гледа преку прозор и излиже, на маса му се истури вода или му падне храна, сакаат да трчаат и да скокаат шо кревет, бојат и ќе залута некоја боја по комода. Големо чудо. Кај мене малата а начека пенкало или боја прво по ѕид бои, оти не треба така. Оти знае дека не треба и го прави. Јас зборам и укажувам и земам боја и заклучувам. На крај добиваш мама ќеќе сега ќе прави пакост и мама ќе заклучи боите . И така, на некои нешта евентуално ќе попуштиш. Ќе има нешто ќе те нервира повеќе, нешто помалку. Почекај живи и здрави само .
Сестро од стакло дома цел аквариум тргнавме. Маваше по него Не дека е невоспитана, беше само една година и тек проодуваше. Најбезболно за сите беше да се збогуваме со рибичките Мене невоспитани деца не ми дошле, играчки биле растурени насекаде и тоа не ми смета. Оваа една е па играчки има секаде Последно шо имавме гости помало дете од моево, ние се запивме и мајкава наеднаш рипна вика Абе не и давајте боички, одма на ѕидови оди. И веќе беше направила малата една точка. Дали добив нервен слом? Не. Дали на мајката и беше криво? Се гледаше дека да. Иначе ми е тазе обелувано Ова се го сметам за нормално со мали деца. Они не видоа дека мојата донела боички, мојава дека не шкрта по ѕидови ич не ми ни текна да спомнам
Дојдов да кажам честито внуче @1209 да е живо и здраво Ама се зачитав.. Кај ќере беше исто вака баш пред да излезат првите заби. 2-3 пати се деси, не викав, само строго и кажував боли, не гризаме и ја тргав од града. И толку после не се повтори. Се надевам кратко ќе е и кај вас. На место реакција бројче, и смирена би рекла. Прво браво што успеваш да се регулираш и себе во такви моменти, оти низ се што поминува детето поминуваш и ти, без мт, го оставаш во градинка, болест на дете.. Апсолутно сум против удирање како воспитна мерка. И те како можат да сфатат со разговор и упорност и добра проценка и себе регулација прво пред се. Како ми ги погодувате актуелните теми во фамилијата, и за ова зборевме скоро, мајка ми тврди дека мора да се плесне, како иначе ќе сфати. И тврди дека ние не сме тепани, со прст не сме допрени, само скубени, штипани, по газ, шамарче или со влечка. Ретко, ама сепак реченицата И она ја има плеснато ќере по раче кога еднаш фрли залче храна на под на година и нешто. Не ја ни чуваше, на гости беше и седевме сите на маса. Во моментот зоврев ама не можев да зборувам нормално чекав после да збориме. Па ми вика чекај да видиш сега веќе нема да фрла. Како да не. Ама друг муабет. Па и со неа како со 2 годишно дете се објаснувавме многу многу пати низ месециве со убаво, зошто тоа не е добро, зошто не помага, и искрено не верувам дека ме сфаќа и се сложува, ама ме почитува. Не дека ја чува секако во овие 2г 2 саати ја чувала, така да твојата ситуација е друга, и свекрва ти треба да работи на трпение и емпатија и друг начин на поставување граници. Забегав, а само сакав да ти кажам да најдеш смирен момент и да и објасниш и нејзе како на мало дете зошто мислиш така како што мислиш, со емпатија и за неа и нејзините начини, иако е тешко. Мислам дека не се многу отворени да прифатат по наше, пошо така треба да си признаат дека нивното не било баш добро. Човек треба да е зрел и реализиран за тоа, а голем дел од возрасните не се. Затоа со лесно да не се осети нападната, објасни и дека ти душа даваш за тоа дете и многу ти е важен секој момент и дека гледаш дека и она многу го сака и се труди, ама некои работи дека може да ги прави подобро, за доброто на детето. Среќно
Какви сакаат нека ми дојдат, поневоспитани од моите (кога се дома) не може да бидат. На гости се златни, тоа се единствените врзани минути каде што actually се играат со играчки. Веројатно нема време да им стане досадно па да збеснат како дома. И апсолутно нема да ги оставам во туѓа куќа да прават било што. Ама дома, кој знае како да ги спречам да прават бељи, еве спремна сум и да платам за совети. Пробано е со последици (нема сладолед, нема идење во парк, играчки во канта и слично, they couldn't care less), зборење, зборење, зборење, дистракции, редиректирање, молење, плачење, замивање со крстена вода. Не е пробано: дијазепам во сокчето или врзување со метални синџири, (не дека не ми паднало на памет), ама преекстремно ми е, ама да не речам никад
Да се надоврзам исто: вчера на игралиште, едно дете седи на лизгалката и си истура сок. И се тргна на страна и гледа од маливе деца некое дали ќе се пушти по лизгалката. Деца се да, ама мора да се учи дека за сѐ има последици. Зашто утре треба да бидат корисни членови во општеството а не штета да прават. Иднината се тие. А за ќутек апсолутно не е ок, јас сум порасната со папучата, сопругот никогаш не бил тепан. Со мајка ми од старт се разбравме дека нема шанси такво нешто. И самата сфаќа сега дека удирање со папучата не помогнало ништо ама никогаш нема да го признае. Јас правам грешки со детево ама барем извини знам да кажам, што од моите не сум го слушнала во животов.
