Децата се секое за себе, ама дека менуваат менуваат. Таман мислиш се е океј нешто трга наопаку. Имам другарка тука ни се децата некој месец разлика, нејзиноти спиеше по цели ноќи од кај 2 месеци јас додека не го одбив мојов не преспа ноќ на глава стој џабе, сега па обратно моево спие, нејзиното не спие, се буди. А колку се туфкав за роа спиење, и најаден и пресоблечен ама џабе сакаше близина такбо бебе си беше. Сега заспива на спална легнат со приказна, некогаш ни приказна само затвора очи и кома е. Секое за себе.
Се исплатеше стресниот пат кога ја видов денес како се радува во море и претка со ноџињата, ми се исполни душава
Не тајмер ама пример, кога беше помала прочитав прозор на будност пример од 45-60 мин. Станува ја пресоблакам, ја хранам, да ждригне, ќе ја подржам и ќе ја легнам малку на стомаче и гледам поминале више будна 40 минути и почнувам или ја земам во раце седната или како шѕо лежи и пуштам музиката за спиење, ја шшкам, цуцлето и ќе заспие и ја ставав на кревет или ако заспала без да ја земам супер и спиеше што викаш по сат, сат ипол макс ни било 3ч , шок. Како поминуваат месеците намалуваше должина на дремки. Ама сум гледала да следам прозор на будност да не ја оставам мн будна, по нервозна повеќе плаче и тешко заспива. Така да ако ти заспие на доење и тешко ти е да ја префрлиш, нека спие на тебе. Барем 20 мин и после остави ја. Имаат некој циклус на лесен и длабок сон. Ја читав доста др гуднајт и ја слушам вака кога има некое интервју или предавање или нешто. Искрено малку физолофија е спиењето ама и карактерот на детето е битен. Па да се прилагодиш.
На моето бебе циклусот на спиење е 20мин веројатно, не повеќе. @Stone не знам дали ме прочита погоре, мојата заспива со нишкање на нозете на перница, ама не спие подолго од 20мин преку ден. Еве од сабајле од 9ч до сега, 4 пат ја заспивам. Имаше 3 дремки по 15-20 мин и кенка цееел ден оти и се спие. Не знам како да и го продолжам циклусот на спиење едноставно, да спие подолго време и да стане наспиена. Кој што прави, јас ја нишкам за да заспие, ми се смачи веќе. И големиот го нишкав како бебе, него во раце, ама спиеше по 2ч ич како ништо тој. Ова сега зајак.
Исти бевме до пред некоја недела, вие мислам сте малце помали. на мојава 27мин и е циклус и до пред некоја недела никако не заспиваше после 27 мин, а сеа тера и по саат ипол ама во раце или кенгур. Ако ја оставам па зеам да ја презаспијам по 27мин е скоро па невозможно, а ако е на мене тера нови циклуси сон…
Колку месеци сте?Не сум стигнала да прочитам можеби имаш пишано.Претпостсвувам мали сте уште затоа и толку е краток циклусот.Дали имаш пробано презаспивање веднаш чим стане?Во главно се приметува кога ќе се разбуди има забрзано дишење може и да мрдне пред да стане.Пробај со се перница на спална и завртена скроз потпрана до тебе,да те мириса.Бел шум обавезно бидејќи некои бебиња и врапче може да ги разбуди.Јас така спиеше странично накај мене и чим осетам дишењето дека се забрзува тапкав по газето за да продолжи.Така некој период и се навикнува.
Малава кога беше бебе спиеше по 15минути само. Откако почна во градинка спие подолго. Што се не пробав за да спие подолго, не бива и не бива. Навикни се дека бебето ти е такво и не се нервирај.
Проблем е оти се мали не си ја држат главата. Ксј мене не е изводливо со голееми гради сум и на ракс е тешко дс го легнам да цицс со едната рака морам да му ја држам градата
Иста песна мајка денеска спиеше само 20 мин оставен. Цел ден вришти за нс крај да го ставам во количка да испаднеме за да заспие. А му се спие се проѕева и е кенкав ама инат
И јас држев, поарно цицката да ја држам одколку него. Верувај D корпа носам, знам што збориш. После ке се научи и самото ке си се мести, јас до крај го доев легнат.
