Ја и мм муабет не сме направиле, не знаеме ни кој што како праи, дома кога ќе дојде децава урлаат, не можеме да се слушнеме. Битно ја спирала ќе ставам, некое искуство дечки да споделите дали боли?! Секс немам, ова од далеку се пазам. Пошто никој нема секс, со мултикукериве до кај сме?!
Големата вчера заспа во 21.15.излегувам од спална, а тој заспал пред тв со даљинското во раце Си викам брејјј до кај стасавме,ама ај за некоја година ќе пораснат подруго ќе е.
Јас за мм не ни зборам, се слушаме цело време на кратко на телефон, додека он е на пауза од работа или пред, вечерта ќе ми пише само дома сум не ме мисли, јас сабајле ако пишам по нешто...со детето кога се слушаме и како да не сме се, значи буквално како другари на телефон звучиме. Не знам дали е ова норма или нормалмо, ми недостига многу ама некако немам време за поголема поврзаност преку телефон. Си доаѓа на одмор за пола месец, па ќе се подружиме и ќе одморам малце. Уште неделава сум на работа и толку, после малце ќе се дружиме пак со мали, ќе одморам(се надевам) физички знам дека нема да одморам ама барем малце ќе биде се со побвано темпо па ќе ми одмори мозокот. Ноември здравје ќе видиме дали ќе барам стално или ќе фаќам шо некој проект...од јануари веќе се надевам ќе фатиме пат накај Англија и ние, многу измешани чувства имам за тоа прашање, не знам како ќе се прилагоди детето, ќе ги бара сите...криво ми е ептен што ќе го одделам од се што му е познато
Не дојдов да пишам за секс (не ми ни текнало на секс периодов од што сум хронично ненаспана), туку дека сфатив дека не можам да заспијам без музикава за малава што ја пуштам Неколку плејлисти вртиме на spotify и викендов мм ја зимаше сабајле за прва дремка јас да се доспијам (дека сум цице сервис ноќе) и не можев око да склопам дур не си ги пуштив песните нејзини…
Другарка во канада има ставено, како најблиска така. Скоро 7 години има ради ендометриоза за да не пие терапија ама има хормонска. Викаше не осетила ништо при поставување. Ти ако сакаш како контрацепција, само златна купи, немој бакарна или сребрена Таа најмалку реагира со течноста во матката и најстабилна е да издржи 5 години обично па се менува. Бакарната може да продолжи крварење циклусот пример ден два плус (зависи како ти е сега циклусот) , сребрената ако даде реакција може да е ради алергија од среброто Една бременост во 10 години ми имаат пренесено гиниколозиве со спирала, да ти имала септум пациенткава, не знаела и не виделе и ја ставиле спиралава во едната страна а во др она останала бремена шок.
Ај ако се решиш за спирала ке кажеш што како. И јас одамна ја мислам ама некако 50-50 сум да ја ставам или не. А мултикукер уште не набавив пошо мажот ми купува алати за работа
Од секс имаме само јебеш ли му матер кога ќе си кажеме за нешто непланирано што се случува, или аман у пм сврти се, куќава ја тресеш од што хрчиш. Барем нешто се тресе. Утепани на крај на ден, еве седиме во дневна, во темница, скроламе по телефон, он ми масира стапала, јас гледам серија. Во различни светови, тук таму некој допир разменет колку да знаеме дека сме тука.
Денес си размислувам како од кога се породив не сум имала еден добар ден.Многу често знам да кажам дека не се пронаоѓам во оваа улога.Не се сметам за лоша мајка бидејќи правам се за бебуш но се чуствувам ужасно.Гледам мајки по интернет среќни средени,шетаат уживаат со бебе.Мене секој ден ми е ист.Како да го живеам животот во круг.Со мм збориме..може нас карактерот ни е таков но ете секој со своја мака.Се каам што изградивме куќа на страна од градот.Колку и да е добро просторот и чистотата на околината..се чуствувам изолирано и осамено,а од друга страна се навикнав на самотијата па и кога има шанса да се оди некаде јас ја одбивам.Куќата не стигам да ја фатам,џабе толку пари вложени.Украсив есенски мислев ќе ми влијае нешто подобро...не. И се мислев ја поминав оваа постпородилна депресија но како да сум заглавена во овој круг од лоши чуства.Ме нервира што најблиските никогаш не се заангажираа околу нас.Не ми треба луѓе за муабет,туку помош.Животот што некогаш сум го имала не си го барам назад,туку сакам да научам да се радувам на овој сега.Не знам како да го играм бебуш,почна да стега нозе при менување пелена па борба е,ме нервира.Чуствувам како за банални работи се кршам. се надевам не ве избедирав со постов,само ми е тешко што и после 7 месеци се осеќам како да преживувам од ден за ден.
Сите сме биле таму во некој одреден период, се осеќаш како сите да продолжиле со живото а ти си застанала во место и не правиш ништо. Всушност ја правиш најубавта и најтешката работа на светот. Најди си занимација, маж ти нека земе дете, вежбај, читај, гледај серија а бе гледај во една точка ЕДЕН СААТ во денот барем. Посвети се на нешто ти што го сакаш верувај многу полесно ке ти е.
