Не мора да е шопинг, јас во сред зима си купував доручек рано сабајле, кафе, додека стигнам во парк бебе си заспиваше и си читав книга 3 саати. Дека надвор ладно, тој во скафандер убаво топличко му беше, 3 саати ги спиеше. Исто како да си сама. Со првото бебе дома не се прибирав, немаше кој хаос да ми прави и немав многу чистење, готова храна купував често кога не стигнував за ручек. Дали беше до бебето ама надвор беше посмирен од дома, а плачко беше ептен. Така да, совет од мене што почесто надвор со плачливи деца, нема потреба маж да чекате од работа да си дојде. Инаку околу мажите, ние не сме имале некој конкретен договор како ќе функционираме, некако спонтано си идеа работите. Кога бил зафатен секогаш јас сум се грижела за бебето и дома, минимум ми било да има ручек на маса и чисти алишта, ќе го оставам да одмори и после си го презема бебето од мерак, не од што морал. Кога сум доела по цели ноќи секогаш станувал да ме праша дали ми треба нешто, ме ранеше првите денови кога не ми се тргаше бебето од цицка. Ама во главно, до првата година јас се грижев за децата, а откако се проодени најчесто со него шетаат некаде. Се прави баланс кај што има разбирање и комуникација, кај што двајцата се грижат еден за друг. Немојте да мерите кој колку спиел, јадел, искачал, во различен период од животот различни приоритети и желби имаме.
Те разбирам, ама некогаш многу ми фали сама да излезам. Дојам па моето излегување е како со тајмер, ама па доволно ми е да се опуштам.
Целосно те разбирам. И јас сакав сама да искачам, сега очекувањата ги спуштив на ‘сама да спијам’ и ‘да не немам дете на радиус од 1 метар’ Престимулирана сум навечер, прееска во кујна сите тројца околу мене, кој чека млеко, кој вода. И за да не бутнам некое дете се вртам во место и бутнав тањир со газот, се скрши и додека собирав си ја удрив главата. Полудев во тој момент и им викнав сите надвор од кујна. Маж ми си ги прибра и ги заспа И тоа ми е времето за себе навечер кога ќе легнат.
Ве читам и многу ми е жал за сите пто мажите ви се простете на израз ама копита. Јас сосе партали ќе го исфрлам жими се. Мојов е толку вклучен што не може повклучен да е. Уште цицки да има и да си одам јас Во однос на излегувањето и јас со првото акав по цели денови. Сеа со второво малку покомплицирано ми е за организирање дека што попрво сабајле дали да се јаде дали да се спреми за градинка дали да дојам и дур се свртиш дошло 9ипол-10 и веќе е јако ув и не излегувам. Ама ајде уште некоја недела и ќе може и подоцна да се излегува. Едвај чекам есен, пукнав со жешково. Ненормално многу се потам, се мислам да испитам некои хормони зошто ова е онака екстремно потење, гаќите ми се утоп нон стоп. А за дружба ако има некој во аеродром околу бисер кажувајте. едит: обавезно да си се договарате со мажите секој од вас мин еднаш неделно 1-2 часа време за себе. Сакаш мол, сакаш кафе, сакаш седи на клупа и чмај во небо ама шо сакаш прај обавезно да се договарате. Инаку човек ќе полуди. И за помош барајте, најчесто луѓето не се свесни колку ви треба помош. И јас чекам да се понудат сами ама не им текнува најчесто затоа барајте.
Да не одговарам на сите посебно. Фала ви на советите. Јасно ми е се, ама веројатно се навикнав на ситуацијава и сеуште не ми пукнал филмот. Имено, он е слободен со неа, менува пелени, ја успива кога е дома. АМА иако некогаш 4-5 дена во неделата е слободен, он во тие денови дома е по неколку часа (од кои пола во вц), а останатото време си го користи и планира за погоре наведените негови навики. Не го правдам, ама знам дека и јас сум делумно виновна (за некого и целоно) самата за ситуацијава во која се наоѓам, затоа што инаетот на јарецот во мене е пуштен на најјако периодов и ако утре после направен муабет ми рече оди јас ке ја чувам, јас од инает нема да отидам (не е вистинска случка, ама реално сценарио). Не знам на кого водам инает, ама знам дека себе си правам лошо. Некако очекувам дека сам треба да е свесен, без да кажам или барам јас. Сакам да е свесен. И свесен е, ама вака му одговара. Затоа што за се останато ме знае и “чита” многу добро. 11 години. И муабетов се сведе на брачни проблеми, не очекував совети. Фала ви уште еднаш. Утре ке станам, ке се спремам и ке излезам кога јас ке сакам. Без расправии и објаснувања. И утре, и задутре и кога ке посакам. Па нека смее да пререче или да се пожали!
