вака, општо со деца не е лесно. Ама од мое искуство мислам дека повозрасните деца се многу "терсене" . Ако сака ќе разбере ако не му одговара утепај се џабе. Секоја добар си има своја тежина. Реално. И ни требаат челични живци. Малово исто не е толку мало 6 год ама ко ќе рикне да плаче без солзи чиниш 2годишно дете е
Јас со двете деца спроведов тренинг пред 6 месеца. Сосема возможно. Големата е 6ипол, малиот е година ипол, двајцата од старт заспиваат сами. Јас ја следев книгата Moms on call, ако сакаш ќе ти пратам пдф.
И јас планирам од наредна недела здравје излегува по апликација од скок. Полека да пробам па ќе видиме. Да е жива и здрава ама тешка е више за било што. Обично седната ја успивам ама во раце и после кога е зашеметена ја ставам на креветче, некогаш кога не и се коњите на број и станата ја нишкам.
Мојава само со цице заспиваше и не ми беше до толку проблем дека малце се будеше ама од 4ти месец навака 2 месеци се поише и поише премина на нишкање станата и претешко ми станува. 8ипол кила и плус кенка и се тегне цела мислам ќе ми падне во секој момент.
Јас имам искуство со dr. goodnight, имав консултација со неа и спроведен тренинг предложен од нејзе. Ние го направивме на 7 месеци. Слободно пиши ми лп доколку те интересира нешто плус
Се сложувам, големи деца големи проблеми. Не викам дека е лесно сега, ама како расте све потешко е. Јас сега да треба да бирам внукава да ја чувам од нецели 2 год и моево, би го одбрала моево. Па неќе да јаде она, па се качува сегде, па тантруми и викам немој со столот така да лупаш ќе паднеш и ќе се повредиш и тантрум едвај ја смирив аух се препотив. Све разбира и викам не, си тера. Буквално цел ден ја спасуваш да заспие неповредена. И викам сестра земај ова јас кортизол 300 ми се качи. Моево за јадење и за држење во раце плаче. Да не зборам пријателкава со децава во школо едно 1во др и е 7мо. Борба вика дома не ми се иде. Секое во свој филм. Те молам и мене Спајди
Точно.Одкако тргнав на работа од 01.09 буквално сум само мајка дома, да се немало време за ништо у п.м. КЗЖ ( култирно забавен живот) нула, понекогаш и под нула Мали се се уште 3 те, сум го прифатила тоа и полесно ми е така... Нека се живи и здрави само ќе пораснат.
И јас се мислам да и пишам на д-р. Гуднајт. Да ми даде некои насоки како да и ставам ред во денските дремки на бебка. Ноќе заспива во 20ч, и спие врзани 5-6 саати, па цица и веднаш заспива, и наутро во 06:30 отприлика е будна кукурек. После само пола саат почнува да кенка и дремнува 15-20минути. Обично околу 11ч пак дремнува 15 мин, и еве веќе 4 дена како ја заспивам околу 13-14ч и спие врзани 3 саати до 16-17ч. Тогаш е тишина, батко и е втора смена на школо па може затоа почна вака. И потоа е будна, веќе накај 19:30ч и се приспива и ја спремам за заспивање. Никогаш не заспива со доење, туку ја нишкам на голема перница на нозете, и тоа треба да е убаво завлечена за да ја спуштам на креветчето инаку веднаш се буди. Која цена е консултација со Гуднајт?
Јас мака мачам со ноќниве подои … на два саати цела ноќ прати ми и мене да почнам да читкам за 10тина дена правиме 4месеци
Кај мене проблемот е што не можам да издржам ни 30 секунди да плаче... А многу сакам и пробувам некои измислени работи цело време. Еве сега се трудам да ја учам навечер да заспива ако ништо друго бар на кревет, ми успева да и пеам да ја галам и ќе заспие. Ама денски тоа нема шанси. Плус денски често и мм ја заспива и на него му е полесно да ја грабне да ја понишка и да ја заспие зошто со него така за 3 мин е заспана и јас џабе се мачам... А и скоковиве и влијаат, затоа што имаше пред скоро 10тина дена кога дури и сама си заспиваше навечер, се вртеше се вртеше и ќе си заспиеше. Влезе во 6ти скок и се вративме на нишкање во раце...
Исти сме ноќе како и многу бебчиња. Читав дека на 4 месеци е најоптимално време за тренинг, јас не собрав храброст тогаш а и одевме на одмор на 5 па ми беше страв да не е џабе тренингот па голема промена. Може ќе ти се погоди тебе таман периодов. Патем кај нас на 3ипол почна хаосот со спиење. Предтоа немавме проблем.
И јас не издржувам престресно ми е, кога и да пробам некоја минута нешто да ја оставам како само посилно да почнува да плаче и се стресирам повеќе. Ама вчера патувавме во кола и се мачеше да заспие, не и одеше почна да урла, немаше каде да застанеме и додека баравме место по 5-6 минути силно плачење она сама заспа. Така пак си се вратив на мислите дека ваљда ќе е полесно и за двете ако пробам чим она стварно може да заспие сама. Ќе заредиме и ние некое фино заспивање без нишкање и пак некој скок заби чуда и на старо одиме со нишкање а има уште многу скокови и заби пред нас