welcome to the club Сте развиле дискусии за однесување на децата на гости и почитта спрема постарите и однесувањето нивно спрема децата. Моите ко ќе појдат кај татко ми големиот уште на глава што не застанал и кога ќе го опоменам татко ми ми вика аман остај го се само му викаш немој вамо немој така... дете е. Му кажувам ама тато не е дома на гости е мора да се однесува пристојно и добивам одговор како не.
Ми е страв да се пофалам, ама дека една недела веќе помина, па да кажам. Бебе оваа недела само 2 пати станува навечер за млеко. Што се случи, не знам. Ништо поразлично не правам. 5 ти скок ни завршува за 2 дена, и само што почнавме со Хипп 2, друго сѐ си е исто. Што нѐ кажете колку било убаво да не стануваш навечер на секои 2ч? Некогаш и на 1.5ч. Мислам полудев од 4 ти скок па навака. Не дека се наспав неделава, ама одма подруго е. Колку ќе трае, не знам. Ама морав да споделам, дека често се жалев. @Dodo1 можеби има надеж?
Надежта и кај мене дојде Трае дури 2 дена, ама се надевам ќе потрае Ноќва од 22ч (и тоа заспа сама, без цице клацкање), пееше аааа ааа аааа и гледам спие. Спиеше до 5 сабајле без да стане Тогаш закенка, цицна 2мин и продолжи до 7. Затоа во 7, станала го дофатила мојот телефон и ми го акна од глава (во веѓа поточно, убаво заболе).. рипнав од сон Еве мама се наспав, бам! Сега тера прва дремка, пак си заспа сама во 10. Ја чекам да стане за да шетаме, абер нема Дај боже и кај вас и нас да потрае
Не за тепањето ама да за граници. Мора детето да знае кој е родител,а кој е детето. Авторитативното родителство е за мене правилниот начин да се расте дете. Примерот со боиците. Гледаш дека цртало дома по мебел. Го седнуваш детето и му објаснуваш дека не е во ред. Ги земаш боиците и ги ставаш високо на комодата да ги гледа дека се тука ама да сфати дека ако црта по мебел или ѕидови следува казна (ќе му бидат одземени боичките пример на три дена). Ако не се санкционира тоа ќе прави така и по гости. И по мене не е исто да шараат по ѕидови и комоди и да јадат чипс додека трчаат или да го бакнуваат прозорецот. Едното не се средува толку лесно и чини многу пари, а за другото се решава за 5 минути со правосмукалка или крпа.
Шо убаво вака, моево сега на 1 година почна да покажува рогови, до скок ли е до шо ли е вчера имаше само една дремка до 13 кон ручек, вечерта заспа во 20 и до кај 00 12-13 пати се разбуди, не цица туку станува да го земам да го нишкам да заспие, да го оставам за пак да стане и сабајле во 6 наспан, а јас ќе зевам цел ден Две недели е скоро вака, порано баш убаво си спиеше...
Добар ден и од мене Подготовките за роденденот се скоро готови, уште тортата да ја украсам и хаосот да го средам. Денес ручек немам, немам ни луѓе дома, ќе спремам нешто брзо, што би јадела и малата. Секако планирав повеќето надвор да сме денес, ако не врни. Во последно време многу лошо спијам, сонувам, се будам, тешко презаспивам..јбг. Второ кафе додека е заиграна, за цигара нема шанси, ни секунда не сака да е сама. Убав ден, убав викенд на сите
Здраво на сите Јас сум нова на форумот, мајка сум на 9-месечната Кјара . На Фемина дојдов по препорака од пријателка и многу се радувам што конечно се приклучив. Сакам да се дружам, да споделувам искуства и совети со други мајки, а и да научам нешто ново од вас. Се радувам на заедничкото дружење и убавите теми што ќе ги споделуваме.
Убаво убаво... 6м душата ми излезе Плус чекај, се пофалив тука... тешко мене Да не се запчиња и кај вас...
Да ти одговорам, имам многу почит и љубов кон старите, секој викенд ги посетувам моите баби и дедовци, јас и брат ми во живот не сме ударени, никогаш за ништо, можам сама да кажам со гордост дека сме луѓе со голема почит, успешни, грижливи, за разлика од нас, наши луѓе кои ги знам и кои беа тепани секојдневно не се такви. Не сум рекла дека не смее да му повише тон, има право да го кара конструктивно, да не му дозволува да прави што не треба да се прави, напротив горе кај нив секако многу строго се држи за уредност, па скоро ништо ни не му се дозволува да прави и јас го почитувам тоа и секогаш му зборам. Единствено што не дозволувам е да го тепа, зар мој збор за тоа не заслужувам да се слуша? И пак читате како ви одговара, да секако дека јас го скарав, да секако дека му објаснувам по 100пати на ден што не треба да прави, да моето дете зборува многу јасно и чисто, многу е напредно за негова возраст и баш за тоа сметам дека со зборови и со пренасочување може да се разбере совршено, пак ќе повторам не врати на удар на баба му, баба му му ја грабна играчката и он беше веќе преморен, му се спиеше, беше гладен и заигран и уште играчка му земаа, на тоа он изреагира инстиктивно оти е дете и мавна со метлата. Ако не ви е јасно како функционира мозок на дете од 2 год, особено на крај на ден, не знам што да ви кажам едуцирајте се. И извини што солзи ти надојдоа оти бабата е скарана да не го тепа внучето. Таа баба не е неначитана, напротив, образована и многу учена жена е, работи во собрание и чита многу, може да прочита малце за детска психологија ако не.
