Добро коликите не се лечат со симетикон па да делувало кај мене повеќе или кај тебе помалку. Имаше мн проблем моето дете ама не менував капки зошто не е до нив маката, комбинирав чај, топли облоги, колиеф, пробиотик. Симетиконот елиминира гасови а не ги спречува коликите кај децата. Коликите се проблем на цел гастроинтестинален и нервен систем кај деца од незрелост. Симетиконот нема да ги спречи. Може само гасови да намали малку. Немој да се навредуваш никој не рече фармацевт сум ти незнаеш да прочиташ состав. Мн пати така реагираш на моите постови за жал. Сакам да им кажам на мајките да не трошат пари по 300 капки и од ваму од таму. Еспумисанот е сосема ок ако има надуеност и бебето не испушта гасови, а запек не е од еспумисан симетикон не се апсобира нема никакви шанси за запек.
Еве ти викаш нема шанси и стварно е така Ништо не ги "решава" грчевите, ги ублажува. И ензимите и симетиконот делуваат не се без ефект. На темава пред 5 месеци имам пишувано. Јас само искоментирав дека цената не е таа, ти си почна тема за што мене ми е заборавена веќе. Реагирам затоа што многу пати избрзуваш да си кажеш мислење без искуство само од теорија. И кога неколку пати имаш кажано небулози јас немам доверба во твојата експертиза. Со совети за лекарства кои ги немаш пробано не се расфрла без разлика што си медицински претставник и некои фирми не ти се омилени или конкуренција.
И ное користеме рекол и колиеф плус и саб симплекс па имавме страшни колики. Сега сме 3 месеци уште сме со иста комбинација и знае само почесто гасови да има, коликите исчезнаа. Се е индивидуално до гастроинтестиналниот тракт на бебето
Фармацевт сум, и не ми треба да ги пробам сите лекови за да зборувам за нив или потврда од некој за колку познавање имам јас за мојата професија. Можам да дадам мислење на форумот на кого сакам, иначе и секогаш напоменувам да се праша доктор ако некој бара совет. Немам омилени фирми ги сакам сите квалитни фирми што во море од препрати по нешто се издвојуваат овде на нашиот пазар..
и мојата е candy - zerovat скоро цело време сушам на mix and dry и точно е тоа дека машините за сушење при често користење ги смалуваат алиштата. Затоа гледам секогаш кога имам услови да сушам надвор.
Како може машината со тек на време да ги смалува? Мојата е Беко, ја користам некогаш почесто, некогаш поретко. Одредени парчиња знае да ги собере, ама другите од истиот циклус воопшто да не. Значи до материјалот е, не до машината. И тоа сите парчиња од циклусот се памук. Едни тренерки му собрав на маж ми адидас, а притоа дуксот остана ист. И тие тренерки изветеа со брзина на светлината. Затоа мислам дека до материјалот е. Кошули и фармерки не сушам во машината, евентуално ако ми се брза да ги "досушам".
Sinsay и онака се смалуваат, без сушара И јас сушам таму, драстично нешто да ми смали не ми се случило. А сушам на Котон, стандардната програма (Bosch сушара).
Ајде добро утро ние влеговме во четврти скок свечено со сите церемонии цела ноќ се вртеше, кенкава е од вчера и почна да одбива да цица - ова ни е стандард секој скок првата недела како влагаме Сега златнава моја спие на страна и сака да се сврти на стомак цела ноќ - јас ја враќам назад пошто заглавува и се нервира и така еве и прва дремка истеравме двете заедно еден саат и вресна уште не станата Со лесно нека ми се наредниве 5 недели да не спобудалам кога видов дека е 5 недели на апликацијава шизнав
Нас само 1 недела ни беше така попроблематична во 4ти, после како ништо да не е. Затоа 5ти беше поинтензивен 10тина дена.
Да се надеваме дека влезов само ќе биде значи самомпрвиот не го осетивме сите буквално и вториот и третиот и сега четвртиов се менува дете целосно од прв ден ненормална работа
Бејби и моја беба е неколку дена после твоја ама и ние влеговме во четврти скок... Веќе неколку дена не сака да цица, вреска на града. Така преку ден не е захтевна да не и е од урок освен кога ќе запне во раце цело време... некои од дневнитр дремки се по 10мин ама ја презаспивам во раце па спие 40мин. Навечер не спие мирно се врти, се препелка, ќе заплаче 2-3 мин и се смирува... Исто сака да се врти на страна и стомак и после незнае да се врати и кенка Се надевам на тоа ќе останеме
Јас неможам да се ориентирам дали е и во кој скок е, спие ок, јаде ок, почнавме вкусови, единствено потешко заспива.. а ја свртам за да ја успијам и плаче како да знае дека треба да спие и се бори буквално мафта со раката, гребе, штипе. И после спие цела вечер. Преку ден дремките по 30 мин може една да и е сат ипол ако успеам да ја презаспијам . Апликацијава вика во 4 скок од 17 септ. по корегирана возраст. Дали тоа дека е 5 месеци па поинаку го поминува скокот незнам. Преку ден е малку по плачлива сака нон стоп да ја занимаваш. Нервозна е многу со рацете во уста... Од кога почна да се врти на стомаче?
Топло ќе те советувам и тебе и сите други да не гледате толку строго да речам на скоковите и сеа да се тресеме и туркаме дали траел 5 дена или 5 недели. Еве второ ми е и ја немам отворено апликацијата. Сега баш гледам веќе е во 4ти скок и шо дека. Бебињата навистина нон стоп менуваат, како растат и се еазвуваат осознаваат нови работи. Па ќе почнат рачињата да ги мавтаат повеќе од обично, па ќе фаќаат работи и се тоа за нов е ново и не знаат да се справат па некогаш се кенкави од што им е премногу. Мислам ок фино е да се прочита што се развива во која недела ама не си го земајте при срце дека сега 5 недели ќе плаче бебето. Најдобронамерен совет
Одличен совет! И јас прекинав да се потресувам со скоковите, некако полесно ми е да прифатам дека ќе има фази и ок е тоа е развојната природа.
Најчесто за дете земам од таму и пола од времето сум во прашалници дали детево преку ноќ се извиши или алиштата се скусиле. И тоа без машина за сушење.
Скроз се согласувам. И јас паничев броев денови и сфатив само стрес си правам да чекам да помине и оппп нов дошол. Сега пратам само кои вештини се наредни и тоа е тоа. Ќенкави денови има и надвор од скок исто како што има весели денови во скок. Само рутина за успивање, пратење на потребите на бебе, доволно време за совладување на вештини и пазење да не се премори и тоа е тоа.
Даа и мене sinsay најмногу ми се смалуваат. Инаку приметив и дека машината за перење ги смалува кога пуштам со многу вртежи. Сега само 800 вртежи ставам и скоро и да не ми се смалило ништо