Бејби, одлична мајка си, не се сомневај во тоа И моето кај мм заспива за 5мин кај мене не секогаш сака. Јас се нервирам зошто мм на работа, сама сум по цели денови, некогаш и ноќи и прегорувам. Пробај да не го гледаш како натпревар, туку тимска работа. Секој еден во тимот е за нешто подобар. Можеби и од сето ова си правиш преголем притисок и кога ќе дојде ред за заспивање си исплашена и нервозна. Бебињата сѐ чувствуваат и тешко им е да заспијат. Си бараат спокој. Пробај да се помириш дека тој е подобар во успивање од тебе, кога ќе се помириш и ќе се успокоиш па ќе видиш како ќе почне да си заспива во тебе. Мажи ко мажи, полни себе и со его до небо, сите се исти на тоа поле. И мојот знаеше да искоментира “види како за 5мин го успав” ама јас сум оперирана од такви коментари. Само му одговорив, супер, ќе можам да си одвојам и време за себе, бидејќи гледам дека супер се снаоѓаш што значи не е одговорноста за ова дете само моја, туку поделена. Од тогаш го успива и мудро си молчи. А јас си пијам кафе на тераса, си правам педикир, одам на депилација, вежбам, максимално го користам времето.
За жал мислам дека во сите приватни е скоро исто. Јас се породив во Жан Митрев, зошто немаше мн родилки и плус на боледување беа некои од сестрите фатив две сестри и една акушерка. Едната сестра беше ужас, ќе ја донесеше, ај да пробаме, 30 секунди поминуваа и одма беше Не бива мајка не фаќа ќе ја земам да ја најадам. Акушерката беше океј, се трудеше, беше многу фина, мила, ама не беше од преголема помош освен што барем беше смирена. Е другата сестра, да не беше она немаше да дојам, толку се мачеше, па не масажи, не пумпи, не ставање бебе во оваа поза, во онаа поза, со силиконска, без. Буквално сметам дека ради неа дојам... Ама една од три не е и некоја утеха. Јас за овој дел најголем проблем сметам е што се неедуцирани. Тие сестри/акушерки треба самата болница да ги испрати на едукација спефицично за доењето затоа што ја викнав Јасна и осетив која е разликата кога некој се обидува да ти помогне од искуство (постара беше сестрата што ми помогна), а кога е од знаење
И јас ја викнав Јасна но не бев задоволна на крај.Може имав повеќе прашања од што сметаше дека треба да ми одговори за една посета ,иако ни најмалце не ми беа проблем парите Можеби комбинирано доам само од моја упорност иако никогаш не стигнав до доволно млеко.Сега со овој памет знам кај ми се грешките..но сега.Многу ми е криво што сите знаат да кажат колку е битно доењето а во државава нема никакво бесплатно советување или припрема,за таква основна работа.Еве мене целата паника и стрес ме спречи во тоа бидејќи константно бев во незнаење што правам.Не знаев ни ци#ка да држам ни што значи да тече малку или многу бидејќи бев и итен царски кој исто така ми влијаеше многу на психата ,и само за тоа сум благодарна што бев кај одличен тим на пораѓај,не сакам да знам што би било на друго место.
