Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.589
    Допаѓања:
    33.668
    Пол:
    Женски
    Немој толку јавни детали и муабети на форум сестро :D
    Ќе се препознае некој 8)
     
    На Kjara2025, Fenix05, Tea SK и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.876
    Пол:
    Женски
    Постара жена е нема достап до вакви форуми :D муабетот ми беше имам играчки што нејкам да ги имаме во соба кај керка ми дали фрлате дали подарувате или ги чувате :drunk:
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Да ти каснат од газот.
    Ти правиш најдобро што знаеш и мислам дека нема смисла да патиш. Слушај си стручни лица не баби или дедовци.
    Друго, муабетиве глупи кога најмногу поддршка ти треба, најмногу те погодуваат. Да не си вака под влијание на хормони сигурно би им кажала се што треба.
    Многу е полесно да доиш, посебно кога е мало и ништо друго не го смирува бебето. Друго разгледај видеа на youtube дали бебето добро фаќа. Можеби лошо цица и затоа ти ги крвари брадавиците. Треба целата ореола да е во устата не само врвот од брадавицата. Значи ти доиш, бебето цица. Ама ако цица лошо рани ке си цело време. Ако успева со силиконска, тогаш така терај. Секој случај е за себе. А бабата за своето дете нека се грижи, ти за твоето.

    Денеска во раце го преносиле, па бил помирен. Ке видиме како е е моево. По муабетот разрав дека сте поголеми, дека зборува. Ова малово кога го изнесоа вчера кога ме виде како спасен од пуст остров.

    Јас не фрлам. Сепак е дете. Не мора да убава играчката за му е интересна или да се игра со неа. Ако го стимулира и го тера на игра, ок е.
    Добиваме и алишта несразмерни и помали, па не оставаат сметка да се смени... а им кажувам дека е мало, покрупничко ми е детето... ама тоа ако може нешто носи, ако не нешто чувам, нешто подарувам ...
    Мене некои подароци така некоја лоша енергија ми зрачат...може не сум арна. Ама се гледа дека нешто што добиле на подарок, отворено, не им се допаднало па ми го носат мене. Мнг ми е грдо.
     
    На Peperutce6, merriel0, Carolin. и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    7.713
    Пол:
    Женски
    Фрламе. Јас ако не фрлам, мм фаќа фрла и што треба и што не треба, за колку играчки сум му се лутела, ама тоа е.. Ме насмеа со мачето леле такви плишани особено мразам, па бонус батерии за бебе, крш :rofl:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.876
    Пол:
    Женски
    Никад на бебе не би му донела вакво играче :( а за несразмерни алишта или за машки алишта кај девојче е втор муабет хахаха и тоа имавме. Апла машки шпихозни за година дена на повојница (facepalm) и ми се јави да ме праша дали ми се допаднале. Викам да ептен фала 8)
     
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.140
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    Алишта ако не ме бендисаат фрлам, играчки немам фрлено посебно тие таквите мачиња со батерии колку имам до сега купувано оти потаму ги игра, кучиња имам земано и сега некои зајачиња имаше последно купив.
     
  7. OneMiss

    OneMiss Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2025
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Jas takvi igracki nosam kaj svekrva mi da si igra tamu , za doma mu se poubavite, a ne go prepodaruvam zasto ako ne mi se sviga mene zasto bi go dala na drug da se brukam
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    7.826
    Пол:
    Женски

    Аааа, само мисли си дека нема. Свекрва моја е прва за социјални мрежи, форуми и се останато. :rofl:

    За алишта ако не ми се погодни, утнале сезона, донеле помали во главно подарувам. За поголеми чувам. Ако успее да ги носи супер, ако не исто ќе подарам.

    За играчки плишани имаме преубави и само место ми фаќаат. Дете скоро и да ме игра.
    Претходно што имавме постари, нешто во игротека однесов.
    Сега во нашава градинка собираат играчки, па така таму се спремам вишоци да дадам.
    Во игротеката и плишани можеше, а знам дека не е баш и најхигиенски со нив да се играат многу деца. Ама кога им требале, бујрум.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lala15

    lala15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Извини може ќе бидам директна, ама ова ми е ептен неблагодарно. Ако не сакате да ви доаѓаат кажете им, а за подарокот толку имале, толку дале. Некои последните пари ги даваат за да ви укажат чест, а вие се жалите на форуми.. на крај краева, не ги фрлај дај ги во Црвен крст, има милион деца кои немаат играчка видено. Не се капат сите на планетата со мед и млеко.
     
    На Madi, Fenix05, Tea SK и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.876
    Пол:
    Женски
    Не сакав да звучи неблагодарно ;( чисто сакав идеи што правите со стварите што не ви се допаѓаат или не се за вашето дете.
    Нејкам да фрлам жално ми е … од друга страна глупо ми е да донирам/реподарам нешто такво и останува да ми се матка низ куќа и да ме нервира
     
