Па што знам, стававме како вентилаторче безжично што е, и не беше загушливо. Од позади се отвара како прозорче. Последно беа и мои братучеди дечиња, и седеа цело време. Е сеа, заради бебето, ние бегавме дома на најжешкото, не седевме на плажа. Како е на најжешкото не знам.
Дајте предлог филм да изгледаме со мм. Некој за опуштање мозок. Ми фалат деновите кога си пуштавме филмче, грицки и заспивавме пред тв.
Не знам дали сте по сериите од Нетфликс ако ги немате изгледано почнете ги Manifest или Outlander, не се нови али во случај да ги немате изгледано интересни се за гледање во пар
@lala15 Јас си имам влезено у улога и ептен сум go with the flow, све е пролазно и све ќе мине.Најбитно ми е беба да е хепи. ^^ За дружба секако сум тука, може да се организира нешто. ^^ Железара, Чешма, Нерези ми се редовни рути. И со беба се движиме редовно нанекаде.
И јас да се приклучам во темава, додека бебка спие да си ги кажам маките. Првите месец дена, особено првата недела, дома со бебе ми беа тотален хаос. Беба имаше многу грчеви, многу изразен моро рефлекс, но додека да сфатиме што ја мачи - мака видовме, особено јас. Сопругот на работа, теренска работа па го нема и по цели денови и ноќи дома.. кога ке дојдеше само спиеше. На испомош доаѓаше свекрвата, но за жал поради возраста и здравствени проблеми она не може да ја држи беба, а беба од прв ден само во раце се смирува. Па така јас имав рекорд од 34 часа без минута сон. Свекрвата ке дојдеше за да ја причува демек додека јас поспијам малку, но џабе. Она сирота ја нишка во количка и пее, ама беба вришти, сака само во раце. Таман сум легнала, јас станувам за да ја земам. Мајка ми (на која длабоко во себе малку и се лутам) оди на работа во смени, но ги чува и трите деца на брат ми и се прилагодува на нивните смени за да оди таму да ги чува. Така да, се на се првиот месец имаше дојдено две саботи за да ме одмени малку. Лута сум и затоа што знаеше дека сум сама, затоа што и другата баба на внуците мои оди во смени на работа, а нивната вујна е невработена и дома седи, па можеа еднаш да ја заменат за да она дојде и ми помогне мене. Ама нејсе. Си ја сакам и не и го префрлив ова. Широка тема е. Плачев деноноќно, што од умор, неспиење, плаче бебе-плачам јас, што од незнање, од мисли “што ми требаше ова” итн итн. И еве, 3 месеци сме веќе. Дел од работите веќе се сменети, за другиот дел само се навикнав, ги прифатив и живеам со нив. Бебка моја вреди за секоја солза, труд и жртва што ја давам. Сега ме мачи друга работа. Сопругот е веќе послободен, работи по неколку дена во неделата, додека останатото време го поминува во теретана, спиење, неговото хоби, од време на време дружби со пријатели, едноставно си ги планира и си ги користи максимално деновите во свој интерес, а минимално да помине време со бебка и да ме одмени мене малку. Страшно почна да ми смета ова. Секогаш јас “барам” да ја причува малку за да можам да средам по дома, да се избањам, да јадам… често ручекот го јадам во 20ч. Неколку пати се имаме скарано за ова, а изговорот е “па ти не бараш”. Ме нервира тоа што он како сеуште да не е свесен дека е родител, што неговиот живот и секојдневие се немаат променето воопшто (освен спиењето во дневна), што главниот фокус му е само да и обезбеди иднина стан, финансии за студирање во странство и не знам што, за што не велам дека е лошо, ама човече биди реален и биди присутен сега. На бебето сега му треба татко, а не стан. И ситуација денес, која ескалираше.. Во неговиот план за денешниот ден беа ставени 2 часа чување на бебка (12-14ч буквално вака) на мое барање за да јас излезам до мол и малку се излуфтирам. Прв пат сама во овие три месеци. Но, на моја несреќа, пријатели дојдоа на кафе неплански и баш во тој период, па неговиот план истрпе промени. Моето излегување пропадна, ама затоа он си договори средба со негово друштво вечерва, си отиде во теретана, си одвои 3 часа за неговото хоби, а за на мене ми рече е добро де, од понеделник ке ја чувам па ке отидеш! И еве, сега на излегување ме праша дали сум НЕШТО лута. Предолг пост, извинете ако некој го чита до крај Имам уште мнооогу да се пожалам, ама ќе оставам за друга прилика. Ако до тогаш не го оставам него.
