Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    995
    Пол:
    Женски
    би се искарала извреѓала и кажала колку се прости. Ако би се слушала себеси. Ама ако би размислила би рекла извинете луѓе драго ми е што сме се дружеле ама во мојот круг вакви неописменети луѓе не ми требаат. И тоа би било моето последно видување со нив. Како што кажаа и другите и ептен блиска да е и мајка да е и свекрва би и возвратиле. Дома можат кому сакаат да наредуваат Ама мене за мое дете не
     
    На 1209 и Miss666 им се допаѓа ова.
  2. Kjara2025

    Kjara2025 Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2025
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Уф знам, сега ми е ептен криво. По природа сум премногу повлечена и кога има некои слични ситуации не знам да изреагирам во моментот. Како укочена се осеќам. Не знам што е со мене. После тоа имам цел филм во главата што сакам да кажам и како би изреагирала. Знам дека не испаднав добра мајка во ситуацијата. Ама сепак не дозволив никој да ја повреди...ќе си пукнам од мака сега..
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, јас сум иста. Тоа е карактер и не знам дали може да се смени. Бевме во камп и ми дојде една баба што ја знам, Леле јас сум дечарка многу сакам деца може ли да ја земам? и немав проблем да ја земе, ама жената ја грабна и отиде да шета со неа. Ја барав низ камп едно 5 минути после и си преќутев :) не дека и се деси нешто, за некое чудо беше мирна, мирна а обично не се двои од мене :D

    Јас никогаш нема да се искарам, ама бар знам да сум упорна со фино. Во пиљара една баба беше запнала да и даде едно меченце, сама ми рече дека е старо и седело дома го носела на некое бебе. 7 пати се извинив да не ме сфати погрешно, ама си останав на своето дека не сакам да и го даде.

    Така да верувам дека не сакаш да влегуваш во конфликт, исто како мене, па пробај со фино да одбиеш. И не го мисли веќе, штом се завршило како треба, ова ти е само дополнителна лекција за какви ситуации ќе се наоѓаме и како ќе треба да се смениме за да си ги заштитиме децата - ама и самата рече дека не се случило ништо лошо така што не го преанализирај сега :)


    На мајка е најлесно да изреагираш кога имаш карактер како нас, потешко е на други луѓе кога си човек што не сака да влегува во конфликти :)
     
    На WhiteCat33, Ladyme и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  4. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    388
    Пол:
    Женски
    Не гледам конфликтно во некој што ми го џапа бебето.Паќ ќе кажам МОЕ ДЕТЕ.Конфликт би било ако тој некој друг има право врз детето.Пример мажот.А секој друг е небитен.Да ќутиш за да не се расправаш за теми во кои не се согласуваш е едно,но за дете што ти е цел живот..нема тука конфликт туку јасен став.И Кјара не ми беше муабетот дека си лоша мајка или немајка туку охрабрување дека тоа што ти го сметаш дека е правилно за твоето дете е став и крај на муабетот.Тоа дете коа ќе порасне ништо нема да му значи таа роднина туку ти ќе си му цел живот утеха.Вакви ситуации ќе имаш цел живот,во многу разни сценарија.Мајка не се станува веднаш...и ти растеш со таа улога како и бебушот.
     
  5. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    413
    11++ сме, се буди по 3 пати ноќе :D:D нема правила не се притискај со тоа "како треба". До сега сто пати се сменале нештата. Првите 3 месеци беше будна по 10 ч.на ден, полудував. Сега е спанка најголема дење.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Женски
    Мајки на најголеми неспијачи, прашање до вас.. Кога почнаа да ви спијат навечер, бареммм со 2, 3 будења? Ќе почнувам на работа не се функционира вака со будење на саат време, вчера си седевме будни од 2 ноќеска до 5 сабајле..
     
