Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Муабет за тепање на децата и старите генерации

    2 случки од деновиве

    - Одиме кај свекрва во дневната и ќерка гледа тепалче за муви или како и да се вика. Го фаќа таа и јас и објаснувам што е тоа и зошто е, во позадина зад мене свекрва и надофрла и за тепање по газот кога не се мирни децата. :^)
    Мал муабет дека ни под разно не е за по газот тоа. Има начини како да биде санкционирано дете и воспитано

    - Вчера низ чаршија, среќаваме една баба,наша роднина, 70+ години. Ја гледаме може еднаш во месец, максимум два пати.
    Муабет со мене и почнува со прашања кон дете. Ќерка ми не и одговара ништо, а знае да зборува ама кога сме така надвор и со лица што не и се баш блиски не е толку опуштена.
    И возвраќа жената, ако те дофатам ќе те натепам оти не ми зборуваш.
    Еве пример викам ако претепаш дете, па како магично ќе почне да ти зборува, тоа едно чудо.
    Се ми личи дека и таа средба од еднаш во месец ќе ја снема.
     
    На Peperutce6, lovely91, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    516
    Пол:
    Женски
    да ти кажам искрено никако не ми е јасна теоријата за стариве генерации и тепањето деца. Не треба којзнае каква едукација за нормален човек да свати дека тоа не е начин за воспитување поготово во време кога децата биле далеку попослушни и каде со разговор и "бели лаги" лесно се влијаело. Оди сега излажи ги децата. Далеку понепослушни се и пак многу се ретки случаите на ќотек како воспитна мерка.

    Е сега вакви "случки" со невкусни муабети при средба со стари лица....no comment. Ама после истите тие лица ќе речат аман снашке детево што толку неќе да не види,нити сме му згрешиле нити нешто сме му направиле. :^)
     
  3. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.758
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Нека не е и физички тепање и муабетот е. Ќерка е дете во фаза која се што ќе слушне повторува.
    Ако јас и речам, држи се за ограда кога се качуваш по лизгалката во парк, следно таа оди по сите деца и ко некој папагал тоа го повторува.

    Од тука и муабетот, за ова ќе те тепам, за она ќе те тепам, кога ќе го слушне, доаѓаме во ситуација да го повторува.
    На играчките, кога гледа цртан или слика во книга да види и имаш
    - Мече, немој да се качуваш на масата, тепам по газот...
    Не е муабет што го слушнала од мене сигурно. Во градинка се сомневам дека со ќотек им се закануваат. Останува од баби и дедовци, бидејќи толку ни е окружувањето.
     
    На Aleks.mar, 1209 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  4. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    9.705
    Пол:
    Женски
    Официјално изјавувам:
    Следно одење некаде со детево е кога ќе наполни минимум 4 години - толку!!!

    На плажа е супер си игра умен тивок освен кога го носиме во вода а не сака да влезе па писка, нормална реакција.

    Ама затоа надвор сака секаде да трча, кај решил таму мора, во маркет е пекол трча меѓу равтови нема шанси да го запреш, не зборење, не кревање во раце џабе ако го земеш вришти. Мм денес со цел памет си тргна на друг рафт го остави ќе се исплашел и дошол :x:x:x:x јас ќе умрев кога сум се стрчала од другата страна, а ова малово место накај татко му метак во друг правец. :sweat:
    На крај двајцата ги избркав надвор, му држел лекции. :|
    А трапав е бре трапав е многу
    На 2 чекори паѓа ама паѓа на заби прво колена дланки и после инерција динг забите и ми е страв да го пуштам само викам пази не тоа ќе паднеш а ептен не сакам ама срцево ми е во грч цело време со него. :sweat:

    Вечер одам во лидл да си земам џин тоник зошто веќе од вчера до денес со мм се скаравме 7 пати од кои 3 пати не му зборев лута по 2ч.
    Или ни треба нешто друго за спласнување на тензијата ? :D8)
     
