Денеска и ние 3ти ден, не плачеше кога го земав. Ама мислам помало е моето, помалку разбира 13 месеци е.
I po igroteki koga setaat deca sto kaslaat i im tece nos . Znaci prvo i za toa dete e e dobro da se mesa so kup deca nastinato a posle i sto ke zarazi drugi. Nie ako sme nastinati ni odime negde ni pa doaga nekoj, mada ja gosti po doma ne pribiram epten retko 2, 3 pati godisno vo stan mi e sve novo pa izbegnuvam nervozi da mi slapa nekoj eventualno ako e toplo setame sami nadvor kaj sto nema da se mesa so deca. Aaa da mi dojdat taka bolni i bi gi vratila
Пијам прво "утринско" кафе јер обавезите дури сега ми дозволија. Главата почна страшно да ме боли. Трет училишен ден со прваче и седмаче. Нема емотинка тука за да опишам како се чуствувам. Вчера цело ден на нога направив чекори колку прошлиот месец цел. вчера правев крвна слика маснотиите покачени. Во темата мотивација за тие што сакаат да ослабат пишував пред околу месец дена на таа тема и фала за советот што ми рекоа да правам испитувања. Се осеќам уморна, капак на се и вакцина примивме после мноогу долго време и мислам дека кревет и некои суплементи добро би ми дошле. Среќа што си извадов боледување инаку ќе си цркнев
Детето без никакви други симптоми. Така низ муабет се спомена дека неколку часа претходно имало температура. И не ми беше воопшто згодно, прво што дошле без да кажат. Јас не се осудувам да појдам меѓудругото.
Да си ја олеснам душата некаде зашто ќе пукнам. Ако некој ме читал во породилни знае каков пораѓај имав и дека не си го видов детето 2 дена ништо не знаев. Веќе сме две недели. Кај мене едноставно не се воспостави тас лактација. Бебето доеше , мене брадавиците цели во крв. Она дои крв и тече у уста буквално. Јас се тегнам со нозе плачам на секое доење и кога ќе дојде време буквално ми е страв. Терав така 4 дена. Отидовме на прва контрола бебево ослабнало уште 200грама. Плус тие од болница. Ми ги виде градите, вика овакво нешто не сум видела одамна, како си се осмелила да ја ставиш на цицка секоја чест. Ми рече да пробам со силиконски а вака на голо никако. зашто мене буквслно ми тече крв а жлездите затворени она ништо не влечела. Многу се разочарав кога се врстивме од педијатар. Силиконската не сакаше да ја прифати, односно не влечеше само онака ја држи во уста. Купив пупма и ајде вадам по 60 70мл доволно за еден нејзин оброк. После 3 ипол денс на педијатар детево 130 грама качило. Супер напреднала фала богу. Сега седат на кафе бабата на мм и свекрва ми и ајде ми оздравела малку брадавицата да проба . Луѓе мене страв ми е ама жал ми е и за неа сакам да пробам пак. Она жива не прифаќа цицка. Јас се мачам и ставам у уста бабава коментира, не така, не вака, не знаеш ништо. Што си ја научила така од шише полесно ти е на тебе место малце да се помачиш , каква мајка си ти. Јас си го земав детето и отидов у друга соба и она и понатака си кометира дека ја ќе бидам крива ако детето ми е млитаво и никакво пошто нели морам да ја дојам по секоја цена. Свекрвата си ќутеше нитшо не рече. Луѓе јас се убив од плачење, на детево солзи на лицето и паѓаа од мене. И таман малку се опуштив со неа , сега пак се осеќам како најлоша мајка на свет што не можам да ја дојам. Јас многу се трудам да јаде , и пијам чаеви и боза и се што ќе слушнам дека е добро за млекото. И стварно и вадам океј количина скроз. Станувам на саат ипол да се измолзувам за да јаде, не знам се осеќам ко да не правам доволно за своето дете. Многу ми е тешко и многу ме погодија овие зборови. Извинете за негативниот муабет, обично не сум таква.
Не ми ги споменувајте таквите без осет. Пред 1м сестрата на мм ми кажува дека во групата на нејзиното дете имало сипаници и коксаки, прашање на време е значи кога ќе фати и нејзиното. И реков ок, тогаш ќе се гледаме само на отворено некој период. Луѓе, се изналути, се навреди, две недели не ни збореше мене и на мм. Ете ја после 2 недели се наканија да ни дојдат на гости, ајде со тешко срце прифатив, иако знаев дека уште има ризик. Во неделата беа кај нас, во средата ние се пакуваме за на одмор, таа се јавува да ни каже дека детето и исфрлило сипаници. Нозете ми се пресекоа, не е едноставно бебе од само 3м да прележи сипаници. Лом го направив мм, и му кажав отсега гледање со нив само на отворено штом немаат осет и одговорност никаква. 21 ден не дишев, само чекав, за среќа бебка не пројави сипаници. Ама јас си знам кој стрес и нервоза го изедов заради дотичната. Ем и реков, ем и синко кога имаше сипаници во групата во градинка, а нејзиното тогаш беше 7м, и реков да не се гледаме заради ризик. Не се гледавме се додека синко не прележа сипаници. Како што бев коректна и јас према нејзе, така очекував и таа да биде према моето бебе. Ама сите сме различни. Следно, едни пријатели сакаа да дојдат на сповојница, а ден претходно двете деца им биле со темп ми кажува мајката. И кажав дека периодов не примаме гости, и се налути. Многу ми е гајле искрено, моја задача е да ја заштитам бебка колку можам. Таа веројатно од батко и ќе се разболува, тој е 2 одд, ама дома ми е синко нормално, не можам да ја изолирам од него. Ама од сите други без осет можам.
