Тсх многу често после бременост е катастрофа и нормално е. Јас сум со хашимото и после пораѓај влегов во акутен тироидитис, па еве после скоро 7 месеци почнав да се враќам во некоја нормала. Ако испитуваш тсх со фт4 обавезно инаку ништо не ти значи. Испитај инсулин исто. Кортизол висок исто знае да даде такви симптоми. Инаку на now пијам. Капки се, една капка 1000 ИЕ.
Не е баш нормално... Таа дијагноза особено чим ја добиеш многу веројатно до крај на живот да си ја носиш.. Јас сум со хипотиреоза и хашимото, после прв пораѓај исто (тригер беше бременоста и раѓањето). 10г сум на терапија која за жал расте со текот на годиниве. Од пред 1г и со чворови сум... ради промените кои ги прави хашимотото..
Тироидните можеш на добиено, само не на трети ден. Бач тогаш тсх е секогаш повисок. Инсулин кога било, само на гладно да е. Кортизол исто насабајле. Можеш од гинеколог да земеш мислам за сите овие и на клиничка биохемија да испиташ. @mariz нормално е да падне па да се врати во нормала после пораѓај. Сепак тироидата била оптеретена цела бременост. И тука тие осцилации го прават тој умор и летаргија. Твоето и моето не е нормално. Јас исто сум хипо со хашимото повеќе од 10 години. Немам јазли, ама еве втор пат вчегувам во акутен тироидитис и страшно ми е.
Јас продолжив со Прегнантол Мулти, за време на бременост пиев Прегнантол со дха, после гинекологот ми рече да ги земам другите. Земај и витаминД, витаминЦ обавезно.
Дали некогаш навистина почнавте да им распознавате знаци на бебињата? Кога беше беба 2 недели, свекрвата ми искоментира дека Мајките требало во секој момент да знаат што им е на бебињата. Тој коментар толку ме сотре што 2 недели плачев и бев во некоја депресија. Ама секогаш потсвесно си викав дека рано е и ќе ја научам. Еве не скоро 8 месеци подоцна, јас се уште не се осеќам дека знам. Значи искрено моево бебе никакви посебни знаци не дава. За спиење знае да се прозевне, или да затрие очи ама многу ретко. За јадење буквално ништо. И јас цело време функционирам со неа на тепка и под саат. И на крај многу работи, особено спиењето завршуваат со плачки, и не знам дали е зошто не и се спие или веќе и се спие премногу. Како резултат, ајде ноќе што се буди (иако ноќното заспивање во последната недела ни е одлично ама ајде), денските дремки се буди по 100 пати, и макс и траат по 1 саат (на три дремки сме, две по 1 саат, и една 30-45 мин.). Искрено, разочараната сум сама од себе... Мислев дека повеќе ќе имам hang on motherhood. Особено зошто работам со деца, отсекогаш сум сакала деца, и константно само нешто читам, се интересирам, истражувам. И се осеќам како се тоа да е залудно...
Почнав, почнав.. знаеш кога? Кога почна да ми кажува "нанам" "ам ам" иначе одприлика на саат го легнував. Ноќноти немаше промашај од 8 до 8ипол беше заспан и станувањето измеѓу 6ипол и 7. Сеа има една дремка и ја знаам таа е од 13 и тоа е тоа. Не знам мене што ми е, на бебе од 2 недели ке знам. Не им се замарај, гледај детето и уживај.
За коментарот на две недели се помирив, тогаш во моментот не можев зошто хормоните си го прават своето ама на крај ја отерав во пм во мојот ум и сега друг однос имаме и никогаш повеќе нема со исти очи да ја гледам жената зошто не знам како можеше да си дозволи ЖЕНА да го даде тој коментар, ама ете... Ама стварно сметав дека како ќе порасне научам... Сега како откачена се мачам знаковен јазик да ја учам за да се разберемe
Со синко да, секогаш знаев што сака, сите се чудеа и ми велеа “секоја чест, како можеш да го разбираш, бебе е”, штом заплачеше и ме прашаат што сака - велев тоа и тоа и вистина се смируваше и ја решававме ситуацијата . Ама беше 24/7 со мене првата година. Ко бил многу мал ко што викаш две недели, сум се водела по логика - или му се спие, или сака да цица, или треба да сменам пелена, нема што друго да сака бебе од две недели. Уствари ко ќе размислам не ни памтам што се дешавало на две недели . Сега на ќере не можам да и се посветам како на брат и, со нејзе и тато повеќе е вклучен, така да не секогаш знам, а можда и сум преморена .
Е ова ти е. Колку и да мислиш дека си преминала преку тоа потсвесно работи. Истото го преживеав јас со свекрвата за првото ,ден денес јас се сомневам во однос со неа 5 г има... Имам бебе 2 и пол месеци ,свекрвата еднаш -двапати го фатила ни на глава седи како со поголемото ни па соли памет. Сеа она е мирно бебе но дава одредени звуци пример пред да почне со плачење за цицање. Сакам да кажам од тоа што ти работи потсвесно ти не успеваш да го видиш ова што бебето ти го покажува, сеа се навраќам на работи со големата и имам аха моменти за нејзините тогашни тегоби. Пример сеа не давам пробиотик и гладам дека многу помалку грчеви има за разлика од големото на кое што давав. Заклучок ми е дека додека сме со бебиња а подоцна и мали деца имаме премногу мора ,кои воопшто не се морање. И не не мора да знаеш во секој момент што му е ни на бебето ни на детето ,па ни тебе.. !
