1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    На многу жени овде еве читам така функционираат. Направи и ред на раце на раце будна е 1час и седни земи ја во тебе пушти тв и нека спие барем 1 ч и после пак .... вака е кенкава нервозна зошто не е спиена. А и треба многу сон, посебно сега. Мислам такво си е детето. Ако све имаш пробано и не бива, помири се и нека спие во раце. После ќе биде полесно кога ќе фати ред може ќе пробаш да ја заспиеш и полека да ја симнеш. Мн често ми пали оваа позиција само на рака ми е со главата .Мислам дека дишам во неа и мирисот и све и дека е странично и се комира и после полекА БЕГАМ ^_^ што вика еден другар наш како газела сум хаха. Пробај и со маица твоја од денот соблечи ја и стави ја меѓу вас и ако заспие вака на кревет искради се или ако ја заспиеш на креветчето твојата маица и на неа спушти ја. Еднаш мн ми се расплака липта незнаете и од мм маицата од спална што ја соблекол и до неа и се смири. Мн пати ја успива он и може мирисот и негов го знае.
     

    Прикачени фајлови:

    На Kjara2025, Anaroz1, Mother of 2boys и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    6.538
    Пол:
    Женски
    Првиот месец и мојата спиеше само во раце или повиена понекогаш одвај :drunk: на гарнитура во дневна по цели денови седев лежев буквално закована и чекав маж ми да дојде од работа за да станам до вц или да каснам нешто асално. Пробај кога ја спушташ одма да ставиш цуце. Мојава така сега правиме … успивам спуштам цуцето во уста па го плука после некое време и продолжува - како сигурност некоја им е цуцлата да ја имаат низ уста и да шмучкаат нешто инстинктивно :l: ама ќе видиш после 2, 2ипол месеци ќе имаш ново бебе многу посамостојно немој да се грижиш, живеј во моментот се е супер
     
    На Mother of 2boys, Kitanova77 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    18.312
    Пол:
    Женски
    Да, јасно ми е дека мало бебе не е нормално толку да е будно, затоа се нервирам. Единствено така заспива во раце и до мене легната како на сликата, целата се доближува, залепена до мене, штом мрднам отвара очи.
     
    На Ladyme и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  4. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    18.312
    Пол:
    Женски
    Иста ситуација, набрзина ќе отидам до тоалет, а за јадење најбрзо што можам тоа јадам, ручек да има дома е луксуз, друго ништо немам фатено, по дома е хаос. Но за тоа многу не се грижам, загрижена сум зошто не спие нормално, гледам дека се мачи, а и се ремети и редот со цицањето. Ќе пробуваме секако, само нејзе да и е добро, душичка мала.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    6.538
    Пол:
    Женски
    Нема ред кај бебе до 3месеци со рака ти тврдам еве ја мојава сега тек фаќа некој циклус што го повторуваме ама попладне уште измрдува мн често.
    Јас моментално на 3ипол месеци глдам будните прозори да не и ги утињам и да почнам со заспивање ноќно околу 7ипол/8 деугото се е по следење на детето зошто дремките и траат секој ден различно
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Бебе е 2ипол месеци и ете така со цуцлата си заспива и после некое време ја плука. Во моментов цуцлата ми олеснува многу, бебе е смирено и наспано но многу сум загрижена за понатаму. Се плашам да не се навикне премногу на цуцлата и да не можеме после да се одвикнеме
     
    На Peperutce6 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.590
    Допаѓања:
    18.312
    Пол:
    Женски
    Моево единствено невечер спие нормално, ќе заспие кај 23часот, двапати станува за цицање кај 2 и кај 4-5 до кај 7-8, после тоа тешко заспива во текот на денот, се мачиме.
     
