Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.619
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    :l:
     
  2. lady1987

    lady1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    102
    Среќен роденден на ќеркичката, да е жива и здрава :l:
     
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.335
    Допаѓања:
    92.278
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на ќерче, жива здрава голема да расте, секој ден да ве радува а вие да уживате со неа :l:
    Имајте најубава роденденска забава :inlove: и убав ден :f:
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Среќен нека е Роденденот Бела, нека има безгрижно детство и многу здравје. :party::^:
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.786
    Допаѓања:
    10.520
    Одмор ден втори, уште кровен куфер што не земавме, пола стан го спакувавме за не дај боже, за ќерка ми да си игра со шишиња и да се влече по деца.

    Колку е различна секоја фаза од животов, а на крај е само круг. Додека бевме сами слободни колку авантуристички патувавме, со мењање куп летови и долги престои, од скапани ербнб до убави хотели, сега до Грција обавезно 2 паузи и еден саат временска разлика одма драматично ја осеќаме. Хотел бирање трескање пари оти првпат со бебе, страв од се.

    Хотелот врие деца и малку ми дава мир тоа што гледам дека сите сме во истите г*мна, една мајка тера контактни дремки, друга дои одејќи, трета се бори да смени памперс, четврта меша формула за бебето, а тодлерот и го превртува шишето.

    Додека тепнеме ќе останеме пак сами двајца и пак ќе патуваме мирно, ама оваа убавина што толку изморува за ништо на свет не ја давам.


    Иначе ми го преврте кафето на доручек ме направи лом, после се дереше на плажа како диносаурус и ме влечеше за купачи, па се одра плачејќи пошо ја тргнав да не јаде песок, ама се е преубаво :rofl:
     
    На naturally, MariaBouli, Kejt362 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    2.440
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на ќеркичката Биби, да е жива здрава и највесела. Како вчера да пишуваше во труднички.. лета времето ;(
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    951
    Жено, па какви зборови тешки ти слушнала ти, и мене душава ме заболе што те читам.
    Настрана доењето, шише и сите тие работи, во тој толку ранлив период кога ти треба најмногу поддршка, вакво нешто да чуеш и од непознат ќе те боли, а не пак од близок. И на мајката и треба мајка, и нежен збор и грижа, особено толку набрзо после пораѓај. Ова што ти го кажала е тотално без осет.
    Веќе и премногу правиш од се што пиша, молзење е 200 пати потешко од доење. А и да се решиш за ад, ич да не ти е гајле кој што сака нека каже, ти си најдобрата мајка за своето бебенце и крај.

    Е сега за доењето, мислам ти пишаа. Избркај баби од дома, соблечи маица и мачкај ланолоин убаво дебело нека стои. Ќе зарасне, нека мине време. Нека пие од шише дури закрепнеш. Е после, гледај на јутуб видеа како да направиш добар фат, или викни ја Јасна да ти помогне како да го наместиш бебе за да не ти прави пак рани. До тогаш земи шише со најмал проток за да мора да шмука и да „работи“ за да добие млеко - обично сакаат шише а не цице пошо само им тече млекото од шишето и не мора да влече. Моето ми беше таков случај, па некој период и давав шише кај мене во раце, и на брзина мм ми помагаше - вадиме шише и ставам цице во уста, да не примети, па некако продолжуваше да си цица.
     
    На merriel0, Carolin., Change. и 2 други им се допаѓа ова.
  8. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    951
    Издржи мама, ќе се навикне. Големко е разбира така да многу зборење. Ја цело време зборев дека мама ќе ја земе секогаш одма после ужинката, и ќе те носам на тие лизгалки, да го галиме мачето на комшијата бла бла. И дека е многу убаво таму и ќе си игра со децата, дека има многу играчки и песнички и wow какви коцки и топки имало, а можеби денес и балони ќе има, можеби на некое дете ќе му е роденден и ќе пеат. Ама хајп правење, да не си дозволам и ја да сум стресена и down. Функционира :D

