Ауу не биди будалче. Нека ја успива. Ама од почеток. Не на крајот , кога веќе и она е преморена. Ти искочи си од соба. Седни на тераса и пушти мозок на пасење. Кога мм ја успивал, ја уживав. И сега кога се успиваат, моменти за мене се тоа.
И кај мене беше моја должност за навечер, а он преку ден ми помага кога може. Ама не можам. Вечерва 40 мин мижеше, значи спиеше, ама заплакуваше на секои 3 мин. И знаев дека он ќе ја заспие за 2 мин, и баш затоа му ја предадов. Абе не можам да го прежалам времето кога за 10 мин на цице заспиваше. Ќе се најдеше и кома. Сега не можам да разберам што се дешава... Инаку и пред некое време имаше спомнато за коментарите од мт, и баш му спомнав на мојот, и ми се насмеа демек Абе и јас сакав да ти искоментирам така на шала на смеа, ама ми текна дека нема да е убаво. Така да верувај не го мисли тоа, ама не му текнало како се осеќаме ние. Еве мојот денес, мртва болна сум стомачен вирус, и му реков дека он ќе ја презаспие кога ќе стане (а обв станува брзо после заспивање), и ни две ни три ми направи муабет Аааа ти сакаш да си мајка кога ти одговара. И знам дека се рчкаше зошто и тонот и фацата му ја приметив, ама сакав да го задавам што и го направив - со зборови хаха
Не ја заспивам, мм тоа прави нека си се сакаат, не ни пробувам више. Не се осеќај лошо, не си плачи, нека успива маж. Јас седнувам во дневна, пелинковец, нетфликс и го чекам, а дојде заспива одма во дневна, јас гледам корејци. Дремките и се преку ден по 30 мин. Си се пезаспиваме, навечер спие битно. Кој знае што скок сме ни одговара по датум на раѓање е во 4 скок по термин вика мирна фаза излегла од 3ти, а смени спиење И тоа кичма мн ме боли ќе си умрам, неможам детево да го држам више. Да се најде др мајка ова е расипана.
На тема "немајка" неделава тоа чувство ми е на максимум 5 дена го носам во градинка 5 дена се корне од плачење на оставање, срце ме боли, он плаче внатре јас плачам надвор не можам да издржам, му давам рок уште 10дена ако не се навикне барем до пладне да седи, нема да оди ке почекам малку. Иако таму ме убедуваат дека ке се навикне, ке свати, јас зборам уста пена ми фаќа, секогаш вели дека е убаво, дека ке оди пак. Ама а стигнеме пред градинка плаче и жалче станува, а бе срцево ми се крши на милион парчиња во тој момент. Кој стрес го имам насабајле пред одење, 2 години со него сум го немала. Денес ми вели воспитувачката не се грижи вака што плачеле деца после не сакале дома да одат, ке му треба време ама ке се навикне ми даваат надеж, ама кога ке го видам плаче... не знам што да мислам
Ne praj pauzi i ne si pravete dopolnitelen stres, koga veke ednas trgnalo imaj trpenie.Skoro site deca isto pravele koga ke trgnat vo gradinka nekoi pomalku placat nekoi poveke placat.Mesec dena e optimalno vreme za adaptacija malku po malku ke se navikne.
Абе остај го чим имаш поддршка од негувателките, тие повеќе знаат од нас. Виделе илјадници деца како се понашаат. Ќе биде добар
Не се откажувај. Ќе се адаптира и супер ќе му биде. Исто и мојава кога почна, плаче она, ја слушам до надвор, плачам и јас. Па кога пратија учителките слики како сите деца играаг, а она завртена накај ѕид со лицето и легната во креветче, срце ме болеше па и дома си плачев. Ама тоа беше неколку недели, после со трчање во градинка одеше (освен во лето кога се споени групи). Ако се сретнеа другарчиња на паркинг сакаа сами да си влезат, ние да си одиме . Сега на крај плачеше зошто завршила градинката. Така да, дај му време, ново му е се, ќе се адаптира и прекрасно ќе му биде.