Ти си најдобра мајка на твоето дете и никој не слушај. <3 Секоја чест што си издржала да не искоментираш. Јас ќе се раскарав
Ич да не слушаш баби.. собери си детето и не седи со нив. Јас минимум комтакт и со свекрва и со мајка нити сакам да ми помогнат нити треба да ми се мешаат. На кафе досѓаат на ддве недели и си одат - доста е. Тешко ми е сами ја чуваме со маж ми ама мирна глава и многу љубов домаааа
Секоја втора мајка првиот месец го поминала со молзење и/или адаптирано, не се обесхрабрувај. Јас последен ден во болница се супер ја доев, доаѓаме дома џабе не фаќа и не фаќа и само урла а и јас со неа од немоќ, страв, замор, хормони. Се молзев и давав адаптирано првите денови па некако фати со силиконски и теравме така некоја недела дур ги тргнав и еве 5 месеци сме на ексклузивно доење. Гледај да ги заздравиш брадавиците ако сакаш да продолжиш со доење, а во мегувреме давај и од шише со слаб проток за да се мачи да влече да не и е лесно ( моја препорака Филипс авент 0). Ако си од скопје викни ја и Јасна консултантката за доење да ти помогне ама не се откажувај чим имаш млеко и чим сакаш да доиш. Најбитно од се тргни ги мислите дека си немајка и кој и да ти трупа негативно од страна бегај подалеку и не слушај. Ќе стане полесно верувај во себе и своите мајчински инстинкти
Мачкај ланолин и остави да поседи барем 15-20 минути така на голо, не облекувај маичка. Искрено, силиконските според мене за ваков период се супер работа додека се воспостави лактација, после бебе ќе влече многу посилно, ќе има сила и ќе си фаќа самото без силиконска. Мојата доенечка приказна почна навидум лесно, самиот фати во болница, се супер, доаѓаме 2 дена дома, на ексклузивно доење, одиме на мерење, паднато во килажа. Педијатарот одма и ад да додавам, се измолзував цела недела и плус ад, макар што беше 80% на молзено мое. Пробувам после 1 недела на града, не сака, сестрата кај педијатарот ми вика молзењето е супер додека те држи еуфорија ама месец-два ќе ти дојде преку глава од стерилизирање и ќе баталиш. Пробувај ставај го на града. Јас си дојдов дома уплакана и реков не дојам. Свекрва ми истиот муабет, како може бебето да го оставиш да не го доиш, ме стискаше по градите “да го намести”, ме раскрвари до ден денес ми е трауматско. 2 дена не доев, се измолзував по 2-3 пати дневно, спремна да се откажам. Во глава си се помирив дека јас нема да дојам, го пребродев притисокот што ќе го имав од околината, се супер. После 2 дена се гушкаме со бебе, самото си се сврте накај града, без очекувања понудив града, си фати, кога ќе нудев и не сакаше да фати користев силиконска и ден денес знам во кризни моменти да ја ставам. Ја викнав и Јасна повеќе за да го измери да знам дали цица доволно, ми изназборе против силиконските, ама ако не се тие во кризни моменти ќе се откажев уште од сам почеток да дојам. Многу е тежок почетокот, на сите хормони, се осеќаш ко лајно и уште доењево е капак на тоа. Пробувај без форсирање, сум читала многу искуства против силиконската ама мене многу корисна ми беше.
2год е моето, ептен плаче ама се надевам ке се навикне по 1 час седи, убаво било вика, кога го прашувам дали ке оди пак вели да.. ама таму друга песна..
@Peperutce6 , на форумот има куп мајки кои успеале да хранат дете со молзено млеко. Не си ставај тежини, секако си најдобра мајка, па дали ќе гледаш дете со Ад или доење или молзено млеко. Имам пишано свекорите често знаеле да споменат дека многу пари кошта Ад, маж еднаш низ муабет демек толку и толку пари имаме за млеко за детево потрошено. Му се налутив и кажав тоа да му е последно што ќе го спомене. Кантар сигурно нема да ставам на детето колку ме потрошило во животот. @Carolin. ќе се опушти за неколку дена, не се откажувајте во секој случај. Мое мислење е дека можеш нова тактика со тоа што муабетот да биде мама да појде на доктор, заболекар или каде и да е и ќе дојде да те земи. Поголем е сега, повеќе разбира, може и со самото што знае дека си во близина и чекаш му е повеќе како опција дека ако плаче ќе го земиш веднаш.
