Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    Да мм ја успива по 45 минути некогаш до 1ч. Видел он. Кај нас или едниот или другиот од почеток до крај па и да застанеме знае да плукне брзо цуцла по заспивање додека е во лесна фаза и да се разбуди.
    Абе хормоните ни се многу разнишани и емоционално сме нестабилни и не знаат дека некогаш еден збор не повредува. Па кога рече еднаш е тато јас сум и мајка и татко заш он пола ден беше со неа, бев до факултет па до кај мајками да земам нешто. Абе мислиш си го оставила сум заминала во германија. И му реков па јас секој ден кога си на раб сум мајка и татко. :tmi: Како ќе се искара човек. Односи на нула, цимерај, да се издржи јако :rofl:
     
    На Iva.T, Baby warrior, Carolin. и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.345
    Пол:
    Женски
    Ама све му кажувам, све што мислам. Дури и на шала некогаш ќе откачи нешто му кажувам одма не вака ради тоа и тоа. Јас лошо се осеќам што кога ќе ја оставам со него се исклучувам, може да не им се јавам ич. И мајками исто ја чуваше имав раб до факултет и ми пишува ја заспав, ја нахранив. Ич не и се јавив. Знам на сигурно е, глава исклучена мислиш дете немам. Их се прашувам само дали јас вака уште чуствата ми се измешани, ја сакам многу ама може дека се породив не ја видов, мн време далеку од мене. Ја немав земено во рака. Мн лошо чуство и со тоа се борам, да разбере мозок дека е тоа дете дел од мене, а не само одговорност да се нахрани и заспие. :doh:

    хаха друго, денеска големата преселба на народите. Транспортно, душекче на расклопување, стерилизатор, греач за вода, куфери, пелени, млека, шишиња.. охоо :sun:охриде долазим:drunk:
     
    На Iva.T, Baby warrior, Carolin. и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    2.770
    Пол:
    Женски
    Мене големата ми беше такво бебе ,леле колку сме се карале :headbang:
    До таму да ми викаше дека ја удирам а она дали имаше годинка или не тогаш.
    Вика види јас ја земам се смирува/заспива ти којзнае што и праиш. Ако се засили со плачење доаѓа си ја удрила (lalala)
    Е сеа да ми беше овој памет ќе му ја оставев и ќе си одев буквално :devil:
    Ама не што вика бројче контрол фрикот + емоционалната будала. Плачи она плачи јас и моли ја да престане да не влегува пак татко и во спална да се караме |(
    И да ќе се разведевме 100тина пати.
    Помина кога престана она така да плаче џабе зборував со него и полека со објаснување и некогаш нормално со карање пошо не е мала работа да те обвинуваат дека си тепаш бебе.
    Пробај објасни му ама и уште поубаво кога е дома а она така плаче сама давај му ја.:D Кога ќе види дека си поопуштена во однос на тоа и нема да ти прави така.
     
    На Baby warrior, Carolin., Viktorijaaa5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    92.051
    Пол:
    Женски
    Не велам дека сите мажи се исти ама дека имаат слични карактеристики тоа да ]:)
    Не можам да се пожалам помага во се, посебно периодот кога се породив да не беше толку посветен ќе се мрднев, плачев нaјчесто од болки не можев ни да лежам ни да седам скапана бев скроз кога си дојдов од болница, како воз да ме прегазил.

    Јас не сум за онаа да спијам сама со бебе во спална а тој во дневна ниту пак сме спиеле така, тој и така осетот скроз го нема уште да спие раат во дневна ]:) како да не. Откако е бебе родено спијам на штрек,за разлика од него кој спие цврсто и не се 'замара' оти јас сум тука.Ама на почеток дур стануваше со мене му велев да спие оти џабе кога го доев, не ми помага ништо.Сега се буди некогаш презаспива и нишка ама тоа не е ништо во споредба со моето станување и спиење. Не е исто да спиеш 5часа без да мрднеш и 5часа да се разбудиш 10пати.

    Некогаш се исклучува скроз или јас сум напната па ме нервира што морам да укажам за да фати нешто, нај ме нервира дур го чекам да испуши цигара, па во вц ќе се заглави баш кога ми треба најмногу :D Ама еве 7месеци функционираме, ние сме долго заедно и тешко ни беше и уште ни е да се навикнеме скроз на новите навики.

