оффф не ме предомислувајте сега з обетките, таман се решив есенва да ја носиме. си викав и од тука што читав дека помало, нема да ги фаќа, а демек помал стрес. јас имам лошо искуство како поголема, не ми ја дупнаа убаво едната дупка па два пати мораше и до ден денес памтам... не ми е за да не ја мешаат, не се ни замарам со тоа туку што знам... мислам (мислев) дека подобро е. а и мм многу сака искрено не го знам зошто хахаха
@Yowannty не сум сигурна за бебе, дур беше бебе давав бебитол, покасно по препорака на ортопед почнав со вигантол, летно време не и ни давам, мојата е 3 ипол сега. мисла дека една капка ти е доволно, ама пак консултирај се. него мене ми треба совет од мајки на две, бебе е 10 дена, уште се навикнуваме по дома, сега за сега е супер, ја носевме на прва контрола и педијатарот во Систина ни препорача големата да седи дома барем месец два додека да пркне малото да не оди во градинка, да не и донесе нешто. маж ми зема две недели одмор и мислевме да ја пуштиме после тоа, ама сега ми е страв некако. како сте правеле вие? дали сте ги чувале дома и ако да колку време и како се снаоѓавте сами со тодлер и бебе?
Овој одмор истото прашање секој ден, на кој му текнало да се оди на одмор со мали деца Не сака да се мачка со фактор, не сака песок, не сака простирка на песокот, не сака лежалка, не сака столче, не сака во вода, ако некако влезе не сака надвор. Во раце само може. 100 пати се покајав што отидовме. Па и тежок пмс, мн тешка комбинација за мене. Не можам да дадам совет, лајкот е за поддршка. Колку толку упали само да не и угодувам толку. Сакам дома, ок, ќе одиме кога ќе ти е време за дремка, сега нема. Сакам надвор, ок, ќе одиме кога ќе дојде време, не одма. И дистракции рестото од времето, и време за себе да наполниш батерии батерии, се менувавме со мм. Иста беше ќере со четворките. Многу бавно и болно излегуваа. Во градинка бајче, дома не сакаше за ништо да соработува, ама се познаваше дека има болка детето. Утеха да ти е дека еднаш штом ќе излезат ќе имаш друго дете. И гледај да си размислуваш од аспект дека и него му е мн тешко и се жали на мајка, не може да се пожали на баба или некој друг. Сигурна си дека е комарец? Да не е вруќаница или нешто друго? Во 2г доење секогаш на пумпа макс 30мл имам извадено, и тоа медела купив најскапа,џабе. Не го гледај тоа, терај си упорно бебе на града, ќе си надојде млекце. И мн вода да пиеш секако, и убава храна. Секогаш ти се восхитувам кога збориш за ова, само сакав да ти кажам
Бебе скоро 6м,само јас ли уште ми е преживување и не можам да најдам ред?Мислам дека сите околу мене очекуваат да сум вратена во нормала и се да можам а јас ни малце не се осеќам спремна за било што,дури и стрес и нервоза ми ствара тоа што мислат дека се е под контрола.Не знам еве јас ли грешам. Денес бевме кај свекрва и свекор на доручек,мм после јадење задрема во дневна а бевме договорени бебе пие млеко и идеме за да не заспие по пат туку кога ќе седнеме на кафе,и го будам ја мм коа ми се нафрлија што го будиш нека спие у смисла греота е Ај што имавме планови едно..а да речеа ај ние да го чуваме легни ти види се капната пропадната на чоек не личиш.Јас не знам еве може до мене е само ама нит знам 6м кај поминаа ни као сум уште жива.
Што помалце очекуваш помош, поарно. Нормално дека ќе го разбудиш и јас сакам редот што сум го замислила во глава да ми го испочитува. Не знам еве и јас на моменти се чуствувам изгубена, мислам секогаш ќе ми е така. Пробав бесконтактни дремки не фати регресија па неуспешно, сега пак пробувам пак е без успех. Вие барем го средивте тој дел, како така да прочитав некаде.
Еј ретко такви да речат дај.. па посебно со две машки деца свекрви без женско што се мислам дека со текот на годините изгубиле осет на жена, прифатиле дека све треба они да прават и тие генерации мажи сега од 35-38 години све се лежи лебу да те јадам барем јас што знам. Мн имам во близина, реткост некој да се издвои, ако живеел сам негде се тргнал (мм тогаш се смени на факултет далеку од дома) . И така тие мислат греота е нека одмори, греота е нека излезе итн ти детето да го гледаш. Нејсе враќај, јас враќам си требала да речеш еве нека стане да почува дете јас да легнам не сум греота? А и јас сум лошата што вика ајде да одиме дека договорени сме во толку и не му текнува одма да стане.. Др незнам ред ред каков.. имам апликација.. пробај мене мн ми помогна. Внесувам кога јаде кога спие кога кака.. неможам да памтам незнам што сум јадела а не тоа. И некако кога ќе ме фати криза влагам гледам све е исто како претходно. Ќе видиш дека има нешто научено до сега.. вака неможеш да заприметиш. Важно ми е спие вечер.. и преку ден дремките се различни. Некогаш е 40 мин некогаш е 2 ч. Ама еве во 24ч од 12 - 16ч спие. Никогаш ова не би знаела. Плус води пелени колку, колку кака. Поврзани сме со мм, внесуваме одма, и знам кога треба да јаде спремам млеко. Абе секое дете е различно ама не се споредувам со ниедна жена овде и секоја има свој начин на растење на своето дете така да не значи моето е правилно на друг не е. Ако ти е тешко со спиењето види др гуднајт може вреди да инвестираш. И тоа друго незнам што те мачи во однос на редот. Мојава приметувам влезена е во шема и на одмор исто све продолживме и спиеше цела вечер.
