Викендов почнувам да пакувам за на одмор одиме конечно на крај на неделава прееска се замислив, бебка ми е мала за мачкање на нејзе и земав купачи со заштита и капче со заштита а јас да си се мачкам нормално со caroten како цел живот ок е дека дојам?
Да, немаш гајле.. Не е ни така јако сонцето веќе... Незнам каде ќе одите, ама еве Грција веќе над 30ка не оди перидов.. совршено е за на плажа со бебче
Да јас со Нивеа детската си се мачкав. Син ми на скоро 6 месеци со Биодерма за бебиња по ноџињата и лицето, ама довочно ти е што имаш облека со заштита плус под сенка ќе сте. Убав помин!
Да да Грција, секако сабајлечки ќе ја носиме на плажа а гледам темперњтурите супер ќе бидат 25-30 наредна недела ама дека сите збориме за факториве за бебињава а за нас што доиме не сум сретнала инфо дали е безбедно класика што си користиме или има нешто посебно
Веќе ме изморува заспивањево во раце и ме стига замор. Рацеве не ги осеќам од клатење, 8ипол месеци е, голем е веќе. Прва и втора дремка ај и ај ама за ноќно спиење ептен немам сила, а што убаво си заспиваше сам или ќе цица и цицајќи ќе заспие или ќе се нацица па ќе се врти и ќе си заспие, не знам зошто смени ни како да го навикнам пак така а цело време пробувам ама џабе. Почнува да чеша очи и плаче, со ништо не се смирува. И он па ќе ми одел во градинка, во вис ќе ги дигне и деца и негователки, одма ќе ми го вратат и ќе си седиме домче ќе си се клатиме дур не појде на школо.
Еве другаров chat glt го консултирав на темава, конкретно за caroten spf30, не е баш воодушевен од составот дека на база на хемиски филтри да се замарам ли да гуглам што да купам утре планирам да се пуштам во купување ствари за одмор што ми фалат набрзинка во аптека Дали е безбедна за доилки? Хемиски филтри Oxybenzone (Benzophenone‑3) – според извори како DrLact, се смета за небезбеден за доилки бидејќи е потврден во мајчиното млеко и може да има хормонално нарушување. Се препорачува да се избегнува, особено при нанесување близу до градите us.drlact.com. Други филтри (напр. Avobenzone, Octocrylene, Homosalate): некои се сметаат со мал ризик, но сепак не се целосно неутрални (на пр. Homosalate исто така може да биде посомнителен)
Друшке на работа тргнав од понеделник...уште дерман не може да ми дојде...после две години дома седење ми треба време да влезам во шема работа - дома Сексот ќе почека... Ве читам..само немам време некако да чкртнам нешто. Биче боље ајде
За споредба на uriage факторите биле со минерална база па вика побезбедни не се пронајдени честички во млекото кај доилки. Пошто све користсм за мене и за бебка на uriage ќе земам и фактор од нив ептен ги сакам како бренд еве и chat gpt ги пофали за изложување на сонце, caroten ќе паузира некоја година а цел живот го користсм
Ех Цветче може 5 пати сум ти запишувала и сум се предомислила. Он ги знае и мајкаму и сестраму, и требало пред да иде германија да те префрли во станче под кирија или поблиску до мајкати да ти помага негде. Гледа дека се тешки карактери, нема што да ги трпиш кога ти треба најмногу мир. Тоа дете го чекаш толку време и сега цело време под стрес. Незнам некако на себе најмалку мислиме. Јас кај мајками бев додека не си зедовме стан и се веривме. Еднаш ако имав преспиено кај него, за ковидот во изолација бевме таму два дена, неговите заминаа во куќа на село ние во стан. Толку. Доаѓаше свекрва кога лежев во бременост кај нас неколку дена и тоа баш кога се отворив. Јас станувам викам болка имам менструална она ми вика еее цел ден со стомакот надвор си, може си настинала јајниците. Хаха и не се вратив дома више од преглед. А кај тебе уште пред да замине Германија требало под кирија, незнам јас дали напатени од претходно живеење како деца сите баба дедо вујко вујна све карања чуда... сум рекла како било ќе живеам сама и ќе имам мир. Не се нафаќајте ни под разно ни ради маж ни ради љубов.. ништо свој дом свој мир. Тие чим се такви и задутре Германија кога ќе отидеш ќе ти се нацртаат. Само граници поставување издржи.
јас дојдов на шкртнам тука само дека ве послушав, изглеговме денес со бебе прва прошетка во парк утепавме 2 саати сите 4ца заедно, денес славиме годишнина од брак, па тоа ни беше дејтот со пица на клупа и безалкохолно пиво големата дада пукна од среќа, не ни даваше да ја пипнеме количката, она ќе ја возела добро ми дојде, ама женски ја сум паднала кондициски, од пешачење се уморив
Ич не се убави тие минералните за нашите кожи, оставаат бело, тешки се и многу мрсни. Ако ти е шубе можеш деколтето да го мачкаш со таков, минерален на лице не би ти препорачала, јас во бременост земав зошто со хемиски филтри не е дозволен за во бременост, цела комедони се исфрлав, и сите ги пробав зошто ставав јас секој ден спф како дел од рутина, ниту еден не ми се погоди, сите се премрсни, пробав и на биодерма и уријаж и еуцерин и корејските и на крај се откажав и онака не излегував од дома.
Маж е од јутра до сутра на работа после одмор, а јас сама со двајца ѕверови. Прееска во очај излегов во 3 и одевме по Партизанска и Илинденска до 5 ипол, јас буткам мали во количка, а ѕверка на точак. Душата и ја извадив . Они заспаа во 7 ипол, јас здиплив алишта и пуштив Монстерс на Нетфликс. Маж уште не е вратен, а утре е од 7 на работа....секс можда за Нова година. Да се пофалам дека цела недела бев на одмор, деца во градинка јас сама домаааааа. Од досада се исчистив и сите плакари ги прередив, 10 кафиња на раат испив. Воедно не успеав да дојдам до заклучок зошто моите деца имаат енормна количина на облека и играчки, а јас апсолутно ништо им немам купено освен патики. Или луѓево околу нас се забегани со купување или работиве магично ни се појавуваат дома. Да преживеам уште утре и задутре сама со двајцава и вторник последен ден одмор, ќе се изналежам да ме држи 1 година.
Да мачкаш и да не читаш се и сешто. Ниту читав, ниту пазев. Па живи здрави двете. Потресени за креми, фарби, чуда. А што дишеме секој ден и тоа што е најлошо , не си одиме. Ај опушти се.
А што ќе дишиме зимава, милина тесто. Така да намачкај се еве јас купив мн убаво од Еурофарм, мн убаво упива не е е бело. Фино мн. @Baby warrior