    Ми фалат и мене многу работи од кога бевме двајца ама задоволното лице на син ми и насмевката негова немаат цена :inlove:
    На моменти ми е тешко што сум сама и нема на кој да се потпрам да се искажам освен на маж ми а не секогаш сакам да се 'исплачам' на него. Живеам далеку од моите со тоа и отргната од цело друштво што веќе и воопшто го немам, се заборавивме, комуникација само на телефон не е тоа тоа.
    Другарки и пријателки од овде веќе се со деца со работа зафатени и излегувањето со некој друг е сведено на минимум ама тоа е... доволно сме си ние тројца за се ама некогаш и те како треба и да се излуфтираш.
     
    На happygirl, Iva.T, Baby warrior и 7 други им се допаѓа ова.
  5. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Епа ајде барај ме кога доаѓаш накај чешма/центар, ќе направиме една дружба.

    На тема мажи: според ова што го читам, сите се горе-долу со ист mindset. Јас цел ден главата си ја акам со детето, па кога ќе си дојде, ќе ме изнервира ме прашува: шо ти е душо? Е, тогаш ми доаѓа да го задавам...
     
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.504
    Допаѓања:
    32.870
    Пол:
    Женски
    Да ги опфатам сите теми и да се фатам за работа :D

    Ќерка ми е прво бебе што маж ми има фатено во раце. За среќа или несреќа, цицките ми беа неупотребливи па не беше квантна физика да ставиш 3 лажички прашок и вода и да измешаш, па го правеше тоа и јас си искачав без грижа на совест. Ама ќе лажам ако кажам дека првата година не се разведовме 7 пати. Тој дома имаше бебе што плаче и жена што плаче уште повеќе. Сега кога гледам назад, го жалам искрено. Втората година дома не се прибрав, секој викенд бев излезена откако ќе заспие дете и се враќав у 4 сабајле зашо Софија од вториот до третиот роденден беше опседната од некој диносаурус мајке ми, само испушташе крици по дома и ми требаше музика, луѓе, нормални муабети. :D
    Во дневна има спиено само кога е болен, своеволно никогаш не нема оставено сами.
    Јас од друга страна имам спиено во дневна кога сум била престимулирана и ми било прекурчено и никогаш не ми замерил за тоа.
    Сега детево е супер кул нормално девојче, заспива во разумно време, секоја вечер имаме гејминг или муви најт, и ваљда затоа правиме второ :D
    Лани ќе му го исечев, пиев Норлево кога ни пукна кондом.
    Сега не многу дека тагувам по периодот бременост и пораѓај ама мирисот на новороденче ми фали.
    Другарка ми се породи, мене јајниците напади ми добиваат ко ја гледам малата :D
    Од друга тема, за јадење и чистење јас сум таа што знае да завришти од време на време и да ги подбере и двајцата да зачистат, ама и он не е само лежиспијјади човек.
    На пералната имаше вето ставено до скоро оти маме ми еба на еден фустан, а тоа му беше веќе 3ти пат. Кутриот не разликува боички, и свесно несвесно мислел дека црвено и светло розево може да се стави заедно.
    Е сега купив корпа за Црни и Бели алишта и нема веќе вето, може сам да си ги става.
    Работничките исто сам ги става за перење и за доказ дека е стварно глуп за перална си ги уништил ракавиците. И доаѓа таков напет Да ми купиш ракавици зашо ги искинав у перална. Викам зашо Јас да ти купам, не ти ги искинав јас :D
    Уствари зашо немал време, да сум тркнела јас ама нема веза.

    Се замуабетив, а треба да работам
    Long story short - Мажите освен цицка тотално се друго можат, а вие можете се - и тоа шо мислете дека не можете да го преживеете овој период со бебе/дете, епа ќе го преживеете :D
    И бракот ќе ви преживее ако не се варате, вреѓате и тепате, зборите отворено за се и многу се сексате :wasntme:
    Ништо појако од тоа дете да ви гледа цртани 15 мин, вие у веце ко ќе сте престимулирани наместо да се отерате у пичку матер, сексајте се :D мислам реално не е крај на светот а враќа страст у бракот :angel:

    Ај сеа чао, убав ден :inlove:
     
    На Ena05, Viktorijaaa5, happygirl и 16 други им се допаѓа ова.
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    19.755
    Пол:
    Женски

    Те обожавам жими се:l:
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HeLenna

