Бебуш ми наполни 6м...6 месеци бе луѓе.Мајка плаче како не знам што да се случило.Криво ми е што почетокот ми беше толку тежок што ми е како црна точка но еве не тераме.Освен тоа и забче ни искочи.Да не ме мислите и на тоа плачев од среќа.Свет мој.Туку вчера примивме вакцина и пројде денот ок солидно но вечерта леле луѓе...будење константно и само во раце спиење..едни солзи жални.Се надевам дека беше од вакцината бар а не скок или нешто.Сеуште сме на 4 дремки од денес ќе пробам на 3 иако не верувам дека е тоа
night terror и со помин да е. Истото го тргнав со големиот значи душа ми излезе јас млада плус "неписмена" (или неискусна,како да кажам) често некои работи откасно ги дознавам. Ама нели човек учи додека е жив. Прогуглај за тие ноќни терори и јас за нив дознав од форумов
Честито пола годинка! Не се секирај ја плачев завчера пошо ќерка ми се радуваше на големи балони од сапуница и преташе да ги фати Првпат гледа, core memory ми беше Нема да кажам маж ми како ме гледаше
Бебка наполни 5м, не ми се верува кога летнаа, како вчера да беше кога беше топченце мало а сега женска од скоро 8 кила Денски е смешка, само нешто сака да прави, да гуга, да игра, да истражува… Не знам до каде сме со регресии и скокови се откажав од гледање само дополнителен стрес си правам дека во секој на полошо почна да тера особено со спиење. Денските дремки некако почнаа да и се продолжуваат ( имавме строго 27 минутни дремки цел месец) ама строго контактни на мене, уште сум “заробена” дури и за одење во вц, укочена, млитава. Ноќе едвај 3 саати ако врзе, станува на саат два. Среќна сум и исполнета ама очајно ми фали добар сон па на моменти сум cranky, без енергија и му урлам на мм а не сакам Одиме на одмор наредна недела. Од една страна сум возбудена и едвај чекам ама од друга ми е страв како ќе поминеме и како ќе се снајдеме, особено со (не) спиењево. Нема да е прежешко, се надевам ќе можеме доволно да седиме на плажа ама бебка има изразен fomo, па мислам ќе мора во соба да киснам за сите нејзини дремки Не знам на кај терам со постов, онака изнапишав се што ми дојде.
Хај дечки оваа мајка има роденден бебчо 14 месеци ќе си седи со тато дома а мама ќе се издува у Хавана со другарките. Едвај чекам да ви кажам не сум била од нова година у диско. Детево е фластер за мене никого не сака и цел ден у раце ми е. Така да до 5 не се враќам утре ве частам сите еден џин тоник да почне викендов
@Yowannty @Aleks.mar фала ви, ќе гуглам. @Peperutce6 да одиш! Дпбро ќе ти дојде, а ако не ти е добро како што замислуваш во секое време може да си одиш. Ама да одиш да смениш малку, да се развеселиш, да се опуштиш
Леле ко ќе ве читам дека со поголемки бебиња уште навечер на секој два часа станувате коски ми се тресат Јас само си давам надеж дека после 3 месец ќе фатиме ритам и ќе спие подолго. На моменти лудило ме фаќа ми иди да зафатам негде со бебе и никој да не ме најди, да не беше мајка ми периодов ќе скренев дефинитивно, огромна помош ми е, единствено таа знае да го умири бебко без цице Свекрва само дс дрдори од страна знај, мака мачиме со жената, никако да и влези во глава, најмногу се нервираш што кога ќе и речам нешто ме игнорира и си тера по свое, ама ќе издржам уште еден месец и после на вибер ќе го гледа на камера, и то ко ќе сум расположена
Секоја вечер влагам во спална полна со елан дека денес сум и го погодила времето за спиење и дека ќе заспие за брзо, и секоја вечер излегувам поразена после мин. 40 мин и се осеќам како гомно а неа ја предавам на мм да ја заспие. Во последните 3 месеци после 4 скок само една недела имавме совршена и со дремки и со ноќно заспивање и со будење само 1-2 пати ноќта. Другото е се хаос и само сакам некако да воведам ред и не можам и затоа еве додека мм ја запсива јас седам во дневна и си плачам зошто и после 7 месеци е тешко да се бориш против хормони и лоши чувства.
