На тема второ дете сме со маж ми деновиве, сакаме и двајцата, имаме желба.. Но, немаме никаква помош и баш тоа ме плаши. Разни обврски, работи а да немаш кај да го однесеш на саат време чување е тешко. Околу мене забележувам трудници и повеќедетни семејства, ама скоро сите имаат баби за чување. Со првово стварно долг период ми требаше да се вратам на себе, о се уште мислам дека не сум баш добро сетирана, а тек па со уште едно..
Јас отсекогаш сум сакала 3, ама сега со првото, се мислам и за 2 второ искрено. За 3 не знам дали имам и време, 36 ќе полнам во февруари. Ама и финансискиот дел е битен. И ние сме исти, без помош, кога не е на пат, добро е, делеме обврски. Ама, сама кога сум, претешко ми е. Сум се бањала и на полноќ, и со дете во купатило. Фризери, доктори, кафе еднаш во 3 месеци само кога е тука, нема на кој да го оставам. Неспиење и грчеви тешки ноќи беа, ама ова забите... аауу. Ако се решам за второ, ќе биде кога ќе му никнат сите. Ова е лудило додека пробијат, од март не сме спиени како што треба.
Ве прочитав сите. Повеќе од 2 години не сакаме разлика, јас и сестра ми сме 5 и се гледа разлика во генерации, сакам помала разлика. Верувам ќе биде многу тешко ама и многу убаво од друга страна.. Среќа имаме помош од баби дедовци од двете страни без проблем, а и маж ми е многу вклучен во се и послободен е преку ден, затоа и се осудувам. Огромна поддршка ми е он и затоа и размислувам.. За неспиењето.. и така не спијам, барем додека не спијам да не спијам до крај Дали бебето ми е захтевно? Да, премногу. Дали сум полудена од неспиење, и тоа држи вода. Чекам некоја да пише дека е супер две години разлика
И јас сум сакала минимум две максимум 3 деца ама дека тераме ивф освен втора бременост ако не биде близначка за трето мислам тој пат пак нема да го терам. Туку ова првово нека е живо и здраво и нека пркне малку па за второ ќе ја мислиме. А дефинитивно сакаме оти мм е единец амс јас сум со сестра 1год и 2 месеци разлика и никогаш не сум била сама во животов најдобра другарка за на век и би сакала и синко да го има истото во животот
И мене ќе ми е криво да го оставам сам, јас имам брат, мм сестра. Јас природно бев, ама толку тешка бременост со повраќање 3 месеци, па ишијас, па ешерихија фатив, крајните месеци едвај се движев, 3 месеци клексани... Па и капак на се, не беше свртен, па царски бев. Кога ќе ми текне на се што минав, посебно на тоа станувањето после царски, ама ич не сакам. Ќе видеме, имам некое време за расмислување.
Исто сме разлика 16 месеци со сестрами, не ме сакала ич хаха викала фрли го тоа па ќе дојдам. Мајками вика па ти мирна спиеш со сати, идела да ме види дали дишам. Ама мн сме поврзани со мајка мн сум цицала 3 години и све во неа, после и со сестра цело време гз и гаќи сме биле, до ден денес. Сега внуката и бебе мое се иста разлика и мајками вика како вас да ве гледам. Јас незнам дали би се решила, сакам имам желба да има сестра (по можност) ама имам и страв, многу лоша бременост имав и трауматично све ми беше. И викам да ми е здрава и жива. како треба да биде ќе биде.
Сакаме второ дефинитивно и двајцата. И да не се голема разлика. Со план сме ( ххахах ништо нема плански де во реалноста), негде на пролет да почнеме со обиди, па кога биде нека биде. Пред тоа ќе си направам една убава контрола, од брисеви, пап, хормони и ќе видиме дали ќе бидне за брзо или ќе се помачиме. Презахтевна е малата. Особено сега , откако ,,доби” нозе и само шета низ цел куќа и ние позади неа, да не падне на некој ќош. Закачена е на мене од моментот кога доаѓам од работа. Помош би имале. Моите ми се во комшии. Свеки за бебе не ми била од помош кога беше баш бебе бебе, сега ја чува без збор. Ние не се сакаме де, али детето си го гледа и чува, по своја воља. А сакам три јас иначе. Ама третото негде после 6-7 години де ххахах
И јас исто. Дури и страв ми е од помислата на второ дете и cluster feeding. Искрено се надевам дека нема да се случи нешто непланирано. Не сакав поголема разлика, ама ако се одлучам за второ нека биде барем по 5-6 години.