  7. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не кажав дека е конфликтно во џапање дете. Реков дека ја разбирам дека не сака да влага во конфликти, односно да се искара и извреѓа и да изреагира. И барем и дадов решение што можеби повеќе ќе одговара за неа затоа што не сме сите исти карактери, наместо да и кажам дека поставува глупи прашања и да и правам уште толку неубаво да се осеќа :)
     
    На Ena05, Lady Miami и Kjara2025 им се допаѓа ова.
  8. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    4.452
    Да бидам искрена или не? :D Прв пат ја преспа цела ноќ на 14-15 месеци и од тогаш до негови 4ри години се будеше макар по еднаш навечер, многу често 2-3 пати, понекогаш и повеќе. После 4тиот роденден ја спие цела ноќ, без будење, може да се разбуди еднаш во две недели и конечно можам да кажам дека спие. Ама моево дете е екстремен неспијач, ама имам другарка што има и бетер неспијач од мојов. Така да, нечие искуство нема многу да ти значи, секое е различно, може твоево од утре ќе почне да преспива (fingers)
     
    На јolene, 1209, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  9. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.361
    Пол:
    Женски
    Цица? Мислам дека генерално бебињата што цицаат се будат почесто.
    Моето прво се будеше барем еднаш почесто два пати до кај 2ипол. Имаше периоди кога го зимавме со нас за да продолжиме сите со спиење. А инску до година и нешто стандард беше биден околу 5-5ипол. Мртва бев на работа. Сега е 3г и 4м и веќе пола година сигурно има како спие цела вечер. Ако се буди значи нешто го мачи пример топло му е или затнат е итн.
     
    На Mother of 2boys, Dodo1 и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.738
    Допаѓања:
    6.224
    додека ја доев навечер стануваше по 15 пати, исто тргнав на работа неиздржливо беше. ја одбив на година, стануваше некој период, ама за кратко се помири и почна да преспива цела ноќ
     
    На Dodo1 и Dekoo им се допаѓа ова.
  11. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.788
    Допаѓања:
    6.877
    Пол:
    Женски
    Моево некаде после 2 години почна да се буди еднаш или ниеднаш.
    Инаку не цицаше.
     
    На Dodo1 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  12. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.736
    Здраво мајки.

    Јас да се пофалам дека имам златно бебе (пу пу) кое веќе неколку дена по ред сама си прави 3 дневни дремки. 3+ месеци сме. Првите дремки и се по 45 мин, третата ја спие и по 2 часа. Првите ден два кога почна да спие долго на третата дремка ја оставав, па после 2 часа правевме и 4та дремка, арно ама и ноќното спиење и се одложуваше многу и не заспиваше пред 22ч. Ноќеска станува по еднаш, спие до 8-9-10ч. (fingers)

    Денес пробав да и ја скратам 4тата дремка и отидовме дирекно на ноќно спиење во 20:30ч. Будниот прозорец и е 2 часа (ништо порано од тоа не заспива), а за ноќно 2,5 часа. Од тоа што читав заклучив дека и е рано за 3 дремки, ама сама си прави таков ред, па се надевам дека не грешам. Ке видиме вечер/наутро.

    Да не се подречам ама до сега не сме ги осетиле скоковите нешто премногу изразени, а според недели сега е во 4ти.

    Непцата и се воспалени, рацете и се што ке и дојде при рака става во уста, па можеби ке пробие и некое запче во скоро време.

    Обично се жалиме во темава, ама ете добив желба да ја пофалам мојата беба (со надеж дека нема да пишам спротивно за брзо) и на сите да ви посакам умни бебиња. И одморени мами.:inlove:
     
    На MamaCara, Mother of 2boys, Aleks.mar и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.496
    Пол:
    Женски
    Годинка направи и се буди 1-2 пати, на вештачко млеко е од раѓање. Тоа будење и седење ноќе ми се случуваше со поголемиот некаде на 9-10 месеци, мислам дека имаше некоја регресија во спиење.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.048
    Допаѓања:
    77.905
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Дојдов да ви кажам дека немам веќе бебе кое лази ;( Веќе 2 нед се пушташе, ама 4,5 дена веќе само оди по дома.. нема лазење веќе :l: Па денес конечно и фотосесија и направив со колачињата кои ги правев добри 10 дена :rofl: На сите им изнаправив експресно брзо, а за моево се намачив... Ама тоа е, тргнав на работа... децава со школо, активности, вози таму, вози ваму, МИЛИОН обврски :sweat: Ваљда ќе фатиме ред, ама тешко периодов... преморена сум..
    @Iva.T како виде дека се набабрени? Ако на допир е мазно, тоа не се набабрени непца.. скоро кај сите бебиња изгледа ко да ќе избие заби доле, ама тоа може да потрае. Набабрено различно изгледа, како планина тумба и на прст ептен се осеќа.. и обично со набабрено непце веќе за 5-10дена избива забот. На таа возраст имаат веќе орална фаза, па затоа и се рацете во уста. Мојата и премногу се лигавеше тој период... а прв заб излезе на 7ипол месеци (тогаш капка лига па немаше) :lol:
    IMG_0649.jpg AIRetouch_20250912_180958399.jpg
    Повелете колачиња, Софи како за на пазар се сликаше :rofl:
     
