Дали само јас вака но се чуствувам преморено кога сум цело време со детево, многу е захтевен и бара внимание и игра, сега е настинат и сум по цел ден до заспивање со него, мм зафатен со вечер кога е веќе заспан, мене овие игриве ќе ме мрднат, пошто вика само ајде ајде, како да сум дете, хаосот во играњето ми смета оти не сака да се држи до играта, а сам да поигра не сака, не знам зошто вака ни како да се справам со притисокот на детево, да олабам некако. Зошто не поигра 10 мин сам??
Исто вака се чуствувам од бебе е захтевен, сега уште повеќе, добро е што сака во градинка, но кога е дома немам време за ништо, оти сум по цел ден со него.
@Stone Јас сум најголем дечар на свет верувајте не дека заинает зборувам. Деца гледам од 12 години, сум молела да ги остават со мене. Внуците ги изгледав (иако тоа во корона што се роди не многу), не активности, не игри, не шетање што уште не. Едвај чекав да имам бебе, едвај, уште од 5 годинки размислував на деца и каква мајка ќе бидам и се по ред. И дојде тој ден. И се осеќам уморна. И често ја карам кога не сака да заспие ( а работев во градинка со по 20 деца во група, абе смирена како бајче бев). Работата е што се се менува кога ќе станеш мајка, сестра ми цело време ми збореше дека ќе видам кога ќе е цел ден со мене, ама и викав Што ти е врска нема. Е имало. Од човек што спремаше по 5 активности на ден за внуци и ученици, во 8 месеци имам 5 спремено за бебка вкупно, и толку ме јаде тоа, ама одлучувам да го игнорирам. А почнав и да работам после 5 месеци и тоа уште толку ми тежи... До пред скоро бев многу нервозна за се, додека еден ден толку ми дојде што 20 мин плачевме двете и после 20 мин се преиспитав и сфатив дека се за што се нервирам е глупаво и банално и дека моментално улогата ми е таа, да сум мајка на моето прекрасно бебе - и се што на него му треба е мајка што е смирена и присутна. Не е важно дали ќе спремам активност од пинтерест, не е важно дали 2 дена по ред ќе го јаде истиот доручек, важно е двете да сме среќни, смирени и да се сакаме. Плус, кога ми текна дека поминаа 8 месеци почнав секој ден да го впивам, затоа што дур да трепнеме нема да сакаат да не гледаат
Затоа што секогаш кога те бара идеш.Секогаш кога плаче го земаш Оставај го на земја со играчки Оставај го некогаш и досадно да му е.Само така ке добие интерес да истражува. И да почне да плаче кажи мама е овде но МОРАМ да направам сега јадење(нека помага ако е над годинка).Дај му тенџере и лажичка и нека готви он на земја. Мама МОРА сега да свари кафе, оти сум жедна исто како и ти. Мама сега МОРА да се избања за да биде чиста исто како што си ти. Ке научи и не се потресувај.Ниедно дете не останало оштетено од саат два самостојна игра во денот. притисокот ти е од соц мрежи каде по цел ден се пропагира активности со децата од јутра до мрак…
Јас кога ќе се пожалам за ова ми викаат епа му треба братче/сестричка инаку ќе си играш уште долго време.. утеха 1000
Леле глупости... Нема врска ,захтевни си се еве големата моја е 5 г и уште кога е дома бара некој над неа да е а на бебето е љубоморна ако јас не можам да и обрнам внимание трча кај баба и тоа шо баба и ја вреѓа јбг. Од бебе е ваква.
@Stone Знам како се чуствуваш… Почнав подобро да се чуствувам од кога намалија температурите па собрав храброст и излегувам сама со бебето. Центар ми е на 10 минути со бавно пешачење, ама сепак не можев да излезам сама пошто ни 1 минута не седеше во количка. Знам дека ти немаш можност за излегување, ама гледај кога ќе имаш прилика да користиш дури и малце да го “пореметиш” дневното спиење. Искрено се надевам дека после доењето друго е чуството и на моменти едвај чекам да прекинам, иако некогаш ми е многу жал што така размислувам.
Дојдов да ви кажам дека целосно и тотално паднав на хајпот за Веледа маслото за коса од рузмарин. Ама не се каам воопшто и мислам дека ќе ми стане дел од рутина. Чекав да го искористам повеќе пати пред да споделам став. Ме маваше некоја анксиозност периодов, па ми се активира и егземата на стапалото. И некако само чешав често и глава. Нон стоп. Еднаш ќерка ми не наполни вошки, па секој втор ден ги прегледував, ама немаа ништо и заклучив дека ми е анксиозност и перут во прашање. Маслото многу убаво ми делуваше на скалпот и значително ми го смири чешањето и по првото користење. Косата ми е сува по должина поради фарбање, па ги хидрира и сувите делови и по миење не е веќе во волумен туку фино си паѓа надолу. Имав читано претходно дека рузмаринот е добар за косата, ама ништо повеќе околу тоа. Па малку истражував и во најновите студии стои дека има еднаков ефект како миноксидилот кој иначе се користи во третмани за стимулирање на растењето на косата. Не знам за раст колку ќе биде успешно за тоа си треба време, ама ќе продолжам редовно да го користам па ќе си видам понатака. Па, која е исто очајна од целиов косопад нек си проба масло од рузмарин.
