Што убаво е кога ќе искочиш малку аухх. Малце вегите ќе ги шкртнам одма glow up имам и поубаво се осеќам Денес се изнашетавме со бебка, фала богу беше умна си спиеше почна да плаче само за ручкање и пак назад на спиење. Па тоа кафенцетооо никогаш поубаво за мерак. Конечно можам да си седам веќе ко што треба , не боли веќе ,може и да правам гимнастика без гајле само онакво не можам Цицка не прифаќа веќе , ја одвикнав сама за жал. Да се измолзувам сеуште имам , си ручка така. Растеме заедно и двете некако , од како немам болки од доење подобро се осеќам. Многу ми правеше тегоба тоа иако некогаш ми е жал зашто испадна све тоа така. Женскава се плаши од своите рачиња. Навечер кога спие штом се допре по лице се буди па презаспива. Да ја повијам некако навечер и тоа трга, не ја стегам доволно а ми е и жал. Си изнапишав се и сешто , додека ме цица машинава , што би рекла бабата ете за да седи на тел Гушкии , се надевам на лесна вечер со госпожа моја.
Прв ден на одмор вчера поминат пола во пат и хаос невиден. Нејќеше никако да заспие во седиштето во кола урлаше на цел глас и не се смируваше. Нема што не пробав, џабе. До 2ра патарина 2 пати застанавме да ја нишкаме надвор да се смири. На целата нервоза полиција не запра за рутинска контрола ама ептен беа фер со расплакано бебе одма не пуштија. А тргнавме покасно демек да фати убава дремка дома 1hи 15min ми спиеше во раце дома и пак се премори во кола и се изнаплака. Цицаше, ја заспав во раце, ја ставив во седиште и се разбуди и продолжи со урлање. На крај се откажавме со мм и ја земав во раце и ми спиеше саат ипол така во кола. Небезбедно, непрактично, незаконско ама тоа е… Една среќа во денот е што немаше ич гужва на грчка граница па не чекавме. По пристигнување исто беше плачка ништо не и беше погодено. Ваљда почна да не дрма 5ти скок ама јбг тоа е, се надевам денес ќе биде ок на плажа, вчера секако дека не стигнавме да отидеме… Спремна сум со кенгурот, тоа ќе ми е спасот одморов. Откога ја заспав вечерта, нервозни со мм денот го завршивме со караница проследена со мое плачење секако. Пукнав… Се изнажалив, ама ајде може ќе се пофалам деновиве ако ужива во вода. Бањање дома сака ептен, ќе видиме дали ќе е така за море.
Си пробала да и дадеше да цица во седиште? Тешко е за тебе, ќе се искичмиш ама мене оваа финта ме спаси. Ако бебето ти заспива со цицање ова е спас, јас и ја презаспивав така ако стане за 30мин. Тргаме, почнува да кисне за спиење, вадам града се успива. Станува вадам играчки до пауза. Нас не фати 30мин чекање на граница башка. Пауза поголема правевме во космос, ја измори разгледувањето, па пак спиење до Никити. Утре за назад се надевам да поминеме исто, да не се подречам па да се одере
Леле не ми текна дека е изводливо да и дадам цице така, како би успеала жити се хах.. се мислев на враќање АД да и дадам дека прифаќа шише колку толку а неам пумпа не понесов
Ќе се снајдеш, ќе се поткачиш, првиот пат и јас едвај се оправив сеа се уиграв Во другата рака држам цуцла, заспива вадам града ставам цуцла. Од другарка ми е ова кога се жалев дека многу плаче во седиште и стварно работи.
Бебуш мој пробуваме да се навикнеме на 3 дремки наместо 4.Гураме како се досега на тајмер.Малце се чуствувам како ебан робот со ова следење на саат ама реков додека функционира ќе тераме.Некој ден знае да поврзе два циклуса во дремка но почесто не,па секад е трчање за презаспивање.Да треба да искочиме научна фантастика ќе ми е.Дали некад ќе се опуштам да речам нека тера денот сам кога спие колку спие што сака нека биде или цел живот ќе сум си вака пореметена.Одбивам да излезам ради ова со дремкиве,знам дека надвор нема шанси да презаспие а со тоа ќе се изремети се. Еве не знам како мајка ме родила вака само по план со триста комбинации во глава да сум ама тешко ми е.Љубоморам малце на оние што се опуштени без грижа кога спиело и колку.
