Буквално исто, значи почна да кенка во моментот кога се разбуди од спиење. Не изреагирав одма затоа што да беше мајка ми таму ќе скокнеше она да ја земе, и мислев дека и оваа ќе го направи истото. За на крај да добијам таков коментар. Искрено не верувам дека некогаш ќе и го заборавам, а дека ќе и го плеснам во лице некогаш и тоа ќе се случи. После овој коментар инаку му зборела на мм дека ако детето ни продолжи така да плаче ќе станело анксиозно ))
@Peperutce6 ако сте на доење не мора да подригне секогаш ако фаќа убав вакум. Икањето е нормално овој период, развиваат дијафрагма така, не памтам ама докај 3 месеци мислам многу икаше. Се смирува со цуцла или града. Ништо не му е ако ика, не ги боли ништо, нам ни е повише непријатно мислиме се мачат.
Ти кажаа за ждригањето, и мојава не ждригаше секогаш. За икањето исто често ика дури и сега на 5м особено ако лежи и си вежба со звуци викање па се полни воздух и ика ама и тоа е нормално, најчесто поминува само од себе. За какањето иста беше и ќерка ми првите месеци, секое какање со плачки па откога ќе се олесни смешки. Им треба време да се навикнат на чувството, уште знае да ќенка ради прдешки. Леле образите и се само за штипкање и бацување, пре-сла-тки !!!
Да пишам и јас нешто а да не е само жалење. Последен ден од одмор, 8 дена со бебе на море преубавооо Иако е во скок и вади забче, презадоволна сум како поминавме и колку се радуваше на морето, затоа и дојдовме. Ноџињата ги преташе цело време и уживаше во вода. Контактни дремки и трчање во смештај за успивање бидејќи надвор беше неуспешно но сепак истеравме и уживавме сите. Се плашам за утре како ќе е по пат во кола дека за доаѓање беа драми ама ќе се снајдеме некако
Здрави мајки. Не покоси некој вирус викендов утепани сме скроз. Бебуш крена 39 во петокот од памет ме извади. Среќа од вчера навака нема темп ама уште е со слаб апетит. И официјално не дојам веќе, така бидна и готово нема назад. Сега чекам да ми дојде. Ме интересира дали некоја од вас има проблем со прекумерно потење? Јас сум утоп цело време, од сабајле ми е најтопло и капе пот од сите страни. Матичната вика рано е да испитувам хормони, да почекам да добијам. Ама јас сум утоп секој ден, се туширам сабајле и навечер, косата денес ја мијам утре веќе е за нигде, непосносливо е ова.
Мајка второ дете ми е и незнам што сака,кога ќе почне да кажува тогаш ќе знаеш што сака,а до тогаш само ќе нагаѓаш што сака.
Сонцето мое до утре прави еден месец. На почетокот ми беше многу тешко, секој ден плачев, мислев дека згрешив и дека не треба да бидам мајка. Се плашев да останам сама со нејзе, не знаев што да и правам, како ќе се снајдам. Сама ја чувам скоро цел ден и полека се навикнав и јас на неа, но и таа на мене, сега ја гледам и уживам, благодарна сум што го имам ова богатство, не можам да и се нагледам. Не ми се верува колку брзо лето времето, каква беше кога ја донесовме, сега колку измени, колку брзо расте, да можам би го застанала времето да си ја гледам вака малечка, нежна, мека, како јагненце е. Љубовта кон ова мало сонценце е секој ден се поголема. Сум поминала многу предизвици досега во животот и со градење кариера, работа, но дефинитивно најголем предизвик е да се биде мајка. Зависи до детето како покажува што сака. Кај мене штом стане од спиење и ја земам во раце, се врти накај цице и шмука со муцето, не можеш да промашиш што сака, плачката кога сака да се мази и кога не и е добро е поразлична, знам кога е кенкава и се спие, а неможе да заспие. Како минувам повеќе време со нејзе, се повеќе си ги учиме навиките, ама и како расте си менува.
Зошто никој не се жали од периодот кога бебињава се 4-5 месеци? Според мене е даалеку потежок од новороденечкиот период, едино потежок период е можда ко ќе проодуваат. Не сака да лежи веќе на грб - се нервира, кенка, се врти на стомак, и даваш играчка, ја турка - се нервира, ‘рже, подава рака да ја фати - не може - почнува со кенкање левел плачење, “тргнува” да ја фати сфаќа дека не може да лази - веќе плаче, клоца со раце и нозе и не сака повеќе да е на под. Сака в раце. Океј, ја земаш. Гледа нешто, сака да го фати. Ајде ја носиш натаму, сфаќа дека не може, пак плаче. Седнуваш. Сака и она да седи, се исправа ама не е стабилна и се клати лево десно, повторно плаче!!! Има денови кога по цел ден само плаче од тоа што не може да направи тоа што замислила. Да ја носиш надвор само во раце, количка/кенгур моиве деца да не видат, изгледа неудобна количка сум им одбрала. Дремки по 30-40 мин исто в раце, ако брат и не ја разбуди во меѓувреме. Релаксатор е мисловна именка. Игрална од типот baby gym исто ја нервира бидејќи ко ќе ги фати играчките сака да ги стави во уста, не може и guess what? Повторно нервози и плачење . Со што да занимавам 4 месечно бебе еве не знам? Кичмава ми падна веќе, стојам на тоа дека треба село за растење на деца, ова сами во стан е луда работа! Па и по можност на село .
