Бејби супер спиеше до стража и после пауза пресоблекување млеко и до охрид спиеше. Така да супер сега ќе видиме за накај дома. Денеска топол денот сега еве облак голем ќе врне сигурно. Ама бевме до плажа искористивме. Пробуваше мм нешто со климата ама дуваше ладно некако дали не им беше нешто во ред. И се напнав будна сум цела вечер. Ама ајде прво идење, за следно знам.
Ја облеков боди по кратки и шпиркозна една потенка, и ќебенцето (памучно тенко) и тетра и стаев и мрда и цело време ќебенцето на лево .. јас смрзнав искрено. Се пикнав во мм и чекав да се раздени. Ова куќичка беше смештајов доле во двор како апартманче, ама ладно.
Па со јакна на Св Стефан, дуваше корнеше. Јас сум си заборавила тексасот во Скопје со на мм дуксерка он хаха херој по кратки.
Да да, нема везе зима лето, ако мене ми е ладно, сигурно и неа. Внатре беше 18 на климата ако беше точно. Она во стан спиеше по кратки ама во скопје беше 25-26. Не функционираше, ја стави на греење мм ама изгледа она што ја полнат немаше, и ладно дуваше
хаха како мама на 3 ипол годишно, можам да кажам дека моментално си си во најлошиот период, барем мене ми беше најлош тој пред 2 риот роденден, тоа тантруми, па сакам кажам не знам речам ама се преживува како и се друго, негде после 2 ипол стана подносливо кај нас
Во Солун сме два дена, а бебето мое нема на кој не му се насмеа и не му пружи играчка. Дури малку незгодно ми е, луѓе до нас на маса, јадат. Тој и се смее на жената дури не му врати назад. 13 месеци ке е уште малку, фаза ли им е, не знам. Како е кај вас @flower55555 @angel4444 . Ако не помешав дека ист ден ни беа децата..
Мамички, што е безбедно да се стави за да ги брка комарците, бебе е една недела, не можеме никако да ги видиме кај се кријат, штом го соблечам по боденце одма е испокасано од комарци.
За толку мало бебе нема спрејче, на chicco тој е мислам 2м+, шетајте го со мрежа на количката има и во дм и по локо кроко, сегде се продаваат
Официјално и накај дома се утепа од спиење, едвај ја разбудив на стража да ја пресоблечам и да се истегне малку и пак одма заспа. Ете ја избањавме и се успива со мм. Јас пробувам уши да одзатнам од патов
Толку, се размисливме утре да средам дома мм од пон е на работа. Пон сме на вакцина. И така испадна 3 дена само, два вечери. Догодина повеќе. Битно сменивме одморив малку мозок.
На здравје одморче и ние 3вечери до Маврово тркнавме скроз се расположив не е битно колку долго битно содржина
Да Исто Денес шетавме и маж ми запна гиро у тафталиџе имало кај бивша астера, немаше гужва и тука у близина седеа вработените. Значи не прекина да им се смее и да вика со раката удирајќи се по уста АААааАаааАааа и они му се смеат исто му праат после тапшин им прави, браво, чао...го приметувам и дома мора се да покаже што научил. Цело време само вика и тоа прегласно, а МАМАМ вика коа нешто не му е по ќејф Ми намалува со јадење веќе некој период, секако пробав и блендирано и пасирано и парчиња, лиги има едно кило а заб ниеден Научи мене да ме рани со смоки бисквити за да јадеме заедно, неколку дена пред 1 роденден се префрли на една дремка, нана од 20 до 7 без будење, денски од 11ипол/12 до 13:30/14 и искрено топ функционира вака..е сеа мака имам што буквално секаде и на СЕ пробува да се исправа и цело време паѓа или ќе се удри на нешто, а мене стравови стресови ми праи само ама тоа е, сите така растат што вика мајка ми.. у глобала сите сме исто доста интензивен период, почнав и на раб минатава недела ама фала богу ништо не му мења, ужива со татко му
Морам да пишам дека сум презадоволна од женава, колку е само мила и услужлива. Имам земено 3 постелнини за спална, 2 за бебе, не се мрднати. Чаршави со ластик, јастучници, јоргански, за бебе прекривки, јастуче.. врв
Јас ради ова решив ич да не идеме, поготово па на море па ич. Со маж ми се смееме дека да се нафатевме, ако почнеше да не пореметува, уште вечерта ќе спакувавме куферите и право дома, ич не ми е гајле ни за парите ни за море Тркнавме 5 дена до Маврово, изводеше со спиењето и кенкањето ама па друго е, поладно и у апартман се комираше, дежуравме само зашто надвор ќе поцрвенеше од викање и не заспиваше Да бев на море прекриво ќе ми беше у апартман да ги отседам
Малава да не ја подречам сега, ама за 360 се смени во рок од една недела. Како наеднаш да си стави сама се под контрола, а јас 6м што не пробав за да успеам ова. Преку ден умна, весела овие денови, една до две дремки.. навечер си заспива и спие до сабајле. Надеж за сите неспијачи, издржете... ќе дојде денот кога ќе почнат да спијат Прееска шетаме и се чудиме со една мајка кога летна времето... вика како вчера трудна да те гледав, а сега детево ти проодува Се до сега што прави ова третово, со изненадување е. Не очекував да ќе проодува, некако како да немаше абер да оди. А она си се крена сама од под пред 5,6 дена без да се фати никаде, почна по еден до два чекори... и денес изоде 10 надвор без да падне на газе Ама ќе чекам да зацврсти, па да правиме колачиња - постапалки. Битно е преупорна, сама станува по цел ден и весела радосна леле леле видете ме ќе одам, браво си кажува (бавооо) и плеска Ах ми порасна и ова бебе... лета времето Ми излегуваат веќе memories од минатата година, леле викам кога бре беше такво бебче мало... кога порасна. Летово ми е како истото лето да сме сеуште од лани.. ама што немам новороденче, туку веќе 1г детенце, е толку брзо ми помина Сега ќе чекаме да ни стигне зимава друго бебче, од сестра ми.. прво внуче ќе ми е Инаку веќе 5,6 пати ми ја прават машко... Не дека нешто се нервирам, ама не личи бе толку на машко, плус све е во женска облека... Вчера во Веро и рекоа: Види го баткото. Во аптека еден чичко и рече: Ама е умен господинов и денес една жена на шетање пак ми ја направи машко... @merriel0 пред некој ден и закачи на коса црвена машничка надвор дека и се пожалив... па сега и порачав од Тему и други бои И за тоа на одмор со мали деца.. со мали деца е секаде тешко, не само на одмор. Се преживува до 3, 3ипол год, после се живее