Јас сум два дена во неделата сама со неа до 18, другите 3 дена мм работи од дома, ама зависи некогаш има многу работа и исто како да сме сами, некогаш па со него е цел ден. А рачунај и работам Е сега, работам најчесто еве ова време (сега сум на лаптоп да сработам), и кога е он дома и нема работа ми се најубавите денови затоа што тогаш успевам и денски да сработам се па вечерта си дремам, гледам серии, читам книги. Иначе вака од 9342 хобиња што ги имав, едвај успевам по една епизода да изгледам а некогаш ни толку... Ама тоа е, се додека работам од дома и флексибилно немам намера да ја пуштам во градинка (здравје после 1,5-2 години планирам) така да тогаш ваљда ќе се растеретам малце
Пред некој ден колешка вика, "се караме" со маж кој да носи деца на тренинг, затоа што тој 1,5 час е време кај што можеш раат да пиеш кафе или да се видиш со луѓе или да правиш било што само за себе. И буквално ја сфаќам. Не сум сега цел ден со ќерка, таа во градинка, јас на работа ама повеќе од пола од месецот сум скроз сама со неа на попладне до спиење. Буквално влегувам од работа и со неа одам во Вц, се облекувам, средувам. Заедно "бришеме" низ куќа, односно јас бришам, таа прави прсти по мене. Јадење, бањање, успивање, се заедно. Не мора да кажам дека побрзо од неа заспивам навечер.
Dali i vasite bebinja otkako ke naucat nova vestina ja zanemaruvat prethodnata. Beba ima 3ipol meseci
Леле како успеваш со работа и да ја чуваш?? Мене исто ми е работата од дома и флексибилна ама имам бајаги состаноци стресови и знам до касно да главам дека со амерички луди клиенти. Баш се мислев дали би успеале со мм уште некој месец да ја почуваме дека и двајцата сме од дома и да не ја пуштам толку рано во градинка ама мислам пренапорно ќе ми е…
Здраво мајки Борба со време и обврски имам периодов, а некој баксуз ме следи и се наопаку правам Наместо да си намалам обврски, јас несакајќи си ги зголемувам Деца ми се вртат болни во круг... Малово беше со вирус со темп, па нос течење, па апетит 0, па пролив на крај (по симптоми матичната рече корона).. добра беше некои 3,4 дена и сега денес 39 температура!!! Одма отидов земав Виранто сируп и луѓе си го задавив детево. Таква паника беше тоа, ја чукав јас.. па маж ми, па едвај зема воздух малку за да го искашла тоа густото и некои 3мин како зимаше по малку воздух и по малку кашлаше и и истекуваше од уста лиги и сируп, а уште 10мин и сметаше во душникот. Како го давате сирупов?? Нешто да не згрешив? Густ, отров благ е! Утре во сокче, вода ќе и го ставам... Од убави работи, се научила да кажува како се вика и викаме како се викаш ти? И вика Соси Убава ноќ, денес решив порано да си легнам, во 11 ќе е тоа
Се фаќа Ние немаме помош, имаат децата баби ама од модерните ги викам јас Ќе дојдат, ќе ги поиграат со офкање и тоа е тоа. Да ги земат да ги прошетаат или на викенди на спиење, чувај боже Мајка ми или сестра ми знаат некогаш да прошетаат ама зимаат само едно, пак останувам со две, така да, не ми е некоја помош. Да раснеш 3-4 деца сама (со претпоставка дека мажот мора да оди на работа) треба да се програмираш дека животот ти е на пауза, се посветуваш на децата и неколку години си само мајка. Ретко која може и подобро да си на чисто сама со себе. Преубаво е, искрено од срце. Многу е тешко за нас ама мала разлика е поубаво за децата. Додека беа помали беше многу напорно ама сега многу си играат, си измислуваат игри, улоги. Се тепаат понекогаш ама и тоа е ок.