    На Peperutce6, Aleks.mar и Carolin. им се допаѓа ова.
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    13.382
    Пол:
    Женски
    Можеби очекувањата ви се големи, сепак е мало дете. Ете барем на плажа е мирен, моево лани на 2 години знаеш кога беше мирен и во едно место? Кога спиеше само. Инаку, какво седење на плажа, какво бањање, во сред јули со толкав стомак ме истолчи на сонцето, по цел ден да се одело по улици. И што знам, нервозно ми беше да ама тоа и го очекував некако, мало дете логично дека не седнува.
    Ние пример не одиме сите заедно, маж ми сам оди во маркет пошо и моиве збеснуваат повеќе од 5мин ако се задржиме. Или по ручек ако оди, зема само едно дете.
    Не ги носиме на места кај што беснеат и сметаат на други луѓе освен ако мораме.
    Штом е мирен на плажа не мрдајте од таму, бањајте се, уживајте максимално.

    И јас се спремам психички за уште еден одмор, секогаш викам крај ова беше последно додека не пораснат ама ми се оди и мене.

    @Yowannty Двајцата прележаа пред 2 години, малово сега нема од кој да префати :D Ќе чекаме да тргне во градинка, па уште едно тресење и толку.
    Тука кога се распрашував за вакцина (и за двата типа сипаници) ми рекоа може ама најдобро антитела да се испитаат прво. Ама пак некако чудно ме гледаа, како да сум прва загрижена возрасна особа.
     
    На Carolin., 1209 и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    9.822
    Мајки, не знам колку е прашањево за тука, ама да прашам.

    Гледаме нов стан да купиме во Скопјево. Во глобала реон Влае, каде што сме сега.

    Е сега, јас сакам на приземје и гледам исклучиво со двор. Сакам бебево мое да си има надвор катче за играње.
    Ама од аспект на безбедноста и воопшто од околината, не знам како би излегало живеење на приземје.
    Дали некоја од вас има искуство? Дали сметате дека е небезбедно?
    Стварно не знам што да правам... Друга солуција ми е најгоре, дека имаат поголеми тераси становите. Ама што гледам помали згради семејни, обично се без лифт. Сепак не би до 3ти кат без лифт... А не сакам ни голема зграда со повеќе станари.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    12.733
    Пол:
    Женски
    Пиши ми лп.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Добро поминавме, првиот ден плачење и вториот исто и после по старо. Битно спиеше цело време навечер. Температура не крена.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    13.382
    Пол:
    Женски
    Искрено, во Скопје веќе да ти е страв било каде да купиш, одвратно е станато. Јас не би спиела мирно или ако морам, јака врата и решетки на прозорите ќе ставам.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.151
    Допаѓања:
    4.493
    Пол:
    Женски
    Незнам јас не го доживувам уште така скопјево, за приземје живеење само навика е (мм еднаш спиеше кај мене во куќа и 5 пати стана да провери врата дали е заклучена хаххаха вика мн ми е чудно на ниско, дека цел живот на 5ти спрат а јас кој знае колку пати отклучена па и вратата некогаш зезаше ќе се подотвори хаха би шизнал он) , по населбите мислам е помирно, ама еве хром сум и мирно е и океј е не сум чула тука нешто или во зградава , доле имаме со дворчиња старите газди на местото, мене не ми се свиѓа, бекатон заградено со ограда и со зелена вештачка трева просторче, како бункер. Имам куќа со двор со тревник, со овошки со све во населба и нема замена. Така да куќа е решение ако се сака двор ❤️ денеска внуката се инаиграа година ипол е, собираше лешници значи еден сат тоа и беше занимација, и сериозно ја сработи работата, моево си го шеткав со количката и така.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.060
    Допаѓања:
    13.382
    Пол:
    Женски
    Сигурно е навика, знам сум живеела и во куќа, и на 15ти спрат ама Скопје последните 3-4 години ич не ми се свиѓа.
    Види факт е дека никој не ти влегува дома кога има некој (ако за крадење влегува) ама пак језиво ми е, сум била сведок на многу случки и може затоа имам некој набиен страв. Да не ширам паника, ова е само мое чувство. Јас често останувам сама со децата и може затоа сум таква, опција ми беше малино или камери :D Ама уште куче ми фалеше во овој хаос, па ставивме камери и аларми и пак не спијам мирно :drunk:
     