    HeLenna Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2017
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    1.446
    Пол:
    Женски
    Да апсолутно се согласувам дека и колку да му кажувам ништо не сфаќа и не мисли дека е крив. Кога сака да излезе ќе ми каже малку како со резерва ама сепак ќе си излезе.
    Ќе ми рече излези и ти, кој ти брани, ама не е баш така, да не се лажеме. Идам на работа, па дома обврски, перење, пеглање, милион работи.
    А најмногу од се ме нервира некој кога ќе ми рече, абе ќути трај, какви мажи има, не ги погледнуваат децата...
    И после детето мајка барало, па ќе бара, нормално.
    Не е мојов во најлошите, ама не е ни во најдобрите и така си тераме некако.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katie90

    Katie90 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    2.017
    Доаѓањето на ново бебе во фамилијата може да биде overwhelming за цела фамилија посебно за мајката. Затоа германците по пораѓај ти даваат едно тефтерче со купони за многу работи. Бесплатно кафе во кафич за мајки со деца, бесплатни посети на музеи, зоолошка, психолошко советување, советување за финансиска помош ако е потребна, пробен час на јога со бебиња, гимнастика за мајки со бебиња итн. Со ова сакам да кажам дека мајката не е оставена сама на себе. Те мотивираат да прошеташ, да се дружиш, ако имаш проблеми да си поразговараш со психолог. Никој нема да ти каже издржи туку се трудат да ти помогнат.

    Секоја фамилија ќе си најде начин на функционирање. Мене ми нема смисла двајцата родители да се будат навечер и утрото двајцата да се преморени. Подобро после работа дај му бебе па поспиј, прошетај, вежбај било што ти причинува задоволство и ќе ти го промени секојдневието. За време на викенд исто измолзи се или адаптирано и поспиј подолго. Ако можеш се не значи дека мораш се сама. Побарајте си помош и грижете се за себе оти само така ќе можете да се грижите и за другите.

    пс. купете си лулашка ѕа бебиња.
     
    На defocus, Ena05 и Skyler им се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Жени, мажите едно нешто треба да научат, а тоа е дека и тие се еднаков родител како и мајката и не "помагаат" во чување на детето.. Не разбирам, најлесно е направи дете и готово, детето со мајката а тој тера ергенски живот.
    Да не испадне сега дека сите си ги фалиме мажите по коментари ама.. Јас дури не очекувам ништо помалце, мене оваа што го имам со маж ми ми e bare minimum, едно нешто да не функционира на начин како до сега ќе се карам до немајкаде. За маж ми лош збор не можам да кажам во овие 12 години заедно, но откако станавме родители ми се потврди тоа колку добар избор на партнер имам направено и не би го сменила за ништо на светот. Препосветен родител, буквално само што не ја дои, друго се прави. На почеток имав тешки периоди психички бев down, плачев многу и он сам ми викаше оди, пешачи, еве ти слушалки еве ти плејлиста, да не си се вратила 2 саати дома. Он ја чуваше бебка, јас кругови низ маало, и сега гледам колку тоа многу ми помогнало. Многу е битно жената да има поддршка од партнерот и да биде разбрана, не секој разбира колку е тешко, хормони, доење, наеднаш си затворен дома во 4 ѕида и на крај и мажот да те откачи и да си брка негови мераци, е најсебичното нешто што може да и го направи на жената. Сечете одма во корен додека не е касно.. Не р дека маж ми нема хоби, ако не извежба во денот 1 саат болен ќе легне ама знаете кога вежба? Кога ќерка ми има дремка. Знае отприлика кога спие, се договараме, пола саат пред да заспие излага од дома за да се врати она додека уште спие, и кога ќе се разбуди да ја земе а јас да и направам ручек. Додека она спие јас пијам кафе. Навечер ја дојам и јас станувам, ама сабајле во 6ипол кога ќе се разбуди маж ми ја зема, шетаат надвор со количка два саати и ми ја враќа за дремка, па продолжувам пак со неа. Успат ми купува доручек, како бонус хахах. Е сега маж ми работи ноќна смена па затоа е послободен преку ден, ама пак.. неприфатливо е да очекуваат дека само мајката треба да се грижи за бебето, умре тоа време.
    @Baby warrior те осеќа тебе дека си вознемирена затоа.. и кај нас тоа се дешава, маж ми е многу смирен и кај него за брзо се смирува, таква му е енергијата..јас сум ходајучи нерв :D
     
    На thinkerbell, Skyler и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Женски
    Луна мааа ноќеска ние уствари се искаравме ради тоа што не се разбравме дека кога ќе заспие бебе ние се чекаме у дневна за една партија :D:D:(:D:D другото што ви се жалев беше само бонус :?:
     