Rabotnoto mesto ne odreduva kakov covek si taka da besmisleno e sto voopsto spomnuvas kaj rab svekrva ti. Za tepanje deca sum protiv i nekoj ako mu krene raka na moeto nema da prekutam sigurno i jasno ke mu dadam do znaenje kaj mu e mestoto Jas gosti po doma ne pribiram zasto ne sakam da cistam posle niv ili da sluzam po doma , na gosti odam kaj najbliski, citaj roditeli, svekrva i nekoj bliski tetki kaj sto ne moram na dete za se sto ke pipne da mu vikam ne, e se toa vo granici na normala taka da preferiram druzenje nadvor a ne po kuki , site sme so obvrski nikoj nejke da cisti i sluzi, vaka sedni vo restoran ili igroteka najadi se ili pij kafe , muabet i posle po doma
Членката рече дека тепаат и не знаат поинаку да воспитуваат зошто се необразовани, неначитани и не знаат поинаку, сакав само да напоменам дека не е необразована и не е тоа случај.
Да се надоврзам на темата за постарите (мајки, тетки) и нивното мислење како да раснат деца ама настрана од тепање не ни сакам да зборувам за тоа скроз сум против а среќа никогаш не сме биле тепани ни јас ни сестра ми. Со мм сами ја чуваме малава сега е 4 ипол месеци и е во период на регресија на спиење, тешко заспива и дремките и се по макс пола саат веќе месец дена и морам да ја презаспивам што често е и неуспешно ама некако тераме и успевам да издејствувам да е дел од денот весела да се смее и да си игра и вежба на подлога. Никако не можам да се објаснам со постариве (во случај мајка ми и тетка ми) кога дојдоа на гости дека бебето не ми заспива туку така ако го оставам во кревет и 2 саати да спие само и како тоа јас сум се припотресувала да ја презаспивам кога она станала. Јас премногу сум се замарала дека прво ми било ама они кога не растеле мене сестра ми и братучедките сите магично сме спиеле без проблем само остај во креветче и 2 саати без проблем. Аха важи и во друг муабет полу свесно ќе кажат колку плачела некоја од нас ама не оставале така за да се научиме на ред. Јас како второ бебе баба ми ме исчувала дека сестра ми била пре љубоморна и лепенка на мајка ми, па со баба ми сум спиела од бебе. Мајка ми доаѓала само да ме дои и секако денес имам трауми од тоа што ми фалела мајка ми и немам изграден однос со мајка ми. Настрана од тоа не ми беше само тоа поентата туку и како сите од таа генерација се убедуваат дека уште од најмали бебињата им спиеле без проблем и се си течело како што треба, немало скокови во развој регресии, не ни чуле за нешто такво. Ме прават како да сум јас ненормална што пратам прозори будност и гледам да ја заспијам на време пред да стане прекенкава дури и ако дошле они тука ама како тоа она со нив треба да седи ретко ја гледале а неа сирота очине и паѓаат, ги чеша и зева. Па секако и прашања како тоа во 19 најчесто е заспана и не примам гости
И мене редовно ми доаѓа да го задушам со перница кога хрчи ноќе директно кај мене во уше. Таков гнев имам во тие моменти Господ ми е сведок. Ама секако дека нема да го напраам тоа. Ваљда. И децава кога врескаат, а јас преморена, престимулирана, гладна, ми иде некогаш да зеам да ги размавам тоа е најлесно, не е дека на некој не му дошло. Никој не вика да нема граници побогу. Граници мора да постојат, ама да се спознаени, научени и сфатени. На дете од 2-3 години објаснувај колку сакаш оти не смее да шкрта по ѕидови, мислам.. премногу очекуваме мали деца да сфатат за нивните години. Еве го 3 направи сеуште се му е игра. Знае дека некои работи не смее, не сфаќа оти не смее. Имам ѕидови дома со нивна апстрактна уметност. Ќе кречам. Подот и мебелот се поминува со крпа. Стаклените чаши ми се заменети со пластични. Чак и декорации по дома имам тргнато скроз или се на високо, ако нешто чепкаат и има шанса да скршат, ниските полици ми биле празни кога биле помали. Место да се нервирам дека цело време ми поместуваат работи. Мебел и под се брише со крпа. Не сум им дала таква слобода, ама и двајцата имаа фаза кога никој не ги гледа да шкртнат кај ќе дофатат. За сега не практикувам казни оти сметам дека повторно нема да ја сфатат суштината и едноставно нема да прават нешто само оти ќе следи казна. Кај нас функционира компромис за нешто што обожаваат да прават. Подот, ѕидот и мебелот нема шкртање, ама им дозволив да шкртаат под едната клуб масичка. Една од омилените заеднички активности им е, да си соберат боичките, да си легнат еден до друг под клуб масичката и горе да си шкртаат. И ич не ми е мака кога ги гледам така. Секако тоа доаѓа со обврска да си исчистат после тоа, а нема што крпа и вода што не пере. Како и за се останато, играчките мора не само да се соберат на крај, туку и сортираат и подредат како што треба. Ручек се јаде на маса. Доручек и вечера и ужинки не. Каучите се секогаш истрошени. После нив си поминуваат со рачното смукалче колку можат, ако има потреба фаќам по нив. Да ги држам строго ко војници не мислам. Па и мене колку пати само ми се дешава да ми се истури нешто, да истрошам или да направам друга беља. Тоа е. Секој како мисли нека прави и што му чини по дома, не постои универзално правило за сите деца, само без плескање. Како беше онаа старата, убавиот збор железни врати отвара. Може со мали деца вратите да се отворат малце подоцна оти дур им кликне ама ќе се отворат.
