Моето прво беше такво Мирен секаде, сам се заигруваше, јадеше се што се јаде, спиеше и преку ден и навечер цела ноќ, бајче Третово ми поднаплати за све, особено со спиењето Сега е веќе подобра, ама а вади некој заб.. обавезно не спие
На одмор нема сила што ќе ме натера шминка да ставам (и онака не се накршив од шминкање). И тоа влечење на баби за родителиве да одмореле не можам да го разберам. Планот е следен одмор да тераме со моите, со брат ми, ама тоа ќе за сите да се видиме убаво, а не деца да ми чуваат. Инаку првото од раѓање ми беше мирно, фино, одмерено. Од мало уметничка душа е. Леле ова второво мамата ни ја расплака од раѓање. Во поглед на спиење е ок, си заспива под саат, ама леле кога е будна. Абе ако седнам на погрешна страна до неа може да плаче. Крвнички се џапа, вчера ми тресна кафе од рака, не знам ни јас како, лом бевме и двете и креветот плус. Среќа ладно беше. Пишти од бес, пишти ако и земеш од раце нешто (сакаше кремата за газот да ја става во уста). Кога не и се јаде патент на уста и на трепки да застанам нема да отвори. Брат ми прееска дојде на кафе, му викам лошо е бре на тебе. Он на тоа "детето е само темпераментно". Ми рече човекот што како мал еднаш почна да јаде тоалетна од канта.
Има една познаничка, која секој ден си шета со децата дотерани и средени, она средена...и еднаш низ муабет вика: малата беше мнг нервозна порано кога беше гладна, сега се навикна. Хахаха на кого што му е битно. Сите се трудиме некој баланс да држиме. Не им замерам ни на тој тип луѓе. Мора да се нај нај... кои нервози и притисок имала да се среди видеото а малото внимание бара
Здраво живо мајки Ве исчитав со ред - за спиење, за плажи, за инфлуенСЕРКИ и шминка, фризура...и си се мислам каква бев јас пред 2 години па пред 14, па пред 21...не сакам да мислам, долго ми требаше некои случувања да ги избришам од главава, сега само најубавите си ги негувам Сакав само да ви кажам колку и да ви се чини сега тешко уживајте и во тешкото, растат мноооооогу брзо и за миг ќе се радувате на порака или повик од нив. Малку ко од баба муабетов, малку појќе клише, ама вистина е, ќе ве потсетам за некоја година пак, здравје само Сега добра ноќ и до следно читање
Не знам кај да прашам, имам температура 38 и треска ми студи многу, освен омалаксана друго ништо не ми е... што да се напијам пиев парацетамол пред 40мин,на колку време да се напијам дека дојам орс пиев...
алал да и е ако е стварно така. Јас првиот месец после пораѓај со второво едвај од кревет станував. Денот ми минуваше во спиење доење и ретко обавување на домашни обврски. Се чуствував тотално преморена. После 1виот месец веќе и телесно и душевно ми беше малку подобро па почнав да функционирам. Што викаш цело време по пижами спавача такве ствари.
Јас на почеток кога дојдов дима после болница кога прашав доктор ми кажа аналгин може и парацетамол, ептен ако има потреба досега во скоро 8месеци неколку пати сум се напила за главоболка.
Така знам, на страната кај што проверувам за што може/ не може ова стои за него Low Risk Moderately safe. Mild risk possible. Follow up recommended. Alternatives Ibuprofen (Very Low Risk) Paracetamol (Very Low Risk) Јас знам за парацетамол и ибупрофен дека може
кога се мора се мора. Аналгин во споредба со други лекови кои се забранети за време на доење не е толку штетен. А и веќе си пиела. Јас и додека бев бремена пиев ако веќе мораше. Пиев и додека доев
Аналгин(метамисол натриум) не се препорачува за време на доење, може да премине во млекото и не е баш добар за бебето. Парацетамол и ибупрофен можеш. Знам дека не помага ама си трпам, знам да се напијам магнезиум ме опушта. Пробај и б6, колку толку ќе ублажи. Парацетамол и ибупрофен е дозволено и за бебе, значи е безбедно и да пиеш додека доиш.
Ја пакувам за прв одмор и се разврна нели… па во куфер ставив и 10тина бодиња со долги и хеланки и чорапи и џемпери на страна од летниве бодиња и фустани летни и све и свашта. Еден carry on куфер цел е за нејзе - цело човече плус памперсите и пелените за бањање првиов одмор е стварно преселба
Хах и јас бев иста, во мало куферче ко за во авион ја спакував и долги и кратки и чуда ама па свежо е сабајле и вечер ако одите накај Грција така да требаат долги
Убавооо да си поминете Јас вчера кај мајка ми за 4 дена со куфер отидов , да не и зафали нешто Морало 20 бодиња да има.
Маж ми вика ја спакова како за на алпите на море идеме хахахха ама остсј другар да си имам ја опции на пола саат од Солун сме со мало бебе кај ќе идеш за прв пат класика нели ко да нема да застанеме во Солун да ишопингувам за неа секако ама нека си има … баба ми викаше во лето на пат се носи облека, во зимо храна сега ја разбирам порано се смеев
Не ја сликав колата како беше натоварена. А имаме баш голем багажник. Плус напред на седиште, позади фрлени ќеси/ранци нејзини. Ветив сама на себе, дека следна година, подобро ќе се спакувам хахахахха
Хахаха и ние сме со џип со огромен гепек али сто посто ќе биде циганската сабајле и по седишта триста торбици и кеси ќе сликам