И ја мислам за второ Мислам дека мала разлика ќе имам меѓу децава. Ај некоја мајка да сподели искуство, од година ипол до две години разлика како е, се фаќа патот накај Бардовци?
На второ мислам уште во болница, мм ми вика дека не сум нормална . И сега ми прави некои муабети што ни фалело со едно, кога ќе го фатам. Додуша треба само да се качам и да не станам Ама зашо сум царски ќе гледам бар 2 да се разликс, толку некаде отприлика и сакам (со надеж дека второво побрзо ќе се фати де )
Сабајле и ја се разбудив со помисла како би било со уште едно. Вчера се видов со моја другарка што остана бремена со второ кога првото и беше 4месеци … како мојава сега и изгледа од таму ми дојде помислата. Иначе во 4ти скок сме и спие на клинци преку ден а навечер се буди цело време ноќеска неколку пати и ја презаспивав со нишање пошто скроз се испоразбуди насмеана цела… и така @Dodo1 штознам ако ме фатат будалите ќе имаш друшка за во бардовци да не си сама … а маж ми одвај чека, сака 3
Јас не можам да ти кажам не сум ставила, нема мислам никогаш да имам потреба да ставам, со ивф сум со првото многу лош спермограм скоро без надеж да се подобри значи никогаш нема да се пазам, само како опција го имаш
Моето 2 месеци е и уште сега на второ мислам ама јас ќе морам 2 год да чекам ради царскиот оти мислам дека ни еден доктор нема да ми се нафати за ивф толку брзо
Не да се фаќа... не се знае кај се тера Сејте си мирни мајки, нека има барем 2 години првото. Моите се 13м разлика, скрената сум иако се по скоро 4 и 5 год.
АХХАХАХА На глас се изнасмеав ❤️ И јас мислам од болница на второ, дури на првата контрола прашав кога можам да останам бремена. Моментално - од кога помина година дена... Ги запрашувам моите животни одлуки. Наша генерација @Besbes24 и @nikja се бремени повторно, како иде мајки?
Да се фатеше случајно во првата година од животот на ќерка кога беше бубалка, може побрзо ќе се нафатев две да гледам на мала возраст. Сега скоро 3 е таа, збеснат тодлер, што ми ја црпи сета енергија, ни под разно не ми паѓа бременост на памет, уште помалку бебе.
Јас сакав 2 деца и се уште сакам ама со неспиењево со првово не знам кога ќе се одлучам за второ. Уште па кога ќе ми текне на првите месеци со грчевите ауууу тие драми не знам кога би се осудила пак да ги поминувам
И ја така викав, две од царски одма второ. Еве го 2 има terrible two на најјако се пуштени секој ден нова измишљотина има. Кога беше бебе викав леле вакви 5 ке родам. Како што растеше, се сум на мисла со едно да останам или да направи прво 4-5 па да раѓам друго, сеа не ми паѓа на памет. Ова темпо со трчање нон стоп и стомак до заби не не неее.. Да не испадне дека само се жалам, колку што ме вади од такт на моменти, толку ме топи во наредниот. Само доаѓа да ме гушка и бацува, "многу сакам мајка ти" кога ке рече и ке ми се закачи како мајмунче сите глупости му ги заборавам
Ако ја прашаш мајка ми тогаш е бетер кај ги мислиш нив, па и за внуци мислиш, па да ги чуваш Или немате захтевни бебиња или не сте арни нешто вие од моја генерација што мислите на второ
Пред некој ден моја школска роди 4то дете. Прва помисла нели да е живо и здраво. Следна помисла или првите 3 се ептен мирни или скроз изгубила нерви. Друго објаснување немам.
Второто е сигурно. Оваа помисла само денес ја добив, кога видов дека толку лесно си раѓаат по две, три...па дури и 4 деца. Скроз истово го помислив и јас
Јас си викам да го раѓам веќе на 2, така да таман, во жустрото се новороденче да влезам Па што знам, негде на средина е, ама зошто сум со сестра, внуците се двајца, и генерално сум опкружена со луѓе кои имаат брат/сестра некако многу сакам и моето дете да го доживее тоа. Не викам дека е лошо и единец да си, еве мм па зошто е единец затоа не сака второ. Јас додуша сакав многу деца, ама веќе не сакам само заради тоа што летнаа годините и финансики причини. Иначе и повеќе би имала
Не е само роди го. Прво психички треба да си како што треба, а финансиски па нема збор. Како растат само повеќе финансии требаат. Тргни само од обувки секоја сезона затоа што со брзина на светлината и расте ногата. Алишта исто. Се и е мало моментално. Овие 3 месеци летово ногата цел број и порасна. Викаат кај едно, таму две. Кај две, таму и три. Секако. Многу лошо психички ја поднесов вторава бременост, па и првите неколку месеци. 7 месеци поминаа и некако пак не се осеќам јас. Утре на работа тргам. Само калкулираме со маж ми како ќе изведеме чување и пропратни активности освен школо. Сега сфаќам колку лесно ни било со едно Моиве се 6 години разлика. Мене ми е идеално. Да се решев порано за второ мислам дека ќе се фрлев од тераса. Докај 4тата година не ни помислувавме. Па таму околу две години кога беше ќе го задавев маж ми ако изразеше желба. Јас би ви рекла вдишете ги прво моментиве со едното. Уживајте во бебешките први работи. Со второ сме како машинерија само. Или можеби до мене е затоа што никогаш не ми се појави посебна желба за да затруднам само од гледање на бебе. Ама јас секогаш прво морам да направам милион калкулации и сценарија па да се решам.
Еве јас ќе кажам со две мали деца на мала разлика не знам кој правец да фатам, двете се мали едното сега 3 во ноември а бебенцето 6 месеци е. Хаос сме едно фаќа маж ми го игра го шета, па потоа смена правиме на деца и цел ден бебиња чуваме хаха и кога ќе ни речат слатки маки, какви слатки маки претешко со еден збор. Ама нека се здрави и живи ќе пораснат па ќе имаме слобода и за нас после. Со надеж сме дека ќе си играат дека се блиску вака со годинки и дека ќе сме раат Да не заборавам да спомнам за љубомората на постарата
Секоја чест мајки со повеќе дечиња. Јас имам едно и ми е претешко. Можеби е сеуште мало и уште ме држи постпартум ама не само што не помислувам на 2ро туку имам и фобија. Кога ќе помислам на раѓање, доење, чување, па градинки болести и се така натака ми доаѓа да плачам. Криво ми е што вака се осеќам искрено особено кога читам мајки кои одма би се одлучиле за 2ро и 3то, се си мислам нешто не е ок со мене. Се надевам проаѓа ова еве како кај тебе и дека евентуално ќе го надминам стравот.
Баш од љубомора ми е најмногу страв и како би било прифатено второ бебе. Јас сум второ бебе, разлика 16 месеци од сестра ми и сум растена од баба ми. Сестра ми била прељубоморна до тој степен да не се двоела од мајка ми и само доагала ми зимала ствари, ме удирала. Ден денес немам однос добар со мајка ми бидејќи од мала не сум го стекнала. Верувам игра улога и воспитување, можеби не и обрнале време да и објаснат за новото бебе и не пробувале доволно да ја вклучат во активности. Не знам… Во секој случај стварно ми е страв дали би успеала да се посветам доволно на две деца, за повеќе не ни размислувам