Една година е. По кенкање, знам дека и се спие, отприлика кога е време за спиење. И смирена е пред да спие некогаш. За друго се е на тепка. Или ако каже ам ам сега , за јадење. Водата и стои и сама иде накај неа и си пие. На две недели кога ќе ме прашаше свеки што и е, викам незнам прашај ја.
И јас функционирам делумно на саат, имам апликација и запишувам што кога правам (нема шанси да памтам) па кога ќе заплаче прво проверувам колку време поминало од спиење, јадење. Пробувам и симптоми да глеам ама тешко оди, па некогаш пробувам на тепка да ја смирам и најчесто цице е џокерот. Те читам и мислам слично ни се однесуваат малите, тешко поминување на скокови, контактни дремки па на таа замор и посветеност не можеш да очекуваш да функционираш 100% и се да можеш да направиш и да погодиш. Јас го прифатив тоа. Бебиња се, менуваат цело време. До пред некоја недела секое кенкање и беше за цице и спиење еве сега не е така. Еве сеа и со забиве вадење има денови кај што ништо не и е погодено ама прифаќам дека е период кој мора да се издржи. Па и воведување на храна може да донесе оптеретување на мешето па да се мачат. Кај мојава се глеа дека има грчеви. Наше е да пробаме да им олесниме и да ги утешиме но плачките се неизбежни. Имаме инстинкт ама не сме роботи
И во некоја друга тема се дускутираше истово пред некој ден. Јас на Солгар пијам милтивитамини, само тие ги најдов што пишува дека се и за трудни и за доилки https://zegin.com.mk/mk/solgar-pren...inerali-za-bremeni-zheni-i-doilki-120-tableti
Дали само јас имам вакво бебе незнам. Значи кога го успивам он спие упикан во мене ајде добро но не смеам да станам а станам за 10 минути и он се буди..ако лежам до него значи одлепува и по 3 саати дремка а ме нема за пола саат максимум станува.... неможам ништо да сработам дур спие и маж ми вика лежи лежи грб го заболе вчера од лежење до него. Навечер кога спие имаме кинг сајз огромен кревет а он упикан у мене и јас стисната на работ од креветот вакво гушкалче немам видено. Пред некој ден го ставам успан у креветчето негово што е поврзано до нашиот кревет и го гледам можејќи станува и се качувам да дојде
2.5 години, уште му трае “фазата“. По 10 пати се буди навечер да провери дали сум до него, ако сум на др страна од креветот веднаш се бута во мене. Креветчето ни служи како оградица да не падне.
Од бебе што спиеше во креветче, веќе неколку месеци е на спална и залепена до мене. Имавме среќни денови кога спиеше во креветче, ама се тоа кратко траеше. Пред некоја вечер се будам, ја нема, јас готово мислам паднала а не сум ја чула, а она позади мојата перница беше напикана. А како помала во раце спиење по 3-4 саати, како ја спуштам или ја оставам да спие, рекорд 20 мин бил. Еднаш цели 7-8 минути спиеше. Не ти е утеха…
Здравооо мамички , да се јавам и јас. На 21 бебушка прави месец дена. Се изборив да се роди на 21 за да биде лав а не девица(ништо против девиците). Им викам до 00:00 морам да родам.Супер напредува фала богу си ручка измолзено млеко, јас се осеќам ко млекара ама ај Се станува многу поубаво и полесно, некогаш спиеме некогаш не ама и на тоа се навикнав и уживам во сите моменти со неа. Малку имаме мака за подригнување после јадење , некогаш у истс секунда некогаш ја држам по 10 минути и ништо.. Па ја оставам така и после ика.. Имате ли некој трик вие? Исто се мачи со какање , си кака редовно и има нормална столица ама луѓе тоа е плачење додека се искака, може уште не знае како Иначе детево е иста јас, многу ми е смешно буквално све. Фамилијста на мм кога ќе каже некој дека личи на мене викаат па добро менува детето хсхсхаахх Многу си ја сакам , мм само и ги штипка образите му се лутам дека мала е ама потајно и ја би ја штипкала Си шетаме редовно не седиме дома и не слушаме коментари од заостанати и супер ни е Еве ви поздравче од обравчето мое дебелко
Да ти кажам истото ми се случи истиот коментар со првото девојче и тоа беше вака почна да кенка и коментар добив- Што му е, ти си мајка знаеш и препознаваш? Му се спие? Што мислиш му е. Останав онака замислена и разочарана сама од себе. Но помина ама еве после 3 години уште помнам моментот затоа што исто се осетив како тебе
Срцуш пресладок. Буце мало, да си уживкате бидејќи времето лета... И јас и ќере сме со дупчиња на образи. Свекор ми вика дека дупчињата од негова страна биле.