Не држи во себе и не чекај да пукнеш. Те поддржувам, и ти си човек и ти треба одмор. Имало и кај нас киксови, ама не е фер едниот да не е јаден до 8 саат а другиот во теретана. Инаку и јас така си наметнував на почеток дека само јас морам сѐ да жртвувам ама ќе сфатиш дека не е така и дека тоа само ќе ти направи фрустрација да чувствуваш кон партнерот. На крај за никој не е добро тоа.
Тема мм, другото исти маки со бебе. Му реков идат месеци жртва, нема фудбал нема кафани, нема спиења надвор од ск за работа. Јас сум дала голема жртва со цела бременост, царски, психа. За помош ми е многу во однос хранење, пресоблакање, успивање итн после раб.. сами сме никој не дошол во овие 4 месеци. мајками може 5-6 пати преку ден и еднаш со спиење една ноќ. Свекрва ич. Така да све друго сами. Станувал он начевер и уште станува ама и јас со него. Ама баш му зборев за моите чуства кон бебе и како се осеќам неубаво и све тоа. И станува сабајле ми вика од 8 сум на турнир фудбал и нејсе ништо не реков и после ме прашува што ти е... и му кажав неможе да се договориш и само да ме известиш...(замисли јас така дојде од раб излагам догг сум чао) он иде на раб со луѓе, кафе ово она, фудбал све менува средини.. јас зачаран круг дете цел ден, и шетање со дете све дете... И замина на фудбал јас љута. Дојде дома извини требаше да ти кажам порано. Не требаше да ми кажеш порано туку да се договориме дали да идеш... прва година што вика бела мора двајцата да се тука и да истрпат товар.. Така да разговор разговор и договор. Јас се чудев на колешкава она дома овој ка оженет сам ал ко момак живим, работа многу ноќни и она сама две деца. Ај работа ама теретана, па кафенце, па кафана па кафиќи. Оваа деца родила нека чува работава. Во старт сечи додека не се ослободил мн. Не требаат родители само на папир, треба одговорност и осет према жената. Не знаат кој ролеркостер на хормони ни се дешаваат. Бев за градите, лева ме боли... излегла циста во бременост, примам вагиналети бактерија сум закачила во болница ми прави мака..коса да не зборам општо мислам се распаѓам расположение нула.
На тема мажи еве да си кажам и јас што ми тежи можда имам споманто ама оваа недела веќе истата работа добива поозбилен лик Бебка не можам да ја успијам или е плачлива по некое време во раце кај мене и маж ми има мото дека детето не требА да ни плаче и трча веднаш да ја смири он. Неверојатно е кско веднаш кај него е друго дете и ова ми прави да се чувствувам многу лошо. Вчера пола саат ја испивав на рака со пеење со нишкање со шетање не и не .. ја зема нервозен како не сум можела да ја спастрам и за 5мин ја заспа. ова ептен почнува да влијае на мојата психа а и на нашиот однос. Многу лошо се осеќам иско правам се за да бидам мајка. Инаку бебето е цел ден со мене сама од 9 до 4 навечер исто сама спијам со неа од 8 до 6 во спална. Значи тие 5часа кога сме заедно дома остануваат за да се осетсм најлошо во овој сегмент … кога сме само некако успевам некогаш и плаче ама во мојата глава тоа е нормално да закенкува бебе е од два ипол месеци има ли некоја сличен проблем и идеи како да го решам вчера ескалираше ептен и се испокаравме многу