    На Peperutce6 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.425
    Допаѓања:
    6.538
    Пол:
    Женски
    И јас истото му го зборам на маж ми, знаеш што ми рече од перспектива на маж … кое дете си видела со цуцла после 3-4години, ај глеј сега да успееме мирно да живееме колку толку понатака ќе мислиме и за цуцла и за одвикнување и за искривени заби и за искривени вилици …тоа е тоа нема друга опција мојата само за спиење барс цуце во тек на ден не давам и не бара … па ќе видиме како ќе тераме натака :(
     
    На Anaroz1, Трагедијаупмм и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    3.060
    Пол:
    Женски
    И јас бев па и сум загрижена за ова. Ја слушав баш Гуднајт за ова а и си пишував и со Ангела од Италија што е, и двете кажаа дека се додека се користи само за заспивање не е никаков проблем. Гуднајт вика дека или се трга до 9 месеци, или на околу 2 години, а Ангела рече дека може во периодот меѓу 1 и 2 години да се пробува. Ама и двете сметаат дека до 2 години макс треба да се користи.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    7.307
    иста сум и јас со спиењето во раце, aма еве да те утешам мојата ни навечер не спие, заспива накај 9-10 и тука ја има надолгата дремка, спие докај 12-1, во 1 станува и седи докај 2, во 2 заспива и станува во 4 и си седи до 6-7 и секој ден така, дури неверојатно е како се буди во исто време :drunk: и сега јас ќе си седам будна од 4 до 7, ќе се расонам и тоа време она ќе заспие. некогаш презаспивам со нејзе некогаш не. а преку ден ако ја држам во раце мислам цел ден ќе спие, само шо ќе ја оставам се буди, ни имам време за јадење, ни за ништо по дома да фатам, единствено седам со неа во раце и пред телевизор за да спие. па најлошо од се е шо ни цуцла не сака да фати :drunk: од време на време ми помага фен, кога ќе и пуштам фен може да ја оставам дур работи фенот :rofl: сега и нарачав апаратче за бели звуци и чекам да стигне. второ ми е, знам дека е период и ќе помине, ама не се живее со волку малку сон :drunk: некогаш спијам со нејзе во раце, па тоа вратот, грбот се ми се укочи. за некој ден планирам да си закажам масажа, молзам млеко, оставам дома и одам да се опуштам малце :D
     
    На Guns N` Roses и Baby warrior им се допаѓа ова.
  11. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    7.307
    цуцлата прави проблем кај поголеми деца, мојата прва ќерка беше ептен зависна од цуцла, негде накај година ипол педијатарот ми рече докај 2 најкасно да ја тргнеме заради вилица и заби и така си дадовме рок дека до вториот роденден најкасно ќе ја извадиме цуцлата, така и беше за една недела зборење успеавме. многу полесно него шо мислев, до вториот роденден веќе бевме без цуцла, а одма после тоа почна и нагло со зборење, не знам дали беше поврзано со тргањето на цуцлата ама делуваше како да е. како и да е, еве малово не сака да фати и мн се нервирам, друго е за мали бебиња им помага за заспивање и за концентрација, а вака мене ме користи како цуцла :drunk:
     
    На Guns N` Roses, MariaBouli и Baby warrior им се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    Исто. Мноогу долго седи будна. Навечер фала богу да не се подрекнам спие. Ама легнува накај 11. Додека ја успиеме убаво 12 фаќа. После станува во 2 ипол. Па накај 5 саат. И 7 ипол или 7 последно и тоа е тоа веќе е будна. Не можам никаков ред дс и направам , знам дека е многу мала. Не знам дали знаат бебињава толку мали, ама штом ја земам во раце престанува да плаче.
    Преку ден немс спиење. Од 7 ипол е будна, накај 12 ипол ја бањам и после заспива. Е сега тоа може да е 20 минути и може да е 5 саати со пауза за јадење.
    Пробувам некако ред да направам , ама нема шанси. Детево кога не сака да спие не сака. Кога и се спие тогаш и да ја бањам нема да реагира ќе си спие.
    Еве ве читам сега и се тешам дека накај 4 месеци ќе може да има барем некаков ред.
    Во недела прави месец едвај чекам да и направам сликички.
    Туку сакав да ве прашам , кога ви јадат бебчињата , дали испуштаат ко лути звуци? Како за напрегање? Мојава кога пие цело време така прави, шишето цело мислам дека сака да го бутне во уста. Може глупо прашање ама стварно не престанува со звуците кога јаде. Мислам дека е од што се изморува.
     