Многу ми е жал вака кога ќе прочитам маж ми е ептен од помош иако и јас се осеќам прелошо кога треба да го прашам дали има некој план за јас да излезам на саат ипол два до мол/до фризер/да се истуширам/ да средам дома. За навечер е широка тема еве да те утешам и јас и бебка спиеме сами во спална он во дневна сега неколку дена бевме на планина и во хотелов спиевме сите тројца на голема спална од 2mx2m секое сабајле коментираше како не е спиен му викам епа така не сум спиена ни јас последниве два ипол месеци плус дојам на секои два - три часа, не свезува подолго ни ноќе мојава без млеко за непроменетите приоритети седни го и зборувај дека ти е многу тешко, дека и тој е родител и очекуваш да се вклучи повеќе за да останете и двајцата здрави за тоа дете а за станот муабетот, и ние што не наследивме станови успеавме у животот нирмално со станбен кредит ич нека не ја мисли како сите така и она најбитно е сега детето да осети сигурност и родителска посветеност биди силна во меѓувреме!
@Iva.T ќе си го седнеш убаво и ќе си одлучите кои се приоритетите. Прво ти треба да сфатиш дека НЕ СМЕЕ ДА ПОМАГА, туку рамноправно да делите обврски околу бебе. Ќе ми закажува кога ќе ја чува? Абе и него и хоби и другари ќе исфрлам од дома, барем да знам дека сум сама, а ме да ми фигурира колку да се рече. Прва сум и за хоби и за теретана, ама прво нека биде намирено бебето. Уствари грешам, прво ТИ да бидеш со удостоени основни човечки потреби ако ништо друго. Срамота е ова што го прави. Маж бил, такви се ќе ти рече некој. Или ќути барем не те тепа и не ти вика. Или ќе речат ќути барем ти го чува детето. Не, не треба да ТИ го чува, татко е у пм. Озбилно, озбилно пробај да ја исечеш ситуацијава во корен сега на почеток, затоа што после нема да има никакви шанси за смена. Што мужи ќе беа бре? Убаво им е да го прават и да си го истресат, па после да си играат родител. И не, не ти се хормони ако некој тоа ти го рече. Скроз легитимна причина имаш за лутина и загриженост. Да се редактирам, заборавив и ова. Што толку ги жалите па да спијат во дневна/друга соба? Абе го дојам детево, ако вришти пишти и он се уклучува и ја смирува. Има денови госпоѓа е свежа во 5 ипол сабајле. Си ја презема он и ја презаспива. Работел, станувал... па и јас живци кинам со вришталово секој ден без пауза. Што правиме и жената кога ќе се врати на работа? И тогаш гревниот мУж е уморен?
Само што сакав да пишааам моево легнуваше во 8, доаѓаше мм од работа во 7. Никаков шопинг тоа време не ми идеше на памет ама затоа на пладнееее до кај негови 5 месеци сите дуќани ги вртев со мерак, после почна се да фаќа да вика и рика Жени мажите малку треба да ги подгурнете они не дека не знаат, така им одговара. И го немаат тоа мајчинско чуство верувајте, на почеток мм ми велеше страв ми е со него сам да останам да не згрешам нешто, а што ќе згреши жити се, ама јас така викам а не он.. По 5 пати ми се јавуваше за млеко и пелена после се опушти. Им треба време да влезат у целата таа шема ама и зборете им бре ако не сваќа ке му објаснам 100 пати, да не мисли мајка на две деца ке бидам. Нив не им е должност да помагаат они гледаат дете исѕо ко вас, само се малку потрапави. Еве го сега синко 2год за рака и излегуваат сами низ врата и сам вели дека сега му е полесно зошто можат да се разберат, сакам/не сакам, јадам, спијам одколку кога беше бебе и ке почнеше да плаче од нигде никаде. Зборете им, кажувајте им што ви треба ВАМ.
Тешки се првите месеци со новороденче мајка, на сите ни се. И јас пишував тука да се пожалам очекувајќи само да добијам одговор дека е период кој сите мајки го поминуваат а особено оние без помош. И јас сум сама со малава така да верувај те разбирам како ти е. Ама затоа сопругот ми помага во се што може, некогаш ќе побарам некогаш ќе се понуди сам но поголем дел од времето барам. Едно нешто што сфатив е дека во главата на мажите ние сме тие кои се грижат за бебето и го прават распоредот и тоа е нормално. Они немаат инстинкт за да ги прават дел од работите сами, ама треба да се присутни за работите за кои сме заменлниви. Така да барај помош без да ти е глупаво бидејќи тоа бебе сте го направиле заедно и двајцата сте родители и од двајцата треба да има жртвување на свое време и интереси. Факт е дека не може во се да те замени (особено ако доиш) но разговарај со него, кажи му како се осеќаш и што може он да ти помогне за да ти е полесно. За среќно бебе треба среќна мама и среќен и присутен татко. На целиот тој шифт од хормони не ти треба дополнително и бес спрема сопругот, искажи си ги емоциите и потребите. Разговарај и со мајка ти побарај помош, можеби не е свесна колку ти е потребна. Излишно е да се каже но станува полесно. Да има цело време нови дешавки, но ќе се навикнуваш на тоа само ако не чуваш бес во себе и дадеш се од себе да си среќна мама.
