Нека е најсреќна, жива, здрава и весела @Stone Ако некој не се жали, не секогаш значи дека се му е добро... Родителството си е такво, некогаш ни се работите повеќе под контрола.. некогаш сме во тотален хаос. Лесно па, во ниеден случај не е. Никој не знае што на некој можеби му се случува додека чува дете/деца. Проблеми со фамилија, проблеми на работа, маки со болести на близок човек, мозокот некогаш ни е на сите страни... а притоа мораме да се посветиме на децата.. е некој овие позадински проблеми нема да ти ги каже, па навидум ќе ти изгледа дека се му е добро. А има и такви што највеќе се жалат, а може и не им е и толку тешко...
Не знам каде да пишам, па тука некако е најфрекфентно. Моите одат на одмор и дете многу сака со нив да оди. Исто и они, ама оставија на нас да одлучиме. Ја сакаат повеќе од мене, ептен си се погодени особено со татко ми. Знам дека ќе си помине прекрасно. Од друга страна ми е страв заради нејзините опструкции. Оваа година прв пат не се раскашла на одмор. Си викам можеби климата на Јонско доле и прави поголем проблем, тука на краците бевме, Егејсково плус врска нема со Јонско (заљубена сум јас во Јонско ) Мајка ми вика и да се раскашла ене каде е (на почеток на втор крак ќе одат), или ќе дојдат, или маж ми и брат ми ќе одат да ја земат. Моите, татко ми особено, имаат искуство со вакви кашлачки глупости, јас сум била и полоша, па луѓето во секој момент се спремни. И што да правам? Цела недела без детево дома ќе се скренам начисто. Викав догодина. А од кај да знам што ќе биде догодина. Нека прави спомени со баба и дедо во моментов. Убаво ќе и биде, ќе и одмори глава од цело секојдневие што се врти според потребите на бебево. Треба да одлучиме до попладне. Полномошно ќе треба така? Јас и маж ми може сами, или и моите треба да се присутни?
Јас би ја пуштила. Јас и сега им викам на моите, да ја зимаат кога ќе одат во викендица. Убаво ти рекле. Што и да е, ене каде е. Па и таму има болници за недај Боже.
Полномошно се вади во МТВ, не треба да се присутни твоите родители, само ти и маж ти. Ти требаат податоци од лицето на кое ќе гласи полномошното (мајка ти или татко ти) бр на пасош, адреса, матичен, итн.. Пушти ја нека шета
Претпоставувам животот прави така, секој со различни интереси. И јас сум како тебе исто. Другаркиве ги снемува... Жими жими една другарка во Струмица ми е, породена неколку дена после мене, со неа сум цело време во контакт ама па далеку ми е за гледање. И уште една имам во Скопје, која можам да ја барам за се' во секое време. Ама не е мажена, работи секој ден со различно работно време и поретко се гледаме. Имам другарка која работи до зградава моја, а бе ни еднаш да не се јави да дојде. Не знам каде живееш, јас сум во Влае. Ако сакаш, може да се дружиме. Инаку дојдов да си олеснам душата малку. Бебево мое една недела одеше во градинка, и сега веќе од неделата навака има температура. Најмногу до 38.5 навечер ќе качи, преку ден до 37.8-38 и цело време е активна, си игра. Ама жал ми е е ептен некако. Си викам како ја пуштив. Ја наслушувам, сѐ е во ред. Носето и тече само. Ама нека ја пушти температурава веќе аман. Навечер милион аларми правам да ја проверувам, маж во дневна го преселив за да можам на спална јас со бебенцето.
Нека оди, морето секако ќе и годи како и на сите што ни годи. Сама велиш и твоите и таа самата сака да оди и секако ќе си помине убаво. Со баба и дедо верувам на скоро сите деца им е убаво пошто баба и дедо им одат по газот. За недај боже и твоите чувале деца, знаат како треба а и ете блиску ќе бидат. Ти како мајка секако ќе ја мислиш ама па не можеш да ја држиш само до тебе. И моите се веќе скоро месец дена на планина и го бараа малиот да оди со нив. Толку време секако не би го оставила ама еве деновиве ќе оди и ќе седи со нив една недела. После тоа одиме на одмор па верувам планината и морето ќе му дојдат супер после толку вируси и настинки.
Будалче пушти ја, одмори една недела. Јас полномошно кај нотар извадив, само ти и маж ти со лични карти, мислам дека пасоши од детето и еден возрасен што ќе оди со него преку граница.
