Добро утро мајки. Знам не е за во темава ама нз кај да прашам. Дали алиштата на малите им ги сушате во сушара и на која операција. Јас имам беко сушара но некој алишта како да ми ги смалува
Која операција ја користиш? Јас на микс дејли ги пуштам, па викам ако не да пробам на котон. Скроз нови шпихозни поголемо бројче се сега само 2 пати да ги облече
епа не знам, јас толку ги земав. Секако целта не ми е да заработувам од капки. На кој му требаат може да се договориме за цената... Јас саб симплекс од аптека у ново лисиче ги земав 1.200 денари од прилика а вака по 6-7-8 евра гледам се продаваат ама тоа е кога нема кој да оди да ми ги земе за таа цена тогаш ке си ги платам дупло поскапо.
Од каде се шпикозните? И јас имам Беко само со две парчиња сум имала проблем еден комбинезон од Окаиди и хеланки и џемперче од Зара. И двете беа памук ама различно ткаени. Бебешките ги сушам на cupboard dry. на mix/daily не се 100% исушени.
Иста јачина се со еспумисан. Еспумисан е германски производ. Само саб симплекс има поголема јачина. Не верувам баш во едни помагаат други, не кога активна супстанција е таа нема ништо плус и има иста јачина и не збориме за производ од било која фирма. Само варираат грчеви кај деца. Најјакиот период го поминав со еспумисан, сега на крај ми донесе саб симплекс кумата од германија и ставав по две три капки да нема меурчиња во млекото....ми завршија пред неколку дена и толку доста и е 5 месеци е, по корегирана 3. Исто беко, само од окади и синсеј што имав боди од мекици се собраа и чорапите од окади. Зара и х&м ми се исти.Ништо друго ми се нема собрано. Сушам на истата од Ноеми програма.
Обично после 2 нед од раѓањето.. Ај добар ден од нас, пак неспиени асално и лудуваме сабајлечки Кенка, едвај нешто доручкуваше... си заплакува на секое, се влечка по мене
Добро утро, мајки Денес сакав да споделам нешто убаво. Гледам како ми расте моето бебенце и секој ден со мм се чудиме како е можно толку многу да сакаш некого, не се ни објаснува тоа. Душата се полни кога ќе се изгушкаш со бебка. Мм ме праша дали, ако некогаш имаме второ бебе, ќе можеме да го сакаме исто како првото. Се топам кога го слушам како и зборува колку многу ја сака и дека се би направил за нејзе, а уште повеќе кога го гледам како не може да и се изнагледа. Бебка има 10 месеци сè уште дремка во мене, во рака. Не јаде оброци, понекогаш ручек, и секој ден се бориме со неспиење и нејадење. Но, кога ќе ја погледнам како мирно спие во мене, сè исчезнува. ❤️ Сакам побрзо да поминат овие тешки фази, ама не сакам времето да ми пролетува како низ магла и да ми порасне без да го осетам. Не знаев дека можам толку многу да бидам поврзана со неа. Дури и 2 часа ако не ја видам ми фали. Толку, само сакав да си го искажам ова што ми лежеше на душичкава. А сега станува бебка и ние заедно се фаќаме за домашните обврски.
Си немала толкава мака или тоа работело кај вас, не можеш да генерализираш дека некои капки не ги бива пошо еве ист состав се. Кај нас Еспумисан ништо не помогнаа и направија запек, Саб бетер и ги правеа, а Инфакол ги ублажуваа најмногу. И не само мене на многу членки породени околу тој термин. Сите знаеме да прочитаме состав нема потреба да сме медицински претставник или фармацевт, но некои формулации работат подобро.