Можеш да им притиснеш, но немој премногу сепак тие би требало да си ја знаат работата. Секое дете со свој терк. Ќе се навикне мајка, многу е мачно и тажно ама издржи. Јас плачев 3 месеци со синот, ќе се откажував, ќе барав жена. Ама знаев дека сакам да оди во градинка наместо да расте со жени и баби. Само упорно, ако е малечка ти зборувај дека таму ќе слушаат музика, ќе играат итн. Мали се ама се слушаат и разбираат. Пробај да си насмеана кога ја оставаш, кажи и дека ќе ја чекаш и тоа е. И подобро замини си од градинката наместо да слушаш плачење. Мојов 3 месеци го држеа во раце и го галеа да заспива. Не се секирај верувам дека се добри воспитувачките и негувателките. Стисни дупе што се вика и издржи. Иначе не верувам од 1 саат да дехидрира.
8 дена рикаше 2 саати, грло црвено од плачење доби и тоа таман што се смири 9тиот и 10тиот ден и играше и јадеше тамн почна да седи до 11ипол се разболе недела дена дома, почнавме пак во понеделник плаче, вика рика на оставање после се смирувал и си играл. Го оставам и заминувам зошто не можам да седам да го слушам како плаче. Мојот и поголем е 2 год има, во вторникот ме помоча пред градинка и ми вели "нема нови алишта, ајде дома чао гадинке уте дојдем пак" значи го намислил тоа да го направи. Тоа мозочињата многу повеќе им разбираат од тоа шти мислиме ние. А секогаш вика дека е убаво, дека има деца дека има играчки ама насабајле од станување до оставање во градинка е "не сакааам". Кај нас воспитувачките се поубедени од мене дека ке седи јас не верувам ама они се со став дека ке се навикне. Така да почекај ако си решена да оди, еден ке попушти или ти или она. Гледај да биде она. Со среќа и многуу трпение Од синсеј имаш гумирани розеви со мики маус. Јас земав за син ми сини, панталони и јакничка
Од тие тивките, најглупости ке чуеш. Да сум му облекла елече рацете му биле ладни. А тоа ладни запотени, главата запотена. Дека дома ни е мнг непријатно и влажно во овој период. Па кај си мајче. Те немам одамна читнато. Ние и стомачен истеравме и сега нос затнат и кашлање. Ама уште од пред тоа мнг ми се буди навечер раскинкан. Ајде 4ките растат, ама мнг сум уморна. Утеши ме, почнавте ли да спиете навечер врзано, знам малку постари бевте вие? За панталониве гледаш не ми текнало, баш сакам да го пуштам да си оди сам. Ние дента кога се вративме од одмор прооде. изгледа им одговара моренце Дали се запотува дека се гумирани? Мене само тоа ми е мисла. Мојот е знојко, главата му е утоп ако му е малку потопло.
Имаше и во синсеј едно време ама сега само во зара има, на апп види има во детскиот дел кога селектираш јакни да гледаш, посебен дел Rainy garments е пишано. Има и мантили и долен дел пантолони. Лесни чекорчиња
Од внатре се како шушкавец, не се дебели како стандарт скафандер, тенкички таман за еден слој одоздола полесен облека и тоа одозгора. И мојот е склетџија јас со хеланки блуза на долги горе панталоните и јакничката и шиба Ама ние и под шара сме кај нас и поладно е, сега е 13степени.
менталитет од 19ти век. И мајка ми исто приоритет и било дома готвење чистење тогашните жени не играле со деца внимание толку не се посветувало ама се труделе не воспитале со збор со примери. Ама да се коментира така како твојата е мизерно. Значи ако нема да се каже паметно тогаш нека се ќути.
