Леле бе мене па толку ми е слатко ова...преслатко.Одвај чекам и јас вакви моменти Мене толку ме исполнува таа мисла да трча по него да го бара макар и повеќе од мене.Сега бар не љубоморам може зошто сум константно со него но срце ми се полни од вакви работи
Ќерка ми стандард се корне ако излезе мм некаде без неа. Абе отекува, па го гледа на прозор кај отишол.
Еве отидоа во спална да се успиваат заедно за втора дремка. Јас у дневна и не сега не ми се спие. А пред малку очите ме печеа од што сум преморена и ненаспана. Едит: not jealous at all. Ако може за секоја дремка нека заспиваат заедно.
Истооо, едвај ги чекам ваквите моменти, јас некогаш скришно си поплакувам кога ги слушам како се смеат во другата соба
За темиве погоре ист е и мојов. Почнав 2недели на работа ич не се радува кога ќе ме види освен ако не го подзакачнам а го види таткому или чичкому ма пее се дере трча наоколу од радост. Ама нема везе Инаку јас имам едно прашање дали некоја сеа скоро скоро мислам пред месец два три се пораѓала на ГАК? Со оглед на тоа каква е ситуацијата таму како прошла? И дали некоја била породена од др Ирена Танасковска?
Пред 2 м. Ме породи др Гиревски т.е акушерка и специјализант докторот само набљудуваше , совет од мене само да не викаш диши 4-4-8 на почеток после 4-8 и слушај што ти кажуваат. Инаку со кревет ме носеа до соба, во тоалет ме однесе сестра после ми донесоа бебе па ми се слоши и го земаа ми донесоа вода. Се на се убав третман ,храната е катастрофа и сами ти велат да ти донесат нешто и бубашваби шо имаше. Али првото ми е родено Чаир пред 5 г и многу полош третман имав.
Ич да не жалите маж што гледал дете или успивал или не знам што. Уште повеќе да го вклучувате. Учете од паталец. Кај мене демек ај оди на работа, ај да одмара, ај на смени, ем бебе си се научи да е само со мене, ем маж се научи дека ЈАС можам се со бебе и така лабаво си се постави. Да се разбереме не е лош татко ама буквално требаше да му нацрташ за нешто да направи со бебе. Да му рече земи дете и прошетајте со количка да заспие или преспие во количка додека јас направам тоа и тоа, ќе ја извадеше надвор. Ама своеволно да му текни, не. Буквално сум оставала до храна, до алишта, до се со ред на маса ако требало да излезам. Е дете се научи да прави се со мене што од улица се враќале со плачки оти во парк се оди со Мама, во градинка се оди со Мама, Мама знае да ја вози количката, не тато. Сега веќе имаат повеќе активности заедно ама многу време и многу нервози поминавме додека дојде до тоа. Дури може да речам дека и уживам во времето за мене што го имам. @1209 , не купувам којзнае колку работи за родендени, повеќе неколку балони со одредена тематика, кеси/кутивчиња за во градинка. За мои родендени, сме славеле секогаш со роднините, не којзнае какви забави и не дека се сеќавам којзнае колку многу ама секогаш сум имала прослава. За детево од една страна ми е криво што многу блиски се отселени, што може никогаш нема да собереме доволно луѓе за голема прослава. Или пак дете ќе сака пример со патување да го славиме роденденот. Ама баш и дека буџетот за родендени не ми е огромен сакам и со мал влог да си има прослава и убави спомени.
Епа ако мене со природен ме стана сестра и имав ваков третман со царски веројатно и подобро е. Чаир гајле им беше дали сум јадела или дали можам да станам никој не помогна ни за станување ни за ништо.
Многу ме чудиш, те имам читано со искуството. Јас и уште две колешки и една комшика се породивме го Чаир во рок од 6м сите четири, сите добивме ист третман, со станување, со помош, со бањање, со носење вода, со проверување цело време...
Исто..ме гледаа како да сум им ќерка буквално бидејќи првиот пат не можев да станам, видоа и они, сестрите на интензивна со докторот 2 пати отпосле ме станаа и шетаа малце, ми измија лице раце на чешма. Кога ме качија на одделение добивав храна во соба и ме избањаа.. цело време доаѓаа и за бебињата, и за инфузиите и за чиста пижама и за чистење и фрлање ѓубре. Јас што сум пицидлака од ништо не можам да се пожалам и да кажам унапред немав дадено мито и слично плус испадна доста да ми се закомплицира се, окапав доата денови и затоа дента коа ме пуштија маж ми го почасти докторот, а за персоналот донесе сокови и благо а никој ништо не ни побара, да напоменам
Ова кај кого како се погоди е. И од Чаир и од Гак, доста знам породени и големиот број се незадоволни, особено од Чаир. Природно породени, јадење цел ден не добивале. Бебиња со дехидрација , зошто несакале да ги хранат. Загноени рани од царски на 3 блиски знам. На Албанките на сите во кревет храна( царски), снаа ми ја влечеле да оди во мензата што била таму. Со пукнат водењак 3 дена, болки , неотворени, како кучки се влечеле, за на крај итен царски и триста компликации. Секаде има различно. Јас од Гак сум ептен задоволна. Освен доручек и вечера, што не беа сјајни. А имаш од Гак ужасни искуства.