Маж ми е човек што немаше бебе фатено во рака од фамилија каде мажите си ги фаќале децата во раце прв пат после година кога веќе зборат и одат И стварно беше испаничен за се дури и пелена да менува, беше убеден дека ќе утне нема да ја добрише па ќе се инфицирала. Затоа баш како што викаш, 100 пати му покажав и го охрабрив дека не е квантна физика па се опушти некако
Мајка со 3 дечиња сум едно 4.5 години и близнаци сега 15 месеци. Јас 44 год не дека секогаш се важни годините,ама имаат улога. На почеток не знаевме кај теравме,две бебиња дома и 3.5 дете,што да ти кажувам,тежок,мн тежок период.. Време за мене НУЛА... За секс па муабет да не правеме Ама како растеа некако полесно станува,еве ги сега и одат и ручкат,дада е повеќе смирена.Напорно е да,ама и мене ми се чини бебе фазата е најтешка, плус само на доење беа моите 6 месеци.напорно многу да,ама се издржува. Зборот ми е, кога јас со 3 терам, не пак ти со едно. Идат поубави и полесни периоди. Гушка за поддршка.
Не дека шопингот е неопходен во моментот, барем сега се може да се купи онлајн едноставно сакам барем 30 минути да излезам сама макар до аптека. @Iva.T Јас не сум воопшто конфликтна, поготово не со мајка ама на цел тој умор озбилно ќе и се налутев на мајка ми и ќе и преречев. Но сепак, на крај краева најбитно е присуството од маж ти. Нема што да го прашуваш, само кажуваш неколку дена однапред дека планираш да излезеш. Барај си почесто помош, како што гледам тој уште не е свесен дека секојдневието мора да трпи промени.
Дур сум активна и не ме фаќа сон да си прашам како се охрабривте да оставите бебе (заспано) дома навечер? 4.5м е, 2 пати имам излезено сама и ја чувал мм и ок помина дека не се разбуди ама сега е во скок и регресија и нез уште што и само со цице презаспива и немам мрднато од дома. На мм би се охрабрила да ја оставам со молзено млеко ваљда ќе успее да ја презаспие ама за неколку дена сме заедно на свадба и избезумена сум дали мајка ми би се снашла дека не поминала многу време со неа. На сто ума сум дали воопшто вреди да одам на свадба дека ќе ја мислам цела вечер, а ми се оди дека стварно блиски пријатели ќе имаме и сигурно ќе биде весело. На 20тина минути од дома е ресторанот, ќе зајде од плачење дур се вратиме
Разговор само полека и смирено. И двајцата сте родители на тоа дете, не значи дека ако доиме или обавуваме најголем дел од обврските околу бебето дека треба да молиме за 10 мин туш,кафе или пружање алишта, одење до мол, аптека итн. На мажите најлесно им е да кажат дека се преморени од работа, па топло било, па возел цел ден и слично..добро е што сме свесни дека ако се сака, се се може. Лошо е што има жени што паѓаат на тие муабети, ги жалат мажите и затоа ги поштедуваат и од најминималните обврски околу бебињата, а после се жалат на сите страни како се цркнати, исфрустрирани, нервозни, па на крај коа се тоа ќе пројде се со 300 дијагнози и болести. Епа не се криви мажите коа ќе размислиш.Доколку постои и најмала можност да не скрола по телефон или да иде по пијачки, а да го прошета малото надвор или да седат на тераса треба да се искористи. Баш тие пола саат доаѓаат ко рефреш за нас и многу значат. Нас уште пола фамилија и комшилук ни се чудат како јас одам на работа, а маж ми го храни, пресоблака, успива, шета со количка, дека работи од дома имаме таква шанса и сум преблагодарна за тоа. Иако сега додека бев на одмор имаше и денови кога 13ч не мрдаше од компјутер, работеше огромен проект, па јас скренував Искрено за мене важно е што заедно сме го виделе првото исправување на нозе, вртење, сме го слушнале првото гугање, првото смеење, заедно го бањаме, шетаме, пазариме се еве 13м скоро. Такада таа прича дека некој се жртвува за не знам каква иднина мене ми е без везе, па зарем има поважна иднина од тоа малото човече и мајката да се добри? Еднаш се мали бебињава и ние мајките еднаш сме вака беспомошни