Ако си во ск и во порурална средина верувам има опција со количка околу куќа да се прошеткате нели? Не мора во центљр да биде шетањето ако си во некоја убава природа околу уште поубаво за бебе ние низ партизанска изгинавме со издувниве гасови шоако е асфалтирано и урбано
На тема паѓање коса само читам зошто огромни залистоци ми се отворија и ептен ми е тешко да си ја гледам вака косава од толку убава сјајна и негувана многу многу години. Јас рузмарин уште не сум пробала земав од грчка сега некои витамини за обнова на коса со биотин па ќе видам што ќе се деси ќе споделам за некој месец + земав ампули и шампон на инебриа за зацврстување и против опаѓање Ја сега после три ипол месеци почнав и да се поправам некако … мора да успорам со јадење а цело време сум гладна … телото ми е исто малтене како пред да останам бремена сега некако оваа недела се осеќам здебелено ќе се мерам сабајле да видам што е ситуацијава и колку сум претерала со ол инклузив одморов
Ја витамини за коса, кожа и нокти, малтене цел живот пијам и сум користела ампули, ама не сум видела разлика. И сега имам такви витамини ко гумени бонбони, по две на ден. Ама тоа е многу индивидуално па можеби ќе ти одговара тебе повеќе. Доењето исцрпува. Троши многу калории и енергија. Јас пројадов благо откако се породив со првото. Имав страшна потреба да каснам некое чоколатце многу често. Овие 6 години како дојам со мали паузи измеѓу, можам да се удавам во благо без да трепнам. За сите години претходно што не јадев. Најмалото 6 најубави месечинки ќе заокружи во петок ми се растеретува секојдневието како расте, па почнав да вежбам од скоро иначе маф е работата.
Што не сум користела во животот, таква личност сум, емоционална све поминувам одпосле страда тело. Значи битни луѓе кога починувале.. еве све со бременоста што бидна... одпосле ме мава и претходно сум користела од пифуд спреј, шампони, апчиња секакви, ампули, масла... ништо не помогнало секогаш биле ок хормони ама кога ќе се смирело тело прекинувало и опаѓањето. Ама мн стрес на телото. Кога објавив тука на форум слика колку коса ми паѓа имаше две три како мене, др имаат пад ама може не толку изразен. Јас готово нема што да фатам од косава. Или ќе се оправи или незнам што ќе правам. Закажав све крвна слика витамини хормони да видиме како ќе биде.
Тоа што го гледаш не е реално, тоа е само фракција од денот на некој и е тотално исценирана слика во најголем дел. Сите сме така на таа возраст од децата, верувај, сите. Исто е, може некој ќе има некоја плус минус активност ама у глобала е тоа. Најмногу помага дремење на детето надвор, зимо лето ние цело време бевме надвор, додека спиеше јас цртав или пиев кафе, избегнував да го дремам дома оти знаев дека тогаш ќе чистам и пак нема да си посветам време на себе, па одев надвор. Моето дете не беше тешко за чување од аспект не беше плачливо, цицаше и пиеше од шише без проблем, одеше во сите, многу е социјален и сега, забавно дете, ама не спиеше, не спиееш воопшто, првата година ја преспа во раце, на цицка или во количка, кенгур. Две ипол години е и уште некогаш во раце заспива како бебе со цицка во уста. Мене тој момент многу ме уништуваше и бев на раб на лудило. Јас првите месеци бев во странство сами со мм и ми беше многу поубаво отколку тука опкружена со народ а сепак сам, оти реално помошта на крај излегуваше одмагање. А тоа што ги гледав сите дека го живеат животот кој јас го имав ме фрустрираше, сакав да се осетам слободна, а не бев оти буквално додека успеав да го заспијам јас бев кома и немав време за себе. Јас пред детето имав многу богат социјален живот, многу хобиња. Уметник сум и често сликав до доцна, постојано гледав серии, читав книги, слушав книги, влогови, шетав и излегував, рекреативно пушев и марихуана и го сакав тој ритуал кога со мм кулирваме, не се срамам од тоа, значи бев човек што тотално знае да кулира и да ужива во секоја минута од животот. Со мм сме скоро 19г во заедно, буквално од 14, толку многу фази поминавме заедно, се омаживме по 11г врска , а на дете се решивме дури после 5г брак, оти и двајцата сме луѓе кои сакаат удобност, сакаат да се релаксираат и да живеат. Мислам дека да не му дијагностицираа на мм болеста која ја има и ради која рекоа да побрзаме ако сакаме потомство, може немаше ни да се решеме на тој чекор. И по толку многу време поминато заедно и ние бевме на раб на развод во тој период, толку беше кризно што мислев дека го мразам маж ми. Сега сфаќам дека не го мразам, туку го сакам на многу поинаков начин. Се расприкажав ама сакам да ти доловам дека сите мајки ја имаат таа фаза од мајчинството кога преживуваат, а не живеат или мислат дека не живеат, а уствари преки тоа што сета енергија ја посветуваат на детето и те како живеат, оти буквално го одржуваат него во живот. Купи ден продај ден е оваа фаза од животот, ова фраза која некоја рандом мајка ми ја кажа ми беше мото многу, многу месеци. И дефинитивно кога ќе добиеш ќе ти олесни многу, јас добив 13м по пораѓај и се изгледаше поинаку, не знам за доењето да кажам дали олеснува оти уште не можам да го одбијам и веќе ми е навика, а никогаш ме уживав во чинот реално. На крај сепак ако се осеќаш безизлезно побарај стручна помош оти постпородилна депресија е опасна работа и џабе ние тука ти кажуваме дека ќе биде подобро, ако се работи за дијагноза вистински, не чекај да стане подобро, ти треба разговор барем со професионалец. На друга тема, @Yowannty баш сега лежам, главата ме полудува од чеашање и се прашувам што е спасот и каде да го барам, исто многу првут постпородилно, со суви врвови и мрсен скалп што втор ден од миење мириса тешко на устоено, многу лошо. Каде да го барам тој спреј?