Мало бебе е кое сеуште тебе само те знае. Твојата нервоза и енергија ја осеќа најмногу затоа не се смирува. Во овие ситуации јас правев вака- Го викам мм, искачам од дома/соба 15мин тишина да се соземам, ако плаче уште се враќам смирена и го смирувам и бебето. Мажите се многу по спори, мрзливи, лабави се тоа влијае да се посмирени. Отсечи му ги коментарите за тоа дека не можеш да ја смириш се друго ќе помине. Јас се напнувам сега на 19мес кога веќе малово повеќе разбира и ми се инаети ептен па ќе му викнам (малово вришти фрла тантруми и мм е нервозен од тоа коментира) и доаѓа за 2мин и смирен му се обраќа на малово ќе го погали баци итн и автоматски јас сум лошата он е добриот. А не можеш да си смирен 24/7 и да не викнеш по деца. @Iva.T следно не прашуваш туку кажуваш. Мајка си џабе ќе се силиш дека ќе најдеш хоби и секој ден ќе двоиш за себе по 4ч, ама барем 1ч можеш дневно за да избегаш од таа рутина. Слично понашање и од мм и бев мноооогу лута нервозна ама сега веќе кога е поголемко детево не му се тресам толку на мм, си излагам од собата си сфаќа и си го чува Ако е ко мојов џабе ќе губиш време на разговори ништо не сфаќаат и не мислат дека се криви
Да бе откога ќе се умори, т.е ти ќе го умориш и маж ти лесно ќе го успие. И мене ми правеше така, прво јас нишкај, треси се, думкај едно саат време и ќе дојде маж ми и за 5 минути заспива. Пробај без да успиваш бебе, дај му го и ќе видиш колку време ќе му треба. А и што се притресуваш, ако сака да го успива, нека го успива, ем ти психички растеретена ем бебе ,,брзо" ќе заспие. Уживај за тоа време, бањај се, направи си нешто убаво за јадење, излези. И јас не сакав да ми плаче бебето, трчав во секунда и се изреметив. Сега и да плаче, нека си плаче, оставам да се испразни додека само не се смири и после си продолжуваме со животот.
Мажите се од Марс, жените од Венера. Ми ја фалеа оваа книга одамна, никако да фатам да ја читам, ама од раскажаното баш за ова се зборува колку имаме различен поглед на нештата. На пример кога маж и жена влегуваат во една просторија, мажот ги лоцира излезите, прозорците/вратите. Жената ги чита лицата на луѓето. Иако ова го знам некогаш баш ме нервира што не превзема нешто сам околу детето туку се треба да му кажам. Инаку нема проблем да заврши нешто и во сред ноќ. Нема одмор од мајчинство и стварно ми фали некогаш да не мислам за детето. Јадење, пиење, спиење, планирање... не па сега за одмор. Јас со паралелни списоци во глава дека и во Солун ке сме некој ден, се мислам да шонесам се за дете и на работа да дозавршам се што треба, он ми вика пешкирот кој ке го понеде и што тој ке носи... се нема осет. Од друга страна некои обврски дома јас воопшто не ги чепкам, не ни знам кога и како стигаат сметки, имаме и една инвестиција околу која тој е ангажиран... мене детето ми е прво на листа, и ако таа точка не ми е исполнета јас не се опуштам. За него не е така. И луда глава мојава, треба повеќе да се кажува што се очекува, не да мислиш дека мажот ке има осет. Ова и пред дете ни е договорено да е така, ама заборавам.
@Baby warrior биди среќна што е така и уживај си. Каква лоша мајка жити се. Исто е и кај нас. Второ дете заљубено во маж ми. Мене така нежно ме гледа само цицката кога ќе ја извадам. Нека си уживкаат и заспиваат. И многу нормално дека ќе ја успие без проблем. Ти прегорена веќе до 5, доаѓа он од друг свет буквално и е спремен за бебе. Не можам да ти опишам со каква брзина на светлината му ја предавам во 5. Они се топат и си гугаат и смеат сите тројца, а јас може и серија некоја да си пуштам. Посебен однос ми е татко- ќерка некако. Така да уживај, немој во никој случај на психа да ти мава.
Го заапива мм за цели 5мин знаеш зошто? Зошо најчесто сум јас со него цел ден плус гледам нешто низ дома да фатам, да одиме надвор да се изигра кога ке дојдеме он го бања ке го облече и заспива одма. Ако се качам јас горе прегорена цел ден паметов не знам кај ми е ке заспиеме во 12 и уште толку се нервирам и дете со мене. Нека ја заспива маж ти, он е посмирен а бебињата осеќаат, верувај. Нека си имаат они вечерна рутина ти уживај одмори.
