Тоа ќе си прашаш во вашата градинка, ама ако плаќаш редовно градинка, нема зошто да треба наново упис. Ново е да се обновуваат договорите, од лани, секој септември нови договори, ама не и нов упис.
Примивме денес рота и шествалентна преку ден доаѓаше до 37.5 сега дојде до 38.2c дадов далерон, многу ми е страв за вечерва само да не се качува повеќе од ова
И бебка прими рота, 5валентна и превенар сабајлево. Цел ден се држеше, иако беше поспана и кенкава, сега еве пред спиење и измерив 37.6 И дадов да цица, заспа, мерам пак 37.1. Ќе следиме ноќва како ќе биде, имајте мирна ноќ и вие
Исто прими рота втора, 6 валентна и стрептокока... цел ден плаче, температура 37.8 макс, сега ќе видиме еве ја успива мм. Има 37.4. Многу плаче се мислам пак како првиот пат да и дадам пола доза, да ја опушти да може да спие. Денов катастрофа, се осеќам како згазена.
Нема да биде повисока, нормално е благо покачена температура. Немој да се секираш, од вакцината е не е болест.
Не и давај антипиретик оти послаба реакција ќе има на вакцината, а целта на вакцините е да се создаде имунолошки одговор. Над 38,5 тука дури над 39 советуваат да дадеш.
Нема да го намали ефектот на вакцината, незнам кој ви кажал тоа, и парацетамол е антипиретик ама главно е аналгетик, ќе ја опушти мускулатурата и болката и подобро ќе спие. Еднаш во денот ако се даде не е проблем за таа намена. Не се остава дета хистерично да плаче и да се мачи само ради температура.
Ама за болка кога има мене ми велеле да дадам. Стварно не знам. Првиот пат и чепчиња ни препишаа за да има дома. Јас до сега не сум дала ништо оти никогаш не ми качила температура и релативно лесно помина. Ама ако е вака да знам дека ја боли и плаче цел ден, би дала за болка.
Нашава матична рече до 38 чекај најмногу до 38.2 после е време за антипиретик. Исто спомна ако е вознемирена да и дадам третина шприц пред спиење, нема логика ова со ефект на вакцината, организмот си се бори секако
Нема, не се секирај, добро е што си дала. Јас и дадов пред малку мн плачеше, еве скоро пола сат ја успива и плаче липа... и сега да почне да делува ќе заспие сигурно 37.7 темп, последно. Се качува навечер.
Мојата заспа, маж ми ја заспа за 10мин кај мене нејќеше пола саат. Сега измерив се симнала на 37. Ќе следам сега, инвестирав во микролајф безконтактниов мерам на 15мин, маж ми вика как го купив сеа цела ноќ ќе титкаш ама пусти страв … на колку време навивате аларми? …мислам ако уопште успеам да заспијам
Преквалитетни се играчкиве да знаете, го имаме театарот, а сега со акцијава ја земавме таа со коцките 10/10
На два часа и мерам превентивно, ако е качена почесто.Стануваме со аларм. И јас таква бев на почеток хахах
Парацетамол се дава и за болка, не само за покачена температура. Мојава не плачеше, само кенкаше ама таа и онака е таква оти слабо спие преку ден, па цело време е ненаспиена и нерасположена. И јас легнувам сега, од сабајле од 03:30 сум будна, де големиот заб го болеше, се таа се будеше за доење, па нејќеше да презаспие, па на вакцини од сабајле, на прошетка, после по дома.. и капнав скроз. Со мм ќе навиеме алармите и двајцата, на 2ч, така на секој час ќе ја проверуваме ноќва.
38.5 e минумум. И тоа ако детето се мачи. Иначе прво со млак туш, масажи, рассоблекување. Ако не им смета тт не се дава. Тт значи дека телото здраво реагира и создава бели крвни зрнца оти е нападнато од вирус. Повисока тт, повеќе бели крвни зрнца кои ќе се борат со вирусот. Не давам сируп за тт, ако се ок и до 39, разиграни, не им смета. Ако очигледно се мачи и на 37.5 сум дала. Ама само ако качиле 38 и покрај немање реакција, давање сируп ни под разно.
Педијатар во Германија. Исто после шестовалентна + пнеумококи. Мене овој совет ми е логичен. Телото се бори кога ја качува температурата , одбрамбените механизми се подобри на повисоки температури и имунолошкиот одговор е подобар. Секако над 38,5 би дала и јас. Промени на расположение се нормални за вакцина е сега ако е хистерично плаче тоа е друга работа. @јolene секогаш препишуваат чепчиња за да имаш во случај да качат температура. Со шестовалентната плус пнеумокпки плус менингокок б превентивно СТИКО препорачувал 1 да се даде парацетамол после вакцината, затоа што мен б правела многу почесто рекции во смисол на температура, болки, немир. И кога ја прашав сега дали пак да дадам превентивно не ми ни дозволи да ја завршам реченицата и ми кажа никако и го кажа тоа за имунолошкиот одговор.
Мен Б беше сега од скоро задолжителната нели? Страв ми е од неа по се што читав. Сега ммр втора добро помина. Речиси никаква реакција немаше, па дури закачи после недела и нешто растече нос, ама во трчање го помина. Тој тој тој . Туку некна гледам во пасош имаше шкртнато ммр и варичели, а само една боцка беше? Еден шприц ли е. Остана сега таа менингокок не знам која и крлеж и едвај чекам да завршам со вакцините. И дете мое здравје до две ипол се ќе има поминато. Да беше здрава, до две години сите вакцини ќе ги примаше. А читам овде мајки на две уште ммр прва немаат. Зар не се истите вакцини и оти дојчланд толку многу ги форсира да се заврши се до 2год?