Моето не оди во градинка цело лето, сега ќе почне од 1ви , бебе ќе направи 3 месеци. Можеби подобро да напрвите повеќе пауза ипак е мало а иде период на настинки. Иначе јас сум сама секој ден и наутро и навечер бидејки мм работи двократно, само недела е дома и некако добро се снаоѓам сега за сега… ми помага малиот, ми дава се што треба, седи до него му збори кога сум во вц на пример, успивам прв кој е поуморен . Со баткото ни е ритуал да си читаме приказна секоја вечер па кога бебе е будно му читаме заедно и он си заспива сам а јас продолжувам да успивам бебе. Вака е разбран и слуша ептен, 5 години има. Не знам колкаво е твоето ама ако се заигрува само ќе биде полесно.
Точно месец седеше дома мојава и предосадно и беше. Во поглед на снаоѓање супер бевме, ама мојата е голема, 6 години. Е сега рачунај сигурно ќе носи вируси. Мојава донесе се можно како за беља, ама сиротка кога беше болна бегаше од бебе на минимум 2 метри. Кога и се кашлаше трчаше во ходник. Прежална ми беше. Вируси, салмонела, проливи... бебе фала богу ништо не префати. Ама не се случи да и се искашла во неа, или со немиени раце да ја пипне. Мој совет, барем месец издржи. Тодлер и бебе верувам е убиствена комбинација. Бебе кога тогаш ќе се разболи, ама барем малку да е пркнато е мојот став.
леле твојата е поголема и поразбрана ваљда. моево ем е мало, 3 ипол е, ем е отров, една недела е дома и не знае шо со себе веќе да направи. разбирачка околу бебето нема никаква, 500 пати и повторивме да не ја фаќа со прљави раце и џабе, а и кажеш почнува да се треска од земја и да рика, ја ја дојам она скока околу нас, два пати ја удри со колено во глава , ја пробувам да ја успијам она трча, вика, урла, по цел ден плаче и тоа рачунај дека маж ми е дома и не можеме да се справиме со нејзе, а сите сега и попуштаме и се и угодуваме да не се чувствува запоставена заради бебето, ама нејзе ништо не и се погаѓа, бебево не плаче, она по цел ден плаче за нешто. од помислата да седам со двете дома сама не знам ме фаќа параноја и ја сум на ставот дека кога тогаш ќе се разболи бебе, ама друго е да пркне малце, ова ептен е прцле, баба и, таа една шо ја има одма се изјасни дека требало да си оди во градинка, дека она така праела, немало нејзе кој да и помага, а во пензија е и во исти двор сме, притисокот ми се качи, ама гледам да не се нервирам сега, ќе се снајдам ваљда пошо ако се разболи толку мало бебево јас на крај ќе си ја чукам главата
Малечка е 3 ипол години. Хаос и е сега во главчето, очекувано е така да се однесува. Ама ќе се смири за некое време. Баш поради тоа што уште не разбира зошто не треба да фаќа бебе со нечисти раце, или да му кашла во лице, јас би ја чувала барем месец дома. Тешко ќе е, јас скренував а реално немав мака воопшто со големото. Мене хормоните хаос ме направија, цеееел месец па и повеќе го преплакав, затоа што се осеќав дека се му земав на детето.
малечка е да, цела е сменета за недела дена, станата е ептен раздразлива, а и зборевме цело време и гледаме да не и викаме и се со убаво да и објаснуваме, ама не може да разбере дека бебето е мало и дека не треба да скока на кревет околу неа ќе помине и тоа како и секој друг период, ама преплашена сум
Ооо што помалце очекувања имаш, тоа поарно. 8 ипол месеци со бебе дома, еднааааш никој од тие под мене, не дојде да праша дали ми треба нешто. Дали ми треба од продавница нешто, дали имам леб за да доручкувам и слично. Пред тоа бев ма патолошка. Свеки беше ,,лута”, дека јас седев дома, а мм на работа. Прв ден, како тргнав на работа, одма пазарење , доручеци, греота бил мм сам со дете. Искрено, немав ни некои очекувања, зошто го знам размислувањето на свеки. Сега веќе ја чува малата, готви за неа посебно и прашува што да даде за јадење. Ама сега јас одам на работа де. И еве ја година ќе прави, јас уште сум во хаос. Не си сама.
Мојата беше 3.5 кога дојдоа на свет близнаците. Можеш дома да замислиш што беше,не едно него две бебиња,таа се чувствуваше загрозена колку и да и обрнувавме внимание. Се однесуваше како твојата сега. Како одминуваше времето подобро стануваше. Го градинка одеше цело време.
Свекор е со став дека работа на мажот околу домот е нешто непостоечко. Веќе ми се неговите коментари комплетно на игнор, ма и самиот човек до максимум ми е на игнор ама еве ти само примери кои од такт ме вадеа на почеток, сега само враќам како што заслужиле. Иста куќа сме, на почеток беа коментарите вакви. Ситуација 1. Различна смена со маж сме дента. Станувам јас се спремам за на работа, спремам се за дете, ќерка и маж спијат. Оставено од моја страна и храна и алишта и се топтан. Во двор ме среќава свекор со коментар, зошто не сум го разбудила детето, да го однесам кај нив кога одам на работа, татко и да си спиел раат?! Еве пример од што мака да будам дете беспотребно. Ситуација 2. На секое влегување тука, ако јас сум во друга соба, готвам пример или пеглам алишта или во Вц, а дете со татко, уште од врата е прашањето, а каде е мајка и, да не спие. Оти не дај боже мене да ми е мака и да легнам. И мал милион слични ситуации кои не заслужуваат коментар, уште помалку нервози.