Од мое искуство, мајките со повеќе деца подобро се снаоѓаат на работа. Може од што мораат да имаат добра организација. А ти веќе си со 3те дома, ручеците веќе организирани, малите во градинка адаптирани... тешко е нели кога се враќаш по толку време, ама ке биде полесно за брзо.
За шетање не, за градинка зависи каде е и колкава е флеката. Ако е мала, за градинка сум ја праќала. Иначе ако веќе облеката во боја ти е флекана до тој степен да се мислиш дали да му ја облечеш, стај ја цела во варикина. Секако немало да ја користиш, вака и да смени боја барем флеката ќе искочи, може ќе изгледа добро на крај
Сите 3 ги поминаа? Раат си сеа. Ја имам некој ирационален страв од сипаници, ги доживувам ко најголем хорор. Не живеам раат ради нив. 36 имам. Мислам дека сум многу стара за сипаници фаќање и дека кога ќе фатат децава, јас ќе префатам и ќе завршам во болница под апарати како најнежно сценарио. Не можам никако да се опуштам кога ќе ми текне дека допрва треба да се прележува и тоа. @1209 користи сонце барем таму го има. Се живо вади. Јас овде и на кревет дома имам ставено влажни алишта кај што пече сонце и се има излезено, а на директно уште подобро. Ем најприродно ем дезинфицира. Варикина е јака ќе ти ги ослабе материјалите ќе се уништи облеката брзо. Кога нема сонце имам на фрош мали шишенца за разни видови дамки оние со сунџерче што се а и има и без, треба да обновам баш. Иначе би носела со флека да. Мене овде ми имаат речено да не ја дотерувам. И во право се. Од грандинка си доаѓа дома ко од Газа да иде не ко од градинка, со косата ко струја да ја мавнала, цела исфлекана, хеланките вечито земја црни, ракавите прљави, излепени со лепаци, боици, чуда, врагови, едно време секој ден доаѓаше со дупнати хеланки, не знам колку имав купено и на крај почнав да ги крпам. Имаат многу активности, голем дел од времето го минуваат и надвор и имаат доста слобода да истражуваат. За градинка одамна не ја дотерувам освен кога и е роденден, другото најобично и најпрактично гледам. Син ми има еден џемпер најслатко нешто. Од лани. На прво облакање го исфлека, а јас изумив да го средам одма. Не е страшна флека, мала е, ќе си го носи зимава во градинка.
Првата година кога се роди дете тоа имав куп алишта одделени кое за низ дома, кое за спиење, па куп нови за по гости, за на доктор, за излегување оти мислиш со дете од месец или два, секои 5 минути излегуваме. За летото исто, па вакво фустанче, па такви чевлички (за непроодено дете) демек за мода. На крај на сезона кога ставив се во кутии и пресметав колку ме коштале тие "за нови" што ги чував, демек поскапи, поубави за настани, за овде онде, кое еднаш, кое ниеднаш облечено, почнав со нива практика. Обично нашето движење сега е во градинка, во парк, кај ептен блиски роднини или пријатели со деца за да си игра. Гледам да е комотно облечена дали во тренерки, дали хеланки, дали памучни летни комплети, зависи нели од сезона. И тие исти ги вртиме насекаде. Нешто што ми личи премногу износено или оштетено останува само за дома. Е сега често, за вакви носења што брзо ќе ги надрасне, земав од Синсеј, т.е претежно од Ваикики првично, па кога се отвори Синсеј во градов од таму. Е баш колку пари, толку музика за од Синсеј алиштата. Повеќето и се со избледени апликации, рабови што се изместиле, изгубиле форма, се појавило дупче. За неа не ми смета додека ги носи по неколку месеци и додека се валка и кини често. И не се нервирам кога ќе си дојде од градинка како прасе. Летово баш и тука голем дел од времето беа надвор, така да се случуваше секојдневно барем по еднаш да и имаат тетките сменето облека и да користиме многу работи.