И моето тргна на први. 14 и пол месеци е. Плачеше 2 дена кога го земаа, 3 дена плачеше уште на симнување од кола. Како толку брзо го запамти местото? Плаче и на земање. Тешко ми е, ама мора да издржам и јас и тој, ќе се навикне. Сите биле така, еве снаа ми, золва ми. Сега едвај чекаат да одат, не се ни вртеле накај нив на влегување. Секој почеток е тежок, ама после ќе им е убаво. И вработените така викаат, а и сите плачат, се слуша кога го носеме. Почнал да јаде и ручек. Од другата недела повеќе ќе го оставам, да проба и да спие, ако не, кажаа ќе се јават за земање. Мора така, јас и отказ дадов по породилното, немаше кој да го чува, а на 8 ипол месеци не ми се оставаше. Па морам и работа да барам, со една плата и тешко е.
Моето има 2, јас останав дома за да го чувам. Негователките знаат дека чекам да се навикне и да барам работа и сами ми велат барај не се грижи он ќе седи, за тоа ми се поддршка не видена убедени се дека ке седи и ке го адаптираат, сами ми велат може ке потрае ама ке се навикне. Фала ви женски да не ве цитирам сите, јас така ептен емотивно си го сватив се ова ама реално сите деца плачат наутро не сите ама добри 90%. Ке видиме што ке биде.
само да те "утешам" јас до околу 2ипол години станував навечер на околу 3 часа. Мислам дека последниве 6-7 години немам здрав сон она да си врзам барем 6 саати. Сега веќе многу лесно се будам навечер и тешко призаспивам што некогаш ми е тешко да функционирам нормално преку денот и често ми се соспива неладе околу пладне.
Јас бев спремна на плачење. Ама прв и втор ден и дома откако ке го донесвме уште на плачка го тераше. И стана лепенка за мене откако го носиме во градинка. Ама ке се адаптира, тоа е.
Има Имаш подршка од учителки и негователки. Тоа ти е најбитно. Знаеш колку им викаат на родителите, да си земат дете? Јас психички мислам дека сум спремна на се тоа, кога ќе тргне . Ама мора. Бабите ја сакаат, чуваат, се се. Амааа, не се деца и не и се генерација.
Знаеш се какви не муабети имам слушнато во градинката на ќерка. Пример: - Некои деца едноставно не се скроени за да одат во градинка - со ова дете тешко ќе е привикнувањето, може и цела година да доаѓа до ручек - плаче, по 1 час ќе си го земате - не знае да се вклопи во игра со другите - не сака да црта, не можеме во активности да го вклучиме.... За рандом деца муабетите што сме правеле муабет со родителите
Затоа и ви Затоа и викам дека е одлично што има подршка од нив. А мубетиве ми се познати од блиски, што им ги правеле на почетоците.
Еее од тие муабети највеќе бев упорна да дојам иако првите денови едвај воздух земав од царскиот, со страшни главоболки од спиналот, и ред др попратни работи. Свекрва уште непородена ми рече одоколу " ама ти нема да дојш шо ќе то е перница за доење" како нема да дојам и викам, нормално дека ќе дојам ако се воспостави лактација. Па после следуваше арогантен муабет како не сум пиела млеко, како ќе сум имала млеко ако не пијам млеко хахах, идење млеко кај мене требаше да ја прснам со цицката в сурат и да му речам еве ти млеко Секој ден некој муабет има што ме вади од такт, педијатрите не знаат таа се знај, абе да ти иди диплома да си искиниш некој така кога ти се прави паметен. Ти му велиш не го бацвај жено, не бее на кој му збораш, пак го шлака го бацва на чело. Педијатар ни напомена дека бебе е многу бело и му се лушти уште кожичето, да го капиме еднаш до два пати неделно првите недели, таа не бре брате, заинет денес сама денски го искапив додека беше на работа, ми се одмилва капењето од неа, едно две " ќе го капиме малото" јас го легнувам на сунгерот перниче, си го мијам, еве ја таа по мене поминва со рацете го трие, абе да ти дојди да ја удајш в корито. Не ми велете речи и, сто пати и е речено едноставно жената не се разбира, како