И јас сум истата.. скоро 2 и пол месеци дојам комбинирано (додуша повеќе е ад) бидејќи немам млеко. Полека и ја губам битката, бидејќи тој ќе сака повеќе млеко, а јас немам. Пробав чаеви, сирупи, апчиња за млеко и пак џабе. Многу ми е криво и на моменти сакам и да се откажам, брадавициве ми се лом, не научивме убаво да фатиме, нормално на шише не ја отвара толку устата, ама си викам колку толку дур имам да му давам
На 3 сати, а некогаш ако плачи после јадење за да го смирам ќе го ставам пак. Ја тргнавме силиконската, само проблем ми е што не фаќа на градава каде имав мастит, уште му е појако тука. Пробвам со пумпа ама немам време зошто по цел ден ми е в раце
Не знам зошто така, јас имам баш различно искуство со Јасна. Настрана крајниот резултат, во однос на прашања, кај мене беше 3 пати по минимум еден саат и одговори мал милион прашања (и од мене и од мајка ми ). Не само за цицање, буквално се што ќе ми текнеше, од нега на папоче, педијатри, вакцини, спиење, хигиена… Исто така измеѓу посетите, а еве и сега после два месеци од последна посета, на Вибер ми враќа во истиот ден, па и во рок од саат два за што и да ја прашам со доењето…
Срце чисто за споредба мојава бара да цица на 2 /2ипол саати, млеко засега имам во секој момент со тоа пто после полноќ и сабајлечки најмногу… попладне осеќам намалено ама сепак си цица. Не се откажувај он ќе бара повеќе количина ама и посилен ќе биде да влече и да стимулира повеќе
Многу ми е жал што така се осеќаш И јас бев под голем стрес пошто многу сакав да дојам и ете фала богу и на баба ми бог да ја прости и моите успеав во тоа цели 11 месеци. И плачев до не знам каде кога се одби сам бидејќи имав смртен случај стрес и полека полека самото млеко секнуваше. Но, и 3 месеци да беа или 3 дена ќе бев среќна бидејки кога ќе ми текне такво мало невино душиче мижи бара со устето и влече ли влече и едвај зима воздух у случај да не му избега градата негде ми е незаборавно Сакам да кажам да не се осеќаш лошо бидејќи од друга страна не секоја би можела комбинирано или само града или ад Колку и да трае уживај го максимално Малку рандом од мене извини ама ми надојде спомен од моите доења и мачења да зацица,те гушкам Пс за доење и бесплатни советувања си во право. Ги нема а потребни се
Ах како си се нервирам.. бебе спие јас не зедов вреќичка, само се одскрива а мн ладно охрид 13 степени е ама некако и во смештајов. Времево катастрофа вчера цел ден врне дува... она неќе во количка сака во раце па ај јакниче со капа е ама не ја сака... незнам дали паметно што дојдовме во пон треба да прима вакцина. Јас носов ми се затна како сум осетлива на времево што да кажам. Така вечерни нервози додека сите спијат да си кажам. чао
Јас имав итен царски и во болница и првите 2 недели беше само на формула, малце се молзев ама ништо значајно. Кога решив дека сакам да го научам да цица, почнав да го ставам на гради цело време, буквално на саат гледање никако. Беше на комбинирано некаде докај 4-5м, ама генерално шише му давав кога бев излезена или кога го чуваше некој, онака не сакаше да пие. Потоа престанав да купувам формула и го оставив само на доење. 2г и 5м е и уште цица. Сакам да кажам не губи надеж и не гледај на саат, ставај го постојано, кога лежете, кога де успивате и сл, ќе ти се врати убаво млекото со самото тоа што оно ќе цица цело време.
Мнооогу течности ама под многу стварно многу минимум 3л дневно. Убаво јади 3 пати и ужинки плус, бебе штом сака да влече на града одма ставај го не гледај на саат. Прво на града после дај шише. Моето беше 10дена на ад со царски бев во болница ми покажаа само како да фати ама немав млеко дури 4-5 ден по некоја капка. Почнав дома да се молзам и да му го давам колку извадам толку 20-30мл до првата контрола и тогаш педијатарот ми рече скроз да му го прекинам ад ако сакам да цица и стварно се научи за околу недела дена прво само на цицицка висеше, пошо помалку имаше и не го најадуваше ама после си направи ред само. За доење нема на толку на олку часа колку сака и кога сака бебе. Пробај ништо не губиш.
Леле и во ск залади … ноќеска 15псти и ги покривав ноџињата она пак ги открива. Јас вреќичка немам што да купам советувајте за есенва? Лејди како поминавте по пат како издржа?
Имаш убави вреќички во Ситник и Стружанка, потенки или подебели зависи дома каква ви е темп. Ама почекај, не знам дали има сега, сепак прашај можеби имаат нешто останато, ама тек ќе им стига зимска колекција, ако не ти се брза..
За вреќички барајте ја Марија Sleep &dreams е на фб Од Велес е жената Ке ви сошие каква сакате Плус гнезда постелнини и се шо ви треба
Вреќите на Ело, со различни дебелини или пак на Кидз, ги има во Крш. Перени безброј пати, а памукот е ист, ни избледени бои ни собран материјалот.
Во што ја облекуваш за спиење? Мојот е по боди и хеланки по долги, не мислам дека му е ладно. Надвор уште по куси го шетам, таман е времето денес.
Па да, затоа прашувам. Аку е 13 степени на прогноза во 4-5 сабајле, не е толку ладно за по долги. Најчесто ромпер му облекувам, сега 2-3 дена долу по долги.