На какви долги топло е, ќе зоврие по долги. Јас се водам по тоа како ми е мене така и него, јас спијам по тенки проѕирни кратки пижами, ептен синоќа додуша ги облеков, иначе по гаќи и беби дол преспав цело лето, а не па него да го облакам.
За Охрид зборувам, сигурно е многу посвежо од Скопје . Неколку дена дуваше и врнеше, па ептен е разладено спрема што беше.
Клима нема ли смештајот, да подзатоплиш бар ноќе? Па ако е и смештајот 13-20 внатре, за по долги е. Зима дома на 20-22 степени во спална, бебе ми беше во долги..
Може некој да ми каже зошто се оди на одмор со мали деца?? На плажа во вода му текнува во 11:15 дека му се спие, ајде мамо да одиме да спиеме, добро одиме. Неееее уште да се бањаме!!! Плачење 10 мин смирување, по пат за малку ќе заспиеше.. го средувам и легнуваме... Не му се спие.. еве го уште не заспива. А вчера не дремна абе мамицата ни ја расплака од плачење за сѐ. За што дојдов некој да ми каже? За да дремам тука и да се молам да дремне за да не плаче после за сѐ и сешто? Дајте некоја позитива зашто не можам веќе
Колкаво е? Кој ден ви е? Може му треба време за да се прилагоди на промената... Ако мислиш дека не му е време за дремка, кога ќе запне така најдете некоја занимација.. одете купете некое џиџе играче, сладолед, лижавче, прошетајте до некаде, правете некој замок, копајте дупка заедно.. гледај да се подизмори. Без друштво е? Нема дечиња со кои може да си игра? Може ако оди градинка, му фали такво друштво...
Јас со количка ја возев низ градчето и кога ќе заспиеше некогаш ја носев во соба да ја префрлам а некогаш и на плажа ја оставав во количката. Ем јас ќе си го разгледав убаво местото ем она наспана
Ај некоја мајка што ја преживеала втората година од животот на детето да ме утеши. Малово е 19++ месеци, 2 дена е Н Е П О Д Н О С Л И В Не знам дали се 4ките има 2 огромни отоци горе и доле и како мало врвче се осеќа дали е од тоа дали е нормална развојна фаза НО ВРИШТЕШЕ 25мин зошто авионот за комарци не леташе веќе над нас 100 тантруми во минута има ужас хаос, денски се бори со нас не сака да спие, со баба му вика златен бајче се слуша. За сè што нема да добие - драма. Со цел памет тргаме следна сабота на одмор - помолете се за мене
Еве да не те тешам ама и бетер ќе биде кога ќе може да ти враќа. Ти викаш мама ќе оди до тоалет. "Не мама нема да оди, нема потреба".. на плажа вика ај да одиме мамо да спиеме. Добро злато одиме.. нееее уште да се бањаме, јас: добро, можеме уште да се бањаме.. нееееее да си одиме.. не му држи газот без да дремне па после ќе се расони ќе му помине дремката и терминатор станува. Решението било мажот да ти донесе пиво ладно и едно турско појако и на тераса. А за драмите не знам искрено, вака како вчера не сум доживеала. Инаку обично ако плаче за нешто што стварно не може, прво да се смириме па ќе објасниме зошто не може. Ајде ќе броиме до 10.. ајде дувни ги свеќите (прстите) за да земеме длабок здив.. ајде приказна да ти кажам (го интересира што ќе кажеш и малку престанува да плаче). Ќе пробаме денес различни стратегии фала на @mariz и @Трагедијаупмм
Me nasmea i mojava e 19++,minata nedela vadese 3ki i krena dva dena temperatura,kemkava skros,slicni sme i nie i nie vtornik odime na odmor haha.
Здраво, баш ми е жал така што испаднало кај тебе. Кај мене викаат не е итно ама не е ни за долго чекање баш од таа причина да не се симне во панкреас. Мојата ќе има 8,9 месеци кога ќе се оперирам. Не знам дали да престанам или да се измолзувам. Сакам да ја дојам до година и некој месец, докторката ми вика доволно е до 9 месеци за да не се мачам и јас после ако треба апчиња за болка да пијам и здрав режим на исхрана.
@Fenix05 , 100 пати во таа втората година и пола од третата, реков второ дете никако. Инаку се преживува. Ако не сум грешка точно година се разлика децава, па ќе те утешам со тоа што бар кај нас после 2,5 години стана полесно. @LizzyGrant , во цел одмор, еднаш се мачеше да заспие за дремка, 5 минути во количка и толку и требаше. Баш ради таа причина и повеќе носевме со нас. За ако се мачи за спиење едниот да се шета, било денско, било ноќе. Не дека е најпаметен совет ова ама ни се најде. А куп деца имаше наоколу што мајките ќе му речат ајде дојди малку да поспиеш и на секунда на лежалка заспани. Ама ние не така.
19:30h вчера вечер "диме сака тека иде" - Епа ајде мама да те облече Тантрум1 "Не диме бечеее нееееее" и плачење рикање, се смиривме некако, се облековме Тантрум2 "не диме бече пакикииии нее" Ајде бос во кола по чорапи го однесов - ке одиме сега? "дааа диме игра текаа" Тантрум3 траеше до игротека "сакаам домааа не сакам текааа, мамо озии дома не тека диме не текаа" Стасуваме ко ништо да не било , а ја виде очи му светнаа влага и игра Тантрум4 зошто одам да мочам "мама не моча" "мама не пие кафе" Дојдоа деца па заборави и продолжи да игра Тантрум5 траеше од игротека до дома односно до последната кривина пошо заспа у кола "Диме сака седи текааа не сака домаа, диме ига детатааа диме не сака дома идеее" - мал милион пати повторено. Само викам ке биде полесно ама не знам кога. Заспивањето ни е ужас, мал збор е ужас. Спие без да се разбуди ама додека се заспие....
Да не збориме за облекување солзи викање бегање, сабајле тантрум имаше за маицата - сакаше гол да седи надвор а свежо, го оставив да се стабилизира зошто ја соблекуваше упорно.. не ми е јасно дали некаде грешам или е нормално сè ова.
Да потврдам за квалитетот и за односот на Марија (не знаев како се вика, сега прочитав) Јас досега со по фина жена не сум се договарала за нарачка, прекомуникативна и фина алал да и е и кажав да има многу работа и да продолжи така нарачав муслин летна постелнина за бебе преубаво е изработена.Неможев да се одлучам за дезен па нарачав две Здравје планирам да и нарачам постелнина за спална и вреќа за спиење за бебе за есен.