И јас би сакала да може некако да тргнам на работа. Мајка ми се понуди она да излезе од работа и да ја чува. Да ја научиме некако со друг да заспива и да сака да јаде. Со мала родилна тежина е родена, се трудам добро да накачува, веќе и опседната сум со тоа. Многу слаб апетит има. Ручек понекогаш јаде по неколку лажички. Ад и давав со сила, колку да не седи гладна, а да се навикне на нешто друго освен моето млеко. Не знам кое друго решение да барам. Душава не ми дава да ја оставам дома и да седи гладна и без спиење.
Не ја мисли сега куќата, лежи си и уживај со бебе. И ние бевме со една плата, тодлер и новороденче. Кредити и двајцата. Мајка ми е почината. Кај татко ми не одам бидејќи не одржува хигиена на ниво за деца. Свекор почина пред да се роди второто. Сама бев и со прво дете, сите на работа, попладне одмараат. Па се роди и второто. Големиот имаше 3 години и ми помагаше да го бањам бебе. Потураше вода. Сама ручек, каши, хигиена, дом, пазарење со две деца. И двете ги доев до 3 години. Издржав. Не знам како. Да имав мајка ќе ми беше полесно. Кога се болни сама се грижев за нив. Сопругот постојано на работа. Навечер дежурен. Сама во болница со две деца. Ама се тешам, дека секогаш има некој на кој му е потешко од мене. Најдов работа, за поголема плата. Па добив отказ дека премногу отсуство имав. Па најдов нова, за дупла поголема плата. Сега финансиски сме ок. Се молам само да сме сите на број. Да легнам до нив и да ги гушнам. Да им кажам дека ги сакам. Да ме погалат со малите рачиња. Да им ги избришам солзите. Да им се смеам на глупостите. И да ги гледам како растат. Чувај си го здравјето и нервите, на децата им треба мајка и кога ќе пораснат. Здрава, стабилна, да им биде поддршка.
Мора да пробате, може и ќе седи и ќе јаде со мајка ти.. знаејќи дека од неа не може да добие цице. Еве неколку пати мене ми се има случено кашата не сака да ја јаде, јас снемувам живци. По некое време ќе ја преземе свекрва ми, ќе си ја нарани со истата каша Ако се мали, итри се.. се си разбираат. Истото се случува и во градинка, таму сите дечиња магично пројадуваат.. а и сите спијат. Има и ретки неспијачи, што седат будни чат-пат.. ама и тие успеваат да заспијат. Имам работено во градинка (приватна), околу 18-20 деца група, сите спиеја. Ама гледаат и за јадењето и за спиењето едни од други и некако таму се согласуваат да го следат редот... Инаку и јас па мислев невозможно е да заспие без цице. Ама заспива овие 10тина дена. Веќе ја оставам кај свекрва ми, пракса имаме дека тргам на раб за 10дена и со неа заспива веќе без проблем. Првите пати плачеше, а сега веќе ќе си ја гушне во скут свртена накај неа и си се успива...
Најди си жена, ќе успее да ја заспие, не се секирај. Јас имав две за двете деца. Со нив полесно заспиваат отколку со мајките.
Скроз се сложувам со @mariz мислам дека итно треба да почнеш на работа макар и парт тајм и никако од дома. Сигурна сум дека и во градинка ќе и го најдат крајот и гладна ќе седи и ќе и се пријаде и сама ќе побара на 9месеци. Би сакала да ти дадам кураж да почнеш со активности се друго ќе си дојде на свое
Фала за советите. Голема поддршка ми е ова. Знам дека не поминувам само јас низ ова. Ќе се потрудам да бидам подобра јас, за да бидам подобро и за моето бебе.
Го размислував и јас истото, можеби ќе гледа од други деца па ќе и биде интересно и ќе јаде/спие. Морам некако да го направам првиот чекор. Да стиснам заби и да почекам времето да си го направи своето. Свесна сум за многу работи, но на моменти не размислувам разумно и правилно. Фала мајка
Јас само да додадам дека моите во градинка се јадат, не пребираат. Ептен ако не сакаат нешто им даваат замена, битно гладни не седат. Дома премногу ми извољеваат и пак не јадат којзнае колку. Повеќето деца јадат многу повеќе во градинка отколку дома.