Јас пред 10г кога се породив во Чаир (без врска, без познаник, буквално никој не знаевме), немав замерка за негата отпосле. Чисто, нон-стоп менуваа спаваќи, мене ми носеа храна 2 дена во кревет (дека не смеев да станам и не одев во мензата), доаѓаа по 2 сестри ме носеа до тоалет. Негата за бебе беше супер, го бањаа секој ден пред мене... го хранеа, го зимаа за да одмарам. Е пораѓајот беше друга прича. Душата ми ја извадија, затоа природно породена.. а не станав асално 2 дена од кревет и јадев во кревет. Дефинитивно ти требаат врски ако сакаш подобро да поминеш на пораѓајот. Сите што ги знам, добро што поминале имале убави врски... или имале среќа (отидени отворени по 8 прсти и породени за час)
Не бе златна од бокс ме стана со помош да ме седне на количка и толку до сабајлето (во 1 ч по полноќ се породив ) никој не дојде ,сабајлето дојдоа ајдее визита ќе има одете измијте се сменете влошка соблечете гаќи итн,ни да праша жено ти ноќеска дојде да не ти треба помош. На страна што ноќта ранецот не ми го земаа ме натераа да го вратам на мм па немав ни влошки до 10 ч додека да ми качат горе тоа шо имаше,туку ни не знаеше дали се породив ,дали сме живи. Какво бањање ,која вода. Него на шалтер му викаат се е ок ,мене горе бебето мора на детска не е добра не реагира на нашава терапија. Ама затоа шо вика @BellaBibi на албанките се погодено,јас и за второво мм на глава ми се качи Чаир поблиску не знам ова абе викам ако треба сама ќе се однесам ама Чаир не можам. Закажав 4Д таму ,закажано во 8 др дојде во 11 ч. Албанки во меѓувреме кај друга др може 20 поминаа... Дека реков барем да не известеа 3 ч на нозе стоиме ,ми вика јас дојдов да го сменам докторот не ни треба да сум тука сакаш да ве прегледувам или да си одам? Аа викам не сум јас за тука...пак. @mariz Јас бев 7 прсти ,ама докторот го немаше 3 ч да дојде ,морав да се карам за да дојде.. на крај којзнае што направи на пораѓај.
Здраво мајка јас со првото правев операција на жолчка, но кај мене ситуацијата се искомплицира. Таман направивме 40 дена јас добив акутен панкреатит 5 дена бев во болница, за тоа време во болница се молзев, но не и го давав млекото бидејќи бев под лекарства. Требаше за една недела после тоа да правам операција но фатив ковид и се тоа се одложи месец ипол. За тоа време се молзев, но не и го давав млекото. По месец ипол имав сеуште млеко, но во намалени количини па бевме на комбинирано некој си месец ипол па се префрливме целосно на формула. Мислам ако не заглавиш вака како мене за недела две најнормално би можела да си се вратиш на доење.
Не бе какви пари, ништо, ни по една бомбоњера не им дадоа моиве од што се изгубени. Јас такво искуство немам, тоа е. На таа до мене албанка и мене ист третман, идеа болничарките да не ви треба нешто да ви купиме и викам јас немам пари, ако вика ќе дојде маж ти ќе ти донесе ќе ми дадеш. Многу сум задоволна, не ми е во план трето ама ако се деси ќе го раѓам пак таму. Ни врска ни со врска, ништо. Имаше пропусти не велам не, ама не беше за жалење, од хигиена, од нега, од внимание од се, едина мана што многу ми сметаше албански претерано се фура како да ни е мајчин јазик.
На тема пораѓај ,уште кога дознав дека сум бремена почнав да тргам пари за пораѓај во приватна болница.Веднаш знаев дека тој стрес од државни болници кој го имам јадено цел живот нема да дозволам да ми биде и за пораѓај.За такво нешто не сакав да ризикувам на па може добро ќе поминам ќе ми се погоди,крајно нема да раѓам 20 деца,луѓе кредити зимаат за да се пофалат дека на одмор идат,јас успеав да соберам пари со штедење и се породив во Систина.Целокупно презадоволна од се,со некои мали но битни работи.Како прв пат мајка многу ми беше битно доењето.За жал се менуваа на смена цело време нови сестри и сите различно кажуваа што да правам.Од целиот хаос и страв не успеав да го дојам ексклузивно туку комбинирано сеуште на скоро 6м.Имаше случка со канела која ја утнаа при ставање и ми беше проблем и кога бебето цицаше,многу време се објаснував додека да ја преместат што сметам дека е недозволиво таква банална работа.Бебуш многу ќиваше ,грчеше и дури некад остануваше без здив тие денови кога бев таму,сметам дека одговорот ,,нормално е тоа,, е недоволно за прв пат исплашена мајка со несредени хормони.Сума сумарум хигиена и грижа и за пораѓај презадоволна.Ако се излажам некад за второ повторно би одбрала приватна болница но можеби не Систина.