    @BellaBibi среќен роденден :sun::f:
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    2.440
    Пол:
    Женски
    Ај да шкртнам и јас, дневникот од одмор. Искрено, како очекував, топ пројдовме.
    Бебево ми е многу флексибилно на секоја средина се навикнува одма. Топло, ладно, купаќи, скафандери, ништо не и смета. Маж ми не обича плажи, па си направивме договор. Јас "спијам" со бебе во спална, он во ддневна. Стануваме 7 сабајле, му ја предавам и се враќам да спијам 3 саати. Они одат надвор да шетаат, лулашки, доручек и ја враќа во смештај за прва дремка. Он ја успива, јас правам едно гооолемо турско и бегам на плажа. Кафе покрај море, нема нема поубаво. Е тука одмарам добри 2 саати додека шефицата спие, татко и ја чува. Доаѓаат на плажа и ср бањаме тројцата, значи пресреќна беше во вода, по еден саат ја бањавме. Е после за возврат маж ми идеше да вежба јас малце се борев со неа и со песокот ама битно кафето раат испиено секој ден. Навечер стандард шеткање, им се радуваше на дечињата, душичка..
    а спиењето навечер..исто како дома.8)
    Искрено, да можев уште 10 дена така ќе терав. Едвај чекам следна година пак. :sun:
     
    На Carolin., MariaBouli, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    значи воопшто 15ти век така било. Мора да се дои по секоја цена. И јас сакав и ти сакаше да доиш ретко која мајка не сака да дои. Како да биди детето млитаво и никакво? Не разбирам. Јас првото не го доев а млеко имав дури и на пазар да продавам. Второто го доев дури после 2 дена од пораѓај ми дојде млеко. Во двата случаи стресови првите денови. Недоеното е далеку подобро во килажа од доеното. Значи е далеку од млитаво и никакво. Доеното ми е суарка,кожа и коски ко неухрането ама здраво право жилаво способно. Значи нема врска муабетот од старата. И знам,тешки се коментарите од луѓево од страна, воопшто не се размислува пред да се каже нешто. Доењето е најтешкиот процес. Верувајте ретко кому му е лесно. Додека испакнат брадавиците додека се отворат млечните жлезди додека детето научи да влече... настрана раните болките и крварењето. Излишни се коментари. Подобро да се поќути.
     
    На Carolin., Change., fragaria и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.695
    Допаѓања:
    3.475
    Пол:
    Женски
    @BellaBibi жива, здрава и голема да расте! Само да се смее пеперутката твоја :)
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.335
    Допаѓања:
    92.278
    Пол:
    Женски
    Има денови како денешниот кога не знам што со себе дур тера бебе дремка.
    Спие саат ипол два сигурно, ручек имам, се е средено низ дома, перална пуштив една не дека требаше :drunk:
    Не знам да седнам и да одморам, да гледам филм или книга нешто (facepalm) седнав... станав, ај цвеќиња вадев и тоа трчам како да се брзам ама така сум откако сум породена од што сакам се да е на свое место (facepalm) ако лежам и не праам ништо имам грижа на совест т. е неубаво се осеќам. Кажете дека не сум единствена и дека оваа не е некоја дијагноза:D
    Маж ми е на работа и тој вели аман седи не мора ништо да прајш... и еве тесто замесив за погача или кифлички :drunk: па после ќе ми е криво оти сум почнала а синко ќе стане и ќе се занимавам со него.
     
    На An43, Carolin., Aleks.mar и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    Најново денес е дека се измолзувам за да можам да седам на телефон.
    Ќе ме умрат луѓево и не можам да верувам како луѓево размислуваат и колку злоба уствари има во нив.
    Ама нема врска , пробувам да се соземам и да не паѓам на такви зборови такс лесно иако многу тешко ми иде.
    Фала ви на сите за охрабрувачките зборови, добро е некој да те сфати и да нема такви страшни размислувања.
    Баш сега де мислев , ни свекрва ни никој, најубаво сама да си го чувам детето со мм, после дс не бидат муабети.
    Знам дека е многу рано , кога прв пат сте излегле со бебе надвор , на пример на кафе на затворено кога е поладно?
    Ќе збеснам дома а нејќам да ја оставам никаде утре да ми кажат ние сме ти ја исчувале.
     
    На MeowMeow, le.soleil, Carolin. и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.765
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    @Peperutce6 , со такво мислење бев, да не речат ми чувале дете, да не вака, да не така. Сакам да кажам, "се врзав" дома воглавно или бебе со мене.