Мене после тој 4ти скок ништо не ми се виде толку страшно Тој период беше ужас. Мислам дека јас плачев повеќе од него
Што ако ти кажам дека секој месец е позахтевен од другиот? Реално додека се новороденчиња се најлесни, ако немаат мака со грчеви. Инаку да, има периоди кога не знаеш што да им правиш. Јас му читав книга на синче или нешто со сликички такви ко за бебиња книги па му зборев да се шекнеш едно исто цело време хаха. Чекај да дојдат тантрумите таму накај година ипол две, се до тогаш ќе ти се гледа полесно
Потпис на ова. Кога ќе ми текне колку премирно бебе беше и се жалев оти 2 пати стануваме ноќе. Сега на 2,5 години, се е потешко, а нерви поистанчени. Еве денес какви плачки имавме. * Легнав јас на спална демек да одморам после работа, ќерка седи до мене и чепка во кутијата нејзина со шноли за косата. И разговор Јас: Х, знаеш колку ме боли грбот, треба да ми направиш масажа Х: Ама, Х не знае да пЛави масажи... И почнува да плаче како да е крај на светот. Ајде круг смирување и тешење и ветување оти ќе се научи.
Јас имам други примери, му викам ајде да се бањаме валкан си. Сакам да седам валкан како џиновите од биби и боби На секое излагање за викенд ми праеше дека му се спие па сакаше млеко па глумеше дека спие и дур излеземе сите што сме се договориле пример во 10:30 да се најдеме си отишле пошо касниме цел саат. Што поклони за родендени сум враќала пошо нејќел да оди охооооо. Ќе видиме ќере каква ќе биде едит: морав и ова. Кога почна на нокшир да мочка прв пат лани вриштеше ако нема веќе што да моча мислеше чешма е тоа. Да вришти на цел глас дека не мочало ку*ето. Оххх
Уфф јас секој ден би ги избрала тантрумите отколку 4-5 месечно бебе. Баш така, сака сѐ да направи а не може ништо. Сега мала цена ми е некој тантрум да истрпам, па да си го слушам како ми раскажува нешто што правел, како ме прашува сѐ и сешто, да го гледам како си игра во паркот, се качува, трча, си пее. плус да не правиме муабет дека сум наспана сега и не сум зомби.. @cocopuff исто за мочкањево се има лутено, на одмор не можеше да стисне силно на казанчето да пушти вода и 15 мин вриштеше во купатилото, којзнае што си мислеле дека му правиме.. Ама после ќе ми каже мамо избриши ми ги солзите, гушни ме да ми помине и толку и мене ми поминува
Син ми пред некој ден плачеше оти му кажав на маж ми да не му дава идеи за х ситуација бидејќи само од беља на беља оди некад. Мм: Еј Х сакаш да ти дадам една идеја? Јас: Ај те молам не му давај идеи! Синко: САКАМ ИДЕЈАААА, зошто да не ми даде идејааааааа, дај ми ја идејатааааа, едно пола саат дури се разбереме што сакаше поетот да каже .
Со шише пие мое млекце , пиеше три дена и веќе нејке да пипне цицка.. Е па и мене тоа ми е, мислам се мачи зашто кога ќе почне по 10 минути не престанува. Пие од авент натурал шишето за сега..
ние мајките видовити треба да сме? Како би знаеле на бебе од 2-3 недели што му е кога ниту тоа не знае како да ти покаже што му е? Ти да му седиш 24/7 над глава МОЖЕБИ ќе забележиш некој знак и тоа случајно. Свекрвите од 65+ работеле дома на нива во бавча гледале стари луѓе гледале деца и како сега тие истите ќе ни кажуваат нам за знаци,нам кои сме многу повеќе со децата одколку тие што биле
Добро вечер мамички Како што се доближува времето за да почнам на работа, се повеќе сакам да уживам со ќере. Дадов отказ кога имаше 8 месеци, сеуште не беше спремна за да ја оставам. Сега е 10 месеци и планирам за некој месец да почнам пак со работа. Освен што морам поради финансии, исто така и психички ќе бидам подобро кога ќе работам. Главната тема ми беше за менструацијава. Редовна имам, веќе 5 месеци. Пред да добијам чувствувам страшна нервоза, се расправам по цел ден со мм и ќере ме нервира. Имам црни мисли и сѐ мислам негативно. Неподнослива сум и самата на себе. Во последно почнав да пијам и дијазепам, порано се немав никогаш напиено нешто за смирување. Само што ќе добијам, јас сум друга личност( старата јас). Дали ви се има ова случено? Дали има потреба да испитам хормони или нешто друго? Не сакам да си го упропастам здравјето, и мм е разочаран и му правам стрес со моето однесување.