да речам, маж ми е сведок за секој заебан дел од растењево дете - доење, скокови, неспиење, плачки, лудила.. Цел живот е пред нас да се работи и ствара, од друга страна па и животот е тркало и 15 стана да имаш може утре да ги снемаш.. мора да живееме у моментот и да уживаш во тоа. Баш убаво пишаа погоре и ние што не наследивме станови успеавме у животот и стварно е така. Пред да се породам се живо реновиравме, средивме дома цакум пакум, и задоволни сме со тоа што го имаме, буквално ништо друго не сакаме, не ни треба и не ни фали Нити сме гладни, нити жедни, нити искинати одиме Сите мислат дека маж ми е волку инволвиран во све бидејќи јас го напињам или правам така да е, ама не, ужива у све што прави, дури и у каканите пелени на пример сабајле ми пишал - мораше да се испокака до гуша само што излезе ти, не можеше 5 мин порано Мора да се најде соодветен начин за да се поттикнат маживе, дали на шала, дали со малце повисок тон, дали со споредба, дали со упорност..ама мора да си помогнеме сами на себе, не они нас да ни помогнат, бидејќи бебињава се исто толку и нивни плус колку бенефити има од близината со татко, у последно време цело време тоа на рилсови ми искача
И мене ова ме чуди кога ќе прочитам, ние дури и тројцата се гушкаме заедно на спална понекогаш Бевме болни двете пред неколку недели, ама вечерта кога јас се разболував не знам што и беше, никако не можев да ја префрлам во креветче, сакаше стрикно до мене да спие (како да ме осеќала дека ќе се разболам). А спалната ни е тесна и не можам цела вечер да спијам така, се укочувам ептен, обично од 5 кога ќе стане па се гушкаме сите тројца до 8. И таа вечер зошто не спиена, нервозна што она вришти му викам на мм Те молам иди во дневна вечерва. Господинот ми се налути (иако после цела недела спиеше во дневна демек да не бегал да не се разболел и он ) Шала на страна, мм е многу вклучен, дури и ме изненадува, ама и он функционира на тој начин што треба да му кажам. Воопшто не му смета каков план ќе направам, само да му кажам. Мислам дека едноставно едно оставаат на нас зошто ние сме мајки, друго и они се изгубени ама не покажуваат. Трето верувам дека ние ги буниме, зошто еднаш ќе му кажам остави јас ќе ја заспијам не е проблем, следниот пат му ја фрлам во раце и бегам во друга соба И баш тоа ми го има кажано мм, Да не те прашувам цело време сакаш ова, сакаш она, само ти кажи ми што и како сакаш
Мами, сечи сечи одма. Да го седнеш и да му кажеш дека детето, не го донесе од Џидимирци, не му е татко Мирослав од трета куќа десно, туку дека заедно го направивте и дека ОН е таткото. Рамно како што си ти родител, така е и он. Разликата е што нема начин како он да го роди и нема цицки за да дои. Останатото се може и он. Една година ќе прави бебе, тек сега имаме опција за да почнеме со теретана, за да има кој да ја причува саат време. Најголема пијавица залепена за мене беше. Сами додека тргнам на работа, јас и она. Ама мм си вршеше работи низ дома , паралелно со мене. Гостин не е, па да ми помага. Хранеше бебе и менуваше пелени исто како и јас. Ќе ја сместев во количка и ги испраќав на шетање. И двајцата сме знаеле да искочиме секој посебно, ама еден од нас дома и искачање , откако ќе заспие бебе. Се погоди бебе , што дуфташе од 19 ч до сабајле, со едно будење. Мораш пред се за себе, да пресечеш, да бидеш гласна, јасна и да ги решите овие работи.
Ее и ова Не е толку за "помошта" кон нас, колку што е исклучително важно тоа да децава поминуваат време и со двајцата родители. Бидејќи се почесто гледам мажи како за да ги тргнат жениве од глава им ги викаат свекрвите за да им помагаат..и за чување дете и за домашни обврски. Од мене едно големо НЕ. Истото инаку и татко ми пробал да го прави, бидејќи цело време као по работа, ама мајка ми го стаила у ред одма па така сестра ми на 2 год идеше на ќебапчиња со татко ми и неговиот најдобар другар