Ние вчера бевме во Дојран и буквално цел ден го преспа. По пат спиеше таму во количка спиеше само за цицање ми се будеше. Ама денеска... Дури сега успеа да заспие убаво да го оставам и се надевам барем 3ч дс ги врзе
Нека спие Цел ден ќе ја држам ако треба И грчеви ја мачат затоа и уште повеќе плаче. Тоа е, сега да одспијам малце мм ќе дежура со неа едно два саати
Отварам инста, млада мама 22 години инфлуенсерка, како го започнува денот со бебе. Си станува лабаво, си се средува во тоалет, коса, лице, се облекува во спортска облека. Си средува се по дома, дневна, спална, кујна. Бебето го зема го става на подлога да си гуга, во меѓувреме си става кафе, пушта машина, се враќа кај бебе, активности со бебе. Потоа оди во теретана, а таткото го чува бебето, потоа следи хелти оброк со овес, сецкана банана, потоа го дои бебето . Јас се радувам ако можам до тоалет да отидам и да појадувам, откако се породив од пижами друго не облеков, косата никаква, а не па утринска рутина за нега на лице да си правам .
7 месецииииии на раце беше. До 8 месеци и само во раце заспиваше. Од камења да ми беа рацеве, ќе попукаа. А за машала си беше тешкичка. Сега е уште мало твоето. Си бара утеха. Ама штом поминат грчевите, мој најнај добронамерен совет, да почнеш ако можеш, да учиш легнати заедно или само да заспива бебе.
Какво дежурање, двајцата на спиење! Утре ќе дежурате ќе се менувате, ноќта е за одмор Прашај ја колку дена го снимувала тоа видео за да ги фати тие кадри се породив во зима, не ни сакав да излезам од долгите пижами што ми беше убаво, па и топлевме плус за бебе лелеее само за дремење
Не мора да значи. Се уверив. Сите бебиња се различни. Едно бебенце кај пријатели кај ќе го ставиш, таму ќе го најдеш, не плаче, ќе се насмее, глас не му се слуша, си кулира што е бебе. И таа мајка нормално дека ќе има повеќе време за себе или за домот. Има и што плачат само затоа што погледот по грешка си го свртела на страна и немаш буквално време за ништо. Она што сакам да кажам, ни рутина, ни ништо не е пресудно за тоа, туку карактерот на бебето. На неа и се погодило помирно бебе. Според мене, тоа е. Со плачливо, кенкаво бебе, од твоето сопствено време подарокот ти е, исфлекани алишта, играчки на лустер фрлени, можеби неизбричена мишка, косата во сите правци вон гравитација, спорт со скок преку коцки, итн. Можеби и не е така, ама со некои бебиња дека може да функционираш почисто, понормално, посредено, можеш. Јас ја немав таа прилика да имам такво бебе, но во текот на денот имав еден саат да средам. И гланц ми беше дома. Е сега со тодлер, ми е депонија Дрисла. Не дека не се трудам, ама побрзо може да испрља, отколку да исчистам. Ене ги прозорине и вратине, само што ќе ги избришам, ги лиже. Џабе реагираш, толку се брзи, што дур да кажеш стоп, веќе се е ушлакано и излижано. Секоја им чест на тие мајки.
Мене оброк овие два денс ми се рандом работи што ги наоѓам у фриждер. Едвај наоѓав време за во вц да отидам. Станувам сабајлето цела маичка покисната во млеко, косата на сите страни.. Ама затоа детево избањато, измасирано, чисто исчешлано( имаме многу косичка и цело време сме бушави) Многу нереални слики ни покажуваат на социјалните мрежи и затоа некогаш мислиме дека не правие доволно или се споредуваме со други мајки што демек имаат совршен живот. Женскава спие со тато у дневна , најадена, јас се измолзував до сега. Не ја чепкам нека спие, како викаат не дирај лава док спава
Каде да одам да го сменам моето со некое такво? Шала на страна не се жалам ПРЕмногу, и мојата знае да се заигра и да можам да правам работи. Мене ме гази моментот што сум вратена на работа од 5 месеци и толку саати има во денот, да работам и да ја исчувам неа. Искрено, станот го немам асално исчистено од пред лето, ќе замачкам ваму таму затоа што пак останатото "слободно" време и викенд го користам за да шетаме надвор. Ќе дојде зима ќе треба да се заклучиме внатре што од ладно, што од загадено.
Ваљда сме во 5ти скок да, ама се откажав од пратење скокови најискрено. Чекај да помине еден па ете го дошол друг па ден два плус минус, налет више дополнителен стрес само. Скоро иста е со кратките дремки од трет скок, до тој беше супер. Сеа јбг со кенгур функционирам дење за да поспие убаво, ноќе станува по 4-5 пати и презаспива со цице.
Имаш и друга верзија на морнинг рутина по инста што кружи, влага мајка во вц и се шлапа 3 секунди со вода и не се ни брише. Ваљда повеќето што си кукаме по форумот сме од тие мајки и тоа е реалноста
Се погодив на одмор со една наша инфлуенсерка и ја гледам првиот ден на вечера исфенирана, нашминкана, испеглани алишта, јас со косата во реп, излигавен фустан од ќерка ми а само што облечен, шминка апсурд да ставам кога нонстоп ме шлапа по лице, така малку неубаво се осетив дека јас сум неорганизирана. Е ама нареден ден видов дека е со пошироко семејство и сите си го подаваа детето она си кулираше. Така да сами со темпераментно дете ќе страда и дом и коса и ручек пошо што попрво да завршиш за време на дремка?
Не постои ова, верувај тешки депресии се позади тоа видео и таа плаче кога нишка бебе со саати, ама пусти мерак да се покажат дека освен они што се нај и детето им е нај ич не гледај такви, глеј си детето брзо поминува се… 3месеци ми поминаа за момент
Јас за ова не им се чудам, можда зошто го не сум таков тип - и онака се шетам со messy bun и не испеглани алишта (sorry not sorry) Ама им завидувам како стигнуваат да снимаат и да едитираат се - како некој што има направено букстаграм и профил за активности а едвај постирам ова многу ме интересира
Од која игротека во Ск сте задоволни за деца со неполни 2 год? Има ли некоја понова со лизгалки, трамболини итн. за да потрошат енергија?