Само една забелешка, докај 6м мислам беше сосем е нормално да легнуваат и да стануваат касни бебињата(може и порано не ме фаќај за збор) ама дефинитивно заспивање во 22ч на 3м е нормална појава. рано е за 3 дремки мислам, ама види си како ќе сте.
Секако дека има шанси,на бебе мое на 4+ почна да грепка минимално на допир да се осеќа за брзо излезе па после него уште еден. И јас сум извадила заб на 4 месеци @mariz лесни чекорчиња на девојката колку брзо растат
Добро утро мајки, како сте? Јас ко воз да ме згазил, излеговме синоќа и за сметка на тоа синко сабајле во 6и30 стана, а плус ноќеска имаше едно будење со плачки не знам зошто Одиме 2 недели во градинка, плачеме на секое оставање, не јаде ништо ама се заигрувал велат внатре, вчера дури до 10ипол седеше. Ке видиме од понеделник, реков не се радувам пред време зошо ке ми се удри од глава. Ама морам да го пофалам за две недели како да порасна, колку работи научил не ми се верува, не дека јас од ова нешто го немам учено дома ама ваљда гледајќи ги другиве деца почнува да повторува и он, а оди по 2 часа од кој 1 сигурно рика таму влегува дома соблекува патики/влечки ги става на место кај што му стојат, ми вели мочам сам, се заигрува со играчкиве нешто збори по негово ама играва му има смисла, таму не јаде ништо а дома не остава јас да го храна строго сам, јадел сам ама и јас сум го хранела сега не смеам, гледам и не ми се верува дури кој знае уште што глупости ке научи ама сега за сега добро се држиме Јас почнав да барам работа, со надеж брзо дека ке ја најдам ништо не ми е по струка, најмногу би сакала нешто од дома да најдам ама тешко.. ке биде не се разочарувам @mariz лесни чекорчиња на убавицава, да чекори храбро секогааш Имајте убав викенд
Фала ви Јас сум многу обратна значи.. Ноќеска станав 6,7 пати, толку и мадам стана со плачки (ваљда 4ки се на ред)... и 6 будни бевме А свежа сум мислиш 12 саати сум спиела
На нет пишува околу 3ти почнуваат ден ноќ да распознаваат, се сеќавам и по моето околу 4ти некаде почна порано да спие, ама секако нели секое дете е различно.
Јас се одвикнав да ми станува ноќе, се препородив искрено, спијам во глобала 6-7 саати максимум и таман ми се. Збориме заспивам и се будам сабајле, без станување, без ништо ама вака со помалце од 5 саати спиење и плус претходинот ден станата од 6 едвај чекам вечер да легнам
Каролин иди на инста кај др гуднајт денес има нешто за градинки привикнување. Знам дека сте во таа фаза.
Премногу очекувања за прв одмор со бебе и премногу разочарувања. Од бебе неможам да се пожалам премирна е дури и повеќе од дома ама маж ми не се трпи. Неможам да го препознаам човекот. За секоја ситница околу беба се расправа со мене. Од рокови и тајминзи сум страшно хиперстимулирана, човекот си замислува дека имаме робот а не бебе. Сабајле денот ми почна со кавга зошто на бебе не е дадено 5 часа да јаде во текот на ноќта, требало на 3 иако спие и не побарало да јаде а инаку кога е гладна вреска дека не е воопшто стрплива. Ова е само еден пример кој ме прави да се осеќам како мајка што не се грижи за детето а реално се ми се врти околу бебе и буквално се друго ми е на стоп, што не се ни жалам. Незнам како ќе си го повратиме односот што го имавме претходно, страшно ме иритира. Да си се пожалам пошто нема на кој
Тешки се мн првите месеци... ама потешко го прави ете тоа понашање. Некогаш знае мојов да ме изиритира... Ама во главно знае да се воздржи. Направи му еден муабет сериозен. Да не ти прави да се осеќаш лошо. Макар ако треба отери во пм да знае колку си сериозна да не му се повтори да ти уништува одмори и убави денови . Он знае повеќе од мајка што е цел ден е со бебе. Мора да почне дете да спие навечер. Така мм еден период ја заспивам во 8 ипол.. леле како така требала во 9 да јаде ќе била гладна само 4 јадења и детето го заспав и спиеше до сабајле. Значи више е поголема има и масно ткиво и резерви и може да сврзе сон и со таа храна е доволна. Незнам колкаво е твоето, мојава е 5 месеци и 2 дена. Од 3месеци спие цела вечер. Еве два месеци нема ноќ да стане да се разбуди. Може да се проврти па цуцле да и дадам и продолжува тоа еднаш во неделата може така. Не се секирам не е дете гладно. Од како ја зедов од Неонатологија имаше 2кг не сум ја разбудила сама кога станала сум дала храна. Па еве ја сега е 7кг. Реагирај не му ќути таков карактер е, имаме таков пријател мн сугерира и еднаш сме го подбрале на одмор бевме заедно. Сега е со две деца мислам се смени 360. Ама на почетокот на голи оток да го пратиш.
Мм беше ваков на почеток, ама пред педијатар јас прашања он слуша. Па фино му објаснив, ако он знае подобро, да се повлечам да не правам гужва ( ова беше повеќе зборење, отколку дека така би направила де). Првите месеци, а еве и година направи малата, колку помош и грижа имам од него, толку и сакав да го задавам и 10 пати развод барав хахахах Бебе не е робот. Бебе се прати и по негова музика играме.
Не ќутам и сето тоа ескалира во кавга. Му објаснувам дека веќе може да почне да врзува повеќе сон (3 месеци е инаку), си напредува супер бебе (6400 беше на последна контрола),дека она сама си покажува кога што сака ама он толку многу е заштитнички настроен што дури и од мене сака да ја заштити. Нз нз не го препознавам а долги години сме заедно, буквално се смени од корен откако е татко. Прекрасен татко е спрема ќерка ми ама полош сопруг спрема мене
Majki kade setate so decava zasto pola skopje e zgadeno od cadovi. Preku glava mi e i od vardariste i od ostali drugi zgaduvaci na vozduhov od doma ne se iskaca veke
Што пиете витамини нешто или за имунитет постпартум, посебно и вие што доите? Пошо не може да се пие се, зарафи доењето. Пијам премама, ама не можам само со тоа, ми треба нешто дополнително.
Само вит Д 5000ИЕ на ден и мнооогу зеленчук. Ништо друго. Едвај чекав да се тргнам од пренаталните, страшен запек ми правеа и нема шанси пак да земам тоа.
Мене не ми прават, ама не ми помагаат премногу, ако промашам еден ден толку се распаѓам. Ќе испитам тсх, така ме советува матичната… до сега не сум имала проблем нит па имам во фамилија некој, ама после бременост знаело да се изремети. Ќе одам утре и за крвна слика лу1 и тоа. Се мислам и витамини да испитам, поготово д. Кои ги пиеш ти?