Немам никакви состаноци и работам само со шефица (десна рака и сум), немам клиенти, така да само со една будала се расправам А и се погоди пред да се породам мааалце да пропадне бизнисот и сега нешто подработувам колку да не ме изгуби зошто сака да ме задржи така да засега не ми е престрашно. И сум помирена дека ќе работам навечер кога ќе си легне она, а некогаш и викенд тоа е
Бебе наполни 7 месеци.Си мислам пред 7 месеци овој дем каков беше,а сега каде сме.Многумина знаат колку ми беше тежок патов овие 7 месеци но наеднаш како се да се смени.Он повеќе разбира,поинтересно ни е и на двајцата.Превозбудена сум за периодот што доаѓа.На тема седење дома со бебе...јас 7 месеци сум сама со него.Мм се враќа скоро во 5 од работа па пак како кажеш јас сум сама со него.И тоа преретко излегуваме.Како издржувам Господ знае,али еве гурам
Искрено дами кажал некој дека за година дена ќе родам 3 деца после толку мачење немало никогаш да поверувам.Бременоста не ја ни осеќам како за 37 години освен што двајцава дома ме изморуваат и цел ден сум сама со нив.Многу е полесно природно и со едно отколку инвитро и со две трудна.Дај боже вака да истерам до крај без проблем
Еден совет вака да не се мачиш понатака со сирупите мислам поголемо е твоето, ако нема алегии, имаш на др волц колострум во прав со бета глукан, ацерола, по пола дозерче во млеко. Подобар имуностимулатор нема. И можеш плус гранули б комплекс оние порано и нас ни ги давале како деца за апетит ако сакаш. Со колострумот нека пие 3месеци и ќе немаш проблем зимата. Тој пишува од 3 години ама над годинка може да се дава пола дозерка. Консултирај доктор нека види состав и да ти даде дозвола. Душа си, абе судбината е чудна работа, викам човек кога најмалку очекува големи работи се случуваат. Многу радост мн деца срцето полно не се важни годините само да дојде среќата .
Од што те читам ја сум превозбудена за тебе. Кај двете со инвитро па третово непланирано и толку брзо. Универзумот има чудни начини да не научи на љубов и стрпеливост
Абе као демек со цицањево да е заштитена ама и носиме од 4 места свашта. А убаво јаде, секое сабајле пие смути со разни работи.. Молерс пие башка, витаминизирана е екстра Ама и јас со деца во школо сум, особено периодов е хаос. Си поплакав сега од паника, дека други симптоми нема.. а качува скоро 40 (39.8 на 4,5 саати). Бевме на лекар, плуќа чиста, не кашла, носот не и е затнат, стомачето меко и не реагира на болка некоја. А очите и се на долни трепки крвави. Матичната ме праша дали има вакцина за морбили и дали прележала варичела и да не сме имале контакт со некој со варичела. Направивме крвна слика, хаотична е.. горе доле куп работи меѓу кои леукоцитите се 25, а црп 30. Даде Зинат и рече ако и викендов е вака со темп и е клапната обавезно на Дежурен да ја носиме... Ќе пукнам, не знаете каква е... жеже целото, лежи, не јаде... ама пие течности, цица...
Тоа дека е заштитена од млекото е мит. Не е точно воопшто тоа. Ако и падне имунитетот толку е, колку сака нека цица, додека не го покрене ќе префаќа одма. Еве од искуство ти кажувам, глава немаме кренато два и пол месеци а не ни оди во градинка. И она цица, нема пробано друго млеко.
Не е заштитена ако цица, не е имуна на вируси и бактерии, но сепак си добива антитела со млекото, имуни клетки и други компоненти со кои се развива имунитетот на бебето.
офф... моите големи се па и за нас има "кризни денови" вчера жими се беше еден од тие неиздржливите. Големиот ич ништо не послуша доста добар ден пд денот во кавги го поминавме малото исто не му се погоди денот па и тоа напорно и приплакуваше.... и замислете како ми идеше така барем еднаш да ги шлапнам. Верувајте, додека се бебиња додека се мали мноооогу е лесно. И јас бев од тие едвај чекам да пораснат бебе е ни знае да ти каже што му е ни знаеш да го дешифрираш. Ама не. Потешко е да се разбереш со поголемо дете одколку да занимаваш бебуле или тодлер (Секако тантрумите и ноќните терори се исклучок. И тие се неиздржливи )
Воопшто не се слагам со ова. Милион пати е полесно да се разбереш со дете што зборува отколку со бебе што само плаче. Бебешката фаза е најтешка, кој што сака нека рече. И тантруми, и ноќни терори, се е полесно со поголемо дете.
Долго време размислувам и се канам ама денес 99% се решив да правам тренинг за спиење за бебка. Ми даде официјален знак дека може сама да заспива дури и после плачење. Во кола беше ама бар видов дека не е невозможно. Дали има некоја искуство со dr. goodnight или слични? Или општо искуство со тренинг за бебе само да заспива на 6м?