И јас функционирам под саат, еве 7 месеци. А најјакото е што пред некоја недела бев убедена дека ќе и се зголеми прозорот на будност и беше хаос. Ама излагам, и ја заспивам надвор, наоѓам начин. Дали ќе се тргнам на страна и ќе лулам ако сме со друштво, дали ќе ја ставам во кенгур ако пешачиме. Мора да се шета инаку дома се седење не бива
Бебка е 4м, преку ден уште нема никаков ред. Се трудам, ама никако не ми успева да ја навикнам на ред со дремките преку ден, и секој ден е различен. Само за навечер се знае: заспива околу 20ч, се буди во 03ч за доење, одма заспива и се буди во 06ч пак за доење. Обично тогаш и кака, па откако ќе и сменам пелена се расонува и не заспива веднаш. После може да помине пола саат, а некогаш и 2 саати па да заспие. И тоа строго заспива со нишкање на голема перница на нозете, барем не ми е во раце нон стоп како што беше, ама пак сум nap-trapped оти ако ја спуштам на кревет веднаш се буди. Па така седам и јас и скролам за да се наспие таа, најчесто дремките траат по 20мин, никако подолго. Пробувам да ја презаспијам и со доење, и со нишкање, не сака. Се буди свежа мислиш спиела со саати. Ќе си поиграме саат време и почнува пак да кенка оти е нанспиена, и така во круг по цел ден. Нема точно време кога заспива, обично е будна по 1.5/2ч измеѓу дремките, ама прекратко и траат. Сигурно малку сон е тоа за 4м бебе. Ама не знам веќе како да и помогнам. Секаде читам после 4 месец се прави рутина на спиење, се мислам дали да уплатам кај д-р. Гуднајт. Стварно не знам како поинаку, како да и направам ред на спиење преку ден. Затоа што е нерасположена и кенкава, ретко кога сака да си игра или да ја ставам на меше. Уште не се врти од грб на стомак, пробува ама се стигне до страна и толку, се враќа назад на грб. Инаку, излегуваме и наутро и поручек кога не е топло, надвор знае да дреме малку подолго 30-40мин, ништо повеќе. Читам после 4м и ноќе да се учат да спијат по цела ноќ, без доење. Ама не ми се пробува тоа, некако ми е уште мала за да и укинам ноќно доење, иако тоа е само 1подој фактички. И така, пак се пожалив, не знам што друго да кажам. А да, се нервирам и што уште не можеме да најдеме дадилка за неа, како ќе се вратам на работа од февруари еве не знам. Има време, ама и нема, бргу минува породилното. Овие денови ќе закажеме крштевка здравје за во октомври, црква и ресторан со најблиските 15-20 души. Сакам да си најдам некој лелеав фустан на раскопчување, да ми е згодно за доење. Имав видено кај Шијакоска таков, ама нема по продавниците онлајн што прашав. Ако ви текне кај може да најдам нешто слично кажете
Како функционирате со тајмер. Кај мене како стана од 5 часот, цицаше и еве до сега не можам да ја легнам да спие, ќе заспие додека цица, таман ја ставам во креветче одма отвара очи и повиена и неповиена, секако пробав едно 50 пати може денеска. Неколку дена вака ми прави и се сака да е во раце, ако седнам одма плаче, сака да станам да ја шеткам. Преку ден си спиеше претходно по 2, 3 часа, па ќе станеше да цица, а вечерва од 11и30 до 2 спиеше, стана цицаше, па од кај 3 до 5 поврза и толку, од 5 само дремка во раце, не можам да мрднам. Вака кога прави крајот не можам да и го фатам и редот со цицање ми се пореметува, не знам ни колку цица, штом ја ставам да цица за кратко задремува.