Бабата за греота. Јас молзев 9 дена на саатипол, најмачното нешто и најголема жртва. После прифати града и еве се доиме 13+ месеци. Пробај вака додека можеш да издржиш.. И да не прифати града, да сте живи, здрави, спокојни и наручкани
@Peperutce6 исто и кај мене уште во болница бебе ми ги раскрвари брадавиците, со рагади, но не до тој степен да му тече на бебе крв во устата. По совет тука на членки, успеав да заздрават. Штом те советувале на доктор да не ја доиш на голо додека не заздрават брадавиците, почекај, нека заздрават, после полека ќе се мачиш да фати брадавица, ќе бидеш упорна. Срам да и е на таа бабата, избегнувај такви негативни особи што мислат дека се знаат, сега сме најемотивни, уште да слушаме глупости. Не се нервирај, бебе чувствува.
Дали сега имаш рани? Ако да, пиши ми ќе ти кажам Јасна како ме советуваше.. мачкав мешани 3 креми. Јас си се изнамачив со тоа, исто бев 2м скоро со дупки огромни на гради.... А за бабиве, пробај да игнорираш. Прави си како мислиш дека е најдобро и за тебе и за бебе.. не треба психички да се пореметиме, за на некој друг да му докажуваме. Игнор, тргај се од нив. Едно доев 12м, второ едвај до 5м со комбинација на ад, третото еве го 13+ уште цица. Сите здрави, прави, среќни дечиња си се.. Воопшто да не си ставаш такви глупи коментари на срце...
Еве и јас ќе ги поддржам силиконските, првиот месец доев со силиконска, по 30дена бебка сама фати без да форсирам ништо. Послабо напредуваше со силиконска да…ама да не беше тоа прво ќе фстев мастит зошто градите ми се наполнија 6-7ден од раѓање а она нејќеше да фати цице а второ никогаш немаше да дојам. Многу сум благодарна што постојат. Исто и јас за некој ден 3месеци доење и кога ја фаќаат будалите и нејќе да цица ставам силиконска и прифаќа полесно. @Peperutce6 не си прсви стресови и води се по инстинктот како да бидеш мајка.. најприродна рабпта на светов е. Бабите пак ќе речам… остај ги на страна тие да требало да бидат мајки сега ќе раѓале на 60-70години други работи си имаат за правење они на нивни години
Јас се молзев 8 месеци на секој 2 саата и ноќе...од кога почна да јаде се препородив. Коментари фрчеа како не се трудам доволно не било исто со доење и мене ич не ми е гајле. Период е поминува станува полесно а и денес Коментари фрчат како многу густо му е јадењето да му разводенам, ранчето мало било и триста глупости секогаш сите имаат коментар за се..
@Peperutce6 главно се што имав и јас да кажам ти кажаа и членките. Од мене само еден плус совет што јас го применувам 7 месеци веќе - чувај си ја приватноста и за да си го заштитиш менталното здравје Јас не дојам пред свекрвата. Ем искрено и незгодно ми е (таков ни е односот), ама многу повеќе за да не слушам коментари. Не доев и на почеток кога исто како тебе се мачев да фати бебе цицка - немав рани ама не фаќаше, 2 недели беше само на молзено, после фати силиконска, па 4 недели после тоа ја викнав Јасна за да ја тргнеме. Еве веќе 7 месеци се доиме. Знам дека сите џабе ти викаме не се замарај, еве мене после 7 месеци уште знаат да ме откачат, а не па тогаш на почеток. Јас само сакам да ти кажам дека ако сакаш - можеш и ќе успееш
Леле мене солзи ми се наполнија очиве читајќи те. Знам дека е претешко на почеток, кај секој со различна причина, ама за секој е непознато поле. Колку о да ти се чини тешко, да имаш кривица, знај дека е нормално. Нормално е било што и да се случи. Повикај консултант за лактација, или ако не си од Скопје закажи средба овде и појди. Секоја мајка и секое дете си имаат различен ритам, сѐ во свое време. На крај краеви, имаш опција и да де измолзуваш ако не фати и да пие од шише. Имаш опција и ад да даваш. Значи за се' има решение. Бакнувај си го бебенцето, и не се замарај. Што ќе кажела оваа или онаа ич уво да не те боли. Демек они поарни биле... Фокусот и енергијата насочи ги само кон тебе и бебенцето. Се' друго од надвор на игнорирање.
Луѓе што прајте со грди играчки што ви ги носат на поклон значи вчера ни дојде роднина на маж ми блиска ептен и пуна себе донесе едно маче од оние на земја што ги продаваат на плоштад сигурно сте ги виделе две недели ми пишуваше дека и купила поклонче и дека сака да ја види … иначе не прајме повојници не чекаме гости ама пошто инсистираше маж ми вика ок ајде пиши и нека дојдат. Дојде женава и го донесе мачево и цело време збореше каква убава играчка и купила па и ја пика во неа, на крај ја земав и викам ќе ја исперам прво па после ќе си играме … кога рипна вика нееее на батерии е никако ќе ја расипеш хахахах ја па не ни загледав и денес ми пишува сликај ми ка со играчката играчката у канта секако