Седми скок . Неколку вечери со ред се буди со пиштење и после тоа не презаспива саат-два, дури бега и од цице. Од 1ви почнуваме во градинка. Многу ми е жал што ја праќам толку малечка, ама тоа е, немам избор. Читав дека овој период сепарационата анксиозност била најјака, тоа ме скрши. Се надевам дека брзо ќе се навикне зошто по природа е дружељубива. Дали на оваа возраст 10-11 месеци бебињата ви кажувале слогови, зборчиња? Јас на 9 месеци сум кажувала повеќе зборови, брат ми исто. Детево мое абер нема, некако гледам и дека не ме разбира што и кажувам. А за моторика е супер, не застанува, готова е да почне да оди, ама говор некако слабо. Почнав и да се загрижувам, а подолг период се сомневам дека има кандида која ја поврзуваат со застој во говорот ама не знам дали кај толку мало дете може да направи компликација. Мене пак некако ми е тешко на душава, чувствувам блага меланхолија, само двете радосни очички ми предизвикуваат радост. Ми е жал што летото заврши, нема да можеме да шетаме толку често и доаѓа најгнасиот период во Скопје со отров-воздух. Барем ни се ближи првиот роденден, почнав со организација, колку ми дозволува буџетот секако. Кога ќе ги гледа сликите по 5-6-10 год, сакам да се радува на првиот роденден иако нема да го памти и ништо да не недостасува, торта преубава, декорација, дечињата другарчиња..Еден ден после роденденот планираме да шетниме некаде, гледавме за Рим, картите се преефтини, се надевам ќе не послужи среќата со пари тој период. Ако имате предлози за смештај и baby-friendly локации, пишете ми. Си го прашав и чатџпт ама подруго е некој со искуство кога ќе ти каже. Се изнапишав реферати, се надевам нема да сум досадна за читање.
Мајки многу лоша случка имав со малиот, го притисна палецот ма железна порта и го пресече цело прсте сосе нокт...го шија и целиот е преврзан.Срцето ми плаче и откако заспа не можам да престанам да плачам, не знам како не видов што ќе се деси, две секунди тргнав поглед за да го ставам шишето со вода во ташна за да го земам во раце...кога си одевме од градинка, таа порта секогаш е затворена и он обично стое е и гледа во тој двор и сега отворена и он да ја затвори...ја уствари ме ни видов, тука само видов дека ширка крв и дека виси ноктот и ги грабнав го стиснав палецот и со трчање сум одела да најдам такси, еден рандом човек не качи во кола и не однесе на итна, страв ми беше да пуштам мислев прстот е отиде , среќа стоеше на долниот дел и коската е здрава, го сошија и преврзаа...се уби од плачење душа на мама, вели на докторот не ми го сечи прстот...срцето на милион дела ми се распарчи. Се осеќам како најлоша мајка на цел свет... Сега ќе го боли и ќе му падне ноктот, ќр го носам на преврски секој ден...значи пак трауми. Ќе пукнам. А пред тоа се смеевме дека го фрли шишето со вода во реката и јас влегувва во река до џоглани да му го вадам, во сред шеталиште само да го направам среќен, повторуваше како мама го земала шишето и тоа пусто шише да го ставам во ташна де случи...ќешки во реката да останеше. А он ме гледа тмау дека плачам и ми вика мамо не плачи тука сум па ништо не е, он ме теши место јас него, душа на мама.
Душа ме здоболе само што прочитав.. Нека му поминува лесно и брзо, да ти го чува Господ синчето, о твоето и сите други дечиња, не заслужуваат никаква болка. Не си лоша мајка, не си ништо ти крива, така сакало да биде, на тоа да остане.. Чувајте се, гушкајте се, како на кутре да му помине. Ви ја праќам сета љубов и здравје да му помине.
душа милааа, колку жал ми падна, ич не сакам деца да страдаат. Со помин, ќе му помине одма, не се грижи, ти си го направила најдоброто што си го можела во моментот.
Мал ѓавол, на тоа да остане само. Така растат децата, не си ти ништо крива, не си ставај вина на душата. Така требало да се случи едноставно. Гушкај го повеќе, ќе помине, нема ни да памти тој ❤️
Секогаш е секунда доволна, сите мајки го знаеме тоа и не дека може нешто да се направи. Ќе помине, тоа е најважно, не си ставај толку товар на душата. Така е некако со децата, некој период нема ништо, после ќе се утепаат до толку што се мора на итна.