Јас сум прва за недвоење од деца, особено дур се мали, ама пуштај веќе голема е. Бебе не би дала, многу се непредвидливи и уште можат да стаат што не треба во уста. Син ми 3 направи ама не извади од памет пред некој месец. А големата ќе ја пуштам следно лето. Може и син ми со неа веќе догодина, зависи колку ќе се “уозбили”.
Готово ме убедивте Она веќе и куфер извади и алишта за дотеруванка Сега сите кофички и пропратни заебанции. Уште од сега се возбуди. Уф, една недела непроспани ноќи ме чекаат. Не сме се делеле до сега повеќе од 2 вечери. Ама верувам дека супер ќе и биде, голема е, разбрана. Еве ја прави планови како ќе се истрчаат со дедо и на плажа.
Еве и јас сум за дружба, кој е во Карпош 2 и околината ајде. Јас сум скроз сама, најдобрата другарка со години ми живееше прво во друг град, после се пресели во Скопје, ама си најде дечко од Грција и многу време е таму. Бебето го има видено 2 пати.... Имам уште неколку блиски, ама со нив и онака не сум се гледала пречесто, иско стварно ги осеќам блиски, ама сега па ич. Не е дека ми фали друштво премногу, откако најдобрата другарка во основно се скара со мене ради детски работи и многу лесно ги сврте и другите против мене се откажав некако... Со мм сум од мои 16, и си го засакав неговото друштво како мое, ама до пред некоја година беа само мажи, еве сеа конечно има жени А дружељубива сум, сакам луѓе, ама не си давам вишок енергија за некој што не вреди Ама некое време веќе сакав да пишам тука дали има некој што сака да ја мериме Партизанска, ама не бев сигурна поради факторот "анонимност" што го има тука
@thinkerbell Јас на мајка ми и кажав догодина дека ќе и ја пратам ти за толкаво дете се мислиш На тема дружење, се имам искажано дека многу не сакам со мајките околу мене, ем не ми се некои блиски, ем ме полнат негативна енергија само се споредуваат за се и сешто. Најблиските другарки се на 3 различни страни на светов буквално. Некогаш си викам ние ли згрешивме што земавме тука да градиме живот. Ноќеска првпат крена температура после вакцина, дали од пад на имунитет ради забите не знам, ама не сум спиена 30минути севкупно. А уште колку така додека порасне... @Hygge-girl немам совет. само да споделам дека истата мака ја минеме. Додека вежбаше вртење со месеци, па после седење, сега лазење. Исто се буди на сите 4 и како да заборава да се сврти на грб и се буди плаче. И јас ја оставив 2 ноќи демек ќе се сети ќе се сврти, ќе презаспие, само се заебав седеше 2часа будна. А најако што ми кажа сестра ми дека внук ми кога проодел се будел и тргнувал да оди среде ноќ. И на сета мака на одмор ќе одиме за 2 недели, како некоја трагикомедија сме жими се. Бебето има гуми, базен, играчки, бањарки, очила, мајката ќе оди со купачи од бременоста пошо други не ми ги собираат градиве. Приоритети.
Не беше муабетот дали се пожалиле туку во било кое време да ги прашаш се им е супер,нема бебе грчеви нема скокови во развој нема неспиење...а уствари се има само кој да се замара.И тоа случајно ќе откриеш низ муабет ако ги развозиш.Сакам да кажам ја сум тип на мајка која премногу се умара за се,сопругот ми е ист .И кога ќе ги видам лабави дури и љубоморам на моменти.Туку муабетот е баш нема совршено да е се само имаш реални луѓе кои искрено ќе споделат и утешат. На друга тема...само ја мразам ненајавени гости?Абе татко да ми е ќе се најави а не подалеку.Што е со луѓево.
арно кажа или не се замараат или други им ги чуваат децата. Јас имам вето ставено за ненајавени гости и точка. Не може некој да ми ремети мир дома. И мајка ми дури се јавува да праша дали може да дојде па често е одбиена
Родителството е тешко за присутни, посветени родители. Кога даваш се од себе да скршиш генерациски трауми, да се грижиш со безусловна љубов, да си инволвиран во сите фази не може да е лесно имал или немал цело село. Се надевам ова ви расчистува зошто на некои им е песна, на некои никогаш нема да им биде, зошто се информират, за секој предизвик, работат и на себе и на децата односно самите си го прават тешко затоа што дават се од себе да биде подобро и се еден чекор на следниот скок.