Едно е нашите деца дома, а друго е нашите деца на гости. Дома што сакат прават, буквално. Ѕидовите се исшарани со боици, теписонот исфлекан, лепат на вратата сликички, истурат, стаклата на прозорите се катастрофа гадни. Ама тоа дома кај што ние одеме по нив. А не на гости. Никој не е должен генералка да прави по нив затоа што они не знаат кај им се границите кога се оде на гости. Е сега моите се поголемки, ама и помали кога беа не им дозволував да прават што сакат кога се на друго место
Чудно, каде остана почитта спрема постарите, спрема баба дедо? Каде остана љубовта спрема нив? Каде остана она: одиме во друга куќа и ништо не допираме туку само играчки? Да ни паднат смоки е сосема ок а да истуриме сами не е во ред? Зарем сосема е ок да ни ги чуваат децата кога имаме потреба затоа што работиме или ни треба 1 час за на кафе или па нокти да средиме а кога ќе видиме дека само ги удираат или ако му повишат тон бабите се криви??? Па само психопат човек го малтретира тепа крвнички своето внуче што верувам малку се такви. Да точно е имаат поинаков пристап на растење деца ама во ред е да се каже на посмирен начин дека мое е ова смее тоа не смее. Треба да се разбере толку знаат, толку имаат читано и чао. Нема да разберат и да објаснуваш за нашите методи и 100 год ама ова не го правда тоа ако го удрила малку дека треба в полиција да се пријави. Баш сме ние од таа генерација дури последна што знаеме што е почит, ама ако не карале или тепале не значи дека сме насилници. Напротив повеќе насилници има помлади одколку од наша генерација. Не го правдам ќотекот ама ако 2 год дете и враќа удар на баба му што ќе се случи на 9??? Дали членката и го повиши тонот дека баба не се удира и дека тр3ба да се почитува? Мислам дека нејзиното синче разбираше мн и убаво говореше чисти зборови и реченици ако памтам убаво. Да минува низ тежок период ама не значи дека треба се да му се попушти, периодот ќе помине ама карактерот останува. Знам ќе ме осудите, веројатно повеќе нема да пишувам кај ова тема и баш ми е жал ама солзи ми дојдоа за тоа колку е сменет светот. Не постои повеќе ни љубов ни почит, жално до каде сме дошле сите па ќе дојде и уште полошо. Поздрав до сите.