Ох душава ме боли јас сум симпатетик крајер одма ве исцимолив читајќи Бидете силни со нив е така па и да не тргнеш око од нив нешто ќе се случи деца.. Нека му помине за брзо и ти биди силна за двајцата. Тоа што се случило не значи дека си лоша мајка,гушки и бакнежи само да поминува побрзо
Одамна не сум пишала на форумов ама мислам дека моментално го живеам најтешкиот период од кога е родена.. Дојде време за адаптација во градинка за која бев свесна дека нема баш лесно да ни оди познавајќи ја дека е малку порезервирана во поглед на нови средини и луѓе. Веројатно влијае и тоа што не е двоена од мене и татко и. Прва недела помина со плачки цело време а седи половина час. Требаше иднава недела да седи по саат ми викаат пак половина час да седи, џабе ќе ја носам и за доручек нема да јаде не смее да им дехидрира и слично дека е мала. Мене ми е претешко, претешко е за секоја мајка но бар малку полесно да и одеше прифаќањево на ова сигурно ќе ми беше полесно. Ако имате совети и искуства ве молам споделете како полесно да го поминеме ова. Дали треба да притискам во градинка за да се потрудат повеќе да ја смират или да видам како ќе оди и следнава недела. Стварно сум хаос во главава и мисливе и само ми се плаче од жал и од што се чувствувам како нешто лошо да и правам…
не ми е јасно свекрвите на 21ви век зе заглавени ко во 19ти. Значи бабата е баба не мајка на детето. Глупи коментари од типот "леле само во мајка ти пикнат" значи жено ќе има дел од денот каде детето ќе сака и со баба да си поседи ама тоа ќе е до 25 часа само 2. Нормално дека нема да сака да е лепенка со баба туку со мама. Друго што има бабата да се меша во стилот и редот на снаата и синот? Ние мајките не знаеме дали е лошо детето да е лепенка за нас тие све знаат. не можам веќе, се изнервирав
Ама како тоа, нивното синче одело кај сите. Еве мм кога бил мал, на свеки работа и чистење готвење по дома приритет и биле. И мм вика, јас незнам што е тоа , мајка ми да играла со мене.Ден денес она незнае да ужива со внуци и тоа да одите негде. Она секој ден само чистење, готвење. Ја чува малата, ама приротет и е тоа. Лелелеле не исчистив денес, не исправ. И кога ќе ме види малата одма по мене е, што е нормално и одма имаш ееее само ти мајка имаш, еее што мирна беше додека не беше мајка ти тука. Епа да умрам ако не.
Реалноста е дека пред 5-6 годишна возраст не паметам настани ама и после тоа не се сеќавам баш дека моите играле со мене како еве што јас сум седнала по земја со дете да играм со коцки, да правиме кули, да играме со пластелин итн. Кога игра ќерка сите играчки се по земја, тек пред спиење собирам или скроз ако изгуби интерес. И ептен гости да се најават. За разлика од тоа на мајка ми секогаш чистење и било приоритет, и ден денес додека не исчисти тоа за денот што и е планирано, не прави ништо друго. Дете кога игра, пред неа, зад неа собира играчки. За поврзаност на ќерка со баби. Од свекрва е истиот муабет дека кога јас ќе се појавам, нејзе ја заборава, одма доаѓа кај мене, дури и како навредена. Демек на смеа кажано ама се гледа дека и пречи. Со мајка ми игра и кога е ќерка со неа, не ме ни бара толку.
Е баш буквално, ко мојава да ја опшуваш. Заглавени се во тоа нивното ко што ги научиле нивните свекрви, они чисти пери готви по дома, баба ке го чува внучето. Заедно спиел мм кога се родил со баба му и мајка му, после некое време со баба му само. И тоа се кажува ко да е нешто не знам што. Немам против да спие со баба и дедо ама да изрази желба сам, не со сила да го туткам. Кој ке рече ич не го оставате па јас да го оставам треба ти да сакаш да го оставам, тука сме ама она одсабајле си има план и програма што да работи да чисти да мете, ручекот до12 да и е готов. Го оставам ептен нешто кога стварно ми треба зошо после следи муабетот "ништо не сработив ту" или што вели "е де мама та мама до сеа ја немаше мајкати што убаво седеше" Гледам да не се нервирам и да живеам на принцип од едно влага од друго излага ама некигаш од такт ме вади. Не и се замара мм многу многу па затоа мене ми збори.