За дружби, ни во фамилија имаме многу деца на возраст на ќерка, друштвото воглавно ми е во други градови, држави така да на моја жалост се повеќе онлајн муабети водиме отколку во живо. Од друга страна шетајќи дете низ населбата, последните 2-3 недели остварив средби со неколку лица кои ми беа генерација во средно, заминале во странство и сега веќе повторно вратени во Мкд. 3 фамилии се со деца на возраст слично колку ќерка, па некако спонтано закажавме дружби барем преку децава и кругот на пријателства да го прошириме.
Абе види вака, има и такви бебиња да знаеш Имам 3 деца. Од првото брзо отидов на второ зошто беше прелесно бебе. Грчеви немаше, спиеше по цела ноќ од новороденче и никогаш немаше ни период со неспиење. Не се сеќавам ден да скокнал да не спие или да стане еднаш во ноќта. Јадеше без мака каши, се тресеше од лажичка за лажичка. Сам се заигруваше. Заби извади без да го осетиме и до 6м беше со 6,7 заби... а на 12м веќе цела насмевка. Е мене да ме прашаше тогаш, ќе сум ти кажела дека е се супер навистина И тогаш искрено, ни јас немаше да сфатам како им е на родители кои имаат бебе кое не спие, не јаде, има грчеви... не сум ни знаела што да ги советувам.. Второто и третово беа друга песна.. особено третово Ненајавени гости не сум имала. Имам куче боксер во двор, па и да дошле ќе си се врателе назад. А ако се јавеле, ќе сум им речела не сум дома или имам нешто обврски/работа.. Јас сум далеку од вас @MariaBouli и @dummy Си се најдовме инаку трудни пред година дена со @merriel0 дека сме од исто маало (тука на Фемина) и си се дружиме. Денес имавме дружба со бебиња, значи неможам ќе ги изедам колку се слатки Толку се изнаиграа на нивните 12 месеци, што и јас и @merriel0 се чудевме. А дома збеснати, кенкаат, се влечат по нас...
Прв ден проба. Ја викнавме свекрва ми да ја чува. После прва дремка и направив Ад, и реков да проба да и даде. Имаше плачки, но некако го испи млеко. Потоа решив малку да излезам на шопинг. Да видиме како ќе се однесува кога ќе ме нема. Мм работеше од дома, ако треба нешто. Им реков дека кај 12-12:30 ќе и се спие и да ја легнат со лажовна цуцла. Исто напоменав да не ја носи на сонце, затоа што е со осетлива кожа и многу бела. Кога стигнав дома, ги гледам во двор на сонце, бебка плаче ли плаче, трла очињата. Ја прашав зошто не ја заспа 13:00 часот беше, на тоа ми врати со насмевка, аа па реков да те почекам ти да ја заспиеш...Ми се споија жичките. И така со плачки едвај ја заспав и сто пати до сега ја думкав. Презаморна била, плус и на сонце. Гневна сум на себе што ја оставив.
О господе боже и после ке речат не оставате дете на чување па кому да оставиш... Јас не можам да се пожалам кога и да сум го оставела било се по список како што е кажано, ама и моево ред си има ко саат си го знае па пробај ти нешто прескочи му ма да јас прв пат го имам оставено псоле 16 месеци до тогаш цицаше, после знаев дека ке заспие и без мене па полесно ми беше.
Јас сум на друга страна, во Кисела Вода ама може да се најдеме на пола пат некогаш, во Центар . На тема чување деца, еве еден месец веќе свекор ми ја чува ама ич не сум задоволна, од однос со неа до хигиена, па и негово однесување во нашиот дом... и сега сум на две страни - дали од октомври да ја пуштам во градинка на 6 саати на ден, од 8 до 2, или да продолжи тој да ја чува..со тоа што во градинка се знае нонстоп ќе е болна, а вака дома ќе ми биде нонстоп валкано, несредено и детето воспитувано по негов тертип, ама барем нема да се мачи со болести. И мојата е нејадач, сака само јадење со сол, ама не и давам, ќе издржи уште 2,5 месеци без сол, потоа ќе додавам по еден прстофат. ... Денес убав ден, празник Преображение, ме потсеќа на светлина, нека секој ден е исполнет со светлина и радост. За ручек денес направив лосос во маринада со компир салата со кромидче, таман и малото да проба риба планирам. Повелете мајки