Јас и ставив на 4 месеца, и според мене што порано е подобро. Или ич да не ставаш додека не порасне сама да сака. Чим потпорасне и знае да си ги фати ушите, ќе ги чепка и ќе ги вади. Ако се стават како бебе, ти ќе им одржуваш хигиена и нема да ги фаќа, додека порасне ќе се навикне и воопшто нема да ги чепка. Благовец не е битен, јас би рекла не сега на жешко, ама од септември натака слободно. Со пиштолче двете страни наеднаш, за секунда е готово.
И јас така мислев, не ради празникот, туку дека поголема ќе е тогаш и може да ги фаќа повеќе. Ајде здравје сега наесен ќе и ставиме, да заличи на мома
Ние и ставивме на 7 месеци.Ама нонстоп ги чепкаше ушињата и на крај ги извадивме.Сега 4 год скоро има ама не и ставив пак.
Моево цело време го мислат чупе Од раѓање има по долга коса, сега баш му е долга бујна со по некоја локна и одма автоматски на женско им личи нема врска шо носи широки шорцеви Ама ич не ми се стрижи, многу му е мека убава, дури не му смета не му ја кратам оти знам на големио после првото стрижење веќе му беше поцврста и по остра косата Јас се нервирам со него шо се пика во уста, секоја можна трошка, ливче, конец, ѓубре се му е во уста. Сабајлево животот ми го скрати нашол мало стакло и го пикнал во уста а до мене стоеше и брат му до него јас доручек им правам, се накашла и големио вика види шо му падна од уста а то ситно стакло и крв му течеше цела куќа ја превртев чудно ми беше од каде стакло немам ништо скршено, и најдов во ходник парфем паднат Господ го чувал
Jaс ни толку не вадев, исто итен царски бев плус имав сепса и двајцата бевме на ант и буквално 10 дена ниту пробав да дојам ни млеко дали иам ништо, само формула давав. Баш еднаш се навртев на муабетот со мајка ми што сум пишувала, дека во странство родив и никој не ми покажуваше како да дојам, дури сум пишала после 3 недели дека почнал да фаќа малце. Секако не губи надеж, што е до тебе прави, ако успееш супер, ако сепак не бива не се нервирај, формул е исто така одличен избор за дете.
Обетки што порано тоа поубаво, ни рекоа не пред 6 месеци да направи. Сега после, додека ставивме веќе година и пол дојде. Тоа плачки, тоа викање. За фаќање, не ги фати ниеднаш и си ги носи редовно. Од други муабети, станав јас со желба да направам неколку ручеци различни за денес и следните денови. Стана маж со желба да чистел цел ден кујна од под до плафон, обратно де ама небитмо. Е сега кога сака да чисти која сум јас да ја уништам неговата желба?! И така денес домашно само салата плус скара, за од утре ќе му мислиме. Дете си доби "нови" играчки од гаража и цело претпладне глас не и слушнав. Да соберам сега други и да ги приберам за по некое време да бидат нови.
За обеткиве ,ставивме на 8 м. Ама тие златните што ги купив од ,,квин" фалични па и испаднаа на 1.5 г дома и на спиење и ја вратив бидејки мислеше дека ќе ја боли нели игличето го гледа она и така уште 2 пати па на крај отидов таму да се поправи или да се смени едвај некако ми ги заменија да бил истиот модел исто се и пак не се погодија знаеше да се откопча. Па на околу 2.5 во градинка пак и падна па одвај ја најдов и на спиење пробував да и ја вратам ама веќе посвесна се разбуди и кога рече не ќе ме боли и готово еве нема сеа и сигурно и се зараснати... 5 г е,па здравје за малово кога ќе ставам ако успеам и неа да ја убедам топ ако не нека си седи така.
Обетки никогаш не и ставив. Сметам дека тоа треба да е нејзина лична одлука, кога ќе посака сама ако некогаш посака, со задоволство ќе ја однесам. Покрај сите скокови, регресии, сепарации, вакцини, тотално непотребно ми се чинеше да ја трауматизирам со дополнителни боцки. На страна фактот што воопшто не ми се допаѓа бебе со накит, дал обетки, ѓердан, нараквица. Ќерка ми сега сака да си се реди некогаш со неколку прстенчиња па нараквици сама што си ги реди од мунистри, права Доринда. Леле па тулови…. Си умирам по малце во себе кога ќе се нареди ко излог, ама не и се мешам. Среќа па не и трае долго. Дали давате Вигантол на поголемите дечиња и ако да, по колку капки одат за 3 и 6 годишни?