    На WhiteCat33, lady1987, Coco31 и 44 други им се допаѓа ова.
  15. Iva.T

    Iva.T Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    1.736
    Лесни чекорчиња! Да чекори смело и безгрижно низ животот :inlove:

    Денес на педијатар бевме, тој ни кажа така. Јас појма немам :whew: Ама татко и демек извадил запче на 4+ месеци па си помислив има шанси. Не брзаме никаде секако :l:
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.048
    Допаѓања:
    77.905
    Пол:
    Женски
    Фала :hug:
    Знаат да грешат и педијатрите... Јас на 7м ја однесов за страшно плачење и неспиење навечер (кое патем поради заб било) и рекоа нема абер за заби. Кога за 2 недели од тој преглед изби првото запче (facepalm) Додека на друга мајка истиот период и рекоа еве готово ќе вади заби... а нејзиното нема сеуште извадено заб (13+м).. Инаку може генетика да има улога... Јас па три дечиња имам и сите 3 различно извадија. На 5м, на 7м, на 11м :lol:
     
    На MamaCara, Трагедијаупмм, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.832
    Допаѓања:
    2.677
    Пол:
    Женски
    Нас ова будење не држи уште пд четвртиот скок.. и не знам кога ќе заврши
     
  18. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    413
    Преслатка Софи и преслатки колачиња :inlove: да си трчка насекаде лесно и безгрижно.
     
    На Mother of 2boys и mariz им се допаѓа ова.
  19. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.326
    Допаѓања:
    4.860
    Пол:
    Женски
    Обично сум човек кој не се кара со постари, и општо незнам да кажам не, ама би рекла дека не го давам детето да го држат.
    Сега на другарката најдобра бевме излезени и го пика во нејзиното дете и тоа вика дај ми ја да ја држам и реков те молам задржи рачето да го избришам затоа што ја чепкаше. Еее вика па ти до кога така. И реков внукава од сестрами ја нема чепнато, освен по нога и никој не ја чепкал или држел не е кукла. Сега па како пика раце во уста никој несакам да ја чепка за раце не се љути, детево беше на тие за лизгање, лулање и не и се чисти рацете. И се надевам не се наљути и ме разбира ако не, немам што да сменам тоа е. И ми ја даде мене. Значи најдобро е да се каже... Незнам како други луѓе се дрзнуваат така да се понашаат и да одлучува за твое дете . Хаха јас не ама сестрами да им е ќе ги средела. А така им треба да ги посрами некој на однесувањето. Што вика сестрами нема да ме види повеќе. Сега не си ја нервирај душата кога поминало, ама охрабри се барем да кажеш дека не сакаш, ако се повтори и за свое дете здравје и добро, не се устручавај.
     
    На WhiteCat33, MamaCara, Надеж♥️ и 5 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    46.681
    Пол:
    Женски
    Кога излегоа сите заби.
    Сега е 2.5 скоро, обично преспива ноќ, се буди 2-3 пати некогаш ама презасива. Ама сеуште има ноќи кога не сака да спие.
    Во градинка мака мачат со него да спие, дома деновиве уште како бебе сака да спие да го нишкам и да цица, не знам што му е филмот во главата деновиве.
    Имаме новороденче во фамилија дали е можно ради ова што гледа да има вакви испади?
     
    На MamaCara, Mother of 2boys, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.