Ама ич не и се замарам. Побогу една година има детево. Кога потпорасне , ако сака и кога сака нека оди кај неа долу. Нема тоа да и го забранам, освеееен ако ја слушам да и полни глава со муабети за мене , како што го правеше тоа со децата од девер ми. Е тогаш и мм , нема да дозволи да оди дете кај неа. Пример по мајка ми малава повеќе се радува. И свеки да ја чува цел ден на пример и да ја шета и се, ако ја види мајка ми, трча по неа одма. И двете викаа ние ќе ја чуваме, мала е за во градинка, сега нека ја чуваат. Еднаш спомна нешто не завршила бла бла, викам епа сама рече ќе ја чуваш, греота била за во градинка, сега те молам не префрлај. Инаку не е примена во градинка де. Чекам штом се јават, да почнеме со адаптација, иако мислев до 2 години да не ја пуштам.
Ја па ич не се нервирам за овие муабети. Па не им текнува друго да кажат. Башка порано така правеле, детето ке го скараш за по дома да средиш и ручек да има. Или ко мајка ми вечито по 3-4 часа спиење за и детето малку да го видиш. И само така ке кажам "да да" и готово. Не може ни ние ниту тие да се сменат. Да ги прифатиме дека се такви и толку.
Види и ние сме на исто сега со адаптација и еве трет пат настинува со тт и повраќање Јас не сакам да го притискам пошто знам дека можемр и дома да го чуваме пошто сме во заедница На мм и неговите градинка им е МОРА а кај мене и моите е да се проба не е моралнп да сд оди ние 3деца мајками дома не израснала па после си пошла на работа па пак се мењале се снаоѓале мене градинката ми е притисок не секое дете умее да се прилагоди а и јас не можам секоја втора недела да зимам боледувања за чување. Пробајте со лесно нека е не губи надеж може ќе ср навикне ама јас сум тип на човек што не би притискал
Ич не се замарам. Само муабетите ги споделив. Свесна сум дека ниту она на 70 години ќе се смени, а ниту јас ќе имам став како неа. Свекор ми е во принцип ептен мирен и тивок, ама знае да се дофрли некои муабети и само да да или се правам дека не го слушам. Детето ќе настине ако игра во песок
Моиве кога директно, кога суптилно кажуваат дека не стасале нешто од дете, а ја чуваат само ако е болна. Сега веќе и поголем дел од времето е во градинка. Кога е дома оставам и за неа ручек и за свекорите нели да не му е терет. И обавезно е, не стасав ова да направам, да седнеме да јадеме. Со дете бевме на пазарење или не стасавме да пазариме. Кај мајка е, ми остана тоа и тоа да сработам. Цвеќињата за вадење, бришење, алишта за пеглање и не знам што. Не се жалам зошто сепак има со кого да остане дете, на по некој ден, да не трпи работата и платата ама нели си има и муабети.
Здраво мамичкии , да се јавам и јас. 40 дена правиме за 4дена. Бебушка за месец дена качила 1300. Еден куп мали бодиња и тргнав зашто сите и се мали, долгичка е. 55 се роди а ја гледам и подолга ми е некако. Кога зборуваат мајките дека се посебни емоции кога тргаш веќе мали алишта стварно е така . Шпикозниве јес да и беа кнап кога искочи од болница ама сега и се точни другиве и не можам , колку била помала , колку значи тоа кило ипол скоро. 40 дена значи и СЕ НАДЕВАМ зелено светло од гинекологот. Убава вечер , штом спие бебе се знае мора одма да се легнува зашто којзнае каква ќе биде ноќта
Хај Од краткоминатите актуелните теми као на пример одмор, бевме со беба, јас и она сами у камп, скоро недела, таму прооде сеуште и немам направено стапалки Захтевно ми е детево, моето внимание сака да е 100% кон неа. Не беше баш едноставно ама преживеавме и се тргнавме од Скопјево барем на кратко. Не испрати заладувањето навечер, инаку таман се уходавме. ❤️ Од најактуелните теми, поминавме прва тура вирусче. Како афтерефект беба кашла навечер, а јас првпат у живот користам оперил. Прашање, За како облекувате деца кога надвор е мокро? Денес во памучни хеланчиња ја имав облечено, еднаш на колена, еднаш на газ падна и беше утоп... Кај да барам непропусливи панталони?