Темава за тепање и викање по деца не ми е разработена уште ама со @1209 сочувствувам за ситуацијата што ја опиша зошто јас би рипнала на лице место. Мое дете не смее никој да удира! Точка и крај нема дискусија! Да ми се случи ваква ситуација ќе си го соберам детето и нема да го види во догледен период! Најсериозно пристапувам кон менталното здравје и моето и на моето дете што се формира уште од прв ден во болница. Татко ми пред некој ден сподели како ме одвикнале од мочање во памперс мене и само го погледнав и му реков алал да ви е…ми вика 3 години беше мочаше уште во пелена и мене ми дојде преку глава и еден ден кога се измочка а не кажа те избркав пред врата надвор од дома и ти плачеше 3-4 мин и јас не те пуштав дома и ти реков ако мочаш вака надвор ќе спиеш на чергиче и готово предтсна да мочаш и после кажуваше! луѓе јас на ова не се сеќавам ама срце ми се скина! Татко ми е душа од човек и го сакам најмногу на свет и просто не можам да го поврзам ова со него! Му се наљутив на 35години што ми го направил ова на 3! Со ова во текот на дискусијата навремено ставив и некој лимит на однесување према моето дете денес да не им текне некои социјалистички методи да применуваат па да имаме куршлуз уште непочнати со чување од баби и дедовци
и по земањето боици и качување високо можеш да направиш само да му е умот тука и да прави се што е во негова моќ за да ги дофати или добие. Прво ќе проба сам после со манипулација. Ти имаш добар пример и совет објаснето ама денешниве кај деца со одземање сокривање и казна правиш само контра ефект и зголемување на доза на нервоза. Зборам зашто сум видела примери. ау тоа да види човек па да не верува. Сум слушала и ја такви муабети еднаш со сиот памет и сум оставала така демек ама далеку од тоа напротив. Тогаш се расонува станува гледа не бара и ништо од спиење.
@Aleks.mar моето искуство не е такво. Тука и во градинките прават така. Нема тепање ама нема и оставање да прави детето што сака. Ако однесувањето не е во ред има последици. Да не се разбереме погрешно. Децата имаат голема слобода ама цртање по ѕидови нема во градинката. А на децата тоа им е работа да ги тестираат нашите граници и да видат до каде можат да одат. Од нас зависи до каде ќе им дозволиме. Јас имам видено се од родители кои дозволуваат се па детето се беси по каучи, фрла и крши намерно играчки и никој ништо не му кажува до седе ко возрасен и ништо не прави. И двете не ми се во ред. Кај мене нема цртање по мебел, нема шутирање топка во станот и нема намерно уништување на играчки. Границата кај мене е таа. Немам никаква намера некој кај мене да демолира стан, да белам ѕидови секој месец или да менувам мебел на годишно ниво. На крај краева сите си одлучуваме сами до каде се нашите граници и како ќе ги раснеме нашите деца пошто родителството не доаѓа со прирачник.
Планина од алишта средена. Детево ми е измеѓу број некако на алиштата. Повеќето од тековниот број некако веќе и се кнап, следниот број огромни, како во вреќи е. Плус на куси уште нели топло. На долги некое се вртка дека наутро кога одиме во градинка е свежо понекогаш, навечер кога шетаме исто. Верувам хаосот со алишта уште месец или нешто плус од тоа ќе го имам секако додека не преминеме само на долги. Ама есен сакам ептен, се надевам и дете ќе е истомисленик, па да уживаме повеќе.
Не да сакам, одвај чекам. А и моево дете исто сака, ептен се радува на дожд, чадорче, чизми, секогаш кога врне стои на прозор и вели вов дожд Јас денес ептен мрзлива недел терам. Некако ми требаше. Мислев да чистам ама детето ми налегна така цел ден да се дружам и правам со него нешто и секако дека не сакав да го одбијам. Само перални уклучив и постелина сменив, сега едни макарони ќе збркам и толку. Ќе чистам преку неделата.