УргентЦ девојки во аптека, тој што е 30 кесички. Има со 7 ама тие не се препорачуваат за време на доење. За задршка на имунитет се, помагаат ептен, кога доев и јас ги дознав на форумов
За утеха мојата на одмор извади три тројки не ги сетивме. Дома уште едната и еве ја веќе спие без да закенка без да се превртува без да се буди. Конечно!!! Значи почекајте да ги извади забите и ќе имате друго дете
Иста приказна сум и јас со тоа што мене со години и пред пораѓаите ми паѓаше и све пробав ,освен да ги испитам сите хормони. Само тироида испитав и ок беше ,др рече нема потреба друго. Туку зборов ми е дека после 6 тиот месец мислам беше со големото преќина да ми паѓа толку многу. А тогаш не правев ништо специјално... сеа пијам од истите витамини додека бев бремена што ги пиев ама нередовно... ама не помага нешто многу си паѓа и готово... исто цел ден во пунџа ми е ,башка и паѓа и на големата па и на беба и се ретчи...влакна не можам да ти објаснам колку многу...
Кога ќе биде тоа Мојава нема 4ки и 3ки, а вчера ја носев на лекар дека вришти навечер и станува на секое и има отечена 3ка!! Горе нејзино лево Имавме затишје, кога немаше надуено... спиеше убаво Сега пак хаос. Секој заб изгледа вака ќе го довади
Таман рековме дојде живот и за тебе мариз.. Ај барем знаеш дека твојава цура ради заби плаче и станува, јас на мојата уште не и открив што и е.. Можно ли е едноставно да е такво детето, темпераментно? Значи колку пазам на дремки активности стимулирање и пак не спие навечер, се осеќам како најголем fail.
Да мојава баш до вадење на заб и спиеше цела ноќ, ред прекрасен, наспани, мирни цел ден. Сега кај не спие, па и не јаде 2,3 дена... и преку ден е нервозна Значи едвај чекам да ги извади, ќе се преродиме мислам и двете... Нема твојата надувани непца? А имам пријтелки со бебиња така што не спиеа по цели ноќи.. комшикава прва со фенот пуштен, така до големо бебето спиеше и тоа мораше да е вистински фен, од youtube не ја смируваше
Јас цела зима ја истерав бебе кога беше со нив, а цицаше нон стоп баш почнувавме со дохрана тогаш. Знам и многу членки што ги користеа баш тој период. Не знам што да речам..
Тоа сакав да пишам не се препорачува во бременост и доење. Ве молам не барајте совети во зегин за препарати. Кај нив све може да се пие, па сега ако се исфрли бебе или нешто бидне дијареа.. за нив е 1во 1000 за вас е 100% и не би земала ако дојам.
Има надувани ама она не спие константно од 4ти месец навака. Не ќе да е до забите, буквално една ноќ нема преспано ко што треба
Хепи една во 50 души не е добар процент, да се молиш да се начека добар фармацевт или баш фармацевт за совет. Многу жени овде ги читам, све таму бараат лекови и све им нудат што треба и не треба или им менуваат пааралели даваат итн.
Моево бебе како е станато од 7 саат до сега е будно, никаков ред нема, ни за јадење, ни за спиење. Секако е пробано да запие, не и не, па почнува ништо да не и е погодено, се кенкави, плаче. После јадење обавено повраќа неколку пати, ја држам исправено подолго време, ја чекам да ждригне, ништо не помага, се е иповратено на тоа што лежи, неколку пати и менувам облека. Еве сега спие во раце, единствено така спие.
Мојата беба спие саат ипол од како ќе стане. Ако и ја утнам таа дремка цел ден е хаос. Баш е вака ко што кажуваш. Ќе се престимулира и ѝ нема крај... Ќе си најдете ред, гледај знаци и пробувај рутини..секое бебе е различно. 14м сме па ретко кога преспива сама преку ден, а беше бебе што спие само во раце. Него јас имам едно прашање, некоја мајка искуство со грчеви и експлозивно какање до ластиче од млечно? Очекував до сега да мине...пробано без лактоза, кравјо кисело млеко, грчки јогурт... козјо кисело млеко, овчо кисело млеко...абц крем сир единствено не и праи фрка, и малце кашкавалче што и ставам во тараната... ваљда дела е мала количина... Млеко и немам дадено, ни тетрапак, ни АД.
За 1 недела ќе е 15 месеци. Нема преспиено ноќ никако. Јас се откажав веќе. Од март навака почнаа да го мачат забите и има ноќи кога на 15 минути или пола саат кенка или вриште во сон, па ќе се разбуди. Не знам ни како да го презаспијам веќе, само со млеко му е навика. Едноставно јас се помирив дека такво ми е детето, е сега, јас не идам на работа, ама кога ќе тргнам, не знам како ќе се издрже.
Па оформено гомце кака коа не давам млечно, некогаш мекичко е знае да го седне да го сплеска, а коа не јаде доволно е големка брбушка...
Celo leto nosi bodi ispod , ne go ostavam gol vo kicmata osvem na odmor ne mu oblakav ama doma pod klima obavezno