9 ипол месеци е и најмала е во група, едно има малку поголемко од неа сите останати се над година и нешто. Да бидам искрена стварно тешко ми паѓа оставањето, прво ми е и се ми е ново. Веројатно и ме чувствува и мене.. Ќе пробам некако да сум посмирена и поупорна во целиов овој процес. Фала ти што ми пиша Еве една недела беше и изгледа се разболе. Цела ноќ не спиени само во раце бараше, кива само, носот и крчи и сега пак ми е стрес ако правиме пауза, ќе заборави и пак одново. Инаку воспитувачкиве ми викаат тие што најмногу плачат тие после највеќе сакаат да одат во градинка ама додека да стигнеме до тој момент ми се чини како вечност. Проблем е и што она е мала спие два пати. Во 9 ми викаат да ја носам во 10 веќе и се спие. За спиењето ми викаат ќе ја легнеме 15 мин колку да се освежи па после да спие кога спијат и другите. Ептен ми е нелогично ова сепак помала е. Прво се чудам како ќе стигнеме до 2 часа бар да седи, после се чудам како и ќе ја заспијат зошто не е лесна на успивање… Милион прашалници имам во глава а деновите ми се ептен броени веќе до работа, користам боледувања за да истераме ова зошто едвај со врски ја запишавме, па после од септември примале нови па она се разболе и се се одложи. Од фирма нормално нема разбирање и од таму имам притисок и се на се стрес колку да сакаш. Ама морам да издржам за неа, мора некако да се прилагоди зошто немам баш некој друг избор за жал Фала многу на советите
Каде искачате со вашите мали на вакво време?Стана ладно попладне..мислев во ист гејт сити мол ама ептен ми е страв од вируси.Паничарка до безкрај.
@1209 Срце ми се стегна мајка, многу ми е жал. Браво како си изреагирала смирено и паметно, да го држиш, да бараш такси, превоз. Какво себе обвинување, знаеме сите дека не две, една секунда треба да се случи нешто такво. Ама не можеме хеликоптери да сме секоја секунда, тоа е, се случуваат вакви работи и среќа што со толку останало. Нормално дека солзите сами ќе дојдат, ќе му збориш ќе му објасниш, ќе бидете ок и со преврските. @Carolin. Интересен муабет сте почнале за бабите и приоритетите. Од новороденче ми збореа не ја учи само кај тебе, не ја држи многу, бла бла. Како сум се нервирала, ама веќе до сега отрпнав. Кога минува низ тежок период, промена, одлично е што мама им е утеха, значи правиш одлична работа и кој што сака нека каже, ни за момент да не се сомневаш во тоа. Додека не е загадено, и да врне и да вее надвор сме Со соодветна облека секако.
Одело за дожд врз алишта. Само тоа е спас. Мајки фала би за охрабрувањето, он е многу умен, денес на преврска беше мирен, малце плачеше, не се жали дека го боле, ќе биде добар, а и јас се прибрав. Мм изреагира многу лежерно, дали дека си знае од него што е шиен 14 пати Ми вели злато, ако е на мене по карактер мора да прифатиш дека ова нема да е последен пат и да се наоружиш со смиреност И така.
Поддршка и од мене Такви си се еве јас демек женско имам помирни биле ама не од беља во беља. Среќа до шиење не сме стигнати ама пример уста има расцепено над 15 пати... Само со помин да е
Вирус и маж ти може да донесе дома. Ние денес во Сити мол бевме, па спонтано во кафич комшиски. И надвор на дождот беа, лазеа играа по подовите. Е ние сме од тие што ги оставаме да фаќаат, истражуваат. Вирус и настинка секаде и од секого може да фати.
