Да бидам реална со моево работно време не дека и во есен/зима е сјајно. Додека си дојдам веќе е темно ама бар во викенди не чекаме 2/3 од денот да залади за некаде надвор да се шета. Се опремивме со гардероба за дожд со ќерка. Добив коментар од блиска другарка дека на глупости трошам пари. Немало потреба од гумени чизми и јакна/пантолони за дожд за дете. Се знае кога врне со кола и кај треба ќе стасаме. Мене пак ми е уживање да ја гледа кај што шлапка во вирчиња без да се нервирам дали ќе се водени или не. Дали 3 дена после тоа ќе сушам патики.
после долго време ни беа роднини да го видат бебуш.Многу ме иритира кога некој ќе ми рече леле вие се по правила во толку треба да спие во толку да јаде,што било тоа секогаш во 20ч да спие,како јас сум била многу потресена за се нешто многу напната сум требала да се опуштам да не се замарам толку.Луѓе кои им ги израснале бебињата баби и дедовци на нас сами што тераме (не по своја желба)ќе ми солат памет.Секогаш само едно одговарам...секој за своето дете.