  11. EnaEnA30

    EnaEnA30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо фрлено од тоа што ми подариле, работите што се големи, на страна ги имам ставено, баш деновиве ќе прегледам што може да му е веќе добро, тие што му беа мали донесени исто ги тргнав на страна и планирам да ги подарам некаде и не гледам ништо лошо во тоа, не е дека не ми се допаѓаат туку едноставно се роди поголемо бебе и 50ки од прв ден му беа мали, особено па по долги на сред лето, ама некој сметал дека е убав подарок што да речам. За играчки му стојат во неговата соба како украси, внук ми ни беше на гости пред некое време се заигра со едно мече и му го поклонив. Имаше и облека од материјал кој мене лично не ми се допаѓаше, можеби ќе го подарам со други повеќе работи, тоа што мене не ми се допаѓа не значи дека на друг нема. Исто добивме и од едни роднини што се социјално загрозени памучни бодиња 10тина од турска рандом продавница, старомодни се бодињата ама знам дека може последните пари ги дале за да направат чест и му ги облекувам зошто памукот е океј. Не сум помислила да замерам за подарок, има луѓе што доаѓаат од различна позадина и со различен буџет, го ценам трудот што го направиле за подарок. Исто така знам и дека некои од подароците се од нивните деца што не ги носеле, не им се допаднале ама и тоа не замерувам. Ми падна криво за едни пријатели што се многу поситуирани од нас со поголемо дете што ни донесоа еден пар плишани шпихозни во сред лето (нивното е зимско дете) а ние секогаш сме носеле сѐ нај, нај. Ама тоа е, секој со својата совест.
    Исто добивме и 4 радосници за мекици а веќе имав дома и тие планирам да ги подарам зошто немам што да им правам.
     
    На Madi, ohlala, Ladyme и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.608
    Допаѓања:
    185.146
    Пол:
    Женски
    Чувај. Не мора да ти стои изложена, чувај ја во некоја кошара со сите други останати. Не знаеш колку грди играчки за нас, нив во еден период можат да им бидат интересни и ти кафе да пиеш раат дур се занимава детето токму со најгрдата играчка. :D
    Алишта што ми носат, а не ги бендисувам, им ги облакам исто така. :D За по дома. Нон стоп по под се, коленици литат, кинат, флекаат. Ќе си ги поносат па чистам по дома и фрлам. Ништо што ми подариле не сум фрлила. :) Не секој може и знае подобро.
     
    На le.soleil, Tea SK, fragaria и 4 други им се допаѓа ова.
  13. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Јас така се нервирав со едно плишано играче што има внатре нешто миризливо. Мразам такви работи, како освежувач за кола мириса (а и штетни се). Има ли некоја финта, да ги извадам тие топчињата што се внатре па да го сошијам? Работата е што синко го засака веднаш, му даде име, го гушка го чува, го бацува.. ноќе среќа не го бара, кога ќе праша за него му викам дека заспало во дневна, ај да не го будиме :D
    Инаку од играчки немам фрлено досега. Од неколку само имам вадено батерии, сега има едно багерче што вози и свири и кога ќе ми се смачи викам оууу се потрошила батеријата и гасам :D
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    6.645
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6 тоа со молзењето, е најмногу што можеш да направиш за бебка. Цицање е цицка на изволте, ад е промати, дај на бебе. Измолзувањето е најнапорното нешто. Така да, верувај дека многу правиш. А бабите, игнор.
    Чуден феномен ми е тоа што, прво напнуваат за доење, после напнуваат дека млекото више не чини, одбиј го.
    Кој ви дал право??

    @Baby warrior
    Кај 7 месеци, најиграната играчка и беше тоа.
    Ради тоа куче научи да лази .
     
    На le.soleil, Peperutce6 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  15. defocus

    defocus Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2023
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Ништо немам фрлено, ни пак најдено замерка за подарок. Незгодно ми е така малце што секое видување некој ќе се потроши за детево. Нема потреба да си стават обврски ама тоа подароците ни се ептен во менталитетот, дури премногу според мене.

    Дојди да се видиме, да мислиш што да погодиш па да одиш да купиш стварно не мора.
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.619
    Допаѓања:
    23.744
    Пол:
    Женски
    Другарчки форумски!
    Една цела година помина. Моето мало ќофте, мојата мала буцка, полни 1 на , година.
    Цела едно година, луд ролекостер. Една година учење, да бидам мајка и да го правам најдоброто за неа.
    Една година будење со најубавата насмевка и најнежниот поглед. Една година љубов, гушкање и најубавото мама.
    Една година, како животот е сменет 360.
    Илјада пати ќе се раведував хахахха, ама сепак сме тим со мм, со кој љубовта ни расте секој ден.

    Повелете торта. А мајкава чека уште малце, па да искочам од работа и да досредиме декорациите за мојата пеперутка.
    IMG_1936.jpeg
     
    На DELFINA81, Johanna22, le.soleil и 40 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    Да е жива и здрава и секогаш најсреќна! :l::f:
     
    На fragaria и BellaBibi им се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.923
    Допаѓања:
    77.511
    Пол:
    Женски
    Нека и е најсреќен првиот роденден, жива, здрава и највесела да биде :hug:
     
    На fragaria и BellaBibi им се допаѓа ова.
  19. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    35.194
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден пеперутко мала! Секоја желбичка да ми ти биде реалност!
    А за мама, ќе кажам секоја чест. Година дена си мајка, а толку многу научив од тебе читајќи те низ темиве.
     
    На Mother of 2boys и BellaBibi им се допаѓа ова.
  20. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.608
    Допаѓања:
    185.146
    Пол:
    Женски
    Среќен Роденден. :^:
    Божеее и ова форумско бебе порасна, како вчера да се породи. :sun:
     
    На LiquidLuna и BellaBibi им се допаѓа ова.