Денеска Бебе научи да се врти на 5 месеци и 20 дена, корегирана 3 ипол месеци, па кај и да ја стави човек фрла нога да се врти. Се надевам ќе спие добро . Заспа на време, гледам Грејс репризи, мм спие. Живеам за вечер да дојде и ме тајм. Добра ноќ
Ќе биде тешко , малце ми е страв повеќе за тоа како ќе го оставам малиот 4 дена никогаш не сум го оставила. Тешко ќе биде и за др работи ама па сега за сега мн сака бебиња имам внука од брат од золва исто мн ги сака и мило ми е. Послушен е мн сега за сега не гледам љубомора ни за кај др деца, мн сака да помага ај донеси ова она сака да е вклучен. Ех како ќе ни биде дома ќе кажам тек после нова година хахахаха. Мислам дека 1 год ќе ни биде најтешка и психички и физички. За среќа со финансии фала богу барем засега не ни е тешко. Маж ми би одел до 3 ама некако јас ради тешки бремености би останала на 2. Не се мислете мајка, се караме викаме 100 пати денот, немаме време за нас, сами сме без помош ама љубов се, кога иди ми го гали стомакот ми го бацва плус ќе си има занимација за брзо хахахах. Сите ми велат добро сум постапила, ќе бидат другари а и ќе се заигруваат 2 полесно еден со др. Ќе видиме, господ нека ни е на помош хаха.
Ооо да заборавив и на cluster feeding… Да го издржам пак ако е исто како со првово на мисла сум пелени за возрасни да носам хах време за одење во вц јоккк
Мојот буцко се врти на страна и така ќе одмори малце па на стомак ќе се сврти па така ќе осмори па ќе крене главата,ако види не го зимам со тешки маки ќе се сврти на грб или ќе вришти.Деновиве вежбаме гласни жици цел ден вришти Во спиење станувам 3 пати може да го наместам се врти целиот низ креветчето,транспортното му го сменивме се заглавуваше сега веќе е во дрвено порасна детето. На тема 2ро дете сакам ама пусти страв не дава мир.
Аии ✨ душа тој, ептен кеифски е тоа бакнување меше ✨ама тоа оставање 4 дена под кожа ми е влезено, мислам траума ќе има беба, па тоа колку е приврзана... Здравје, мене ми се смени планот, па ќе видиме понатака За помош, и ние скроз сами сме, тешко е, ама срце полно ❤️ чекам апдејт ✨
Инспирирана од желбата за второ дојдов да се издувам во мајчински Сите што ме читаа по темите ќе ме помислат луда. Првови ми е 3г и 2м и искрено мислам дека многу каснам за второ, од секогаш сакав помала разлика. Во меѓувреме со синко имавме проблем со крајници, операција, проблем со тешки и големи тантруми, закаснет говор итн.. затоа толку се одолговлечи. Инаку ние со мм не се пазиме од првиот однос по пораѓај. Неќе и неќе само да фати. Имав две неуспешни бремености, лапараскопија со изваден јајцевод па синко дојде со кломифени, стимулации, клексани и сл. Е сега секако не се фаќа само, па имам шанса да одберам роденден да има близу првото, и мислам дека веќе е време. Синко секој ден порачува бебе, секое излегување бара да купиме бебе ама вистинско Кај мајка ми има од внуките количка и бебе па тоа му стана интересна игра. Цела недела се подсеќам на испитувањата хормони, мутации и патот кој треба одново да го поминам. Во меѓувреме ми касни 4 дена Во врска со муабетот во разликата, се си има предности и мани. Како што поминува времето помислувам ако до сега родев уште едно ќе истерав се на една мака, вака сега само што почнувам да се опуштам со првово треба да собирам сили за истиот пат одново.. Тоа е тоа
Да се надоврзам на муабетот, мене планот ми е да се максимум 4 год разлика. Ние со брат ми сме скоро 7, ама некако ептен далеку сме со растењето, сакам моите да се баш како другари, а и за чување полесно мислам дека е помала разлика. Јас би родила и сега уште едно и многу сакаааам, ама морам да магистрирам пред тоа и да најдам асолна работа по струка па тек тогаш... инаку не знам зошто, многу големо претчувство имам дека втората бременост ќе ми биде близнаци, а и имаме кај мм во фамилија повеќе близнаци, така да има генетика за тоа . Дури и мм го прашував за имиња пред некој ден. Инаку и јас ако гледам брачните односи кои ни се како ролеркостер не знам дали би се одлучила за второ ама љубовта кон првото дете и плус мислата да си се имаат еден со друг кога мене ќе ме нема дефинитивно ме тера да сакам уште минимум едно сонценце.
По женска линија се двојајчаните. Еднојајчани близнаци може од било која страна да се наследат, а може и сосема случајно да се појават.
Уште сме на тоа до мене малото креветче, мирна е навечер. Вчера очекував да ми прави некои акробации, читам тука ама добра е. Еј најмногу се мислам несака ич на 45 да седи, само се крева према напред. И сега размислувам мн е да чекам до јануари може за ортопед. Ќе почекам октомври како ќе биде ама сега на под со лактите се движи во круг и према напред малку, нозе не крева ич и газе. Не верувам дека ќе седне сама одма, ама кога ја оставам на 45 на количка или релаксатор она иде кон напред и дека врзана е више да не падне како круша и само со главата иде напред. Прашање е дали на 90 е многу, а не седи сама.