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Женски
    Да да и ја, вода стои ја не стојам :( знам дека нешто осеќа бебка ама како да се мењам сега на 35 :worried: - а посмирена сум дупло откако се роди претходно бев хаос :envy:
     
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.772
    Допаѓања:
    3.633
    Пол:
    Женски
    Леле сабајле тоа ми рече се се чекало на него ја ижуствари сум се трудела јако да бидам и мајка и жена ама и двете сум била пола пола ниедно цело :emo: си собрав детето во дневна и чекав да излезе за на работа за да не се докараме уште повеќе па пред да излезе влага во спална ми вика убав ден да имате … фала викам и отиде. Сабајлево од Влае до сити мол и назад пешки од нервоза изодевме со бебка она спие ја трошам целулит и така :wasntme: сега ми пиша … ќе бараме решение ќе прашаме педијатар зошто така нејке секогаш да заспие кај тебе :@ ќе се фрлев под некоја кола на партизанска од муабетот
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.240
    Пол:
    Женски
    Ама зошто за глупости се карате :D
    Јас само чекам маж ми нешто подобро да направи од мене, автоматски станува негова обврска :D

    Ние често спиеме одвоено и нема никакво лошо влијание врз бракот. Денот е за активности, ноќта е за спиење. Ние уствари по цела ноќ се шетаме низ соби, децава се хаотични со спиењето, стануваат за мочање, вода, се префрлаат по кревети и секој си бара мир кај да се наспие. Завчера избегавме двајцата во дневна, он на тросед, јас на двосед и ете ти ги двајцата батковци по нас, бебето само во спална остана (facepalm) Не можеш кревет да најдеш да се наспиеш.

    Инаку, сега планирам и бебето со креветче да го преселам кај браќата ама мм вика мал бил, 11 месеци има. Се плаши нешто да не му направат. Они се внимателни со него, не го закачаат, јас мислам дека ќе нема проблем освен ако го будат, а маж ми е против. Вие кога вака сте ги споиле заедно и дали сте имале проблеми? Првото и второто ги споив во детска кога помалиот имаше годинка.
     
    На dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  15. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Мислам дека маж ти дополнително ти прави да се осеќаш како да не можеш да ја смириш.. и сега знаеш дека ќе ти пререче и кога ќе се вознемири бебче ти имаш страв дали ќе ја смириш, она те осеќа и се така во круг. Значи не му се замарај, нека праша педијатар слободно за ваква глупост па да види каков одговор ќе добие. Ти набива страв без потреба, ќе има денови кога он нема да може ни да ја земе во раце од што ќе вришти по тебе, па тек тогаш ќе види.
     
    На dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.504
    Допаѓања:
    32.870
    Пол:
    Женски
    Абе за ова ќе се карам како не :rofl:
    Имам попаметни работи за карање, сексот не смее да трпи :rofl:

    Маж ми ја успиваше па едно добри 2 години :D
    Не можев бе јас ќе ја фрлев преку прозор или ќе се фрлев некаде. Тоа квичи пишти, се превртува. Тој ќе оди, ќе ја погледне ова кома. Епа после еден период не сакаше да го види за спиење, мене кичмата ми отпадна. И тогаш ќе се разведевме пак и пресековме сама да заспива оти лошо ни влијае на бракот :rofl:
    Каков педијатар зашо не сакала да спие у тебе (facepalm) Ние ја носевме на педијатар ептен скроз ич кога не сакаше да спие и беше алармантно. Еден додека успеваше да ја заспие, славевме. Другиот у дневна чекаше со пијачка и грицки :?:
     
    На thinkerbell, dummy и Baby warrior им се допаѓа ова.
  17. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.396
    Допаѓања:
    13.276
    Пол:
    Женски
    Многу ме има од вчера на темава, се гледа дека едно дете ми фали.
    ДеЌки се поминува. Што вика Луна, кој успее да успие не е битно, битно нека спие.
    @Baby warrior ќе се смеете за кратко на дешавкиве. Пола пола си била бе. Крати одма на следОвање.
    Затоа што еве и јас пиздам секој ден, што од бебе, што од куп играчки на големово и синоќа како раскренав така стои. И мака ми е, иако една недела е во прашање. Што вика маж ми абе остави дете е, нека има насекаде по нешто. Ќе ти фали за некоја година. За еден ден ми фали.
    Ми фали детево.
    Да не доев ќе се расчурев на тераса. Заспа малово, ќе одам фрижидерот за длабоко замрзнување во подрум да го чистам.
    И после ќе се стаам на горниов во кујна.
    Ми фали еден (три) џејмисон.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.