Орден да ви се даде жени што на одмор одите со две и повеќе деца, без баба сервис. Јас со едно, не одморив како што треба, но сепак дпбро поминавме. Најмногу ме плашеа летовите, но и со нив вака така поминавме. Сепак, некоја подалечна дестинација не би, стресно ми е прво мене, па и на детево мислам.. Од одморов искрено, задоволна сум како се справивме, но ми остана едно нешто во мисла. Многу често наидувавме на деца што плачеа, викаа, не сакаат да делат играчки. Дури ни родителиве не им ги чув да кажат ама ако, играјте заедно или нешто.. Онака ладнокрвно ќе искулираа, баш као и да не постоиш во моментот. Дали ми е чудно ради тоа што моево дели баш се, што е дружељубиво, или.. Мислам, јасно ми е дека дете се уште не знае дека нема да му ја изедат играчката, но родителот да не рече ништо. Сега по ново нели демек ги учиме не мора ако не сака, и ок, се слагам до негде, но не ми е јасно некако. Јас кога бев мала ме учеа дека се делат играчки, се дели храна дури, леб да му дадеш ако нема, сега и за пластикава своина ќе тераме. Јас пресреќна бев кога некое друго дете ќе дотрчаше да игра со нашите играчки, па се смее дете, и моето и другото, си ствараат спомени, другарчиња. Ајде своето што не го делеа, ама не сакаа ни дури играчките од игротеката да споделат. Едно дури ме изнервира премногу па му вратив. Ниско знам, нема оправдување, но веќе капак. Се спуштаа на лизгалкине и секое си идеше повторно на скалите се качува и од другата страна да се лизне. И едно имаше може 8, 9 години не знам, се качува и го турка моево, демек бегај, јас се качувам. А моето веќе тргнато беше, ама дека помало и поспоро качуваше. И му реков, полека, не се твои скалите. Плус, имаше простор комотно две деца да се качат. Ме загледа и се смири. На око фатив поглед од друга мајка со уште помалечко бебе како да се насмевна, бидејќи и нејзиното го туркаа, а таа не велеше ништо.. Можда и не разбираше. Не ми сметаат други деца, напротив, сакам деца да се дружат, да си помагаат, да се радуваат едно со друго. Дали јас премногу очекувам, дали мене назад ми е зимата со моето...? Или едноставно некои деца се такви па да бегаме со моево штом забележам такви.. Не знам..
Па зависи колку години има детето. Моето нема уште ни две год., така да нема што да очекуваш да дели негови играчки со други деца, без разлика што јас зборам да си играат заедно. Исто, на плажа имаше и поголеми деца што не му дозволуваа да им ги допира играчките. Нема што сега јас да им се лутам и да го сфаќам тоа нешто толку сериозно. Па што да му прават родителите, ете не дава и готово. Ќе пораснат и ќе научат да се играат заедно, барем се надевам, на оваа возраст не очекувам чуда А на лулашки и во игротека нема мое/твое, сите по ред ќе користат. Барем јас цело време го пратам моето дете и гледам што се случува. Пред некој ден поголемо дете го турна кога се качуваа на лизгалките буквално без да има некоја потреба или провокација. Е тоа многу ме изнервира, гледам многу агресија и нетрпеливост меѓу децата. Мора цело време да внимаваш кој што прави, посебно што моето уште е меѓу најмали каде и да одиме.
Темава како поактивна, па да прашам. Од работа ме прашуваат што сакам да му купат на бебле и немам никаква идеја. Практични ствари не ми требаат, тој се има од брат му, пари исто не - немам ни идеја што да му земам, стварно има се. Дајте ми идеја за некој поклон што ќе му остане, што ви било најдраг подарок што го добиле вашите новороденчиња? Големиот има ќебенце со неговото име и датум на раѓање, подарок од колегите на маж ми, се мислев и за малово да им кажам на моиве колеги нешто такво, ама добредојдени ми се и други предлози.
Ми треба совет од вас зошто јас не знам како да постапам.На роденден сме во игротека за неполн месец.Преблиски.Иако сите знаат дека бебе спие од 8 навечер без исклучок веќе 6 месеци,сепак го резервирале терминот кој што е од 7ипол до 9ипол.Опција да не одам нема,и мене ми е битно да одам.Роденденот е во игротека па нема шанси бебе да заспие,плус секогаш заспива од 8 во спална со млеко.Добив коментар дека нема ништо да му биде од еден ден,иако јас си знам колку ќе кенка и ќе се мачи,или бар претпоставувам.Овој момент премногу ме скрши бидејќи како што кажав ми се преблиски.Многу често добивам осудувања за тоа дека зошто морало во 8 точно но бебе си е така научено.Пробав да искочам неколку пати и малце да го одложам моментот да е пример 8ипол но он заспива.Дајте ми памет мајки.
Заспиј го во кола и антифони на ушите. Една од опциите, јас немав кому да го оставам лани на годинка на свадба си заспа во 8ипол со антифони.
Моето е 17м, па јас и ден денес одам буквално 15 мин или пола саат и си одам, па кој што сака нека зборува. Не вреди за ништо да го малтретирам детето освен свадба на најблизок.