Пробував ама никако положба не можев да најдам. Многу мрда и се испушта цело време. Јас сум Е корпа зависи од прслук некогаш и Ф. Помирена сум дека нема цицање легнати барем додека не може сам да си се мести
@Stone И јас сум преоптеретена со следење будни прозори, некогаш си велам како мајка ми знаела кога да ме заспие? Нас не ни се секогаш во исто време дремките, ама сепак следам будни прозори и ноќното околу 8ч обавезно. Е сега како повеќе разбира и мене ми е многу потешко да го дојам во светлина или кога сме излезени некаде пошто сака да рагледува и се трга. Ако добро се сеќавам ти живееш некаде понастрана, јас се враќам за спиење дома. Ретко да заспие во количка, а ако не заспие почнува со плачење и тешко ми е да го смирам. Пробај некогаш да излезеш кога е најаден и му се ближи време за дремка, може и ќе заспие. Дури не пробаш нема да знаеш .
Абе не ми е проблем заспивање,туку презаспивање надвор.До сега ќе заспиел и 40мин ќе тера ама бевме на 4 дремки.Е сега на три мора да спие повеќе,дома не е проблем ќе потапкам си презаспива ама надвор знам дека нема да презаспие.И тоа што живееме подалеку од центарско подрачје колку што е добро за чистота толку и лошо во вакви периоди. Цела планови и равенки од кога до кога да се искочи во колку што да се направи Ептен е напорно ама точно бар ми е организиран.Он дремките точно во саат му се сите фала богу бар до сега.
На темава прозори на будност и рутини, кога почнавте да воведувате вечерна рутина? Моево е скоро месец, спие по 2-3 часа, па се буди и останува буден по 1-1ипол час, во ретки случаи 2, и преку ден и навечер. Навечер пробувам да го презаспивам после доење ама неуспешно, па не знам дали да го форсирам или му е уште рано. Генерално, дневното и ноќното спиење му се одделени, дневно во дневна во гнездо на светло, а ноќното во креветче во спална во затемнето и тишина.
Е да, подолги треба да му се дремките. Јас се чудам и љубоморам кога ќе видам бебе заспано во количка, родителиве си кулираат 2 сати.
Премногу е рано за конкретни рутини но можеш да правиш чекори кои ќе водат кон тоа.Пример навечер пред легнување идеме кај него во соба и кажуваме добра ноќ на сите работи.Пример такви ситни детали можеш кои со тек на време ќе го асоцираат дека е време за спиење...зборот добра ноќ.Инаку е мало дека точно по нешто ќе се води. Ми се има случено два пати штета во календар не запишав како празник да го славам.
4м е малата. Ама вака кратки дремки има од старт, уште од кога е родена. Пробувам да ја презаспијам веднаш штом ќе почне да мрда, ама ме ми успева. Ги отвара очите и веднаш е ококорена и свежа. И не можам да се помирам дека е такво бебето кога и се спие, се гледа дека се мачи после кратко време и кенка, нерасположена е. Затоа барам начин како да и помогнам да спие подолго време. Ја оставам и на перницата да спие, на мене фактички како што ја нишкам, ама и така рееетко да спие подолго од пола саат. Белки ќе смени сама. Еве за ноќното спиење сама си го помести рано да биде и во 8ч е веќе заспана.
Рано ви е на вас за тајмер тајмер откако се префрли на 3 дремки, претходно како сакаше така правевме - she was the boss, now I'm the boss (само си замислувам ) Доколку сте уште на 4 дремки па не е и лошо 45 мин. Мојата со 3 дремки па знае едната да и е 45 мин За мене, се што е барем 45 минути е успешна дремка Да не сте во некој скок? 4 и 5 скок ги поминавме главно во раце, да не те плашам ама тоа е се надевам измеѓу двата Иста корпа сме, јас успеав кога имаше 2 месеци дури да се наместам за легнати, претходно што не пробував, не тетри под града, не подигната јас на лакт, не вака не така, исто никако не успевав. Доев само свиткана како кифла на перница. Еве сега е 7 месеци, седејќи пак само така дојам, ама среќа што можеме легнати па така си олеснувам
Денес бебињава штрајкуваат нешто изгледа. И мојава цел ден кенка. Колку дремки по 20 минути имаше не знам ни сама. Ја избањав пак од мака ама јокк не бива. 19дена сме ние, до сега беше ептен добра ама денес хаос.