На некој начин детето ќе ги помине тои периоди порано или подоцна, дали сега или после 2 години, или ако директно оди прво одделение. Мислам дека за карактерот на детето подобро е ако оди во градинка. Свекрвата и свекорот мои се пензионери, и опција (ако сакав) беше да дојде свекрвата во Скопје и да биде со нас и да го гледа бебето. Не ни помислив на тоа. Каде дома ќе биде хаос, каде не слушаат кога им кажуваш бидејќи нели две деца пораснала и се' знае. А и со болно бебе, сигурно немаше да ја оставам неа туку пак јас дома ќе си бев. И што ќе се нервирам и расправам секој ден, вака барем мирна глава. Знам дека периодов ќе е климав, ама ќе помине.
Пробај со некој друг, и јас се плашев да ги оставам, големиот до 2 години секаде го носев со мене ако неможеше татко му да го чува, ама сега со второво останав сама со двајцата, татко им во странство а обврски имам и ги оставив со свекрва ми по некој саат, и еве сега многу поубаво јаде со неа и полесно заспива отколку со мене. Си знае со кој како му е редот.
Знам, секако од идната година ќе мора да оди во градинка, само ова беше како опција да ги прескокне јаслите и да почне од 2 год, бидејќи сакам да ги остави пелените на лето таман и понезависна ќе биде, ама ќе размислам уште малку, само реално помалку нерви ќе имам. Се случи пред некој ден 5 до 12 да ни откаже за чување, па мораше мм да откаже одење на работа за да има кој да ја чува...
Здраво мајкиички, Бебац голем спие, мама бара декорации за втор роденден ( 5 месеци унапред) Ни бањата ни јадена си лежам си скролам тему Ептен сум енергична откако сменив работа се препородив, поопуштена сум и со детуле и општо товар ми падна, се осеќам подобро. Ваљда и дека следна сабота одиме на моренце па и тоа ме радува Денес кратка сум не кукам Чао
@Fenix05 ,не си сама. Само што помина вториот, веќе почнав за трет да му ја мислам и да гледам Тему и Алиекспрес. Ситници дури и порачани, а имаме и ние 5 месеци пред нас. Ама мислам дека уште 3тиот роденден ќе ми упали јас месеци унапред да си решавам теми, за понатаму ќе се свести и ќе пребарува или менува теми секоја недела. За мојот роденден веќе ми избра тема
Откако прекинав да дојам и добив 2-3 пати намали тоа препотување безвезе. Ако уште доиш може и до тоа да е.
Мајка, моето бебе беше слично на твоето,само без делот за јадење. До 2 години научена САМО со мене, ептен приврзана, до 2 години и 2 месеци цицаше,кога ја откажав нагло се смени т.е и заврши опсесијата да биде само до мене. Првата година ми беше претешко, неможев ништо да направам. Лута бев на сите, а никој неможеше да ми помогне зошто само мене ме бараше. Добивав коментари исто како тебе, ја држев во раце само за да спие (па тука коментари: зошто не ја легнеш? Зошто ја држиш?) До ден денес им се лутам на сите тие луѓе и уште ги паметам сите прашања. Се чудев како другите деца спијат, се мирни, си шетаат во количка, а моево ништо не сака. Тешко беше ама поминува и се заборава. Знам колку си преоптеретена, го знам тоа чувство многу добро, круг кој нема крај, нема излез, нема решение во моментот. Ако седи со мм, малку издижувај. 15мин пауза на одредено време ќе ти биде од корист. Јас шетав куче и се враќав како нова, тоа и денес го правам. Ако почувствувам нервоза одам се туширам, излегувам од просторот само за да ми помине и по трезвено да размислувам. И јас останав без работа, за некој месец најдов. Кога мораме и ќе се решиме секој ќе се навикне и ќе се фати редот. Пак на мајката останува најтешкото ама има една нова динамика и е полесно. Ќе си се наместат коцките кога ќе треба. Само добра мисла и во глава целта која сакаш да ја исполниш и имаш. Ти праќам поддршка.
Потврдувам, мене од кога ми дојде циклус ми се среди прекумерното потење и смрдкање, дефинитивно циклусот е најубав детокс.
Додека бебуш спие да си ги кажам мислите. Многу пати си помислувам да можам да не видам за 1 година како сме,на што изгледаме сите тројца,до каде сме стигнале.Често сметам дека за овие 5м сме напреднале многу,дека од почеток до сега сме каде каде подобри сите комплет но знам и да имам ептен лоши денови.Секогаш си велам идат подобри денови но не знам дали е така.Некој ќе кажат поголеми потешко е а јас сеуште и после 5м не знам како да терам со животов.Помош имам огромна од мм ,но сепак стои дел празнина во мене за животот што сум го имала со него сами.Дури и се осеќам гневно спрема себе кога го чуствувам тоа бидејќи си го сакам детето премногу,но ете.Што ме чека на 6 месеци?Што на 7?Возбудена сум за времето што доаѓа но од друга страна се чуствувам како секој ден ми е преживување.Кога мислев породилно не го мислев ова.Живееме надвор од градот па сите предности што ги носи тоа тегне и негативност да си затворен дома кога немаш кола Се наоѓам во ситуација да и кога имам шанса да искочиме јас да одбијам зошто попладне знам дека треба да спие...ако искочиме се ќе му се смени.Па додека тргнеш мораш да се вратиш пред 20ч он да спие.И ќе речеш остај на некого искочи малце.На кого?Знам дека прво детално морам да објаснам како да го заспијат,во колку часот и сите процедури и ритуали кои на крајот нема да ги следат.Го одбирам полесниот пат ако би се рекол полесен.Да можам само да погледнам во иднината на кратко да не видам како сме.
Фатени тројцата за раце на прошетка, дете растрчкано, можеби прозборено, ќе знае да каже што сака, ќе преспива цела ноќ, ќе си игра во игротека додека ти пиеш кафе раат. Ќе има другарчиња, ти ќе се дружиш со нивните мајки, градинка… Ехее знаеш колку поубаво и полесно ќе биде? Мене бебе фаза ми е досега најтешка.
Мислам дека во темава имаше муабет за детски шатори за на плажа затоа и тука пишувам. Неколку членки баш раскажуваа за борбата за собирање на шаторот и ми го разубавија тогаш денот, нив не им било може смешно ама начинот на кој беше напишано... Е сега, дали е ваков тој шатор? Ако е да знам да не го купувам. Или ако го има некој да каже дали е практичен за собирање.
тогаш зборевме за од Синсеј, ама сите се склопуваат на ист начин. овој е малку поразличен од Синсеј ама тој е принципот. не е до толку сложено ако си вешт искрено
@Ena05 Јас имам ваков. Практичен за собирање, се собира лесно и не зафаќа простор. Ние со нашиов проблем не сме имале до сега.
Не гуши внатре? Еднаш користев позајмен кога беше првото мало и никогаш повеќе, многу беше спарно внатре... Убав чадор годиниве само си користам, широк со ув заштита...