Скроз се сложувам, се сакаат да прават на 4-5 месеци а за ништо не се кадарни. Нас занимација периодов ни е следна: ја зимам корпата од количката на земја, ја седнувам со перниче позади на некои 45-50 степени и доле во корпата и ставам топчиња. И ги подавам ги игра се радува. Не знам колку дена ќе и е интересно ама сеа за сеа и е бајаги. Не е легната за да се нервира, а не седи скроз пошто не може и вака таман и е. Исто и подавам секакви играчки и многу поише ги игра вака и не и паѓаат насекаде да се нервира
Не верувам да се заби, и мојата еве ја, ја земам и ја држам под раце и она со устата отворена иии прае аааа, сака да ме дофати дека рацеве и се доле неможе да ги стави во уста. Значи става цела рака во уста и вика аааа. Ама мислам и скокот 4ти и орална фаза све. Не верувам дека се заби.. гледав нема ништо.
Има во дм едни како четка за заби гумени се двете, една баш четка една како овално, моево ги утепа од гризање нив тој период
Нормална фаза е само не знам дали некогаш се враќа скроз косата. Јас баш вчера се шишав и ми искоментира фризерот дека напред ми е цела испопаѓана, aма ќе се обнови. Долга ти е? Мојава е боб, па цел паркет е со мои влакна.
Сама си се цитирам да си се допожалам леле не знам каква ноќ ме чека. Заспана бебка 1 саат и веќе два пати се разбуди со викање и само цице бара како цуцла да ме шмата 3 минути да се смири. Заби ли се скок ли е не знам ама како ќе се издржи ова
Пробај направи си од шампонот од коприва (оној од литро), исипај малку и додади пантенол, кокосово масло малце, вит б (од сите), вит Ц, масло Е вит, АД капки. Ама провери и тироидните како се.
Долга густа сјајна убава негувана со години … абе за три недели последниве ми стана ужас ми се исуши и почна да паѓа страшно многу. Ја ишишав 7цм-8 сега пред одмор иначе до половина ми беше. Во бременост па каква ми стана кој и да ме видеше ми кажуваше. Кога ќе ја фатам сега во репче од двете страни ми се појавиле дупки залистоци такви не сум имала никогаш. Едно време кога се омажив ми паѓаше ми текнува вака пред 6 години и тогаш со оној бордо шампонот биоцин ја средив не ни знам колку шишенца потрошив цело лето и цела есен знам беше така и после почнаа малечки да растат од сите страни ама ова сега како ќе го решам не знам… сега зборам со една другарка гркиња ми вика отиди утре до аптека има суплементи за доилки постпартум за коса и нокти наменети специјално .. ги пиела она по пороѓај ама не и текнува на името. Ќе видам утре во Солун ќе одам ќе побарам да земам и тоа
Исто јас пишував од кога...сега мислам проќелавев скроз.. десно залистокот, општо вака да фатиш нема коса нема ништо. Ја ишишав боб ама пак ненормално паѓа и пред некој ден бев излезена сум се испрскала цела со лореал бојата. Ќелајца. Незнам дали ќе се врати мајками вика иста билаа. Незнам јас да не ви пратам слики што коса падна си ги сликам.. прамени скроз.
Исто помислив да камуфлирам со лореал спрејчето ама и ми изгуби сјај абе не знаеш каква е … мене косата ми била секогаш здрава и негувана мн ми е тешко да се гледам вака маж ми ми вика па три месеци не се ни чешлаш секој ден … викам па изгледа во право си. Си ветив еднаш неделно ќе одам на фризер од наредна недела мора да ја вратам мн ми е криво
Ќе се врати косата. Џабе е што и да ставите, ќе паѓа, до хормоните е. Со првото имав подолга и баш така цели прамени вадев, од памет се вадев. Сега ја носам скроз кратка со андеркат, значи пола глава со машинка ми е шишана, па пак паѓа ненормално. Не се прамени, ама ситни влакна на перница еден тон. Проќелавев и сега, ама ќе се врати. Мене и фарбиве не ми фаќаат овој пат. После првата бременост во тилот престана да ми фаќа и така остана. Сега скоро цела, напред само убава боја имам. Се шетам како идиот, ќелава и шарена. Ми иде цела со машинка да се поминам, барем раат ќе бидам.
Не се нервирајте за косата, ќе се врати, после ќе имате антени на сите страни И мене почна многу да ми паѓа, и јас се шишав, плус и цело време ми е собрана во пунџа, и пак влакништа насекаде. Туку нас не фати некој вирус. Прво јас бев 2 дена со темп до 38.5, кивање и носот чешма, па мм, па синко еден ден имаше само темп, и еве ја сега бебка качи до 38 и таа. И дадов Ефералган, симна ама после некој саат пак почна да качува, сега има 37.6, а најрано во 12ч можам да и дадам пак сируп, на 6ч. Многу ми е жална, на само 4.5м прв вирус фати. Синко беше година и 9м прв пат кога се разболе од вирус. До тогаш имаше качено темп само од вакцините. Се надевам само брзо ќе мине и кај неа.
Е тоа тоа… по цел ден ми е свиткана во пунџа високо цел стан е влакна прееска и во рака и најдов на бебка си го грицка влакното ќе се испозадави
Се враќа, ама прашај ме како Цела сум нови прамени од по 1,5 до 2цм, не можам да ја соберам летаат на сите страни антени, како хипстерски шишки да си имам ишишано. Или пресно искочена од ментална институција. Додека порасне нормална должина дошло време за второ и ај одново
Џабе што не направив.. од дм све пробав.. зедов биоксин апчиња со лук и коприва биотин нез што беше. Тоа е се помирив, дали ќе се обнови скроз незнам и тоа генетика а и состојба. Мн сум нервозна периодов плус полагам нешто испит учам. Ќе потепам све.
Да те утешам, големата на 3 месеци прв пат ми се разболе. Живци искинав. Малово фала богу 6 ипол е до сега е супер. А големово нема што не донесе. Маж ми на два пати исто од работа закачи, ама он со маска си седеше по цел ден тогаш. Ќе помине најлесно кај неа, ама тешко е додека го гледаш дека се мачи.
Седевме и јас и мм со маски дома, ама џабе. Големиот додека беше со темп го праќав кај баба му, два дена не одеше на школо, само за спиење дома си доаѓаше. Ама ете, не ја одмина нејзе за жал. Само нека минува побрзо, и со лесно.
Еве и јас сум настината само носот ми тече и цела глава ме боли од тоа... бебе како да грчи само посебно кога спие ама ми кажаа да чистам носе, други симптоми нема, се надевам лесно ќе поминеме два дена сум под стрес Што пиеше ти освен парацетамол