    На Guns N` Roses и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.164
    Допаѓања:
    7.307
    мојата е скоро 4 години и јас уште и немам фатено ред со спиењето :rofl:
     
    На Autumn Love, Aschenputtel и MariaBouli им се допаѓа ова.
  14. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    1.019
    Пол:
    Женски
    Ние бевме цело време со цуцла кога плаче,кога е вознемирен ,му се спие.Еве веќе1 месец цуцла нема побарано му ја ставам ја плука.Сам си се одвикна.Дури на док за крвна слика кога го боцкаа спремна јас со цуцлата да не плаче ама порасна детево се смескаше кога го боцнаа.
     
    На Baby warrior и Ladyme им се допаѓа ова.
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    4.435
    Пол:
    Женски
    :(:(Фала :(
     
  16. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.828
    Допаѓања:
    5.932
    Пол:
    Женски
    Ние само за спиење иначе ја плука, што е добро мислам не е нон стоп во уста. Затоа цела шака и е во уста. Сега мајками има купено од нук едни глодалки и ја чешка и седи така мирна и чека некој да ја чешка со глодалка хахха. :rofl: и паѓаат лигии на сите страни.
     
    На Baby warrior, Veci@123 и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  17. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    И моето нејке цуцла, периодов па ич, се засркнува дури за повраќање му иди.
    Инаку вирувче фативме, вчера со блага температура 37.5 денес нема ништо, му направија крвна слика и црп мирно е се, на нога го врвел така ми рекоја и само цицање.
    Свекрвата болна го креваше го бацваше, кога му рече свекор ми понастрана од него му се налути, као немала ништо само носот и течел, и го зедов детето и два дена сме на дистанца, синоќа ми вели кај настинал син ми, ми идеше да ја откорнам, му викам деновиве понастрана од бебе оти владее некој вирус, период на настинки ми вели не бе не сум јас така настината, немав контакт со бебе, како немаше реков кога го капеше ти и в раце го држеше го лигаеше за глава и ќути дреми. Нема разбирачка со жената џабеее
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bebence2025

    Bebence2025 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2025
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Незнам дали прашањето ми е за тука или можеби има посебна тема , ме интересира дали некоја има искуство со мидерите од mamacita activwear ? Го гледав тој како боди што е , ама незнам дали е добар
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.444
    Допаѓања:
    9.201
    Пол:
    Женски
    Моја замисла за есен, после работа пред Тв, филм, серија, ќебенце, чај/топло чоколадо... Е сигурна сум дека ќерка ја нема истата замисла за јас да си седам и не очекува период на расправии дека ќе треба да облече алишта за дожд или чизми. Дека ќе сака надвор, а е ладно или темно или што ти ја знам.

    Битно весело да биде.

    Не знам за другите градови ама кај нас баш залади. Плус и дека во куќа која што и нема којзнае каква изолација мислам дека и од загревање на домот не сме далеку. Бар во вечерни часови. Веќе прибрав фротирки и летни прекривки и полека на кај есенско преминуваме. Уште следниве денови некоја декорација есенска да извадам која мислам покрај ќерка цел еден ден ќе преживее.
     
    На LiquidLuna, Kjara2025, Peperutce6 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.653
    Допаѓања:
    3.060
    Пол:
    Женски
    Морам да прашам дали сум јас откачена што ми сметаат некои работи.

    Мм се слуша со неговите секој ден на камера со бебка. И ај и тоа што не можам да го разберам, ама ќе го прифатам, знам дека за нив го прави океј.

    Ама, наместо да и зборат нешто на бебка или да направат некој муабет успут со мм додека ја гледаат, свекрвата почува со А спиеше ли М. синоќа? А во колку стана? А јадеше ли? А колку изеде?

    И знам дека не и е мислата тоа, ама мене многу ми се прашањава како да бара извештај за да напише оценка како сме го изгледале бебето денес, дали сме добри родители.

    Не знам, може јас сум откачена. Преселена сум на 150км од моите на 18 години, се слушаме еднаш неделно искрено некогаш и поретко и супер ми е зошто кога ќе се слушнеме така тоа ќе потрае, ќе си се изназбориме, има што да си кажеме и тоа е тоа.

    Мене ме гуши кога ги слушам дека секој ден зборат, ама особено ме нервира што мора репорт да се даде. Не знам, може ќе ми кажете сега дека јас сум неблагодарна, родители се, баби дедовци и сл. ама ете, така сум порасната :D
     
    На SanelaS, Калатеа, merriel0 и 4 други им се допаѓа ова.