ќе отрпнеш за играчки, ние сега војна водиме пошо и носат шминки кои што секако се сомнителни, од Кина негде, а она се мачка по очи по лице, става од тие кармини, е сега маж ми чим види шминки фрла во канта, мислам дека од памет го вадат друго мачиња кучиња тоа не ми смета генерално, ама алишта има некои работи шо стварно никад не би и ги облекла, не би ги ни дала на некој и така само ми стојат, ги врткам по пакети.
Ја па кога ја прашав ми рече после една недела излагај одма на воздух сабајлечки вие 2-3 недели сте веќе нели?
Зошто така ти рекле, кој ти е во Систина педијатар? Мене др. Јовановска ми рече да го шетаме само во гужви со народ многу да не го мешаме по кафичи и ресторани
Оди ти понекогаш со големата после градинка прошетај ја. Маж ти нека го причува бебето, ќе ти дојде убава промена
Антоние Христовски. колкаво е бебето и колку го шетате? @Baby warrior утре три недели, не знам ми рече да може до двор на воздух да ја вадиш, ама уште не е за шетање. мислите дека е паметно да се спотерам во парк на пример?
Господи боже, па јас дремам на телефон најмногу кога ја дојам, и сега? Најубаво е сама дефинитивно, нека доаѓаат нека го гледаат ако сакаат, ама на саат-два и доста, чувај си го сама. Не толку за муабети, колку за твој мир. А муабети за жал ќе има и вака и така. Моментално можеш да излегуваш затоа што можеш и на отворено да седнеш. А за на затворено рано е сега, ама додека да стане до толку ладно можда ќе можеш. Не сум мн паметна да ти кажам, мојата е крај на јануари, во најладното бевме дома, а откако се потстопли се надвор сме биле на отворено Ние бевме во парк на 5 недели прв пат, тоа беше почеток на март, ем свежо беше ама си се замотавме и шеткавме. Не гледам зошто не би можела, па нема ти да ја даваш од раце во раце А низ мало се шетавме уште од 2-3 недели (пак ќе кажам рачунај февруари тогаш и ладно беше )
Да беее, преубаво е насабајле. Ќе си ја облечеш, направи си кафе и шибај, па не гледам никаква опасност мн е убаво и за бебе и за тебе да се раздвижиш
Мене педијатарот ми рече слободно да ја шетам надвор кај што нема гужви. По 4 дена откако дојдовме почнавме да ја шетаме и тоа дека бев со царски па немав сила порано. Парк насабајле преку работна недела ти е идеално
Ние ден трети, во пикот на 5ти скок. Ова дерење пред заспивање не можам да го дефинирам, ноќеска два пати се разбудив а тој веќе буден си ги држи стапалцата и се нишка. Го пробавте мамбо бејбито? Ние сме веќе атракција на плажа.
Даа, ужива госпоѓата со цвикера, викам и јас вака да бев носена на одмор ќе уживав Со базен, пловка и мамбото сме, башка играчки, количката ко товарна ја користиме
Добра вечер. Одмори, родендени, жештина, глупости... многу ни се собра не можам да си дојдам на себе. Малава веќе две недели, секоја ноќ без исклучок "се буди" со врескање и едно 10тина минути плаче хистерично, не успевам да ја смирам, се смирува сама од себе. А спие, не е будна, не е ни свесна, не знам како да објаснам. Веќе не се ни обидувам да ја разбудам или смирам, само ја гушкам, ја држам за рака и чекам да и помине. Педијатарот се враќа во понеделник од одмор, уште викендов да го преживеам Си испеков баклава, не можам да дочекам да се излади, пмс ме тресе. Убава и мирна ноќ на сите, утрото е попаметно од ноќта
Дојдов да плачам ама некои убави теми сте фатиле… Нека е најсреќен роденденот @BellaBibi жива и здрава, најсреќна на свет да ви биде
Ноќен терор е тоа. Го поминав и јас со ќерка ми. Страшно изгледа, ама е нормално. Не се свесни, спијат, не буди може само дополнително да се исплаши. Гали, гушкај, ќе помине.
Фала ви на сите за честитките. На некои зборови и ме расплакавте Роденденот помина преубаво. Гостите ми беа најзадоволни, а тоа ми е ептен мило. Госпожа моја издржа до крајот. Заспа и ја пратив дома со сестра, додека ние се натовариме,платиме и да издишеме 5 минути. Како бев во грч, дека нема да се одлепи од мене, она со лажење ја изнашетаа сите. Па додека била со комшикава и фотосесија и направиле. И еве и од мене топла препорака за фотографот, што @Baby warrior стави линк. Човеков го молев да седне и да се напие пијачка. Одам да се пакувам.
Бравоооо и јас сум во грч за нашиот роденден за 2 недели (исто ќе биде работен ден). Од колку часот почнавте?
Вчера излеговме со мм и бебка. Додека е вака мала да ти е мерак да искочиш, спие нема гајле Денес здравје пак ќе излеземе на пола саат барем . Се препородувам буквално. Решив никој веќе да не слушам, реално некој на лоши зборови немаше да им ќути ама ете . Има господ , а мене ми се најбитни мм и бебка @Ladyme Со свекор и свекрва , а бабата е у друга куќа у двор. Во пм сви на окупу Инаку на мојава женска и се 3 бодиња веќе мали.. Некако повеќе како да ми иде во должина. За некој ден идеме кај баба и дедоРај, барем ќе имам кај да ја шетам. Инаку на свадба сме кај многу блиски пријатели на 13ти.Многу се мислам дали да одам. Би ја оставила бебка кај мајка ми, ќе и оставам млекце да има. Од една страна многу ми се иде мислам дека и добро ќе ми дојде а од друга не сакам да ја оставам толку мала.. Што мислите?