Со првото ми беше вака ,плус на се ова живеам со свекрва и од страна личеше како јас имам огрооомна помош и поддршка а јас имав стрес,страв... жената со секој 2 ри збор ми набиваше чувство на вина. Затоа сеа со второво си се шетам од после 40 дена ,ќе почнев порано ама мм заради неа не ми даваше. Еве од 01 ви поголемата ја пратив во градинка и секој ден нешто по дома да средувам ама гледав временска прогноза и од петок заладување денес оставив се така и заминав на кафе 3 саати отепав и јас сум на страна и за сегде ми треба бус/кола ама кафичот што е тука тој еден сама со количката си седнав. За играње и на пинтерест и на бебо апликација наоѓам по нешто за возраста и си правам ,можеш да му читаш реално сега можеш литература за тебе да читаш само на глас и ќе си слуша и тоа. После ќе читаш детски А тоа што го гледаш по нет се е само за слика секогаш има позадина која никој или ретко кој ја става.
Мм помага многу ама додека дојде од работа нема време ни он до вц да иде.Јадеме што стигнеме додека се свртиш ете временски сме ограничени.Бањај го спремај спална,спремај млеко легнувај го Чим заспие бебе ние седнуваме едно кафе и да направиме краток муабет и заспиваме.Се осеќам лошо и што на мм не можам време да му посветам,не сме седнале ко маж и жена,како цимери сме. Положив пред да се породам и немам ич искуство за кола а немаме време ни кога да вежбаме со оглед дека нема кој да го чува бебуш.Преку ден и кога сум имала шанса да отидам со него да шетам сум одбивала,дремки му се подобри дома.Колку и да ја сакам овој план и рутина на саат толку и се осеќам како робот.Ако искочам и не спие што ќе се прави како ќе се прави...а веќе не ми се ни иде некаде искрено Бебуш иако има 300 книги не сака да му читаш.Абе у секунда се иритира.Толку со ништо нејќе да игра.Едино кога пеам и се клатам ко кловн.Ама и тоа може колку може.Не знам идат ли веќе подобри денови.
Еве прочитај погоре, сите сме како цимери очигледно. Љубовта е тука, само добива друг, подлабок облик. Ќе се запали пак искрата, не се секирај. Супер мајка си верувам, ќе биде полесно ќе видиш. И сега може ти изгледа лошо и напорнп, ама редот што си го има бебе на долгорочни стази многу ќе ви се исплати на сите. Најди ја позитивната страна некако, нешто ситно, навидум безначајно и почни од таму. Не е се црно. И супер што сте на страна од градот. Еве залади, на бебе, а и на сите нас ни треба природа и чист воздух. Есента мене чуда ми прави. Меланхолија, ама и среќа. И пак ќе ти кажам, супер си, ќе биде подобро.
Јас почнав да се осеќам подобро кога намалив со доење. На крај бебе сам се одби на 9 месеца, и мислам преку ноќ ми беше подобро. За да дојдам на свое, да се осеќам добро во своја кожа како порано, после годината беше. Свесна бев дека доењето најмногу хормонално ме пореметува, ама не сакав да го одбијам, второ дете ми е, првото го доев до 11 месеца и мислев ајде уште малце ќе издржам. Среќа јадач е, па сам си го скрати млекото, сега и да му дадам не го пие. Ништо не ме правеше среќна и немам некој посебен совет да ти дадам како да издржиш, само ќе ти речам поминува. Ако не оди на подобро мораш да бараш помош, и од блиските и стручна помош можеби, ама ако се чувствуваш барем малку подобро секој ден, само издржи. Се поминува.
Тоа и сакав да го кажам..дали тоа ќе биде подобро ќе дојде некогаш,или јас сум само некоја што не успева на нозе да застане.Навистина не сум човек што се споредува со други,никогаш не сум ни била.Ниту па бебе сакам да го споредувам и он си е посебен човек.Но кога гледам како лагано си е се во ред а ја упорно во иста точка и после толку време...се загрижувам за себеси.