Биди среќна чим му успева да ја успие, значи бебе си е среќно спастрено и запазен ред кој ти си го диктирала во тек на денот дур сте биле сами. Мм работи од дома и среќа бар ќе ја земе на моменти да одам до вц, да се истуширам средам, направам за јадење ама успивањето и е строго со мене. Он едино во количка успева да ја успие а во раце е трапав и склетџија и се потат двајцата и не иде а верувај многу би сакала да иде да можам и некое успивање да препуштам на него. Бебињата осеќаат енергија и затоа кога си нервозна се потешко оди, дури и пелена менување знае да ми плаче ако сум нервозна. Биди смирена колку можеш и препуштај на татко чим успева
Искрено најмногу се напнав што ова се случуваше и сега додека бевме 4дена на мини одмор во Маврово, пак кога ќе кенкаше малку повеќе или не можев да ја смирам он ќе настапи и се смирува или ја успива брзопотезно најмногу од се ме иритира дека кога ќе ја смири испие се понаша како да победил а јас онака безвезе… за се друго е прекрасен сопруг и татко ама ова ме прави мн тажна последниве недели
Ама кажи му. Кажи му дека ти смета понашањето негово, дека е бебе и нормално е да плаче и дека ти е мило што он може да ја успие од сега нека биде тоа нивен ритуал, а ти тој период ке си имаш време за себе.
Јас некогаш се срамам дека ич не мислам на вакви работи, до сега за двата родендени толку бев изгубена што не ни помислив на декорации, тетка му да е жива и здрава она се потресува за тоа и она украсуваше, ич не ми смета. Јас иако сум уметник и креативна по природа, за вакви работи ич не се замарам. @Iva.T и сите други релативно нови мајки. Спас од секојдневие ќе видите само во тоа да се организирате според бебе и да изберете хоби кое ќе го правите додека бебе спие, не чистење, не готвење. Земање количка и излегување, нека спие надвор барем една од дремките, за другите дремки ќе готивите и чистите. Моето спиеше надвор во сред зима во количка додека јас сликав, тоа беше време за мене и правеше огромна разлика во се. На сопрузите треба само да им оставите шанса да бидат татковци. Не ги штедете. Јас ја правев грешката со мм дека можам се и дека он не знае да го чува како јас. Другарка ми еднаш ме седна и ме праша дали јас сум му дозволила да го чува, а не само да се жалам како не го чува и сфатив дека не сум. Од тогаш попладне беше време за нив двајца, после неколку месеци мм остана со него дома јас тргнав на работа и сфатив дека он знаел се да прави, дури и подобро од мене, само мојата контрол фрик природа на мајка не му дозволила. Така да оставете ги, не давајте отчет, не барајте дозвола од нив да излезете, да ги оставите децата.
Барем ја успива, радувај се на тоа. Знам дека од хормони тој период малце сме чудни и посесивни за бебето, ама како некоја што немала никаква помош околу тоа успивање и думкање покрај куќа полна луѓе со првото дете, биди среќна што имаш таква поддршка од него. Мојов избега и спие сам откако е роден син ми, а сега детево по него е занесено, мене не ме рецка
На тема мм не можам да се пожалам.Тип на луѓе сме кои пола живот сме заедно и сакаме заедно се да правиме.Криво ни е сега кога не успеваме заедно да јадеме.Може некој ќе рече дека не чини се заедно ама 15 години без проблем фала богу.Јас го познавам како буквар он можда малце помалце мене.Исти ставови делиме исти погледи кон бебе.Помага со се без разлика што е капнат и што треба да иде да работи без да направи грешка.Јас тоа многу го почитувам. Единствено нешто во кое не можам да се погодам со него е свесноста за време.Чим станам наутро мене мозокот веќе ми е двеста.Планирам цел ден како да се одвива од колку до колку часот што тррба па ако се измести нешто како да го преместиме што да се прави.Истото ако треба да искочиме ,во колку саат па чекај да јаде да се погоди време за дремка за да може во кола да поспие или кога ќе седнеме да поспие за да може да седиме и цело време сум во планови.Се чуствувам како робот на тајмер но ако не го правам тоа можам да замислам кој хаос ќе е .Сепак благодарна сум на него,ниту еднаш не рекол ќе искочам сам многу ми е од се дури и кога имало такви моменти.И кога не знаел да помогне стоел до мене.