Колку треба да си отиден со паметот за да ми речеш ајде трета среќа машко ќе ви биде, а притоа го шеташ женското внуче? Жена ќе речеш. На тоа само и вратив две среќи доволни се без разлика на пол. Или врвот еден роднина на маж ми што ми рече дека женско дете не е дете. Нормално двајца синови има. Му реков па гледам и ти и синовите твои многу успеавте во животов. Коцкари и пијаници. И тука во тој момент го избришав од живите. Ама пијан бил ми викаат, лоша пијанка имал. Епаааа не пиј ако не ти држи газот. После на трезно сакаше на повојница фамилијарно да дојде. Секако дека реков тој идиот во моја куќа не стапнува. Да не се навреди мајка на мушкарци, стварно сите деца ми се исти и зависи само како ќе го воспиташ. Ама стварно ми е преку глава од муабетиве. Не знам што толку им посметува на луѓево женско дете, или боже сачувај две. Или ту бреее барем по едно од секое да си имавте. Како ова да се блузи или не знам што па да си имаме различни. Или на маж ми кога ќе му речат цел живот за улошки дека ќе работи. Тој па мирен само одговара абе и две работи ќе работам нека се живи и здрави само. И така се расправам за банални работи во 2025 година и се чудам како уште постојат овие работи. Туку помина една недела школо. Детево нагло ми порасна за оваа недела. Денес дури и домашна пишуваше. Леле бе, каде отиде времето? Ми се лизнуваат деновиве, месециве низ рака, не ги осеќам. И двете растат, едната цела девојка, а малово е веќе детенце. И некое чудно чувство на неодредена носталгија за сите први работи на големава и за сите првопоследни работи што ги доживувам со малово. Ова ми се последни први заби, први залаци, први превртувања и наоѓања во чудни, невозможни положби во креветче. Зошто ми фали тој њуборн скранч?
Ако ти е некоја утеха јас не ни ја предавам на мм, секое успивање е моја должност. Никако не му оди успивањето, бебка се си мисли дека треба да си игра со него и цела ококорена му се кикоти и не бива. Исти сме со хаосот со спиење кој си трае и трае и тоа кај нас од трети скок. Денес пак добив коментар “Да не ти е слабо млекото чим ти станува навечер”…
Леле мојата омилена тема, слабо млеко пропратено со клинови Знаеш има и расипано млеко, во гради , ако долго не цицало бебето. А може и некој со урокливи очи ти погледнал дете и затоа не спие. Дај му мед на цуцла или намачкај му жлебинкЕ со бело вино, ќе се смири. Нормално, ќе го опиеш бебето. Уф колку сакам да си правам мајтап со таквите.
се нервирам и си плачам на неколку дена обавезно што навечер скоро никогаш не можам да ја заспијам маж ми ја зима, хват некој позиција и заспива за 5ипол минути. Кај мене лошо е што понекогаш на мм му се уклучува тоа егото на најсилно па нешто ми мрчи демек како бе не можеш да ја смириш види кај мене за 5мин. Па ми праи да се осеќам како немајка иако знам дека не го мисли тоа и дека ја можда превише го сфаќам лично секој коментар ама стварно боли кога ќе ми рече нешто такво зошто две третини од денот е сама со мене и се снаоѓам како знам верувам и ти
А да имаше и коментар на бајачка да ја носам дека урочена била… Мед на цуцла исто од баба ми неколку пати ми беше кажано кога и реков дека нејќе цуцла
Тука ќе фатам ќе го шприцнам со цицка и ќе му речам како бе не можеш да ја нахраниш, м? Ај да се самоиспратам, три мислења едно под друго имам, на карање нешто со сите ме тера
Мајкааа користи го времето дур ја успива за себе жити се не трескај глава. Се би дала да може мојов за 5мин да ја успие и да не зависи само од мене за секое успивање верувај
Слабо ти е млекото не јадеш убаво сто посто - затоа се врати на килажата толку брзо по пороѓај не пиј кафе толку - ја две кафиња цел ден … порано по 4-5, кафеџика сум и ден денес ми се малце 2 ама ете трпам и пак не е добро. Пак и се ладни ноџињата … ова се класиците од овие три месеци кај мене … од мајка ми … отрпнав
Нормално ќе се обидуваш да ја успиваш пола саат, саат, веќе ќе се измори, ќе и се приспие и ќе заспие кај сопругот. И јас со нејзе цел ден ќе се изморам, веќе немам ни сила и она чувствува, ќе ја земе мајка ми или свекрва ми, за секунда се смирува и заспива. Исто добив коментар од брат ми, дека мајка ми кога ќе ја земела одма заспивала или се смирувала кога плаче, не сме знаеле со сопругот да ја држиме, затоа плачела .
А да и држењето ми го спомнаа и мене и една роднина ми рече, топла си ти изнервирана, дете сака ладовина, пушти ја климата на 18ка
Пробуваме да се успиеме цел саат, од 9, што е ова бре? Тепа, штипе, се смее, па плаче, и се така во круг. До пред два месеци во 8 ипол веќе беше кома, последниве два месеца ајде некако меѓу 9-9:20 заспиваше, ама овие две недели како е вратен во градинка еве 10 е не не крпи. Сега е мм со него на кревет кај нас така пробува. Има некоја регресија ли околу 18м? Сите скокови ги пројдовме уште фали колективно од тераса да скокнеме