исти сме, цело време во раце спие, 100 обиди да ја спуштам неуспешни, не можам нишо да правам... секој ден се повеќе ми седи будна никако да сврзе некој саат и само во раце. исто, скроз истово шо си го пишала ми го прави. како си ти со градата?
Да не ве тагнувам поединчено, сигурно сте пробале се. Моето спиеше на мене, почнав да го дојам легнат на спална јас до него и ке заспиеше па јас бегав, со тек на време се научни не одма. Се будеше на 5-15-20мин. Ама се научи после некојпериод, пробајте.
Мене ми е спас и со двајцата , легнати цицаа и си продолжија... тешко ама илјада пати е подобро него во раце
Не сум се осмелила да ја дојам на таа града сеуште, ја измолзувам, но ме боли брадавицата на допир, а вака надворешно нема ништо, едно мала вдлабнатинка на местото кај што имаше белко. Вчера и денес пробав да ја дојам легната, додека цица заспива, штом ја тргнам градата отвара очи.
Мало бебе не можеш да му воведеш рутина.Менува.Од мајка што не можеше ни 5 мин да се тргне од бебе сега е бебе кое си спие само во креветче уште од 5 месеци преку ден.А навечер уште од првиот месец.Имам пишувано.Сакам контрола и мора рутина да се воведе иако некогаш тоа личи на робот.Не можеш преку ноќ да го навикнеш на креветче.Ние ради рутина 4ти скок не осетивме фала богу.
Нема шанси надвор да презаспие по 45мин (еден циклус),љубопитен до бескрај.А ако се скрати дремка се ќе поремети.
Бебуш бараше внимание па не можев целосно да се доискажам.Да ми ги читаш првите мислења тука ќе се извадиш од памет.На почеток бев иста,плачев како јас ќе живеам живот кога не можам ред да фатам.Цело време само читав податоци колку требало да спие а колку мене ми спие,се чуствував прелошо.Бебе прво спиеше во апсолутна тишина преку ден и темници во дневна.Дури се расправав со мм дека ќе го научам така ама него тоа му требаше,мир спокој и утеха.Потоа почна да спие во раце и на светлина и на галама и во кафичи.Почнав него да го следам а не тоа што интернетот налага.Со тек на време почна и да се поклопуваат некои работи што ги читам но сфатив дека имам многу живо дете кое му треба стабилност сигурност утеха и точно да знае и сам што следи.Го успивав една недела до мене па на кревет до мене.Потоа во креветче сам.Положбата која што ја користам за успивање му е само за успивање и точно знае дека чим е во таа положба следи спиење.Мој совет е само да правиш како ти сметаш дека е најдобро и како вас како семејство најдобро ви одговара.Бебето е свој човек кој стекнува навики а единствено нешто познато си му ти.Ти си утеха и сигурност.
истото и кај мене пали ама само за ноќе секоја вечер така се успиваме ама денски ми се буди по 20 минути и ми е научна фантастика да ја презаспијам
Денеска конечно се убедив дека сме во 4ти скок па да видиме како ќе се избориме со ова цунами. По корегирана возраст влезе пред недела ама ок беше не да кажам нешто страшно. Мислам како поминува секој ден дневните дремки се хаос, спие 20-25 мин, ... ако успееме 45 мин супер. И само ја презсспивам. Навечер спие да не се подречам... Малку повеќе се врти со главата кога ваљда поминува од еден циклус на сон во друг. Вежбаме на подлога иде на страна со глава и раце а нозе како за на грб легната и ќе почне да кенка неможе да мрдне не и текнува да дигне нога, раце почна да спојува друго уште не, вежбаме и вежбаме амаа сака исправена, сака во раце, со мм сме како старци некои за во бања да уплатиме, него раката кај зглобот со прстот го боли од што ја држи и вратот, мене кичмата и ногата. Нема на кого да ја дадеме да ја држи. За грев што вика една другарка. И така. Се пожалив се пофалив, ја чекам да стане во секој момент.