Дали само за првото дете е вака страшно оти и јас од тие благо истрауматизираните што мислам за втор пат секое влакно ми се ежи?
Овој пат хормоните ми се најстабилни и тоа ги проверив на почеток на 4ти месец постпартум, кај мојот доктор во Грција се комплет проверив и хормони и брисеви и пап. И тој ми рече дека за само 4 месеци по пород плус доење резултатите се одлични, дека нема преголеми отскокнувања. Ама косава чинам најмногу ми испопаѓа овој пат. Мислам после ниеден пат не ми се врати целосно назад, да, се обновува ама не целосно, барем не кај мене. А се имам користено од витамини, шампони, ампули, чак и свеж лук имам триено од скалп и знам дека ништо не ми помага мене за коса. Единствено да пробам со третмани некои и трансплантација на крај. Да не зборам што имам многу мали и разлетани, не се толку мали значи не се нови туку ми се од претходно. По втората бременост толку ме нервираа што си изнакупив венчиња и цело време бев со венче на глава, немаше друг начин да ги скротам дивите. Овој пат колку капчиња купив ни сама не знам. И јас сум иста таква во залистоците, буквално скалпот ми се гледа низ овие 5 влакна што ми останаа на глава. Главата ме изеде од чешање. Ги проверував децата со чешелот за вошки, не сакав да го стаам во мене оти ќе ми ја искорне и таа малку коса што ми е останата. Маслово е феноменално. Многу ја омекнува косата се осеќа одма на допир додека се аплицира. Мислев ќе треба да ја шампонирам неколку пати за да го измијам ама не, стадард со еднаш се измива. Јас овде го земав во Росман дека ептен ми е блиску, го има и ДМ, види по местата каде што продаваат Веледа. Иначе гуглајќи за рузмаринот видов дека има еден куп други брендови исто со масло од рузмарин за коса, ако не најдеш Веледа, имаш и други опции. Не знам дали беше пласибо ама чешањето ми престана. Не знам ни дали ќе стимулира нов раст, ама ќе продолжам да го користам оти убаво ми делува од скалпот до врвовите.
@Stone сакам да се надоврзам на ова... мене прво дете ми е и мислев се тоа е нормално. Ама и јас откако намалив со доење па прекинав, се препородив. Мислам дека тие хормони мене ете така ми влијаат. Не зборувам против доење, мнг си ја сакав таа конекција, но откако намалив, добив на прв ден откако се вратив на раб. И пак не ми беше тешко, ми олесна. Не знам што совет да ти дадам. Може да се оставиш неколку дена само на она што мораш. Не брзај се да направиш ко што треба. И есента не е баш за подигање расположение, ама пушти си некоја музика па пеј му на детето. Збори си со него. Ем ке му е интересно, ем тебе подобро. И нема да е цели време вака. Јас откако тргнав на раб турбо ми е. Ама пак седнуваме сите троица за ручек и јас и маж ми правиме муабет со една чашка ракија, малиот снима. Ке видиш полека ке се наредат коцките.
И ја ќе земам една крвна слика да направам а од витамини што би требало да се провери? Немам поима а и матичната кога ја потпрашав ми вика абе уживај топ си супер изгледаш ќе се врати се од доењето е мене срце ме боли за косава еве поздравче сликиче и од мојот нов залисток
Да не цитирам поединечно секого,сакам само да кажам едно огромно ФАЛА на сите кои ми дадовте совети и поддршка.Мислам дека карактерно сум човек кој секогаш стремел кон нешто и чекал нешто..дали било работа ,настан,празник небитно.Претпоставувам дека оваа монотонија за која дел сум и сама крива е вина ,бидејќи животот го терам од ден за ден.Навистина ги чекам деновите кога ќе е подобро или позабавно,еве пример си размислувам за ден Бадник и колку ќе ни е убав тој празник.Уште еднаш благодарам на сите за одвоеното време,навистина ми значи.