    Доживување на почеток ми беше да излезам до продавница, на буквално 15 чекори или до аптека.

    За се останато освен на доктор влечкав дете со себе.

    Е сега за да растераш мисли, слободно ставај дете во количка, и завртете наоколу додека е убаво времето. Во парк или кај да е.

    Додека е мало ептен, не го мешај многу во затворен простор.
    Моево е зимско дете и кога запролети веќе надвор си седевме, првите месеци не седнував на кафе внатре со неа.
    Всушност ако се сеќавам правилно 2 месеци беше кога прв пат бевме на ручек со неа во пицерија ама не го практикував тоа ради што во градов и во затворен простор се пуши.

    Генерално игнорирај муабети, што сакаат нека зборуваат.
     
    На Carolin., Mumoftwo30 и Lady Miami им се допаѓа ова.
  15. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    951
    Една недела имаше кога пиев кафе сама со неа во локален кафич на отворено без гужва на есенско сонце :D
    За затворено почекав доста, насекаде имаше раскашлани луѓе, цигари на затворено и сл. Користи прилика сега дури е мало и спие, времето не е ладно воопшто, шетајте надвор, паркови, кафичиња.
    Бабите ако се фини да ти донесат ручек, топ. Ако не таква „помош“ според мене подобро да ја немаш. После смешно ќе ти звучи дека си се нервирала за ова, ама во моментов можам да замислам како ти е, и не е наивно тоа да го слушаш секој ден во ваков ранлив период.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.161
    Допаѓања:
    4.509
    Пол:
    Женски
    Пеперутче сами живеете или со нив заедно?
     
  17. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Женски

    Ваљда е карактер и сестра ми вака реагира на работи кои ги добила а ги смета за несоодветни. Јас пак мислам дека децава се со тотално спротивни мислења од нас. Моево доби исто такво куче од прадедо му уште на 6 месеци, (стариов пресреќен фати бус да му го донесе) прво од памет се вадеше после му стана омилено играче глава ни пукна дома цел ден да лае додека не откажаа батериите ама он важно среќен. Во корпата за играчки има преку 50 разни што ги заборава па кога ќе ги откопа игра со нив пола саата се онака мутави и на лик и по цена
    . А има и преубави прескапи играчки па не ги погледнува само складирам назад во кутии.


    Муабетот ми е, дете ќе игра со сè и наоѓа интерес во тоа што нас ни е несоодветно, ако веќе толку ти смета дома донирај ја други дечиња ќе се радуваат.




    @Noemi ме пресмеа
    Истиот муабет дете вришти зошто му ставив песок во неговиот камион, во кој и сам ставаше де. Мм упорен морал да сака во море, овој вришти нееее бабееее дедеееее неееее ваљда ги бара да го земат не знам, не сме со нив де, на крај се испокаруваме со мм дека е срамота другиве не трпат на плажа со дете што вришти и оп на 3 чекори гледаш иста мака, детево се ваља по песокот плаче за во вода и одма ти е полесно - не си сам !
     
    На Noemi и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.880
    Пол:
    Женски
    9 дена од раѓање, ја шетсвме 30мин низ маало :D
     
  19. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    3.880
    Пол:
    Женски
    Да е жива и здрава Биби :l: мн радости да ви носи
     
  20. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.545
    Допаѓања:
    5.912
    јас кога го прашав педијатарот во систина ми рече дека е уште рано за шетање, за во двор да ја вадам на воздух може. ние сме во куќа ја вадам во двор и по еден саат на тераса седиме, ама уште неаме тргнато некаде да шетаме и ја сум цела збесната по дома. вчера на маж ми му викам се осеќам како во притвор да сум, цел ден сум сама со неа и само се вртам во круг, он ќе ја земе големата од градинка, ќе дојдат дома, она збеснува па одат или во парк, или негде на гости, или точак возат, не се врти ни он дома да ми помогне со бебето, не дека ми треба помош поише ми треба друштво, мислам дека онемев, едвај чекам да поченеме да шетаме сите заедно :drunk:
     
    На MamaCara и Baby warrior им се допаѓа ова.