Не не и јас првиот месец се осеќав многу лошо и мислев дека стојам во место ама после некое време почнав да разбирам дека сум отишла во друг правец а не дека сум стоела на место од човек кариерист со многу захтевна работа, настани, проекти, илјадници клиенти јас преку ноќ останав дома со бебе тотално сама. Маж ми исто така има многу посветена професија и се враќа дури попладне кај 5-6. Баби и дедовци не профункционираа никогаш кај нас млади биле за чување бебиња они и така јас секој ден се учев да ја засакувам бебка се повеќе и да ми стане другарка што ќе си ја имам по дома еве 3ипол месеци покасно мене денот ми поминува за час и кога ќе дојде мм веќе одма се осеќа разлика а можеме и заеднички активности да правиме. Само позитивна мисла и перспективата е се што треба да смениш … детето ти расте и станува човече на овој свет посвети му се и пробај да го живееш и неговиот ден и ќе видиш како се изгледа поубаво и јас имам лоши денови па за награда за викенд ќе си закажам масажа или педикир/маникир и така поминуваат месеците а мојата лепотица си расте секој ден во убава и нежна девојка
Има деца и бебиња кои што се тешки и самата транзиција во тој нов живот е многу поекстремна, отколку кога дете би било мирно и би спиело, макар првите 2-3 недели. Повеќето бебиња спаѓаат во таа втората категорија, тие потешките се помалку и затоа се чувствуваш толку осамено и неразбрано можеби. Исто не сите сме исто скроени и знаеме како со бебе, како да го заиграме и слично, иако сме го посакувале од дното на душата, се губиме во улогата на родител и дури и на моменти се прашуваш - дали беше исправна одлуката да имам дете, колку и да звучи сурово. Ти зборувам од искуство, првото дете од бебе беше екстремно плачливо, неспијач, со ништо не се заигруваше, лазеше од многу мал, буквално цело време да не смееш да го испуштиш од вид, немав време за ништо. Башка скроз сами сме со маж, значи помош - ни за лек, што викаат старите. Ни јадени, ни спиени бевме првата год - год ипол. Адаптација во градинка - три ипол месеци траеше и да не набројувам уште. И навистина е тешко со толку захтевно дете да се чувствуваш дека знаеш што правиш и дека ти си створена да бидеш мајка. Ама - проаѓа, верувај ми. Дај си време и терај ден за ден, без очекувања и без споредби, ќе биде подобро. Мене ми требаа можеби две години, да се вратам во нормала. Поврзаноста со него сега ми е навистина многу длабока, најверојатно поради тоа што беше толку тешко, бев принудена да си ги поместам сите граници, да растам и учам со него, да вложам екстремен напор и после години се си дојде на свое. Конекцијата со маж исто, треба време, нема да се изгубите, ќе најдете подлабока конекција. Мислев сите бебиња се исти и само јас сум неуспешна како мајка, ми требаше долго да сфатам дека тие екстремно захтевните бебиња се многу малку и дека јас сум само човек. Ми требаше долго да си простам што не се заљубив автоматски во син ми, мислејќи дека така треба. Еве сега имам второ и сфаќам дека во споредба со брат му, ова е буквално бајче.
И јас едвај чекам да завршам со доење. Цело време си викам ајде уште малку издржи, ајде можеш. Мислам кога ќе дојде тој момент се ќе се врати во нормала. Одвратно се осеќам, уште немам добиено еве скоро 7 месеци, хормони лудило, јас катастрофа. Бебе не е јадач некој, ама полека кратам подои. Очигледно таа количина што ја јаде доволна и е. Големата до 11 месеци ја доев, ова ќе видиме, мислам помалку ќе биде.
Е ова..ова јас го немам и не сум се осетила добро 7м.Никако да сум подобро. Се надевам ќе дојде ден кога и јас ќе пишам ваква добра утеха која многу значи.Навистина имам бебуш кој е тежок карактер иако е најнасмеаното бебе,знае да е најчесто и најкенкаво.И го сакам бре повеќе од се.Ама претешко се носам со улогава.Фала ти мајка!
@Stone мислев на пешки со количка. Тоа на 7 м сигурно има поголема будност ама еве и 10 мин да се 10 верувај ќе ти смени. Смееш б6 да си пиеш ако ти помага да бидеш посмирена ,ете мене за разлика од сите вас тука па доењето ме оддржуваше мислам дека ако не можев да ги дојам посебно првото ќе паднев во депресија и немаше да можам да си простам. Сите сме различни и и бебињата ни се различни но едно е сигурно се поминува но секоја возраст па си носи предизвици. Пиши на пинтерест игри за 7 м бебиња ќе ти излезат идеи
Не знам дали ќе ти е утеха ама скроз исто се чувствувам. Од човек што бил огромен хедонист и дома не се прибирал, немам никаква желба ништо да направам. Со тоа што мене ми почна овој период уште откако забременив, заради претходно изгубена бременост се изолирав дома, не сакав да споделам со никој, имаше пријателки што дознаа дека сум била бремена откако се породив, ги одбегнував сите зошто ми беше многу тешко после загубата споделувањето за истата и поддршката којашто ја очекував и не ја добив. И цело време мислев дека ќе е подобро откако ќе се породам и не е. Таква физичка и ментална слабост чувствувам, баш имам чувство како да ептен не се снајдов во оваа улога иако се трудам колку што можам и се осеќам како чергарски живот да водам, ден да дојде, друг да пројде и така во круг. Од човек со амбиции немам никаква желба ни да се вратам на работа ниту некакви визии за кариера, што претходно не било случај. Мајка ми ми тврди исто дека откако ќе престанам со доење ќе се чувствувам многу подобро и си мислев едно време да го одбијам ама ми е страв дека ако уште се чувствувам исто и после тоа, ќе ме направи уште понеспособно да се чувствувам. Дополнително си набивам вина зошто сум цело време некако негативна и песимистична и приметувам дека на сопругот негативно му влијае иако се труди да не ми зборува ништо за да не ме повреди ама чувствувам дека некако огромен товар падна на него околу грижа за дете и дом.