И јас уште и немам дупнато ушиња поради овие причини. Плус мислам дека ќе ја боцка на секое, кога ја успивам кога ја дојам и слично. Кога ќе си порасне ќе и покажам од баба и какви слатки има за подарок, па ако посака ќе одиме да ги дупнеме
Никогаш не ми се случило вакво нешто, станав премногу емотивна, за ништо буквално неколку пати во денот плачам. Бебе си е супер, немам мака околу бебето, освен што спијам многу малку, од сопругот имам максимална помош и поддршка. Моите дојдоа да ја видат малата на кратко, изнакупиле златно париче, за мене подарок, торта, како ми дојдоа солзи не можев да се сопрам, река, па и мајка ми ја расплакав и сега додека пишувам плачам, а немам никаква причина.
Нормално од хормоните е. Јас и без причина и за глупа причина. Еднаш првата недела се расплакав дека и прокисна пелената, немајка сум била не ме бивало ни пелена да наместам
Нема водоотпорни пелени. Целта е ако во случај се покакаат, да се задржи тоа во пелената. А мочката ја пропуштаат, со цел да не станат тешки пелените. Се мократ, само не е како класична пелена да ја апсорбира и мочката. Инаку верувам во ДМ дека ги има, не знам. А за купачи со маичка, јас ги купив на speedo. Подобра инвестиција здравје.
Нема врска, јас од бебе сум имала обетки, живци ми кинеа, негде на 6,7,8 години конечно ми ги извадија и уште еднаш не ги ставив. Лично никаква потреба ниту бенефит не гледам во обетките. Ќерка ми имаше фаза ко шмизи на @Yowannty , и купив такви обетки на клип, брзо и помина меракот за китење. Инаку вигантол ако има медицинска индикација, на своја рака не би давала, што знам.
Па смета. И си наболува, ама мало бебе не знае да каже затоа го решаваат од мало. Јас обожавам пирсови и се имам доста издупчено и точно со секое дупче имав период на непријатност и болка дур се навикне местото оти се работи за страно тело. Чак и кога ги вадев да ги чистам, со секое враќање назад пак ми било непријатно некој ден. Затоа и немам право да забранувам баш. Само што морав да ги вадам за царски и после секој царски враќав помалку оти не ги враќав на време и ми се затворија повеќето дупчиња. Ако ќерка или било кој од батковците пројави желба за пирсање, таман заедно ќе одиме. @Anaroz1 значи ја треба да зголемам доза и на бебево? Јас уште капка му давам. Сега е сигурно над 7 кила, пред месец ипол беше 6ипол. Се си мислам така ми рекоа по капка до година, а може и целосно погрешна ми е информацијава. Сезона на вируси официјално отворена. Дома сме “кластер”. Цела недела секој нов ден, нов член пројавува симптоми и од вчера и бебули… тој е најжален. Толку и второто го дочував, едвај 4 месеци. Со прво е најлесно тие секогаш имаат “добар” имунитет дур тргнат во градинка. Како и ние родителите. Цело време си мислиш имаш добар имунитет дур не ти кивне градинарче директно во око дур ти го раскажува денот во градинка. “Вчера” спиев од 6ипол сабајлево до 8:15. Денов ми е година, на бувтање, кивање, мрсули, марамици насекаде, хрчкање. А тек допрва иде зима. Да се гушнеме и потапшаме виртуелно сите, па на пролет, кој ќе преживее ќе раскажува.
На мојава и ставивме обетки кога она изрази желба, на 4 години мислам беше. Претходно не сакаше да чуе, а бебе да малтретирам за да не ми го мешаат дека е машко, па и на благовец по можност, нема теоретски шанси. Вчера на Водно луѓе поминуваат и викаат лелее дечко убав, а јас на тоа само да, да... па уште и име кога ќе кажам, дека унисекс е пак на машко им оди. И искрено не се замарам, дете е дете, сите се исти реално. Или па машна на глава да и ставам, па во воздух сите ќе не крене мислам. Оставете ги да си одлучат они кога сакаат за обетки. Плус и мали кога се врска немаат од ништо, може да повлечат кај увото партал да се направат, или недај боже да се откопча обетката па во уста. @Yowannty јас како тебе ама со тетоважи. Си ги обожавам. Петтата ја спремам, големава само се црта и она. И викам порасни барем 17,18 направи и јас те носам што сакаш да тетовираш