    На LiquidLuna и Ladyme им се допаѓа ова.
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    3.847
    Пол:
    Женски
    Ние сме најгоре, имаме огромна тераса од 70м2 и ептеееен ја користиме. Во пролет и есен живееме на тераса буквално, лето е малце топло па попладне само седиме - за наредна година маж ми размислува да го климатизира стакларникот :~: наредна година сакаме да направиме и обложен дел за бебка да проодува и да си играме на подлога на пролет здравје :l: јас не се осеќам сигурно на приземје … што погоре поубаво 8)
     
    На LadyR и Skyler им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.607
    Допаѓања:
    23.616
    Пол:
    Женски
    Јас на приземје незнам. Не би.
    Кога ќе сте вие дома е ок. Дворче, колку е дворче тоа незнам, ама пак ќе бидеш заградена , зошто проста раја живее и во филџанот ќе ти зјапа. Приватност 0, ако не си заградена.
    Е кога нема да сте дома, а мислам имаш кажано дека често одите надолу на гости, опција да ви провалат секогаш има.
    Комшииве со аларми, камера, ги опљачкаа…
    Не е за да те плашам со проваливе, ама доста луѓе што јас ги знам, а се на приземје, биле провалени.
     
    На senjorita-v и LadyR им се допаѓа ова.
  14. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    9.822
    Па одиме многу често кај нашите, да не речам скоро секој викенд. Ама мачно ми е, затоа барам солуција каде детево мое би имало простор за играње на воздух и тука, да не се макнеме секој викенд надоле.
    Стварно не знам што да правам. :|
     
  15. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    2.427
    Пол:
    Женски
    Леле и ние бараме, каде гледате Александрија ли? Дај сподели жити мене, пиши ми лп ако не ти е проблем
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  16. OneMiss

    OneMiss Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Nikad ne bi zela na prizemje, od 2 do 4 kat samo.
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    1.062
    Пол:
    Женски
    Ние сме на приземје во Карпош 2 и мене ми е океј, не сум осетила некој дополнителен страв зошто сум на приземје. Мислам дека ако некој се решил да влезе ќе влезе било каде :) Е сега немаме двор не знам дали можда тоа би било дополнителен страв зошто балконска врата од двор е попристапна, ама можеш дворот поубаво да го заградиш.

    Ама според мене веќе ако сакате така, а барате реон Влае, јас би побарала куќа, мање више во Ѓорче можеби по би можело да се најде нешто. Дворовите во стан се се само не асален двор. Генерално бекатонки со вештачка трева, и приватност 0 зошто од лево, десно и одозгора сите ќе те гледаат како што спомнаа членките.

    Или мене ако не прашуваш, што со мм се каниме со години и некогаш ќе се оствари што сака нека биде, да си бегаме на југ - најубаво решение :D
     
    На Mother of 2boys и Ladyme им се допаѓа ова.
  18. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    9.822
    Секако ќе биде убаво заградено ако е двор, и со аларм и камера. Не би оставила така. Иначе ако решат, не дека е пресуден станот. Претходно кај што ми беа канцелариите, имаше и на приземје станови со прозорци на пола метро од земја, директно да си влезеш. Ама им влегоа на 6ти кат на луѓе...

    Ехххх на југ хахах, и ја би. Имаме и куќа, и стан, и плац за нова која ни е наумена долго време. Ама работиме у Ск, за на југ ќе треба и друга работа да најдиме, што скоро е невозможно да биде иста плата ко сега. Ама во пензионерски години ќе го уживаме секако. :D Никаде :sun: не е како таму. :l:
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.426
    Допаѓања:
    19.854
    Пол:
    Женски
    Оваа мајка го остави детето во градинка и дреме во кола пред градинка, жими се не сум никаде да тргнам, ми рекоа пола саат до саат максимум денеска и си чекам..:tmi:
     
    На Lady Miami, joy1, Ladyme и 6 други им се допаѓа ова.
  20. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    538
    Пол:
    Женски
    Колкаво е детето?
    Почнуваме и ние наредната недела па кажи ми како ќе поминете:D
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.