Што се однесува до боење по ѕидови, мене тоа не ми е океј. Јас никогаш како дете, не сум го правела тоа и ми е чудно што во денешницава е дозволено. Си имаме место каде се бои, милион боенки, масата нека ја шара, ама по ѕид не смее. За надвор купивме огромни креди, да шара на бетон. Има каде. Да требаше да платите илјадници евра за кречење, немаше баш да дозволувате
Ајде добро утро Шкртање по ѕидови дома да, на гости не, правилата за дома се едни за надвор се други. Таму каде што знам дека не им е "убав" хаосот или не одам или без деца. Не се ни лутам, не секој сака дете се да му пипка, а некогаш и ја сакам да поседам 2 саати со врзан муабет. Дома апсолутно не ми смета ништо од други деца што не е животно загрозувачка ситуација. Нека скокаат на спална, нека оставаат прсти, ронки, истурено, пластелин, дури и водени боици им давам на подлога да се шлакаат, сите среќни. И кога е цела куќа од наопаку си викам фала ти боже сегде нека има ваков хаос. Сега го осознаваат светот, не дека на 10 годни ќе шкртаат по ѕидови или ќе се бацуваат сами на огледало. Ама јас сум прелабава во тој поглед и сигурно не сум репер. И теписи ќе се сменат и пак ќе бидат чисти ѕидовите, огледалата, ама сега не е тоа време. За тепањето само кратко НЕ. Нашите не знаеле за подобро или не умееле, бидејќи и нив уште полошо ги растеле. Колку им било дадено, сигурно се труделе повеќе да дадат, исто како што ние се трудиме да сме подобра варијанта во родителствувањето. Од секојдневието, родендени до бескрај Од градинка, од пријатели, кој што прави ние сме на роденден низ игротеки. Месецов само за тоа ни е посветен, дома ќе прооди. Среќа што бебето што веќе не е бебе спие преку ноќ инаку маф ќе ни беше работата. За одмор се спремаме, ама ни имаме резервирано, ни знаеме кај сакаме. Се изнагледав понуди прошетав сегде со паметот, уште на егзотични дестинации што не отидов. И таман кога реков викендов ќе се наспијам Марфи се насмеа и сама ко будала во 6.00 очите Ќе ми биде криво после кога ќе отиде енергијата на 3% у 12 ама јбг. Да пуштам 5 минути серија да погледам додека не станале индијанците. Убав ден имајте, ве поздравувам
О боже каков глуп пост. Дали кога мажот малку ќе ве изнервира го плеснувате? Дали кога ќе ве изнервира продавачката на каса или онаа на шалтер во банка ги плескате оти ви се испонашале за да ги дисциплинирате? Дали шефот на работа има право да ве плесне оти сте направиле грешка? Не? Зошто тогаш тоа е ексклузивно право на децата само? Не се доволно луѓе? Или не се доволно големи за да ве наплескаат потоа и вас. Да го плеснеш оти не прави како ти што сакаш. Е ете баш ќе го научиш. Ќе го научиш да има страв дека ќе биде плеснато, единствено тоа ќе знае. А не зошто и како некои работи не треба да се прават. Ќерка ми моментално исто поминува низ тежок период. Го поминавме ова кога се роди второто. Сега очигледно пак. Полна е гнев. Често вреска за ништо. Психологот вели нормална реакција е. Да држиме конзистентен смирен начин на делување ќе и легне. Ретко, ама има и мавање по нас. Се фаќа за рака и се поттурнува наназад. Со строг тон се објаснува дека тоа не е начин. Таман работа да ја плескам на секое понашање. Да, апсолутно кога поминуваат низ нешто се најранливи и уште капак треба да ги плескаме за се докажуваме кој е кој дома. Таа е најдоброто дете на свет. Сега и треба малку време да ја прифати ситуацијата и нема што дополнително да и отежнувам. За сите треба да имаме емпатија сем за она што сме го родиле му доаѓа. А тоа ни е всушност најбитното. И да, за полиција е. Пред да родам и јас мислев дека по пеленка така малку ништо не е… ама е. И тоа многу е. Внимавајте како се однесувате со децата од најмала возраст. Сите искуства заедно ќе ги дефинираат како личности во иднина, па и вашето “наивно” плескање.
Со тепање ништо не се решава, крај точка. И моето знае дека се јаде во хранилка, ама сигурно за една бисквита што му текнало дека му се јаде нема да го седнам во хранилка, нека јаде ке истроши сигурно ке соберам, зарем вас ништо не ви паѓа од раце, ниту една трошка? Плочките ми ги направи со графити низ цела дневна и цел ходник, 3 дена му беше интересно и толку. А зборам не дека не зборам уста пена ми фаќа. Е сеа ја што сакам светлина и имам 6 прозори и балконска врата у дневна само не ми е крив син ми. И ден денес кога врне седи на балконската врата и гледа надвор. Да го плескам зошо фатил со рачиња? Зошто? Да се разбереме никогаш не би ќутела и не би се правела наудрњна ако удри некого ама баш никогаш. Сите знаеме до кај се границите, не зборете глупости само колку нешто да се каже, и никогаш нема да ве оправдам ако плеснете дете бидејќи му се истурило сок или оставило прсти на прозорец, оттаму почна дискусијава.