После градинка знаев точно што имало за ручек дали ручекот бил со бел или доматен сос. Па да. Ако е мала флека или повеќе мали флеки пуштав. Во градинка оди не на модна ревија. Децата треба да се забавуваат во градинката,а не да пазат да не се капнат од сосот или да не се извалкаат од песокот. Инаку за флеки мене лично најдобар ми се покажа вениш. Фрош ништо не вади па не би го купила пак. Denkmit и dr. Beckmann се исто добри. И јас исто правам. Прскам и за пола саат до саат време перам на 40 или 60 на колку мислам оти ќе преживее облеката.
Зелениот прашок од Дм и нивното средство за флеки со четкичка, нема нешто што ми нема извадено. Од чоколаден сладолед до чоколадно млеко.
@1209 со Омнио бианко си пробала? Јас во краен случај арис прскам, па убаво на перење и до сега све ми се извадило...
Верувам ,иста бев. Бременоста со првото секој ден на сипаниците помислував И ковид беше во тоа време ама јас повеќе од сипаници се плашев а кога фатив па кога се јавив кај директорот нели за боледување ми се смееше Докрптката вика пошо си возрасна на инфективно треба ,јас одбив викам барај чаре еве ни тт имам ништо брзо излегуваат немој ако отидам во болница којзнае шо ќе ми се деси Кои разбра дека имам сипаници на 31 г ми се смееше Флеките и мене со omino bianko најлесно ми излегуваат ,купив pink stuff го фалеа демек ама не е тоа тоа
Исто и јас..Омнио бианко најдобро се покажа. Посебно сега овие малите не сакаат лигавчиња никако,секакви сум пробала,јок бре брате ги теглат,не сакаат и не сакаат, па така го хранам без лигавче и редовно се исфлекани.
За градинка можеш да облакаш и така се флекаат таму цело време Едит: Мене средствата за флеки од Стокомак во ќесичка што се се ми вадат. Ги киснам алиштата 12 до 24 час после пуштам во машина регуларно и се излегува.
Фала ви на сите, ќе пробам разни начини да видам дали вади. Не дека и јас го дотерувам за градинка, поголем дел се секаде што ги носи, дека брзо израснуваат гледам се да искористам, ептен за дома има некои стари така шо се кога ептен се клефта нешто. Од градинка генерално чист иде, ама оти им ставаат такви за јадење со ракавчиња.
@1209 Омнио Бланко користев, ама знаеше да ми ги скине алиштата баш на местото на флеката. Фрош не вади се, ама се наоѓа. Арис вади буквално секаква флека.
@1209 потврдувам за домашниот сапун од свинска маст. Ме нема изневерено до сега. Ако знаеш некој да прави или не знам дали има да се продава. Мене ми го дадоа коцкичето одамна.
Како правите со флеките? Ги поминувате со средство за флеки па го петите и потоа во машина на перење? Јас така правев со сапунот од Дм па потоа со фрош и ги оштетив алиштата со флеки кои не излегуваат. Реакција од сапунот со фрошот. Мислев дека машината ми ги прави флеките и купив нова и пак продолжи. Морам убаво да ги исперам и исплакнам од сапунот па после да ги ставам во машината. Сега зедов сапун од свинска маст, ги вади флеките сите ама морам пак да го измијам целосно за да не ми направи флеки со оштетување на материјалот.
А ке си забележам, ке те барам зошто малку го штедам. @MikicaBt со домашниот сум немала мака. Обично ке ја намокрам флеката, ке истријам со сапун, оставам да отстои, ако е нешто од овошја обоени или ако е засторна мрснотија може и да потријам малку, ама после директ во машина. Знаело бело од сапунот да ми остане ако ги ставам на краток циклус. Инаку ако е полна машина и преам повеќе работи, не било проблем. Ама секогаш користам само едно средство. Бели работи сум оставала да отстојат во Вениш, па после перење, ама само во ѕоа средство
Јас цело време мислев дека машината ми ги прави флеките, а не беше нешто стара па ја сменивме и сега на неколку пак ми излегоа флеки и дефинитивно е од комбинацијата на фрош со сапуните за флеки. Да го потрошам фрош па ќе го почнам природниот детергент на една девојка на Инстаграм шо го продава, па ќе видам дали има разлика. Еден куп алишта на децата им оштетив досега.