@MariaBouli , години поминаа и сеуште коментари и безвеза прашања на нерви ми одат или непобарани совети. Тие (мајка и свекрва) - колку спиеше Х на дремка Јас : 1 час Тие - ами малку е, сега ако ти плаче попладне, ако сака да си легне порано, па утре порано да се разбуди... И муабетот продолжува до бескрај Х настината. 300 повици и пораки дали јадела, дали закашлала, каква била кашлицата, дали сме биле на доктор... Х не сака нешто да јаде... Е зошто сега така, како убаво си го јадеше тоа и тоа. Сега што му е на детето... Х решава дека е убаво време да плаче за снегот лански ... Одма што му стана на детето, уроци и се останато. На тема плачки, Х по најново плаче затоа што не знаела САМА да си облече памперс. А не сака да седи на нокшир, адаптер. Битно оти не знае памперс да си облече
Леле @Miss_S јака ти душааааа.... Мајка ми знае да коментира ама не до толку. Свекрвата не коментира ништо на мене што исто ми е олеснително и не ме замара мене, знае да пише некогаш на вибер ама многу ретко, ама не можам да не ја слушам кога збори на камера
сите се исти бре, мојата исто јадеше ли? спиеше ли? капче и купивте гледаш денес колку ветер дува и најјакото од се бебе е 1 месец, плачела пошо ја болело грбчето од лежење требало во раце да ја држиме, нормално пошо она ја гледа 5 мин и ја држи во раце... оди мило баба во раце да те земе тебе грбчето ми те боли од лежење
Во живо ова сестре или преку телефон. Ама веќе секако игнорирам кој што рекол, нека си мислат што сакаат. @Anaroz1 , до пред некое време на свекрва и се случуваше да дојде и да праша директно дали ни текнало да смениме памперс на дете или суптилно со муабетот, дојди баба да види колку е полн памперсот Оти нели јас 1наш месечно пресоблекувам дете
Сигутрно треба да седи на 1 месец, па ја болело грбчето Ден денес слушам коментари, за уроци, за јадење, за шетање, за градинка, за вируси и настинки, јас толку имам отрпнато што не ги перцепирам веќе, они зборат јас ќутам и си терам по свое, зошто сигурно нема на 40 степено во јули под маица да му облечам, затоа се разболувал, немал под маица во сред лето на 40 степени Ако некогаш ми ја поминат границата на трпеливост, почнувам да урлам, и така се смирува се магично за 5 секунди.
Јас земав глодалка од Дм не ја сака као да се гади.Рацете во уста нонстоп ,исто цела рака ја става,лиги колку сакаш мислам дека лигавчиња перам само.Ми ја спомнаа за глодалка некоја ко жирафа од зегин па таа ќе ја земам може ќе ја сака.
Па не ми е мене нормално 1 во неделата да се слушам со мајка, што знам... Не е дека извештај давам секој ден ама па еднаш неделно само... Јас секој ден и тоа неколку пати на ден со мајка ми се слушам, што знам, мајка е, се секира и она за мене. Иначе јас сум на 14-15г исселена од дома исто на 150км ако не и више.
Истите муабети кај сите значи, ко синкир само тие да изгледале деца. Јас го капам бебе тааа над глава ми седи и пушта раце, чекај од назад главчето да му го поминиме, чекај газето, боже ме сачувај, и мајка е понекогаш напорна ама неа и да и речам и да и подвикнам не ми се лути, оваа узбуна ќе крени на болница ќе заврши
иста сум и јас, со првата се нервирав. сега само игнорирам и терам по мое. исто сега надвор 40 степени ја на тераса сум ја извадила, она лелее нозете баба мраз ти се и не ми вика директно зашо не си и облекла чорапи, него после 2 мин пак леле нозете мраз и се и ја игнор кога ќе премине граница со поглед се разбираме, никогаш не сме се карале фала богу, ама си знае до кај и е и после почнува на шала да ја врти
Ах бе мајки не се нервирајте за глупости, сериозно се глупости, прашале дали јаде дали спие, мајка ми ден денес кога ќе се слушнеме ме праша дали сум јадена. Значи не го сфаќајте тоа дека прашуваат за да ве нервираат или за да водат репорт какви родители сте, едноставно ги интересира и плус реално што друго да прашаат за мало бебе? Малце хормоните го прават своето ама вакви нервози стварно се непотребни и банални. Инаку и јас со мајка ми од странство се слушав секој ден, и сеуште си пишуваме неколку пати во денот, мм ѕвонеше на 3-4дена, мешање во тоа нема, ако е таква динамиката во таа фамилија од предходно, никому не штети ако 5-10мин во денот ве слушнат и видат. @MariaBouli , стварно не си прави стрес без потреба, тоа се само 5мин во денот, штом заклопите избриши ги од ум и толку. За спиење на децата и ставање ред ќе ви кажам дека имате големи очекувања, знам оти и јас ги имав и секоја нова мајка ги има. Многу нормално е децата до 6м да немаат ред безразлика што читате по интернет и што ве убедуваат другите. Децата кои преспиваат цела ноќ и кои имаат дремки по книга се малцинство. Буквално досега еден во 10 родители ми рекол дека детето спие како што треба, другите 9 ми рекле, немаме ред. Моето е 2.5г и не уште не преспива ноќ, да редот и начинот на спиење е многу многу сменет и сега има рутина, ама дека преспива без да се буди, не се десило, ама реално и возрасен човек дали генерално преспива цела ноќ без будење? Ретко. И моето и децата на роди и другарки спиеле во раце, спиеле кога треба и не треба, фаќале ред кој траел 3 дена, спиеле само на града, цицале со саати...тоа е тоа, тоа е нормаланото и тоа е мајчинството во првите месеци, колку полесно го прифатите како такво и колку побрзо се опуштите, полесно ќе ви биде и ќе уживате повеќе. Еве 2.5 г гледајте како дреме, во 4:30 попладне и ако ова не е во редот и рутината, му се спиеше и го заспав, ќе видиме вечер до кога ќе лудува, ама има моменти кога не можеш да ставиш ред, Не се гледа на сликата ама спие со цицката ви уста, јбг има и такви денови, а јас си него лежам и кулирам. Spoiler
Ја имам софи исто и е на мојава овие од нук ми се поубави на допир некако незнам. Исто и само повраќа од што пика раце и се лигави и само перам боди и лигавки.
Од кога од лежење грпче ги боли? Ја се молам моево да сака да си полежи само, мене грб ми падна од што е цело време во раце. На мојата сега и е ти студи тебр бабе и ослабен си ми ти да не си гладен не јадеш бабе оти јас на диета си го држам детето на 2 оброкс дневно не на 1ипол 2ч
и јас се молам, не знам за нејзе ама мене грбот страшно ме боли за студење, тоа секогаш им студи, а докториве сто пати ми нагласија да паземе да не ја прегрееме и дека нозете ако и се ладни не и е ладно, ама ај иди докажи се. истите коментари скроз