За тоа кога резервирале они нивно си е што кажаа погоре нема љутиш. Тебе ако ти е битно да одиш ќе одиш. Прво успиј си бебе дома остави со татко или баба па оди на роденден. Не мора да си цел роденден присутна.
@Carolin. @sani99 Кога ќе решиш да го продаваш многу поголема е цената на инвестициското злато од златниот накит. Ти го купуваат по цена која е на берза, додека накитот го купуваш поскапо зошто во него е вклучена и изработката а кога ќе го продаваш тоа не се рачуна туку само грамажата на злато.
Денеска бевме на вакцина и искрено поминавме многу подобро од што се надевав. Сестрата вика погладно да се носеле за ротатс да ја испиеле. Моево гладно, сито нема мака за пиење. Во било кое време што и дс му дадеш си шлапкаа без мака. Плачки имаше само додека го боцкаа и кога завршивме одма се смири душата моја, а после и си заспа. Искрено очекував многу повеќее плачки. Ете само сакав да си го пофалам детето колку беше умен.
Same here 14месеци веќе - ни да одам ни да ми доаѓаат коа е време за спиење. Го однесовме на преблиска свадба и си заспа и таму во 8. Прави си како што тебе ти одговара и како е најдобро за малото, а секој од страна може да збори коооолку сака
@Stone Ако се толку блиски и да не отидеш ќе те сфатат. Ама и ти треба да ги сфатиш, тоа си е нивни роденден и они ќе си организираат нив како им одговара. Утре ако ти рано закажеш роденден, а блиски ти се на работа? Ќе им излезеш ли во пресрет да закажеш подоцна за да може да дојдат? Незнам еве пример треснувам.. Ќе им отидеш накнадно на кафе, на торта чим сте толку блиски.. Јас имам 3 деца и третово кога имаше 3 месеци, едното ми славеше роденден (во Џамбо), а па кога имаше 6 месеци другото ми славеше роденден во Виртуал Вр (игротека за поголеми). Значи бебево ни на 3м, ни на 6м.. не беше на роденден кај дада и и батко и Дома си беше, со свекрва ми. На твое место, не ради саатов првично, туку поради ХАОС од вируси.. не би го однела бебето ниту на 15мин во игротека. Стварно нема потреба толкаво бебе што ништо не разбира, да се носи по игротеки, а со ризик да ти закачи таму нешто. Еве сега ќе славиме за 1м роденден пак, третава ќе е 1г и 3м и веќе е друго.. ќе ја носам овој пат. Оди веќе, шетка, сака деца, едноставно пркнато детенце е друго. Ниту на свадба не носам деца, едино ако се ептен ептееен блиски роднини (како кум, сестра, брат, прва братучедка итн), ниту кај другари блиски не би носела. Вчера бевме кај роднина, не носев ниту едно дете Инаку каков вирус хара... пазете си се сите
Благодарам на сите за одговорите.Во контекст на муабетот за лутење,можеби моето размислување беше такво зошто јас сум тип на човек кој што за фамилијата размислувам однапред па очекував исто.Но тоа не е ни битно толку сега,околу одењето немам опција да не одиме ,како прво дете ми е роденденката и не сакам ни нејзе ни на себе да си скратам од спомените.Здравје боже нека дојде денот ќе видиме до тогаш. Надвор од таа тема сакав само да кажам вчера имавме ептен ужас ноќ кај што бебуш се будеше милион пати.Се испокаравме со мм низ ноќта зошто и он и јас спанковци.Среќа па наутро сме ко да ништо не било. Денските дремки му се топ ама навечер крш.Најголем проблем мислам дека ни е самостојното заспивање.Немам душа да му правам таков тренинг.Дали некој има искуство околу оваа тема?
Заспива само бебе или не? Не те сфатив. А за карање сред ноќ и ние знаеме да се скараме. Периоди се. Го мачо нешто може.
Здраво мајки, Мајка сум на 2 годишно дете. Откако се породив и повеќе од година дена немав никаква желба за интимност и ми беше многу страв, дел заради раната, дел заради пораѓајот. Сега веќе можам да кажам дека конечно хормоните се ок, либидото се врати но сум преплашена од втора бременост, паничам секој месец и правам тестови и покрај тоа што се пазиме. Заедно сме 15 години и бременоста беше планирана и не ни се случило никогаш проблем но знам дека има и непланирани бремености и толку ме фаќа паника што секој месец доаѓа до плачење и секирации ако касни и 1 ден. Дали користите контрацепција и каква? И дали е ова фаза некоја што поминува?
Какво сврзување, тоа е фиктивен поим... Еве само што презаспа... Класика некои вечери 3 пати некогаш 10 пати бара да цица. А вечерва дури два пати скроз се расони. Со прстот во уста е, мислам пркнува едната четворка... Ко преживи причаче... Еве вчера си легнав со неа, ама куќа трпи. Трпела таа одкоа се породив, па што. Како го презаспиваш батко? Искуство со happy foot kids имаш ли? Преудобни ми изгледаат моделчиња некои...
Не го дојам јас откога тргнав на работа, ама навечер имам до глава цуце со вода. Некогаш му давам малку и презаспива некогаш бирбата трае со саати се превртува, лази, станува и седи, па зборува нешто... кај нас 3те 4ки избија, уште една долу ја чекам ама и горбите 3ки се наѕираат... не знам до тоа ли е што ли е. Па затоа викам да не стасавте до целосно спиење. За куќата... што да кажам. Приоритет ми е јадење да има. И тоа да биде квалитетно. Чистење - кога стигнам и тоа со трчање. Хепи фут видов дека се во Ку, топ им е квалитетот. Ама ги изумив сега зе есен зедов патики. За понатака би земала од нив.
Ако мислиш дека тоа што заспива сам е проблем, биди со бебе , гушни го и заспиј го. Им требаме за сигурност. Мене ми е преубав делот дека спие до мене. Знам дека мирно спие кога е до мене. Нека спие. Во било кое време да закенка или заплаче, само што ќе ја погалам и прозборам, се смирува. Не си прави стресови. А може и нешто да го мачи бебе.
Не не ,муабетот ми беше дали некој успеал да го научи бебето самостојно да спие.Он спие во креветче до мене,кога се буди го галам тапкам или ќе го кренам.Но сметам дека подобро ќе е да научи сам да презаспие за сонот да му е подобар.
Вторничково расположение ми е ниско. Ќере не спие убаво, не јаде. 10 месеци е и чекам само нешто да промени. И така си поминуваат деновите. Него околу мене сите бремени, денес ми се уврте во глава бебе. Ако му кажам на мм нема да размисли ни секунда Кој ќе размислам едвај со ова се справувам. Не можам од неа на работа да почнам. Ох, си викам да не беа финансиите проблем па и би одела на второ. Ионака сум без спиење и изгледам како зомби. Барем две ќе израснам Со секс теми до кај сте? Ние имаме желба, но време тешко да се најде.
Ау мојава каква цицољубачка е значи јас мислам до 10 години ќе сака да цица... Инаку нас на 9м ни искочија сите 4 кецови одеднаш, после 2 недели сите 4 двојки, и еве стагнира, сигурно и другиве одеднаш ќе и никнуваат, црвена е во образите и тегне уши Хепи фут јас заљубена сум во дизајнот и изгледот, а ми личи и дека се квалитетни, баш ќе ги пробаме