на дрво да му збораш Таман сме легнале со бебуш да спиеме, му направив една рутина едвај навечер, си легнуваме на спална, се галиме, ставам капки, го преслекувам и на цице да нанка, таа еве ти ја Срцулееее малоо не спиеееш, и викам не го расонвај остави го, и као нафурана госпожата "Абе тој ионака ќе се расони ко ќе го преслечиш " И секој ден така, нон стоп в соба влегува без тропање и не проверва. Ние спиеме таа на врата седи и ме прашува дали спиеме, а бебе е толку лесно за разбудвање, малце да крцни нешто одма станува и ела после бори се да го презаспиеш. Ќе повторам, да не беше мајка ми периодов не знам како ќе се исправев на нозе, бев кај моите една недела и таму се изнаодморив, таму му фатив ред со спиење колку толку и јас се вратив и психички и физички. Жената на 74 години уште има сила внуци да држи во раце и да гледа, секое сабајле доаѓа ми носи за јадење, ќе ми потсреди низ дома, ќе подржи бебе јас да испијам едно кафе рает и си бега. Една е мајка
Ретко кое не плаче... сум работела во градинка и преретки биле децата кои не плачат. Мене првото ми тргна весело насмеано, леле и викам на воспитувачката суууупер.. не ми се верува, за раче неа ја фати, чао ми кажа и она ми се сврте и ми рече само чекај, ова ти е нож со две острици Значи наредните денови такви плачења имаше, најгласен од сите беше.. ми јавуваа да го земам, исповратен секој ден Второто исто, плачеше она многу едно месец, па уште 2 месеци си плачеше на оставање (таму се заигруваше по оставање, не плачеше) и кога ќе ја зимав, како ме видеше дека сум дошла, вриштеше (од среќа) Е после некое време, кога ќе отидев порано да си ја земам, не сакаше да си оди и се бунеше зошто сум дошла така рано Жални се многу, но нема дете кое не се адаптирало.. трпение Ние годинава максимално надокнада за минатата си направивме, па си дојдовме на викенд Грчка. Вчера на пладне тргнавме околу 13ч и да ви кажам во животот толку брзо граница не сме поминале.. двете граници за 10мин Е денес сабајле гледам весело било на граница...Инаку малово (13м), беше будно од Скопје до смештајов.. и не заплака ич. Се научи да шета и таа Убав продолжен викенд на сите
Ви се восхитувам на челичните живци што ги иматее мајките со вакви свекрви алал да ти е жено јас само што те читам косата ми се крева. Сите до негде имаме проблем со свекрва, на пример мене не ми смета когс ќе дојде океј ќе ме одмени ама кога го гледам малиов се проѕева и и виксм успивајте се му се спие ќе имам мака после она муабет му прави и оак неколку пати треба да се повторам успивајте се или да го успијам мене ќе ми вришти после тебе не за да почне да го успива. Ама ова твоево.. Како може во собс без да тропне може гола се шеташ. Те читам уште од труднички декс со ист термин бевме и знам дека ќе си заминуваш и ти посакувам многу трпение додека да заминеш
Мајка си е мајка . За тебе спасот е само на страна од госпоѓата, ајде уште малку ќе се спасиш и уживаш во твој ред што ќе си го правиш.
Ехеее, фермани можам да пишувам на таа тема јас Колку пати периодов се подзадумав да си земам стан додека заминиме, ама ќе издржам уште малку, да не правам тензии и од почит спрема сопругот. А и кирииве периодов се леле мори мајко, јесте рајатот нема цена ама големи непланирани трошкови не зафатија со бебе. Пробвам се снаоѓам, сега откако закрепнав излегувам со количката, ќе дојдам до кај моите ќе испијам едно кафе, ќе го подржат во раце мајка, снаа и така ќе помини денот
Waaaa, waaaa, waaaa, цел ден за сенешто врека Мм е при крај со нервите оти е станат со нејзе од 6 и мислам дека ќе ја фрли преку прозор кај и да е , јас уште се држам Рашетана, најадена, изнаиграна а она се понаша ко диносаурус ебате Нишо битно, си пукам само А секс нема, а? @DELFINA81 @Tea SK Шо сте бе ваквииии....