Кога останав трудна со второво купивме нова кола баш заради поголем багажник. Отсекогаш сум мрзела кровен багажник, грубо ми изгледа, ама оваа година бевме со полн багажник, две деца позади, куп работи кај нив доле, кај мене во нозе води и други течни ствари и плус изнајмивме туле. И тоа беше полно. Количка, триста глупости за на плажа, кофички, гуми, даска за пливање, делфин проклет, капак и столчето лежалка нејзино морало. Маж ми е премирен човек, ама кога товара кола за на одмор му се тргам од пат. Цеееел ден пцуе. Јас сепак надежна дека догодина без туле ќе одиме и го натерав само да изнајмиме, готов беше да го купи
Чекајте другарки, ние имавме ствари и кај резервната гума Тоа што и во двата правци застанавме во Космос не помогна
Пих аматери Во претходната кола тоа фамозното столче нејзино го стававме измеѓу седиште и прозор, така да врата таму немаше шанси да се отвори. Првата година носевме и чадор (од таму од лежалките мал ќе ни бил нели), па маж ми не знам како го имаше протнато од напред скоро од шофершајбна па наназад одеше. Катастрофа. А ќе речеш како поминуваат години помалку ствари пакуваш. Не, дете расте, па сега си има нејзин куфер и и тој го полни до горе.
Тоа е тоа, јас не мислам дека лошо се спакувавме/премногу ствари носевме, пошо вратив неколку бодиња само не облечени и неискашкани. За нас минимално ствари земавме. Едноставно си има багаж, дете си повлекува реквизити за плажа, играчки за во соба, јаде се кашка, лигави, ќе поврати, сеа како лази само брише подови нема сигурно таква да ја оставам.
Кампуваме 15 години од кои пирколката стои таму статична со сите работи едно 5-6 години. Секоја година одиме со кола натоварена до горе, дури и без бебе. Оваа година како за со бебе дури и добри бевме штом на задното седиште имаше само некои работи кај неа пред нозе А рчунајте и хранилка носевме хахаха Ама за прв пат земав минимално работи за нас, и плус имам перална таму па ја перев и неа цело време, да не беше така не знам веројатно пиколица ќе требаше да закачиме плус
Да не ве разочарам ама во кола less is more не важи. Во кола е more more и уште more. Кренав официјално раце овој пат. Од тоа како планирам и замислувам на крај каша-попара. И ние земавме SUV со седум седишта и кога него успеавме да го преполниме, сфатив дека колку повеќе простор имаш, толку повеќе ствари ќе најдеш да дополниш. И две тулиња да стаам горе пак ќе се преполнат и тоа е тоа. Сега сум со нова резолуција да носам само големи куфери поради компактност, место 2 големи и милион мали. Бебули заспа тотално milk drunk. Дур тера дремка си ги навадив цвеќињата и си стаив кафе. И дур скролав на инста налетав на еден рил.. - Најтешкиот дел од мајчинството е тоа што ги растеш единствените луѓе без кои не можеш да живееш, да бидат способни да живеат без тебе. И баш некако ме погоди, колку е реално.
А ние со 3 деца Имаме и Туле (ама годинава ништо од него, немавме држачи за новата кола). Среќа голем багаж, па напикано во него од куфери, играчки, количка на бебе, па годинава и суп даска Не само багажот... меѓу нозе, под седишта... Незнам дали воопшто може "подобро" да се спакуваме...
Ние добри сме значи според муабетиве. Мислев ќе ни треба туле ама успеавме без. Багажникот е за кучето, само 2 ранци завршија таму едвај. Јас и мм во еден среден куфер и малиот рачен за бебка на предно седиште измегу седишта секако уште по некој ранец, торба, ќеса и количка
Ние сме моментално на втор крак со 4м бебе и да ти потврдам дека ќе ти требаат долги, па и за вас можеби за навечер. На доручек одиме со кратки ракави и хеланчиња, навечер на прошетка со долги горе и доле и џемперче и покриена е. На плажа само во купачи седиме (ако носите тоа за мало бебе), си дувка некое ветре, сите фустанчиња, ромперчиња ќе си ги вратиме необлечени. Во море не се осмелив да ја бањам, ноџињата до пелената ги брчкаме и ужива, ама водата е некако поладна од други години, маж ми едвај влезе а и ние помкнати со пелени за во вода, базенчиња чуда… ама можеби кај што ќе одите вие потопла ќе биде па ќе успеете бебка да ја бањате Убав помин!
Јас уште се товарам ко да нема утре и ко да идеме у сред пустина кај што нема живо пиле ама поентата е следна, колку повеќе место имаш, толку повеќе товариш. Кога одиме со авион одиме со ранци, за недела дена за сите по еден ранец, голи не останавме ни па ти нешто ни зафали. Последново одење во Германија и кумови бевме па дури и штикли имав ставено у ранецот, среќа работите за бебето таму ни беа испратени предходно, ама кога си ограничен носиш она што стварно ти треба
Ја до кај баба и дедо се товарам со торба не па на одмор да тргнам автобус ќе наполнам.Оваа година решив не одиме,не сум спремна.
Вчера бевме на гости со моето 10 месечно бебе. Внука ми (4 години) сакаше да го држи, јас нормално не дозволив. Мајка ѝ убаво ѝ објасни, ама една жена од фамилијата запна, дури ми ја фати раката и рече ќе го земе, нема да му падне бисерот на бебето.И нареди одма да и го дадеме, и почна да ми се дере, зошто не оставам. Ми се стемни пред очи! Среќа братучедките смирија ситуацијата, ама јас останав со чувство дека немам глас за сопственото дете. Како би реагирале вие? Што правите кога некој толку наметливо сака да ви го земе бебето?
Рамно би ја плеснала по раце, да ми фати рака и да ми се дере. Ако кажам нема, значи е нема. Ако не разбира , зимам дете и си одам или ќе ја тргнам на страна да не слушаат деца и партали ќе ја направам.
Ние со караван, преполно хаха исто цел ден нервозен колку е полно. Од транспортно креветче, душек на расклопување, стерилизатор, греач за млеко, две лименки млеко, куфер за нас, за неа облека, кеси со памперс, патики влечки, козметика вао вао на крај големата количка хахах за два ноќи во охрид. Мислам големата преселба на народите беше. Хаха сега сме со карти за германија почеток декември, добив дозвола за женската да ја прошетаме. Ќе видиме како ќе се снајдеме.
Секогаш носам минимално багаж.Ако нешто не поднесувам тоа е полна кола со се што треба и не треба.Годинава на одмор бевме само со 3 куфера(и тие ми беа мн),а со 3 деца сме.Еден само за крпи за плажа,купачи и средства за сончање.Еден за децата и еден за мене и мм. Внатре во кола само еден ранец со кафе и грицки за пат.Ништо ич др.Не можам да се возам раат кога е низ кола хаос и растурено.А за распакување дома да не зборам колку ме напнува
ми недостига времето кога на плажа се одеше само со крпа префрлена преку рамо. Сега сме како на преселба тргнати. Буквално сум иста. За еден ден до Охрид сум со 300 глупости товарена
Немој да ме сфатиш погрешно ама дури и глупо ми е прашањево што го поставуваш.За свое дете не роднина,мајка да ми е ќе изреагирам.Едно е некој нешто да искоментира и јас од култура да премолчам ама да ми тргнат свое дете...не знам кој не би изреагирал.