Градинката неверојатно ги менува децата, позитивно Имам комшика чие бебе до кај 1г и некој месец не одеше кај никој. Залепено за мајче и ни кај баба не одеше, а она инаку самохрана мајка. Нас ограда не дели, еден ден дојде на кафе во двор и заборави нешто дома... тргна да претрча да земе (инаку скокаме ограда, е толку сме блиску), абе бебе секундарно викна. Не смееше од вид да ја испушти. И не ми се веруваше дека се тоа се смени со 1 месец градинка. Целосна преобразба имаше детево, стана дете кое оди кај сите Зависни се од нас кога се малечки бебчиња, ама не и понатаму... Ќе си научат се, па и без нас А за нејадењево имам лекција од свекрва ми, да не буткам дете со сила. Колку сака да јаде, толку. Вика ја бутав ќерка ми со сила како мала, затоа после како порасна немаше контрола и ја карав да не јаде Мене второво ми јаде како врапче, ама здрава, жива, манекенка си е
Мојата што ќе и направам ретко што јаде, ама кај бабите се си јаде. Каква пијавица залепена за мене беше и покрај тоа што е на АД. И сега кога се враќам од работа е исто. Дури сега скоро, почна да оди и да сака кај мм. Се правев со неа во раце. И во тоалет сум одела со неа. Сами двете бевме. Иако свеки под нас живее, ќере плачеше од неа. Сега да ја видиш како седи со неа, игра и со неа си заспива седејќи и во скут. Деца лесно се прилгодуваат на се. Ти мораш да се избориш да бидеш среќна и исполнета, да искочиш од монотонија и дете ќе биде уште посреќно.
Потврдувам за јадење во градинка. Две години не можам да ја погодам таа факинг мусака што толку им била прекрасна таму. А мене ми поврати еднаш во тањир, што да прави, не била она крива, ЈАС НЕ СУМ ЈА ПОГОДИЛА МАНЏАТА.
Како им успева ова на бабиве со заспивањево во скут Абе ни клацкање, ништо.. ќе си ја гушне и заспива
Син ми на 10+г, се сеќава сеуште каква била убава супата, какво било убаво гравчето, па дури и бисквитите биле најубави таму А инаку дека работев во градинка, деца јадеа манџичка и по 2 до 3 чинии некогаш
На 35 години се уште ми е вкусот во уста од храната во градинка Особено супата, гравче и салата зелка најмногу ги памтам.
Незнам ама имам и слики, ми праќаше внука му на мм, како заспива. Јас душа немам во мене кога се заспиваме
Spoiler За фајрон да ве поздравам! Многу убаво си поминавме, колку беше среќна, Боже мили! А на овој ден пред 2 години не знаевме ни дали ќе преноќи....ама таа е мојата хероина! Мојата радост и среќа, мојот живот Добра ноќ мајки, долг понеделников, да одмориме
Ги читам вечерва маките на мајките со деца, со мажи, со свекрви...се поистоветувам со скоро сите од нив и ми се врти во главата тоа што ме мачи во последно, желба да бидам разбрана, сослушана, утешена. Викендов мајка ми беше во Скопје, и велам: мамо, секој ден додека седам сама на клупата во паркче се надевам дека ќе најдам некоја другарка со дете да и ги кажам маките, ама нема.. сите мои другарки, која брка кариера, која шета, која нема план да се мажи, само јас со дете. Мајка ми ми е единствен пријател и бест френд откако се породив. Треба да организираме фемина средби и да се дружиме, да си бидеме поддршка, ако има заинтересирани членки јас сум "за" за дружба, така сите ќе олабавиме малку од секојдневните проблеми со кои се соочуваме, оти многу добро знам како е да нема кој да ти го причува детето, да имаш проблеми со сопругот, иако ние во последно го подобривме односите, ама мене уште ме јаде тоа чувство на грижа на совест "што направив", така да @merriel0, @Kjara2025 знам како се чувствувате, јас сум 24/7 сама со 10 месечно бебче во Скопјево, на моменти се чувствувам како да сум затворена во кафез, едвај чекам во маало да излезам на клупа со пензионери и да гледам во небото, тешко ми паѓа и депресија ме мава на моменти ама се поминува, особено кога двете зелени очички ќе ми се насмевнат и ќе ја видам најубавата насмевка од која ѕиркаат бебешките запчиња..не се грижете мајки, panta rei е животот, сѐ тече, сѐ се менува, better days are coming.
Така е, скоро сите поминуваме низ истото. Само која како го поднесува периодот и колку има поддршка. Според мене најбитна е поддршката од мм. И јас сум за дружба. Друштвото мое исто си брка кариера или шета. Имам 2 другарки со деца, но секогаш сѐ им е совршено, децата им се многу напредни. Не сум опуштена со нив за да си олеснам душата или да се почувствувам убаво со разговор. Како да се натпреваруваат кое дете е подобро.
Дојдов тука да си се пожалам,прочитав се во последниве пораки па си подголтнав.Улогата мајка не ја доживував вака можеби иако се чуствував апсолутно спремна уште прв ден бев во хаос.Сега на 5м си мислам на претходните и на поголем дел од времето не се сеќавам,на слики не можам да го препознаам синот.Криво ми е но имаме голем напредок,од спиење само во раце си спие во креветче и дење и ноќе.Него последниве недели не знам дали од заби али прекенкав е и нервозен,5 мин не седи сам.Во раце ако се движиш е добро,ако не одма вриштење,се надевам не е карактерно таков.Не се трпи,се наоѓам во ситуации и да му викнам па ме боли.Нешто сфатив со тек на време..оние родители кои што викаат дека им е добро или други им ги чуваат децата или не се замараат,плачело неплачело кога требало да спие.Може и предност е да си таков.