Јас кога се нервирам и викам по ќерка ми зошто скока цело време, шкрта итн, баба ми ми вика па ај ти скокај? Што не шкрташ? И во право е, нема нон стоп да скока и да ми прави лом и да шкрта… Иако го прави тоа, сега како созрева се што сум и кажувала повторува, аа тоа не, аа ова не, брат и од 6м го учи. Така да влегло нешто, ја и ќе искречам и ќе избришам и за три години од сега нема да се замарам што било. Деца не се “разгалуваат” и не стануваат невоспитани од тоа што шкртале по ѕид дома, туку од мноооогу други работи и фактори… непосветено внимание, пасив агресив со нив, тепање, дерење, нетрпеливост дома, задоцнета реакција итн. Сега се учиме да прашува дали може да пипне нешто кога оди било кај, не ја карам ама ако почне да фаќа стоп - прашај некого дали може и тоа е тоа. Некој дозволува, некој не.
Еве и за стари ќе почнам тема и дискусија. Колку да сме ние како родители кон стари внимателни и не знам што, толку барем во моево опкружување старите се однесуваат како да заборавиле како е со деца или толку и така знаеле. Муабетот ќе те тепам, удрам и слично им е како добро утро. Или во наше време ќе добиеше по пелена, ќе вака, ќе така. Е сега да се навратам на ситуации, си доаѓам јас со бебе од болница дома, прв муабет од соседите до нас, сега веќе нема спиење, ако плаче по цели ноќи и ние ненаспани треба да одиме на работа. Повозрасни луѓе, пред пензија. Знаете колку негативно тоа влијае на родилка?! Кај се привикнуваш на дете, кај се привикнува новороденчето на се околу себе, уште и да пазам кога плаче оти соседите треба да спијат. Да, треба да спијат и никој не го порекнува тоа, и напорно е да слушаш туѓо дете цела ноќ да плаче или ете и пола час нека е. Ама и за родителите е исто напорно. Или случка 2. Влегуваме во вила на одмор, прв муабет од луѓето во соседната соба - пензионери, аууу вие со дете сте. Ние дојдовме да се одмориме, не дојдовме да слушаме деца и плачење. За воља на вистината ќерка беше премирна, глас не и се слушна цел одмор ама муабетот и прекорот беспотребен остана. И јас не сакам да прави нереди некаде, да вика, истура или не знам што ама повлекувам граница меѓу тоа што е прифатливо за возраста, а што не е. Од друга страна знаете колку ми е неубаво кога ќе ми дојдат гости еве посебно внуците од 10+ години и час, два поминуваат со телефон во раце? Не очекувам да седнат и играат со играчки ама да знаат да сврзат 2 реченици. Или вчера во маркет дете од некои 7-8 години се дери на родителите НА АНГЛИСКИ зошто не сакале да му купат чоколадо. Очигледно некаде сите многу грешиме и тоа допрва ќе се покажува.
Cry me a river постов. Ние сме од таа генерација, исплашената генерација, исплашена да зуцне зашто знае што ќе добие. Анксиозни, депресивни и мислиме дека така треба да продолжиме со децата, ако ние сме поминале низ тоа, има и они да поминат. Тоа не е почит, што ние сме го имале, тоа е страв. Сакаш детето да ти биде исплашено? Тепај го слободно, ќе биде бајче, мирничко за пред народ, да кажат го воспитале. И мене солзи стално ми идат, кога читам како уште мислат луѓето дека е во ред да го плеснеш детето. Само зашто е дете. Ама тебе маж ти да те плесне ќе те советуваме да го пријавиш. И никој не одговара на тоа прашање, зошто сметате дека е во ред децата да се плескаат, ама не е во ред вас да ве плеснат? Што сте вие на повисоко ниво од децата? Па, може и вие ќе научите нешто ако ве плеснат, зошто вас никој не смее да ве плесне?